СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Полиса за колективно осигурување на живот е исправа за склучен договор за осигурување. (2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат Xxxxxx за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија. (3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот. (4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници на крај на секоја осигурителна година. (5) На крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Полиса за колективно осигурување на живот е документ за склучен договор за осигурување. (2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат Понуда за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија-капар. (3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот. На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници, веднаш по промената.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Полиса за колективно осигурување на живот со валутна клаузула е документ за склучен договор за осигурување (2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат полиса за осигурување. (3) Врз основа на овие посебни услови се осигуруваат сите работници кои се во работен однос на определено и неодредено време кај договорувачот. Сезонските работници и работниците по договор не можат да бидат опфатени со оваа осигурување. (4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, а на крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Понудата за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт поднесена на образец на осигурувачот е составен и неразделен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот за осигурување на живот. (2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот за осигурување на живот. (3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот. (4) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.

Related to СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.