Common use of Надомест од осигурување Clause in Contracts

Надомест од осигурување. 1. Во случај на доживување, осигурителот е должен на корисникот да му ја исплати паричната вредност од инвестициската сметка. 2. Без оглед на претходниот став, во случај на доживување корисникот може да побара од осигурителот исплата на надоместокот од осигурувањето преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд, кои се наоѓаат на инвестициската сметка на договарачот на осигуреникот, но само под услов да се исполнети сите подолу наведени предуслови: 2.1. ако корисникот побара од осигурителот во писмена форма исплата на надоместокот најмалку 60 (шеесет) дена пред истекот на договорот за осигурување преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд, 2.2. ако салдото на инвестициската сметка изнесува над 500,00 евра, 2.3. ако е можен преносот на уделите во инвестицискиот фонд, и 2.4. ако корисникот не е малолетен. Преносот на уделите во инвестицискиот фонд на корисникот се врши на негов трошок. 3. Во случај на смрт на осигуреникот, осигурителот е должен на корисникот да му го исплати осигурениот износ дефиниран во случај на смрт. Ако вредноста на инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето ја надминува вредноста на осигурениот износ во случај на смрт, тогаш осигурителот ќе му ја плати на корисникот вредноста на инвестициската сметка, плус доплатата за случај на смрт наведена во понудата. 4. Преносот на салдото на корисникот се врши на негов трошок.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови