Додатоци на плата Примери за клаузули

Додатоци на плата. Член 67 Основната плата за одделни степени на сложеност на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а особено: − работни задачи во чие извршување работникот постојано е изложен на неповолните влијанија на околината (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, врева, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло); − при работни задачи во кои согласно со прописите работникот постојано употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заштитни средства; − работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија). Со колективен договор на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето врз таа основа не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа. Член 68 Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: − за прекувремена работа 35% − за работа ноќе 35% − за работа во три смени 5% − за работа во недела 50% За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците не се исклучуваат меѓусебно. Правото на зголемен надоместок врз основа на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени. Со колективен договор на ниво на работодавачот основната плата на работникот врз основа на став 1 на овој член може да се зголеми. Член 69 Основната плата на работникот се зголемува за најмалку 0,5% за секоја година работен стаж. Член 70 Платата на членовите на органите на управување и работниците со посебни овластувања и одговорности утврдени со Статутот или друг акт на работодавачот, ја определува органот што ги избрал, во согласност со актот на работодавачот. Член 71 Инвалид на трудот има право на работа со скратено работно време, односно вработување на друга соодветна работа, преквалификација или доквалификација, како и право на соодветен паричен надоместок во врска со користењето на тие права, во согласност со прописите за пензиско- инвалидско осигурување, со овој Колективен договор односно на ниво на работодавач. Член 72 На...
Додатоци на плата. Работникот има право на додаток на плата за: - ноќна работа; - работа во смени; - работа во недела; - работа за време на празници утврдени со закон; - работа подолго од полното работно време.
Додатоци на плата. 3.1. Доток на плата врз основа на работен стаж Член 68 Работникот има право на 0,5% додаток на основната плата за одредена сложеност на работа за секоја година работен стаж, а најмногу до 20%.
Додатоци на плата. Основната плата за одделни степени на сложеност на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место а особено: - Работни задачи во чие извршување работникот постојано е изложен на неповолните влијанија на околината (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло). - При работни задачи во кои согласно прописите работникот постојано употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заштитни средства. - Работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија). Со Колективен договор на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа. Со Колективен договор на ниво на работодавач, со методологија, се вреднуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места.
Додатоци на плата. Основната плата на работник се зголемува по час за: - прекувремена работа 35% - работа ноќе 35% - работа во три смени 5% - работа во ден на неделен одмор 35% За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат. Правото на зголемена плата по основа на работа во три смени работникот го остварува само за деновите кога работникот работи во втора и трета смена.
Додатоци на плата. 3.1. Додаток на плата врз основа на работен стаж Член 23 Делот од плата за работниот стаж за работникот се вреднува во износ од 0,5 % од основната плата, за секоја навршена година, а најмногу до 20%.
Додатоци на плата. Член 39 На работникот утврдената плата му се зголемува по час: - за прекувремена работа 35%; - за работа ноќе 35%; - за работа во смени 5%; - за работа во ден на неделен одмор 50%. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. За извршените работи и поминатото време на работа од ставот 1 на овој член, раководителот на соодветниот организационен облик води евиденција. Член 40 Работникот со намалена работна способност (инвалид на трудот), која настанала кај работодавачот, а кој е распореден на друго работно место по тој основ, не може да добива плата пониска од основната платата што ја имал пред распоредувањето. Работникот со намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а кој е до 5 години пред исполнување на услови за пензија, поради што е распореден на помалку вреднувано работно место, добива плата во висина на основната плата од претходното работно место, валоризирана со тековниот пораст на платите кај работодавачот. Член 41 Работникот има право на 0,5% додаток на основната плата за секоја година работен стаж. Член 42 На работниците кои работат со готовина на подрачјето на работа со населението - благајна може да им се исплати посебен додаток на плата, кој може да се предвиди со интерен акт, или Колективен договор на ниво на работодавач.
Додатоци на плата. Основната плата на работник се зголемува по час за: - прекувремена работа……………….......... 35% - работа ноќе………………………………… 35% - работа во три смени ………………………. 5% - работа во ден на неделен одмор………… 35% За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат. Правото на зголемена плата по основа на работа во три смени работникот го остварува само за деновите кога работникот работи во втора и трета смена.
Додатоци на плата. Член 74 Додатоците на плата се определуваат за посебни услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, ноќна работа, прекувремена работа, работа во неработен ден, работа во празници определени со закон, изложеноста на ризик и додаток за работен стаж. Како работни места кои се изложени на ризик се сметаат работите на даночните инспектори, даночните контролори и даночните извршители. Член 75 Основната плата на вработениот по час се зголемува за: ▪ прекувремена работа 35%; ▪ за работа во неработен ден 35%; ▪ за работа во денови на празник 50%; ▪ за ноќна работа 35% ; Основната плата на вработениот му се зголемува: ▪ за изложеност на ризик до 30%; Додатоците меѓусебно не се исклучуваат. За извршените работи и поминато време на работа според ставот 1 на овој член, раководителот на организационата единица води соодветна евиденција, која се доставува до надлежната служба за пресметување на плати. Наместо зголемување на платата од став 1 на овој член, со согласност на вработениот, може да се определи истиот да користни слободни денови. Член 76 Основната плата на вработениот се зголемува за 0,5% за секоја полна година работен стаж, а најмногу до 20%. Член 77 Вработен со намалена работна способност (инвалид) што настанала со работата во Управата за јавни приходи, а кој е распореден на друго работно место по тој основ, не може да има плата пониска од платата што ја имал пред распоредувањето. Член 78 Вработен со намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а кој е 5 години пред одење во пензија и е распореден на помалку вреднувано работно место, има плата во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Управата за јавни приходи.
Додатоци на плата. Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а особено: - Работни задачи при чие извршување работникот е изложен на неповолни влијанија во работната средина (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи или ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со неосодветно обоено светло); - Работни задачи при чие извршување работникот задолжително мора да употребува лични заштитни средства како што се: гас маски, маски против прав, уреди за доведување на свеж воздух и сл.; - Работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија). Со акт на работодавачот се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните, а износот на зголемувањето на основната плата се утврдува во еднаков - ист износ за сите работници што работат на работните места во тие потешки услови на работа.