Common use of Надоместок за вклучување привремено исклучен претплатник поради неплаќање Clause in Contracts

Надоместок за вклучување привремено исклучен претплатник поради неплаќање. За повторно вклучување исклучен претплатник, Македонски Телеком го задржува правото на претплатникот да му наплати износ согласно Ценовникот. Услугите со додадена вредност се тарифираат по настан/повик и по времетраење. Заради хармонизација со прописите применети во Европската унија, Агенцијата за електронски комуникации предвидува во иднина, кога ќе постојат технички можности за тоа, примена на единствен број за итни повици 112. Агенцијата за електронски комуникации има доделено и други броеви, покрај 112, кои ќе бидат на располагање за повици до разни видови служби за итни услуги: • 192 - Полиција • 193 - Противпожарна служба • 194 - Брза помош • 195 - Центар за управување со кризи. Агенцијата за електронски комуникации има доделено скратени броеви за услуги од општествено значење: • 196 - Служба за помош на пат • 197 - Царинска управа • 198 - Управа за јавни приходи • 199 - Министерство за внатрешни работи • 190 Контакт центар на АЕК. Повикот кон бројот на ,Службата за помош на пат, се наплаќа според тарифата утврдена во Ценовникот на Македонски Телеком, а повиците кон другите броеви се бесплатни.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос