Мерки за контрола на непријатната миризба Примери за клаузули

Мерки за контрола на непријатната миризба. Ќе се бара мерките за контрола на непријатната миризба да ги применат изведувачите коишто ќе ја проектираат и ќе ја градат пречистителната станица за отпадни води. Барањата за ефикасност на работењето во однос на мерките за контрола на непријатната миризба ќе значат барање за постројката, при рутинско работење, да не резултира во забележлива непријатна миризба во границите на постројката. Прелиминарната оценка на непријатната миризба, што ја спроведе PM international, се заснова на состојба на Конвенционална активна мил. Успешниот изведувач на работите на ПСОВ ќе биде должен да спроведе дополнително моделирање за непријатна миризба со цел да се предвидат остатоците на непријатна миризба од проектот на станицата што го предложил истиот. Ова моделирање за непријатна миризба ќе биде внимателно разгледано од претставникот на клиентот, пред да биде прифатено. Понатаму, од изведувачот ќе се бара да обезбеди гаранции за процесот, со кои ќе се гарантира дека предложениот проект ќе резултира со остварување на барањата за ефикасност во работата утврдени во однос на непријатната миризба. Како што е опишано во продолжение, работењето на постројката ќе треба да биде под сеопфатен мониторинг, а гаранциите за процесот што ги обезбедил Изведувачот ќе се реализираат во случај на неизвршување на обврските. Дополнителните барања во документацијата на договорот, кога е тоа соодветно, ќе вклучуваат: • Работи на влезот: Ќе се бара влезната комора и уредот за сепарација на протекот да бидат покриени со капак со добро затворање, а целиот воздух од под капаците да се одведува преку опремата за прочистување на воздух пред да се испушти во атмосферата. Сите проточни канали за селекција и отстранување на покрупните отпадоци ќе да бидат покриени со капак со добро затворање и да се одведат преку опремата за прочистување на воздух пред да се испуштат во атмосферата. • Резервоари за мил: Сите резервоари, кога се вклучени за згустување, мешање и складирање на милта мора да бидат опремени со капаци што не пропуштаат воздух. Ќе се бара воздухот под овие капаци да се одведува до системите за прочистување во врска со непријатната миризба, пред да се испуштат во атмосферата. PM Dublin Ireland T +000 0 000 0000 PM Cork Ireland T +000 00 000 0000 F +000 0 000 0000, E xxxxxx@xxx.xx xxx.xxx.xx F +000 00 000 0000, E xxxx@xxx.xx • Центрат/Филтрат: Центратот и филтратот од згуснувањето, обезводнувањето и мешањето на милта ќе мора да се спроведуваат/ пумпаат во затворени системи, да се враќаат назад и...

Related to Мерки за контрола на непријатната миризба

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.