ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1. Премијата за осигурување, како и висината на осигурената сума, ја утврдува договорувачот на осигурувањето врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната старост на осигуреникот, полот, професијата, спортот и период на осигурување, траење на осигурувањето и роковите на плаќање на премија. 2. Во случај на зголемен ризик може да се договорат дополнителни премии и посебни услови. 1. Премијата за осигурување и сумата на осигурување може да се договорат во денари или друга валута. Премијата се плаќа во иста валута како што е договорена сумата на осигурување. 2. Ако е договорено плаќање на премијата на рати, осигурувачот пресметува дополнителен надомест на секоја рата на премијата. 1. Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биди платена. 2. Премијата се плаќа во благајните на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка. Премијата се смета за платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата. 3. Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците за платен промет. 1. Осигурувачот има право на законска казнена камата на задоцнетите рати на премија. Пресметката на законската казнена камата почнува да тече 15 (петнаесетиот ) ден од денот на достасување . 2. Осигурувачот има прави при исплатата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана ненаплатена премија по полиса и казнена камата и неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот