Надомест од осигурување Примери за клаузули

Надомест од осигурување. 1. Во случај на доживување, осигурителот е должен на корисникот да му ја исплати паричната вредност од инвестициската сметка. 2. Без оглед на претходниот став, во случај на доживување корисникот може да побара од осигурителот исплата на надоместокот од осигурувањето преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд, кои се наоѓаат на инвестициската сметка на договарачот на осигуреникот, но само под услов да се исполнети сите подолу наведени предуслови: 2.1. ако корисникот побара од осигурителот во писмена форма исплата на надоместокот најмалку 60 (шеесет) дена пред истекот на договорот за осигурување преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд, 2.2. ако салдото на инвестициската сметка изнесува над 500,00 евра, 2.3. ако е можен преносот на уделите во инвестицискиот фонд, и 2.4. ако корисникот не е малолетен. Преносот на уделите во инвестицискиот фонд на корисникот се врши на негов трошок. 3. Во случај на смрт на осигуреникот, осигурителот е должен на корисникот да му го исплати осигурениот износ дефиниран во случај на смрт. Ако вредноста на инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето ја надминува вредноста на осигурениот износ во случај на смрт, тогаш осигурителот ќе му ја плати на корисникот вредноста на инвестициската сметка, плус доплатата за случај на смрт наведена во понудата. 4. Преносот на салдото на корисникот се врши на негов трошок.
Надомест од осигурување. На осигуреникот му се надоместува вистинскиот износ на осигурениот доход кој не може да го оствари за време на прекинот на работа, но најмногу до поединечниот лимит на покритие.
Надомест од осигурување. Осигурителот ќе биде целосно ослободен од обврската за 1. Во случај на доживување, осигурителот е должен на корисникот да му ја исплати паричната вредност од инвестициската сметка. исплата на надоместокот од осигурување на корисникот, ако корисникот намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот. Но, ако дотогаш биле платени најмалку 3 (три) годишни премии, осигурителот ќе му ја исплати паричната вредност на 2. Без оглед на претходниот став, во случај на доживување инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето. Ако корисникот може да побара од осигурителот исплата на договарачот на осигурувањето е истовремено и осигуреникот, надоместокот од осигурувањето преку пренос на уделите во тогаш паричната вредност на инвестициската сметка ќе биде инвестицискиот фонд, кои се наоѓаат на инвестициската исплатена на неговите наследници. сметка на договарачот на осигуренико т, но само под услов да се исполнети сите подолу наведени предуслови: 2.1. ако корисникот побара од осигурителот во писмена форма исплата на надоместокот најмалку 60 (шеесет) дена пред истекот на договорот за осигурување преку пренос на уделите 1. Ако не е поинаку договорено, осигурителот на корисникот ќе му ја исплати само парич ната вредност на инвестициската сметка, ако смртта на осигуреникот настапила во следните околности: 1.1. при вршење на дејноста специјален пилот (на пример, пилот на 2.2. ако салдото на инвестициската сметка изнесува над 500,00 евра, 2.3. ако е можен преносот на уделите во инвестицискиот фонд, и змеј, пилот на летачки балон, параглајдерист, падобранец), пилот на хеликоптер или воен пилот;
Надомест од осигурување. [1] Доколку во смисла на член 41 став [1] точка 2) од овие услови, не е осигурена амортизираната вредност кај делумна штета, ќе се применуваат следниве одредби: 1) доколку сумата на осигурување е еднаква или поголема од осигурената вредност основицата за обврската на осигурувачот на крајот од ликвидацијата на осигурителниот случај, е еднаква на износот на пресметаната штета, но не повеќе од износот на осигурената вредност. 2) доколкусуматанаосигурувaњенакрајотодликвидацијата на осигурениот случај е помала од осигурената вредност (подосигурување), основицата за обврска на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета во соодносот помеѓу осигурената сума и осигурената вредност, но не повеќе од износот на осигурената вредност. [2] Доколку во смисла на член 41 став [1] точка 2) од овие услови, се договори амортизираната вредност да се осигури кај делумна штета, ќе се применуваат следниве одредби: 1) доколкусуматанаосигурувањенакрајотодликвидацијата на осигурителниот случај е еднаква или повисока од набавната цена на новите осигурени предмети, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци, основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета, но не повеќе од износот на осигурената вредност. 2) Доколкусуматанаосигурувањенакрајотодликвидацијата на осигурителниот случај е пониска од набавната цена на новите осигурени предмети, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци (подосигурување), основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета во сооднос помеѓу сумата на осигурување и набавната цена на новите осигурени работи, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци, но не повеќе од сумата на осигурување. 3) Ако осигурувањето е склучено на прв ризик, основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на висината на пресметаната штета, но најмногу до договорената сума на осигурување. Во овој случај не се применуваат одредбите за подосигурување од претходните одредби на овој член. 4) Обврската на осигурувачот (надомест за осигурување) е еднаква на основата за надоместокот намалена за договорениот износ на учество на осигуреникот во штетата. Во случај на осигурување од земјотрес, учеството на осигуреникот во случај на штета се пресметува како процент од осигурената сума, која е наведена во полисата. 5) Нужните трошоци за мерките што треба да ја спречат и намалат штетата и кои се спроведуваат по налог на осигурувачот по настанувањето на осигурениот случај, осиг...
Надомест од осигурување. [1] Доколку осигурената сума е помала од проценетата годишна стварна вредност на осигурените приходи/ расходи од продажба/купување електрична енергија (подосигурување), основицата за обврската на осигурувачот на крајот од ликвидацијата на осигурениот случај е еднаква на висината на пресметаната штета во соодносот помеѓу сумата на осигурување и проценетата годишна вредност на осигурените приходи/расходи за продажба/купување на електрична енергија. [2] Доколку осигурената сума е утврдена врз основа на реално остварени приходи/расходи од продажба/купување на електрична енергија, основицата за обврската на осигурувачот на крајот на ликвидацијата на осигурениот случај е еднаква на износот на пресметаната штета во целост. [3] Доколку осигурениот случај се случи во текот на осигурителната година, а прекинот продолжи и во наредната година, важи дека за секој месец од наредната година горенаведената обврска на осигурувачот е најмногу колку во последниот месец од првата година на осигурување. [4] Обврската на осигурувачот (надомест од осигурување) е еднаква на основицата за надоместокот од осигурувањето, намален за договорениот износ на учество на осигуреникот во штетата. При осигурување на прекин од работа поради земјотрес, учеството на осигуреникот во штетата се пресметува во процент од осигурената сума наведена во полисата. [5] Осигурувањето не покрива штета од прекин на работата поради пожар и други опасности, ако прекинот трае три дена или помалку. Доколку прекинот на работа трае повеќе од три дена, штетата се пресметува за целото времетраење на прекинот, така што осигуреникот во секој осигурен случај учествува со 10% (учество во штета) во секој штетен настан. [6] Осигурувањето покрива штета од прекин на работата поради кршење на машини, ако прекинот трае повеќе од три дена, освен ако не е поинаку договорено.
Надомест од осигурување. 1. Кога настанува осигурениот случај: (a) Осигурувачот исплатува на осигуреникот трошоците на име учество со лични средства при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување како и повисок стандард на здравствени услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување но не повеќе од договорениот надомест, наведен во полисата за осигурување. (б) Осигурувачот исплатува на осигуреникот трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, трошоците за покривање на здравствени услуги користени за дополнителна дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во која се врши здравствената дејност договорениот надомест, наведен во полисата за осигурување. 2. Правото на надомест од осигурувањето не е преносливо односно исклучиво Осигуреникот има право на наплата на надоместокот од осигурувањето.
Надомест од осигурување. [1] Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениот случај согласно одредбите на овие услови.

Related to Надомест од осигурување

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 10.05.2019 во 12:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 04.05.2019 15:30 V.3) Период на важност на понудата: 90 денови V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 10.05.2019 во 12:00 Место: скопје V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 26.03.2019

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.