Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТ
Февруари 2022 година
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
По овие услови се осигуруваат стоки за време на превоз од загуба и оштетување. Стоките може да се осигураат во меѓународен и домашен транспорт.
Доколку осигурувањето се пласира во реосигурување, ќе се применуваат условите на реосигурувачот. Во овие Услови термините значат:
Осигурувач - Компанија за осигурување која со договорот за осигурување се обврзува дека ќе ја надомести штетата, кога ќе настане осигурен случај.
Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник - лице кое има имотен интерес да се осигура.
Премија - износ кој договорувачот на осигурувањето е должен да го плати по склучен договор за осигурување.
Осигурена вредност - износ на кој предметот е осигурен.
Полиса - документ кој го издава осигурувачот и служи како доказ за постоење договор за осигурување.
Понуда за осигурување – пријава - барање на договорувачот или осигуреникот до осигурувачот за да му испостави полиса или друг доказ за осигурување.
Понуда за осигурување – предлог на осигурувачот до осигуреникот со битни елементи за склучување на договорот за осигурување
Понудувач - подносител на понудата за осигурување.
Член 2
Осигурувањето може да се договори од основни ризици или сите ризици кои ја загрозуваат стоката за време на транспортот.
Осигурување може да се договори и само од потполна загуба на стоката. Осигурување може да се договори и од ризици кои не се опфатени со овие услови.
Член 3
Под домашен (внатрешен) транспорт се подразбира осигурување на стоки чии што транспорт се врши само на територијата на Р. Северна Македонија.
Под меѓународен транспорт се подразбира осигурување на пратки каде што утоварот и растоварот на стоките се врши во различни земји.
Член 4
Под стока во смисла на овие услови се подразбира секоја ствар што е предмет на превоз (транспорт). Под стока се сметаат и возила и машини кои се движат на сопствени тркала.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОСНОВНИ РИЗИЦИ
Член 5
Ако е договорено осигурување само на основни ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок на штета која на стоката настанала за време на превоз по море поради:
1. поморски ризици(судир, удар, насукување, допирање на дното, потонување, бродолом, исчезнување на брод, луња и и невреме на море, отпловување на стоката од палуба, допир со морска вода).
2. пожар,
3. разбојништво и разбојничка кражба,
4. фрлање во море,
5. баратерија на заповедникот и морнарите,
Осигурувачот доколку е договорено осигурување на основните ризици на осигуреникот ќе му надомести и загуба и оштетување на стоката која ќе настане за време на осигурениот превоз поради: експлозија, судар на возила, допир на возилото со некој надворешен предмет, загуба на цели колети за време на натовар, претовар или истовар и оштетување при претоварување во пристаништето на престој.
член 6
Поимите судар на брод, удар, насукување, налегнување, допирање на дно, потонување, бродолом, загубување на бродот се утврдуваат врз основа на важечките прописи и обичајното право.
Во смисла на овие услови под ризик се смета:
1. Луња и невреме, односно секоја поголема елементарна непогода за време на осигуреното патување.
2. Отпловување на стоката од палуба, односно испаѓање на стоката под дејство на ветар или бранови.
3. Допир со морска вода, односно допир кој дошол по поморска несреќа или намера на посадата на бродот.
4. Фрлање во море, односно намерно фрлање на дел од товарот во море поради отстранување на заедничка опасност.
5. Баратерија, односно лоша намера, дело на капетанот на бродот или членови на екипажот на бродот, од кои произлегла опасност по бродот или товарот.
Ако штетата на стоката настанала поради пожар кој настанал со самозапалување на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета само доколку тоа е посебно договорено.
Доколку штетата на стоката настанала поради експлозија, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета само доколку е тоа посебно договорено.
По исклучок на одредбите од претходниот став, доколку по експлозијата дојде до пожар на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која е последица на пожарот или е во врска со него.
Осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која ќе настане поради отпловување на стоката од палуба, само доколку превозот на стоката се врши на палубата во зависност од нејзината природа, ако бродарот спротивно на договорот за превоз ја натовари стоката на палуба или ако превозот на стоката на палуба е вршен со знаење на осигурувачот.
Член 7
Разбојништво или разбојничка кражба кои што ќе ги извршат капетанот на бродот, членовите на посадата или патниците не се опфатени со осигурувањето според одредбите од член 5, став 3 по овие услови.
Во смисла на одредбите од член 1 и член 3 на овие услови, осигурувачот ќе ја надомести штетата само ако разбојништвото или разбојничката кражба ја причиниле надворешни лица.
Член 8
Доколку е договорено осигурувње од основни ризици по Клаузулите Б и Ц, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му плати придонес во Генерална Хаварија.
ОСИГУРУВАЊЕ ПРОТИВ СИТЕ РИЗИЦИ
Член 9
Доколку се договори осигурување според условите Против сите ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му испалти надоместок на штета која ќе настане за време на осигурениот превоз поради опасности наведени во член 5 од овие услови, како и штети што ќе настанат поради:
1. Кражба на цели колети или делумна кражба на пооделни колети.
2. неиспорака на стоката.
3. Слатка вода.
4. Допир со друга стока.
5. Небрежност на капетанот и екипажот на бродот.
6. Невнимателно манипулирање при натоварот, претоварот и истоварот .
7. Други вонредни опасности на кои стоката е подложна за време на превозот.
Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надомест на штета според одредбите од претходниот став, ако штетата настане од опасности од кои стоката може посебно да се осигура (член 13 од овие услови) поради опасности кои се изземени од осигурување (член 13 од овие услови) или задоцнување на испораката.
Член 10
Со исклучок на одредбите од член 9 на овие услови, осигурување може да се договори од основните ризици и кражба, делумна кражба и неиспорака.
Во смисла на одредбите од претходниот став, во договорот за осигурување мора да се назначи дека осигурувањето е склучено само за основните ризици и ризиците кражба, делумна кражба и неиспорака.
ДОПОЛНИТЕЛНИ РИЗИЦИ
Член 11
Доколку посебно се договори, осигурувачот на осигуреникот ќе му испалти и надоместок на штета која ќе настане на осигурената стока поради:
1. Одбивање.
2. Оштетување на стоката
3. Загревање или потење
4. Стврднување
5. Растурање
6. Течење - кусок
7. Угинување на егзотични животни
8. Угинување на животни и кршење на нозе
9. Самозапалување
10. Одмрзнување на пратки кои се превезуваат во ладилници (фрижидери)
11. Расипување на месо, овошје или зарзават
12. Расипување на солени и сушени црева
13. надувување (бомбаж).
14. Сушење или овенување
15. Смрзнување
16. Експлозија
17. Осветлување на филмови
18. Слични опасности.
Условите за осигурување од опасностите (ризиците) од претходниот став, се утврдуваат со договорот за осигурување.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОТПОЛНА ЗАГУБА
Член 12
По исклучок на одредбите од член 5, 9, и 11 од овие услови, стоката може да се осигури само од потполна загуба.
Под потполна загуба на стоката во смисла на одредбите од претходниот став се смета загуба на стоката која ќе настане поради загубување на транспортното средство.
Доколку се договори осигурување во смисла на одредбите од став 1 од овој член, тоа во договорот за осигурување треба посебно да биде договорено.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Член 13
Осигурувачот не е во обврска да му исплати на осигуреникот надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради:
1. Опасности врзани за време на транспорт на стоката на палуба или во отворени вагони, освен доколку тоа не е посебно договорено.
2. Опасности кои настануваат поради недоволното пакување или недостатоци во пакувањето на стоката, која поради тоа по својата природа е изложена на загуба или оштетување.
3. Опасности поврзани со натоварот или истоварот или опасности кои потекнуваат од неправилното утоварување на стоката која ја натоварува испраќачот или истоварува приемачот.
4. Посебни опасности кои настануваат поради потполно или делумно оштетување или загуби на стоката (рѓа, внатрешно расипување кое настанува само по себе, течење, сушење, растурање, загуба во тежина и сл.) на што стоката е изложена поради своите својства, освен ако тоа не е посебно договорено.
5. Опасности кои ќе настанат поради тоа што предметите кои се изземени од превоз или предметите кои на превоз се примаат само под определени услови, се предадени на превоз со исправани, неточни или непотполни означувања или испраќачот не ги превзел пропишаните мерки на внимание.
6. Опасности на кои се изложени живи животни при превоз, освен ако тоа не посебно договорено. 7 Опасности кои пратителите на живи животни или на стоката биле должни да ги отстранат.
8. Опасности кои ќе настанат на стоката поради недостаток во конструкцијата, лошото одржување и нередовно одбележување на уредите, на колите кои служат за превоз на стоката, а се наоѓаат во управување на осигуреникот или на лице кое за кој тој одговара.
9. Лоша намера или крајна небрежност на осигуреникот.
10. Војна или слични настани на војната,терористички акти, јавни демонстрации и манифестации, штрајк (воени и политички ризици) и атомски ризици.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 14
Договорот за осигурување на стоки при транспорт може да се склучи:
1. со одреден рок на траење за поединечни пратки и
2. со неодреден рок на траење, кој се продолжува од година во година.
Член 15
Осигурувањето започнува да важи во моментот кога стоката ќе го напушти складот (магацинот) во местото означено во договорот за осигурување, заради започнување на превозот и трае додека стоката не биде испорачана во последниот склад во местото на одредиштето наведено во договорот за осигурување.
Осигурувањето во секој случај престанува да важи по истекот на рокот од 45 дена во поморски односно 30 дена во копнен транспорт, од денот на истоварот на стоката, доколку не е поинаку договорено.
Рокот од претходниот став тече од полноќта на оној ден кога е извршено истоварување на стоката од превозното средство.
Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
Член 16
Стоката е осигурена и за време на скршнување од патот или задоцнување кое не е зависно од волјата на осигуреникот, присилно истоварување, повторно натоварување или претоварување.
Стоката е осигурена и во случај на некоја друга измена при во превозот извршена во согласност со договорот за осигурување.
Стоката е осигурена и во случај на патување или некој друг пропуст или грешка направена во интерес на осигурената стока или интересот на стоката, превозното средство или патувањето.
Член 17
Доколку поради околностите кои не се зависни од волјата на осигурениокот, договорот за превоз престане да важи во друго пристаниште или место, а не во местото означено во договорот за превоз,
или превозот се заврши на друг начин пред испораката на стоката во складот на приемачот или друг склад означен во договорот за осигурување, стоката останува осигурена.
Во овие случаи осигурувањето останува на сила во следните случаи:
Се додека стоката не биде продадена или испорачана во пристаниште или место каде превозот се смета за завршен или ако не е продадена до истекот на 60 дена по пристигнувањето на осигурената стока во тоа пристаниште или место, или според тоа што попрво ќе настане.
Се додека стоката не биде отпремена во рок од 60 дена (или договорен продолжен рок) од пристаниште или друго одредиште наведено во полисата, под услов да не е поминат рокот од 60 дена по пристигнувањето на стоката во пристаништето или друго место, осигурувањето продолжува и завршува во спогодба со осигурувачот.
Член 17
Во смисла на членовите 15 и 16 од овие услови, стоката е осигурена само доколку осигуреникот за настанатата измена го известил осигурувачот веднаш по приемот на известувањето за извршените измени и доколку плати дополнителна премија за осигурување која ќе ја побара осигурувачот.
Доколку осигуреникот не постапи според одредбите на претходниот став, договорот за осигурување престанува да важи на денот на извршената промена.
Член 18
Стоката по одредбите на членовите 15 и 16 од овие услови е осигурена доколку осигуреникот постапува со примерна брзина во околностите кои се зависни од неговото однесување (волја).
ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 19
Стоката може да се осигури на вистинска или фактурна вредност.
Покрај осигурување на стоките на фактурна вредност, можат да се осигураат и трошоците врзани со транспртот на стоката како што се: трошоците на превоз, царина, осигурување, шпедитерски трошоци и слично.
Покрај трошоците од претходниот став може да се осигури и очекуваната добивка но најмногу во висина до 10% од вредноста на стоката.
Член 20
Доколку ништо не е договорено во врска со вредноста на стоката, се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност.
Вистинска вредност на стоката е вредноста која стоката ја има во местото на отпрема во моментот на натовар.
Се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност, ако е осигурена фактурната вредност на стоката со трошоците и добивката кои по овие услови можат да бидат осигурени.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 21
Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда (пријава) за осигурување на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето и понуда на осигурувачот. Понудата — пријава за осигурување може да се поднесе само писмено.
Понудата за осигурување која што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување на стоката мора да ги содржи следните податоци: видот и количеството на стоката, ознака, тежина, видот на превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство, релација на превозот како и вредноста на стоката.
По исклучок на одредбите од претходниот став, договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата не ги наведува податоците со кои во моментот не располага или нема точни податоци, со тоа да дополнително го извести осигурувачот за податоците со кои не располага или нема точни податоци во рок кој во договорот за осигурување ќе се утврди.
Доколку осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од претходните ставови на овој член, ќе се смета дека договор за осигурување на е заклучен.
Понудата за осигурување поднесена од осигурувачот мора да го содржи следните податоци: предмет на осигурување- видот на стоката,вид на превозно средство,релација на превозот, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на осигурувањето, сумата на осигурување, висината на премијата.
Член 22
Понудата (пријавата) за осигурување осигурувачот може да ја прифати или одбие, во рок од 24 часа (во работни денови) од приемот на истата.
Доколку осигурувачот не ја одбие на писмената понуда во рок од 24 часа од приемот на истата, ќе се смета дека понудата за осигурување е прифатена.
Член 23
Договорот за осигурување се смета дека е заклучен кога осигурувачот ќе ја прифати понудата за осигурување.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 24
Осигуреникот е должен премијата за осигурување да ја плати во рок од 8 дена од приемот на фактурата, доколку не е поинаку договорено.
Премијата за осигурување може да ја плати секое друго заинтересирано лице кое има имотно правен интерес договорот за осигурување да се одржи.
Денот на уплатата на премијата за осигурување преку пошта со уплатница или со налог за пренос, се смета како ден на уплата на премијата за осигурување на осигурувачот.
Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
Член 25
Ако осигуреникот не ја уплати премијата за осигурување, а дојде до остварување на осигурен ризик, осигурувачот може да го одбие осигуреникот од надоместок на штета.
Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА ШТЕТА
Член 26
Осигурувачот и осигуреникот заеднички ја утврдуваат штетата или загубата на стоката настаната за време на транспорт.
Доколку возачот одбие да учествува во утврдувањето на штетата, осигуреникот е должен да превземе мерки поради обезбедување на докази дека штетата се случила за време на осигуреното патување и за тоа да го извести осигурувачот, доколку смета дека штетата ќе го надмине изнсот од ЕУРО 1.000. Доколку осигуреникот не постапи според одредбите од претходниот став на овој член, ќе се смета дека осигуреникот ја примил стоката без оштетувања.
Член 27
Оштетното барање за обештетување по основ од осигурување се поднесува во писмена форма.
Кон оштетното барање се поднесува оригинал од полисата за осигурување, оригинални транспортни исправи, записник за утврдување на штетата, фактура за осигурената стока или друг доказ за утврдување на вредноста на стоката и други докази за платени трошоци во врска со оштетената стока, доколку зависните трошоци се осигурени, како и други докази за причина и висина на штетата. Со поднесувањето на оштетното барање, осигуреникот на осигурувачот по пат на цесија му ги пренесува и своите права кон лица виновни (одговорни) за настанување на штетата.
Член 28
Осигурувачот е должен на осигуреникот да му исплати надоместок на штета до висина на виситинската штета на стоката, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
Доколку осигурената вредност на стоката и добивката е поголема од вистинската вредност на стоката, односно од добивката која може да се осигура, осигурувачот ќе ја надомести вистинската штета.
Доколку осигурената вредност на стоката односно на добивката е помала од вистинската вредност односно од висината на добивката која може да се осигура, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која одговара на односот помеѓу осигурената и вредноста која можела да се осигура, но најмногу до осигурената вредност.
Осигурената вредност ја претставува максималната граница на обврската на осигурувачот кон осигуреникот.
Член 29
Кај хартиите од вредност, штедните книшки,меници, чекови и други вредносни ствари кои можат да се огласат како неважечки, осигурувачот како штета ќе ги надомести трошоците за тоа извесување. Доколку се оствари наплатата на некоја од вредностите наведени во претходниот став или осигуреникот поради нивното огласување за неважечки претрпел некаква штета, осигурувачот ќе му ја надомести на осигуреникот вистинската штета до осигурениот износ на таа ствар.
Член 30
Придонесот за Генерална Xxxxxxxx, осигурувачот ќе го плати врз основа на дефинитивна пресметка во целост доколку придонесот утврден во пресметката е еднаков или помал од осигурената вредност на стоката.
Ако придонесот во Хаваријата е поголем од осигурената вредност на стоката, осигурувачот на име придонес ќе ја надомести вистинската штета до осигурениот износ на тој предмет.
Член 31
Генералната Хаварија и спасувањето се уврдува спрема прописите и праксата кои важат во определеното место на стоката односно бродот.
Ако тоа во договорот за превоз е предвидено, пресметката за Генерална Xxxxxxxx може да се направи и по правилата на York Antwepen од 1950 година.
Член 32
Во случај да е договорена интегрална или одбивна франшиза, осигурувачот ќе го надомести делот на штетата кој го надминува износот на договорената франшиза, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
Ако тоа во договорот за осигурување не е предвидено, настанат кусок поради природно својство, губиток на тежина (кало), истекување, испарување, растур на осигурената стока, осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му ја надомести штетата која го надминува изнсот на таа редовна загуба.
Член 33
Осигурувачот, покрај надоместокот за загуба или оштетување на стоката, ќе му ги надомести на осигуреникот и разумно направените трошоци за спасување на стоката.
Ако осигурената вредност на стоката е помала од вистинската вредност, осигурувачот на осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за спасување во пропорција која одговара на односот меѓу осигурената вредност и вистинската вредност на стоката.
Надоместокот на штетата на стоката и трошоците за спасување кои ги плаќа осигурувачот, не може да биде поголем од осигурената вредност на стоката.
Член 34
Осигурувачот ќе му надомести на осигуреникот и штета која тој треба да ја плати на сопственикот на брод по основ на договорот за превоз (Xxxxxxxx Xxxxx поради обострана вина).
Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за секое барање на сопственикот на бродот.
Осигурувачот има право по приемот на известувањето да ги превземе сите мерки со цел заштита на интересот на осигурувачот и осигуреникот.
Трошоците за превземените правни работи паѓаат на товар на осигурувачот.
Доколку осигурувачот му исплати надоместок на осигуреникот според одредбите на став 1 од овој член, тогаш осигуреникот нема право на надоместок по основ на осигурувањето на стоката.
Член 35
1. Осигурувачот не е во обврска да му исплати штета на осигуреникот доколку:
а) релацијата или превозното средство не одговара на пријавените во договорот за осигурување. б) осигуреникот ги прикрил или неточно ги прикажал околностите битни за оценка на ризикот.
2. Осигурувачот не е во обврска на осигурникот да му исплати и надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради пропусти на осигуреникот да превземе мерки за спречување на настанување на штета односно за отклонување на штетните последици.
3. Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба или оштетување на стока кои ќе настанат по вина на возарот и / или други чувари кои можат да бидат одговорни за таква загуба или оштетување за време додека стоката се наоѓа кај нив за чување или згрижување, доколку осигуреникот во договорот за преовоз или вскладиштување се откажал од правото на надомест поради штета од нив.
4. Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести и штета која ќе настане по вина на возарот или чуварот, доколку осигуреникот во договорот за превоз односно вскладиштување, ги овластил нив да можат да се користат со правото од договорот за осигурување.
5. Со исклучок на одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член, ако до загуба или оштетување на стоката дојде поради остварување на некои од осигурените опасности, а возарот односно чуварот на стоката ќе одбие на осигуреникот да му ја надомести штетата, осигурувачот на осигуреникот ќе му даде бескаматна позајмица во висина на износот кој осигурувачот би го платил да не е исклучена обврската на осигурувачот по одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член.
6. Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да поведе спор против возарот односно чуварот за надомест на настанатата штета на стоката.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ја врети позајмицата во износ кој успеал да го оствари во спорот против превозникот односно чуварот на стоката.
Трошоците за спорот паѓаат на товар на осигурувачот во делот кој се однесува на дадената позајмица на осигуреникот.
Член 36
Обврската на осигурувачот за исплата на оштетата, започнува од денот на прием на доказите потребни за утврдување на обврските на осигурувачот од договорот за осигурување.
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВОТО ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 37
Осигуреникот може ако со тоа е согласен осигурувачот, своите права од осигурувањето да ги пренесе на други лица.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 38
Со исплатата на штетата, на осигурувачот му припаѓаат, во границата на исплатената штета, сите права кои осигуреникот ги има спрема лицата виновни (одговорни) за настанатата штета.
Осигуреникот е должен да ги превземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес во корист на осигурувачот.
Осигурувачот може, во случај осигуреникот да пропушти да превземе мерки од претходниот став, да го одбие осигуреникот од надоместок на штета во висина на износот што можел да се наплати по пат на регрес од причинителот на штетата.
ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 39
Секоја договорна страна може да го откаже договорот за осигурување со неодредено траење, доколку договорот не престанал да има важност по некој друг основ.
Отказ се врши по писмен пат најдоцна 3 (три) месеци пред истекот на тековната година на осигурувањето. Ако осигурувањето е склучено на рок подолг од 5 (пет) години, секоја страна може по изминувањето на овој рок, со отказен рок од шест месеци, писмено да изјави на другата страна дека го раскинува договорот.
ОБВРСКА ЗА ЧУВАЊЕ НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
Член 40
Сите податоци за договарачот и осигуреникот, за содржината на договорот за осигурување, како и за трети лица, со осигурувачот ќе се стекне во врска со договорот за осигурување, осигурувачот има обврска да ги чува како доверливи податоци , согласно со законот за супервизија на осигурување и Законот за заштита на личните податоци.
Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува на следниве случаи:
1.ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2.во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3.ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурување при спроведување на законски постапки;
4.ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над надлежен имот на осигуреник или друг корисник на осигурување , и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање на доставување на податоци;
5.ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
6.ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност.
За давање на податоците осигурувачот постапува исклучиво по писмено барање поднесено од барателот на информацијата .
Осигурувачот е должен да дава податоци на барање на осигуреникот (договарачот, корисникот) за неговите сопствени податоци кои се чуваат во регистрите на осигурувачот, како и да корегира податоци во регистрациите иницирани од осигуреникот.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 41
Побарувањата на договарачот на осигурувањето, на осигуреникот односно од трето лице од договорот за осигурување, склучен според овие Услови, застаруваат за 3 (три) години , сметајќи од првиот ден по истекот на календарската година во која побарувањето настанало.
Ако заинтересираното лице докаже дека до денот определен во претходниот став не знаело дека настанал осигурен случај , застарувањето почнува од денот кога за тоа дознало, со тоа што во секој случај побарувањето застарува за 5 (пет) години од денот определен во претходниот став.
Застарување на побарувањето што му припаѓа на осигурувачот спрема лицето одговорно за настанување на осигурениот случај, почнува да тече кога и застарувањето на побарувањето на осигуреникот спрема тоа лице и се навршува во истиот рок.
ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 42
Секое лице кое има правен интерес што произлегува од договорот за осигурување склучен според овие услови , првенствено ќе настојуваат сите свои евентуални спорови со осигурувачот кои се во врска со предметниот договор за осигурување да ги решат спогодбено, во согласност со правилата на осигурувачот за вонсудско решавање на спорови.
Доколку договарачот на осигурувањето, осигуреникот и корисникот не се задоволни со одлуката на осигурувачот , истите можат да поднесат приговор(претставка) до осигурувачот , кој е должен во рок од 30 дена до подносителот да достави писмена одлука по приговорот.
Приговорот се доставува во писмена форма до седиштето на осигурувачот, во подружницата каде е склучен договорот, во подружницата каде корисникот има живеалиште односно седиште и преку интернет на веб страницата на осигурувачот.
Доколку спорот не е решен во постапката по приговор , секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно со прописите што ја уредуваат постапката за посредување.
ПРАВО НА ПРЕТСТАВКА
Член 43
Во случај кога договарачот на осигурувањето , осигуреникот , односно корисникот смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување , истиот може да достави претставка до:
1. Комисијата за постапување по претставки во седиштето на осигурувачот;
2. Службата за внатрешна ревизија на осигурувачот ;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи;
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Осигурувачот е должен да се произнесе по претставката доставена од подносителот во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ
Член 44
За сите права и обврски на договорените страни, на осигуреникот, како и на трети лица, што произлегуваат од договорот за осигурување , кои не се регулирани со конкретниот договор и овие услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 45
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 46
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 47 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 48 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Член 48-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД
Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 48-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 48-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 48-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 48-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични
податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 48-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 49
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот з а осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx