СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. По овие услови за осигурување можат да се осигураат лица до 80 години живот, со тоа што лицата на возраст од 65 до 80 години се осигуруваат согласно Член 24 од овие Услови.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Согласно овие услови може да се осигураат лица од раѓање до возраст од 64 години. Лица на возраст од 65 години до 74 години може да бидат осигурани со доплаток на премијата за осигурување. Лица постари од 74 години неможе да бидат осигурани во никој случај.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Според овие услови може да се осигураат лица од наполнети 18 до наполнети 65 години живот.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. По правило можат да се осигуруваат лица од 14 до 75 години живот. Лица помлади од 14 и постари од 75 години можат да бидат осигурани по посебни или дополнителни услови.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) По овие Дополнителни услови можат да се осигуруваат пензионери без оглед на годините на старост и здравствената состојба и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучени од осигурување.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1. Според овие Услови може да се осигурат лица постари од 14 години, па сѐ до навршени 70 години.
2. Лицата што се осигуруваат според овие Услови се осигурени без разлика на нивната здравствена состојба, општата работна способност и без плаќање на зголемена премија, освен лицата кои се делумно или потполно лишени од работна способност, кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
3. Со ова осигурување не се опфатени работниците: • Што писмено изјавиле дека не сакаат да бидат осигурени; • Што кај договорувачот се во граѓанскоправен однос; • Што се постари од 70 години. • Што се на непрекинато боледување во последните 3 месеци.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1) По овие услови, Осигуреник може да биде физичко лице кое во момент на потпишување на изјавата за согласност, односно договорот за осигурување ги исполнува следните услови: - Да е основен должник (корисник на кредит) по Договор за кредит потпишан со банка или друга финансиска институција; - Да е на годишна возраст од 18 до 61 години при одобрување на кредитот, при што истекот на договорениот период на осигурување не може да биде по навршување на 65 (шеесет и пет) години возраст; - Да е граѓанин на Р.С. Македонија; - Да не е потполно лишено од работна способност; - Да нема индикации или сознанија дека ќе му биде прекинат работниот однос од страна на работодавачот, ниту пак да е прекинат работниот однос или да е потпишана спогодба за прекин на работниот однос помеѓу корисникот на кредитот и неговиот работодавачот; - Да не е покрената стечајна постапка или постапка за ликвидација на правното лице каде што е вработен корисникот на кредитот; - Да е вработен кај работодавач регистриран во Р.С. Македонија, вклучувајќи ги и странските преставништва во Р.С. Македонија; - Корисникот на кредит да има постојано место на живеење и работа во Р.С. Македонија; - Да е вработен непрекинато во текот на последните 6 месеци кај истиот работодавач на полно работно време од 40 часа неделно, да не е на пробна работа, освен доколку поинаку не се договори во Договорот за осигурување (полисата). - Да нема доцнење во отплата на кредитот – во случај кога предмет на осигурување е кредит во отплата. - Да не е привремено спречено за работа и не било привремено спречено за работа подолго од 60 (шеесет) дена последователно во последните 12 (дванаесет) месеци до моментот на стапување во осигурување, освен доколку поинаку не се договори во Договорот за осигурување (полисата). - Да не му е изречена судска забрана за вршење дејност или професија;
2) Договорот за осигурување е ништовен доколку при склучување на истиот Осигуреникот не исполнува некој од условите наведени во став 1 од овој член, при што се применуваат одредбите од член 5 од овие Услови.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Осигуреник може да биде секое лице кое патува во странство, но не за вршење на физичка работа.
(2) Осигуреник, може да биде и лице кое се наоѓа на постојана работа во странство и кое не патува во земјата во која работи или живее.
(3) Осигуреник, може да биде и лице кое не е жител на Р. Северна Македонија доколку има дозвола за привремен престој во Р.Северна Македонија и кое не патува во земјата на неговото постојано живеење
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Според овие посебни услови можат да се осигуруваат лица-менаџери од 20 до 70 години живот. Лицата помлади од 20 и постари од 70 години не можат да бидат осигурени според овие посебни услови.
(2) Лицата чија општа работна способност е намалена поради некоја тешка болест, или потешки телесни мани или недостатоци, се осигуруваат со наплата на зголемена премија во смисла на член 9 став 4 од овие услови.
(3) Лицата целосно лишени од деловна способност, во секој случај се исклучено од осигурување.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Според овие Посебни услови можат да се осигураат здрави лица, членови на семејство на возраст од 1 до 64 години, кои истовремено имаат својство на осигуреници во системот на задолжително здравствено осигурување на Република Македонија.