Месечни надоместоци Примери за клаузули

Месечни надоместоци. 1.1.1. Операторот наплаќа месечен надоместок за обезбедување на услугите од точка 1.3 (Надоместоци) од овој Прилог бр.3 кон Договорот кој не зависи од фактичкото користење. 1.1.2. Операторот наплаќа еднократен надоместок за обезбедување на секоја услуга за која ваков надоместок е предвиден во точка 3 (Надоместоци) од овој Прилог бр.3 кон Договорот 1.1.3. Ако датумот на обезбедување на услугата во текот на соодветниот месец не е првиот работен ден во месецот, или датумот на завршување на услугата не е последниот ден од месецот, тогаш Операторот ќе наплаќа месечен надоместок само за деновите за кои ја обезбедувал услугата, така што ќе изнесува 1/(број на денови во соодветниот месец) од основниот месечен надоместок по ден. Секој започнат временски период од 24 (дваесет и четири) часа ќе се смета како полн ден. 1.1.4. Операторот ќе наплаќа за потточките во фактурата со целосни, заокружени суми во денари, пресметани според основните правила за заокружување. Операторот доставува фактура до ПРЕПРОДАВАЧОТ за користењето на услугата предмет на овој договор. 1.1.5. Доколку во период од 5 години од денот на потпишување на Договорoт, ОПЕРАТОРОТ понуди на пазарот други BoomTV Основни пакети кои не соодветствуваат со карактеристиките на BoomTV Основен пакет наведен во Член 1.3., Операторот се обврзува на ПРЕПРОДАВАЧОТ да му понуди пакет со карактеристики блиски до сегашниот „BoomTV Основен пакет“.

Related to Месечни надоместоци

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Задолжителни Елементи Од Договорот За Јавна Набавка ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ .................................................................... Прилог 1 – Образец на понуда........................................................................ Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата ............................................... Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Прилог 4- Електронски потпишан модел на договор

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.