ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД НА ЈАВНИОТ ТЕНДЕР Примери за клаузули

ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД НА ЈАВНИОТ ТЕНДЕР. Јавниот тендер ќе се спроведе согласно следниот временски распоред: Објавување на Јавниот тендер 09.08.2012 Издавање на Тендерска документација 13.08.2012 Краен рок за поставување прашања од заинтересирани страни 27.08.2012 Краен рок за објавување на одговорите од страна на Агенцијата 31.08.2012 Краен рок за поднесување на понуди 10.09.2012 Јавно отворање на понудите 14.09.2012 Краен рок за доставување на Извештајот на Комисијата за спроведување на јавниот тендер до Директорот на Агенцијата 17.09.2012 Краен рок за донесување на Одлуката за избор на најповолен понудувач од страна на Директорот на Агенцијата. 21.09.2012 Краен рок за доделување на Одобрение за користење на радиофреквенции 09.11.2012

Related to ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД НА ЈАВНИОТ ТЕНДЕР

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.