РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА Примери за клаузули

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. (1) Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата утврдени со закон, овој договор и акт за вработување. (2) Колективни работни спорови се спорови во врска со склучувањето, измената, дополнувањето и применета на овој договор, остварување на право на синдикално организирање и штрајк.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. За спогодбено решавање на индивидуален или колективен работен спор што не може да се реши со меѓусебно договарање меѓу потписниците на овој колективен договор, се формира мировен совет. Секој од учесниците – потписници на овој колективен договор, именуваат по еден член во мировниот совет за усогласување од ставот 1 на овој член. Претседателот на мировниот совет се избира од редот на вработените со спогодба на Министерството и Синдикатот.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. (1) Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата утврдени со закон, овој договор и акт за вработување. (2) Колективни работни спорови се спорови во врска со склучувањето, измената, дополнувањето и применета на овој договор, остварување на право на синдикално организирање и штрајк. (1) Споровите кои не можат да се решат со меѓусебно спогодување можат да се решат по пат на помирување со медијација, согласно закон или по пат на арбитража. (2) Помирувањето е процес, во кој, независна трета страна определена од страните во спорот, им помага на страните во спорот во изнаоѓање на решение за спорот. (3) Арбитража е решавање на спор од страна на трета страна која ја определиле страните во спорот и која одлучува за спорот.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. Член 100 За решавање на споровите и усогласување меѓу потписниците на овој колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно договарање, се формира мировен совет од три члена, од кои по еден определуваат потписниците на овој колективен договор и еден кој заеднички ќе го определат. Член 101 Постапката за усогласување започнува на барање на еден од учесниците на колективниот колективен договор и треба да заврши во рок од 60 дена. Секое усогласување што учесниците ќе го постигнат мора да биде во писмена форма. Со усогласените ставови учесниците пристапуваат кон изменување и дополнување на овој колективен договор. Член 102 Ако постапката за усогласување е неуспешна спорот се решава пред Арбитражниот совет, кој спор треба да го реши во рок од 60 дена . Број на членовите на арбитражниот совет е непарен. Секој од учесниците именува по два арбитри, а претседателот го именуваат арбитрите спогодбено. Одлуките на арбитражниот совет се обврзувачки за двете страни и имаат сила на извршен наслов.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. Член 88 За решавање на споровите меѓу страните на овој Колективен договор што не може да се решат со меѓусебно преговарање се формира Комисија. Член 89 Секоја од страните именува по три члена во Комисијата. Членовите на Комисијата спогодбено именуваат претседател како седми член. Член 90 Постапката за решавање на спорот започнува на барање на една од страните на Колективниот договор и треба да заврши во рок до 30 дена. Член 91 Секое решение што потписниците ќе го постигнат мора да биде во писмена форма. Со донесеното решение страните преземаат активности со кои спорот се разрешува. Член 92 Ако постапката за решавање е неуспешна, спорот може да се решава пред Xxxxxxxxxx совет, кој спорот треба да го реши во рок од 30 дена. Секој од учесниците именува по три арбитри. Претседателот на Арбитражниот совет како седми член го именуваат арбитрите спогодбено. Арбитражниот совет одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Одлуките на Советот се обврзувачки за двете страни и имаат сила на извршен наслов.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. Член 87 Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата утврдени со закон, овој Договор и договор за вработување.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. (1) За решавање на споровите меѓу страните на овој колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно договарање, се формира Комисија за усогласување. (2) Секој од учесниците именува по два члена во Комисијата за усогласување. Член 41 Постапката за усогласување започнува на барање на една од страните на овој колективен договор и треба да заврши во рок од 60 дена. (1) Секое усогласување што учесниците ќе го постигнат мора да биде во писмена форма. (2) Со донесените решенија при усогласувањето се дополнува или изменува овој колективен договор. (1) Ако постапката за усогласување е неуспешна, спорот се решава пред арбитражен совет кој спорот треба да го заврши во рок од 60 дена. (2) Бројот на членовите на арбитражниот совет е непарен. (3) Секој од учесниците именува по 2 арбитри, а претседателот го именуваат арбитрите спогодбено од регистарот на помирувачи и арбитри при Министерството за труд и социјална политика. (4) Арбитражниот совет одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови. (5) Одлуките на арбитражниот совет се обврзувачки за двете страни и имаат сила на извршен наслов.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА. За решавање на споровите меѓу страните на овој Колективен договор што не може да се решат со меѓусебно преговарање се формира Комисија.

Related to РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И АРБИТРАЖА

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.