Дефиниција на Понуда

Понуда. “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање. Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија. Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова: - Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или - Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или - Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација. Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот. За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на сертификатот, препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, OpenOffice итн.) се потпишани документите. Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Понуда предлог за склучување на Договор за осигурување на живот, кој се поднесува во пишана форма на образец на осигурителот.

Examples of Понуда in a sentence

  • Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има набавено тендерската документација од договорниот орган.

  • Секоја Понуда која Работодавачот ќе ја добие по крајниот рок за поднесување на понуди ќе се прогласи за задоцнета и како таква ќе биде одбиена и неотворена ќе се врати до Понудувачот.

  • Било кој обид од страна на Понудувачот да влијае врз Работодавачот во текот на процесот на евалуација на Понудите или врз одлуката за доделување на договорот може да резултира со одбивање на таа Понуда.

  • Утврдувањето на соодветноста на понудата Работодавачот ќе го направи врз основа на содржината на самата Понуда, онака како што е дефинирано во ИП 11.

  • Гаранцијата на понудата ќе остане валидна во период од дваесет и осум (28) дена по периодот на валидност на понудата или по било кој продолжен рок согласно со ИП 18.2. Доколку во ИП 19.1 е назначена Гаранција на понудата или Изјава која ја гарантира понудата, секоја понуда која не содржи соодветна Гаранција на понудата или Изјава која ја гарантира понудата ќе биде одбиена од страна на Работодавачот како Понуда која не ги задоволува барањата.


More Definitions of Понуда

Понуда е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
Понуда. “ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени; -„Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката; -Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности; -„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Северна Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во писмена форма во соодветен образец на осигурувачот. Понудувач е лице кое поднесува писмено барање до осигурувачот.
Понуда. Официјален документ потпишан од страна на Осигуреникот и лиценцираниот агент кој ги содржи сите валидни параметри кои ќе бидат составен дел од полисата. Дата на понудата е денот на нејзиното потпишување.
Понуда е предлог за склучување на Договор за колективно ризико осигурување на животот за случај на смрт од болест и се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот.
Понуда предлог во писмена форма за понудувачот за склучување на договор за осигурување со осигурителот, што се поднесува на образец на осигурителот и кој ги содржи сите суштински елементи на еден договор за осигурување;
Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во писмена форма на соодветен образец на Осигурувачот.