СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Овие услови за патничко осигурување – (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на договорот за патничко осигурување што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со САВА осигурување x.x. Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач). (2) Осигурувачот, врз основа на договорот за осигурување и платена премија обезбедува помош и осигурителни услуги наведени во договорот за патничко осигурување кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство, и тоа во случај на:
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Осигурувањето може да се склучи само за лицето, кое во моментот на склучување на осигурувањето престојува на територијата на Р. Македонија.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда потпишана од договорувачот. Понудата е образец на осигурувачот која ги содржи сите податоци потребни за оцена на ризикот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Осигурувањето на објектите во монтажа може да го заклучи инвеститорот или изведувачот на работите, односно секој посебно за оној дел за кој има имотен интерес или договорна обврска да го спроведе осигурувањето од опасностите предвидени со договорот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Осигурувањето на обjектот може да го заклучи инвеститорот или изведувачот на работите, односно секоj посебно за оноj дел за коj има имотен интерес или договорна обврска да го спроведе осигурувањето од опасностите предвидени со договорот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на одговорите на договорувачот на осигурувањето во Прашалникот доставен од осигурувачот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Договорот за осигурување на одговорноста на превозникот се склучува врз основа на одговорите во прашалникот за осигурување на одговорноста на превозникот, дадени и потпишани од осигуреникот. Прашалникот е образец на осигурувачот кој ги содржи сите податоци потребни за оцена на ризикот, и е составен дел на полисата за осигурување. (2) Договорот за осигурување е склучен кога договарачот и осигурувачот ке ја потпишат полисата за осигурување. (3) Бараното осигурително покритие се договара со посебна годишна полиса за осигурување на одговорноста на превозникот во земјата и странство за секое возило. (4) По склучување на договорот за осигурување, осигуреникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена да го извести осигурувачот за секоја промена на податоците наведени во Прашалникот, а особено за промени на регистерски броеви , број на мотор и шасија, видот на возилото, односно приколката и промени во лиценцата за меŕународен јавен превоз на стоки.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена и писмена понуда, а склучен е кога договорувачот ќе потпише полиса за осигурување, односно кога ќе поднесе барање за осигурување. Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договорот за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот ниту пак осигурувачот. Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќањето на неговите услуги. При склучување на договорот за осигурување, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се значајни за оцена на ризикот, а кои му биле познати или морале да му бидат познати.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Осигурувањето може да се склучи само за лице, кое во моментот на склучување на осигурувањето престојува на територијата на Република Северна Македонија. [2] Во случај на класична продажба на полиси присутни се двете договорни страни. Осигурувачот или неговиот претставник пополнува полиса за осигурување. Договорувачот со својот потпис на полисата за осигурување го потврдува склучувањето на договорот за осигурување и приемот на овие Услови.