Заштита на податоци Примери за клаузули

Заштита на податоци. 5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
Заштита на податоци. Сите информации што се однесуваат на отворањето и водењето на штедниот влог се од доверлив карактер, односно претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Депонентот, законскиот застапник/старател/полномошник, во зависност од овластувањата, на лица и овластени органи во согласност со закон или на трети лица врз основа на согласност од Депонентот.
Заштита на податоци. 1. Во согласност со важечките законски прописи Xxxxxxx се обврзува да обезбеди тајност и да ги чува податоците за работењето со сметката.
Заштита на податоци. Заемното доставување на личните податоци на поединец (во натамошниот текст: податоци) меѓу двете Договорни страни ќе се врши според соодветното национално право, имајќи ги предвид ограничувањата кои ги има издадено органот кој ги доставува податоците, како и според следните принципи кои ќе се применуваат во иста мера како за автоматски регистрирани, така и за неавтоматски регистрирани обработени податоци:
Заштита на податоци. Член 11 Банката и Xxxxxxxxxx се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со извршувањето на Рамковниот договор, за неговото времетраење, како и по неговото раскинување или откажување, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не е договорено. Податоците за работењето со платежната сметка може да се достават само на Корисникот, на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на дадена согласност од страна на Xxxxxxxxxx. Со потпишувањето на Рамковниот договор Корисникот изрично се согласува Xxxxxxx да ги преземе сите дејствија поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од истиот, а кои се собрани во согласност со правото на Банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности. Банката врши транспарентна обработка на личните податоци за што Xxxxxxxxxx е запознаен согласно Општите услови.
Заштита на податоци. Бxxxxxx x Корисникот се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со платежната сметка, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат. Податоците за состојбата и промените на платежната сметка на Корисникот се банкарска тајна и Банката може да ги открие само со согласност на Корисникот, односно во случаи предвидени со Законот за банките и други законски прописи. Со потпишувањето на Договорот, Корисникот изрично се согласува Банката да ги преземе сите дејства поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од Договорот, а кои се собрани во согласност со правото на Банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности. Наедно, Корисникот се согласува собраните податоци Банката да ги обработува за целите на спречување перење пари и финансирање на тероризам, заради спроведување на обврските од регулативата FATCA (Законот за даночна усогласеност по странски сметки), обработка со цел откривање и истражување на измама и злоупотреба на плаќање.
Заштита на податоци. Член 22 Податоците, кои се однесуваат на претплатничкиот однос, се деловна тајна на понудувачот. Понудувачот ќе ги собира, обработува и ќе ги користи податоците во врска со претплатничкиот однос во согласност со прописите за чување лични податоци и ќе ги користи само за склучување, извршување, менување и за прекинување на договорот со претплатникот, пресметување на услугите, издавање сметка и евентуално известување на претплатникот за новитетите во понудата. Понудувачот ќе ги користи добиените податоци само за непречено спроведување на претплатничкиот однос и за анализи на пазарот и за известувања наменети за подобрување на понудата на претплатниците и на корисниците. Со прифаќање на овие општи услови и одредби, клиентот му дава согласност на давателот на услугите за понатамошна обработка, анонимност и употреба на податоците за следење за целите на аналитиката на транспортот или да ги разменува тие податоци коишто се сметаат за анонимни за обработка кај трети лица за целите на аналитиката на транспортот. Заради непречено спроведување на претплатничкиот договор, претплатникот му дава овластување на понудувачот дека смее, со цел непречено спроведување на претплатничкиот договор и наплатување на долгот на евентуално достасаните отворени побарувања што ги има кон претплатникот, кога било и од кој било орган, институција, работодавец, банка или од друг раководител на лични податоци да ги добие бараните податоци, со цел проверување на податоците наведени во договорот за склучување претплатнички однос, односно утврдување на нивните измени. Сигурноста на пренесување на податоците преку мобилната мрежа и на разговорите за време на воспоставената врска зависи од техничките можности и од условите на концесионерот и на неговите договорни партнери. Понудувачот се грижи за тоа податоците на претплатникот во Централната база на податоци да бидат обезбедени со соодветни мерки и технички методи. Пристап до овие податоци имаат само претплатникот, соодветните државни органи, доколку за тоа имаат законска основа, и понудувачот како оператор на системот, за потребите на сервисирање на системот, нудење корисничка поддршка и составување месечни извештаи за претплатникот. Заради проверување на идентитетот и чување на податоците, претплатникот е должен при инсталирањето нова апликација, на барање на понудувачот, да се идентификува со бројот на претплатничкиот договор. Претплатникот сам е одговорен бројот на претплатничкиот договор да го чува како доверлив податок. Понудувачот на у...
Заштита на податоци. Корисникот на сметката е согласен Xxxxxxx да ги обработува неговите лични податоци наведени во барањето за отворање на сметка за целите за кои се прибираат, а во согласност со актите на Xxxxxxx и позитивните законски прописи. Личните податоци и информациите што се однесуваат на водењето на сметката, кои произлегуваат од работењето со сметката претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Корисникот на сметка и на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на согласност од Корисникот на сметката. Банката применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и адекватни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.
Заштита на податоци. Главни стратегиски чекори и цели за заштита на податоците: Обезбедување соодветен буџет и сигурност за вработениот персонал и идно вработување на експерти на полето на кибер-безбедноста и заштитата на податоци. Поддршка при спроведување на новиот Закон за заштита на податоците., преку олеснување на преговорите меѓу главните засегнати страни. Регулативата за заштита на податоците на ЕУ (ГДПР) 2016/67980 е најновиот и најригорозниот закон за заштита на податоците и приватноста во ЕУ. Со него е опфатен трансферот на лични податоци надвор од ЕУ. Целта на ГДПР е да им обезбеди контрола на одредени лица над нивните лични податоци и да ја поедностави регулаторната околина за меѓународниот бизнис, преку унифицирање на регулативата во рамките на ЕУ. Контролорите и обработувачите на лични податоци мора да воведат соодветни технички и организациски мерки за да ги спроведат принципите за заштита на податоците. Деловните процеси кои работат со лични податоци мора да бидат осмислени и направени земајќи ги предвид принципите, и треба да содржат заштитни мерки за заштита на податоците. Контролорите на податоци мора да дизајнираат информатички системи, имајќи ја предвид приватноста. Никакви лични податоци не смеат да се обработуваат освен ако оваа обработка се прави според една од шесте законски основи наведени во регулативата (согласност, договор, јавна должност, витален интерес, легитимен интерес или законско барање). Кога обработката се заснова врз согласност, сопственикот на податоците има право да ја повлече таа согласност во секое време. Бизнисите мора да ги пријават прекршувањата поврзани со приватноста на податоци до националните надзорни органи во рок од 72 часа, ако имаат негативно влијание врз приватноста на корисникот. Во некои случаи, прекршителите на ГДПР може да бидат казнети со парична казна до 20 милиони евра или до 4% од годишната заработка на светско ниво за претходната финансиска година, кога станува збор на претпријатие, односно кое од двете е поголемо.
Заштита на податоци. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор во модулот на поднесување понуда на ЕСЈН има посебно поле каде што ги прикачува документите кои му се означени како деловна тајна. Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации. Доколку економскиот оператор не прикачи документ/и во полето „Деловна тајна“ на ЕСЈН заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.