Здравствена Заштита Примери за клаузули

Related to Здравствена Заштита

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Општи Информации Дефиниции

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.