ПРАВО НА РЕГРЕС Примери за клаузули

ПРАВО НА РЕГРЕС. Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.
ПРАВО НА РЕГРЕС. 1. Доколку осигурителот ја исплатил осигурената сума, осигуреникот не може по никој основ да има право на надомест од трето лице што е одговорно за настанувањето на осигурениот случај.
ПРАВО НА РЕГРЕС. [1] По исплата на штетата, на осигурувачот преминуваат сите права према трети лица одговорни за штетата.
ПРАВО НА РЕГРЕС. [1] Со исплатата на штетата, на осигурувачот му припаѓаат, во границата на исплатената штета, сите права кои осигуреникот ги има спрема лицата виновни (одговорни) за настанатата штета. [2] Осигуреникот е должен да ги превземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес во корист на осигурувачот. (3)Осигурувачот може, во случај осигуреникот да пропушти да превземе мерки од претходниот став, да го одбие осигуреникот од надоместок на штета во висина на износот што можел да се наплати по пат на регрес од причинителот на штетата.
ПРАВО НА РЕГРЕС. Осигурувачот задржува право на рeгрeс од осигурeникот, во случаj кога дополнитeлно кe сe утврди дeка штeтата e прeдизвикана со кривично дeло, а за коjа, на осигурувачот од страна на осигурeникот нe му сe прeзeнтирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомeст на штeта.
ПРАВО НА РЕГРЕС. [1] Ако адвокатот или адвокатското друштво направил штета на трето лице намерно или од грубо невнимание, и доколку осигурувачот е задолжен да надомести штета на третото лице, осигурувачот има право на регрес спрема адвокатот, односно адвокатското друштво. [2] Осигурувачот го задржува правото на регрес од адвокатот, односно адвокатското друштво, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за неа од страна на адвокатот, односно адвокатското друштво, не му се презентирани на осигурувачот xxx.xxxxxxx.xx
ПРАВО НА РЕГРЕС. Во сите случаи во кои што Осигурувачот ги поднел трошоците за осигурување на автомобилски гуми во согласност со овие Услови, а за кои што постои право на побарување на Осигуреникот од трети лица, Осигуреникот ова право го пренесува на Осигурувачот до нивото на трошоците кои што ги поднел Осигурувачот, и во таа смисла ќе ги обезбеди сите потребни согласности и нему достапната документација.
ПРАВО НА РЕГРЕС. (1) По исплата на штетата, на осигурувачот преминуваат сите права према трети лица одговорни за штетата. (2) Осигуреникот е обврзан да преземе се за да овозможи остварување на право на регрес према трети лица. Осигуреникот, исто така е обврзан да му ја обезбеди на осигурувачот целата документација и информации кои му се потребни за остварување на правото на регрес према лицата кои се одговорни за штетата.
ПРАВО НА РЕГРЕС. Со исплата на штетата од страна на осигурувачот, сите права кои осигуреникот ги имал спрема лицата одговорни за штетата, преминуваат на осигурувачот во висина на исплатениот надомест, доколку потоа се докаже дека штетата е предизвикана со намера или грубо невнимание. Заради осигурување на тоа право, осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни и други мерки за да се осигураат и сочуваат сите права спрема лицата одговорни за настанатата штета, како и да прибави и да му ги врачи на осигурувачот сите потребни докази, ако осигурувачот го побара тоа.
ПРАВО НА РЕГРЕС. (1) Со исплата на штетата на осигурувачот му припаѓаат во границата на исплатената штета сите права кои осигуреникот ги има спрема трети лица одговорни за штетата. (2) Осигуреникот е должен да ги преземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес на осигурувачот. (3) Осигурувачот може ако осигуреникот пропушти да преземе мерки од предходниот став, да го одбие од надоместокот на штета за износот што можел да го регресира од причинителот на штетата.