ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ Примери за клаузули

ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Кога работникот поднел барање до работодавачот за отстранување на прекршувањето на некое негово право утврдено со закон, колективен договор и договор за вработување, или за остварување на истото, работодавачот е должен да соработува со синдикалните претставници за спогодбено решавање на настанатиот спор.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 111 Заради остварување на правата од работен однос, работникот има право да поднесе барање, односно приговор до управниот одбор, синдикатот, инспекциските органи, надлежниот суд и други органи во согласност со закон. Постапката по барањето, односно приговорот на работникот е итна. Работникот има право да присуствува во постапката пред управниот одбор кој одлучува за поднесеното барање или приговор и притоа да биде застапуван од синдикатот. Работникот што отсуствува од работа заради присуство во постапката кај органот од став 3 на овој член се смета како да бил на работа и по таа основа не може да му се намалува платата. Член 112 По приговорот на работникот кај работодавачот, може да одлучува и органот што одлучувал во прв степен, при што ако тоа бил работодавачот, односно управниот одбор или друг орган, тој ќе ја преиспита претходно донесената одлука.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Работникот има право да поднесе барање за остварување на своите права од работен однос, како и право на приговор односно жалба против одлуката донесена во врска со неговите права, обврски и одговорности.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 96 Кога работникот поднел барање до работодавачот за отстранување на прекршувањето на некое негово право утврдено со закон, колективне договор и договор за вработување, или за остварување на истото, работодавачот е должен да соработува со синдикалните претставници за спогодбено решавање на настанатиот спор. Член 97 Работникот има право да присуствува во постапката пред органот кој одлучува за поднесеното барање во втор степен и притоа да биде застапуван од Синдикатот. Работникот кој отсуствува од работа заради присуство во постапката кај органот од став 1 на овој член се смета како да бил на работа и по тој основ не може да му се намалува платата.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. (1) Заради остварување на правата од овој Колективен Договор вработениот има право да поднесе барање односно приговор до работодавачот. (2) Вработениот има право да присуствува во постапката кај работодавачот кој одлучува за поднесеното барање или приговор. (3) Работодавачот е должен да соработува со претставникот на Синдикатот при ССКО на РМ за спогодбеното решавање на спорот.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 99 Заради остварување на правата од работен однос, ако работникот смета дека работодавачот не му ги обезбедува правата од работниот однос, или крши кое било од неговите права од работниот однос има право да поднесе писмено барање до работодавачот кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата обврска. Ако работникот смета дека со писмена одлука на работодавачот е прекршено неговото право, има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката со која било прекршено правото, да бара од работодавачот истото да го отстрани.Постапката по барањето, односно приговорот на работникот е итна. Ако работодавачот во натамошниот рок од осум дена по врачувањето на писменото барање на работникот не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото, работникот може во рок од 15 дена да бара судска заштита пред надлежниот суд. Без оглед на роковите од ставовите 2 и 3 на овој член работникот може паричните побарувања од работниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Заради остварување на правата од работен однос, вработениот има право на заштита на своите права до надлежни органи, на начин пропишан во соодветните законски и подаконски прописи и акти. По поднесено барање за заштита на правата на вработениот, надлежниот орган од ставот 1 на овој член, е должен да постапува и на вработениот да му достави одлука во писмена форма.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 80 За остварување на поединечните права од работен однос, работникот има право да бара заштита кај работодавецот, пред надлежниот суд, Синдикатот, инспекциските органи и други органи, во согласност со закон и Колективен договор. Член 81 Работникот има право да поднесува барање заради остварување на своите права од работен однос, како и право на приговор против одлуката донесена во врска со неговите права, обврски и одговорности. Барањето, односно приговорот, работникот го поднесува до Училишниот одбор во рок од 8 (осум) дена од денот на врачувањето на одлуката со која е повредено неговото право, односно од денот кога дознал за повредта на правото.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. За остварување на поединечните права од работен однос, работникот има право да бара заштита кај работодавачот, пред надлежниот суд, Синдикатот, инспекциските органи и други органи, во согласност со закон и Колективен договор.
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ. Заради повредата на правата утврдени со закон и колективен договор, работникот има право на заштита согласно со Законот за работни односи. Работникот и работодавецот можат настанатите меѓусебни спорови да ги решаваат спогодбено, по постапка утврдена со колективен договор на ниво на работодавец. Во решавањето на споровите од предходниот став на овој член, задолжително учествува и претставник на СОНК.