Услови за плаќање Примери за клаузули

Услови за плаќање. 6.4.1 ПРЕПРОДАВАЧОТ ќе ја исполни својата обврска за плаќање во рок од 20 (дваесет) календарски дена од датумот на прием на фактурата во Секторот за централна архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ, со банкарски трансфер на бројот на сметката во банка наведен во фактурата. Доколку крајниот рок се паѓа во неработен ден или државен празник, или кој било друг празник кој го нема во календарот, крајниот рок истекува на првиот работен ден по тој ден. Датумот кога средствата се префрлаат на банкарската сметка на Операторот ќе се смета за датум на плаќање. 6.4.2 За датум на прием на фактурата ќе се смета датумот кога Секторот за централна архива на ПРЕПРОДАВАЧОТ ја примил фактурата. Операторот се согласува дека доколку има било каков долг кон ПРЕПРОДАВАЧОТ, компанијата може да направи компензација на овој долг со фактурата на Операторот без понатамошна дополнителна согласност од истиот. Во овој случај ПРЕПРОДАВАЧОТ е должен само да го извести Операторот за деталите на компензацијата (датумот на важност, износот, детална листа на релевантни фактури). 6.4.3 Контактите за фактурирање се дадени во Додаток Б (Оперативни точки за контакт). 6.4.4 Каматата за задоцнето плаќање ќе биде еднаква на затезната камата согласно законските прописи и нема да ја надминува законската казнена каматна стапка, а ќе се смета од денот по истекот на рокот за плаќање. Таквата камата ќе биде прикажана како посебна ставка во фактурата за следниот месец. Во случај на еднодневно задоцнување, Страните взаемно ќе се откажат од затезната камата за задоцнето плаќање.
Услови за плаќање. КУПУВАЧОТ ќе ги плаќа фактурите во согласност со законот кој се применува и во рокот наведен во Налогот. Во секој случај, КУПУВАЧОТ има изрично право да ги пребие сите суми што му ги должи КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ по било кој ДОГОВОР (и) било која сума што КУПУВАЧОТ му ја платил на било кое трето лице (а особено на било кој подизведувач на ИЗВЕДУВАЧОТ) во однос на ДОГОВОРОТ спрема задолжителните закони, прелиминарни судски налози, национални или арбитражни одлуки и (ии) било која казна или штети што ИЗВЕДУВАЧОТ му ги должи на КУПУВАЧОТ. КУПУВАЧОТ нема да должи плаќање сé додека ИЗВЕДУВАЧОТ не го(ги) исправи прекршокот(ците) кој(кои) довел(е) до неизвршување на било кој дел од УСЛУГИТЕ.
Услови за плаќање. 4.1. Плаќањата мораат да бидат извршени од страна на Купувачот во согласност со договорените услови за плаќања. Се смета дека плаќањето е извршено кога денарите се ставени на располагање на Продавачот. Плаќањето може да се изврши на следните начини: ▪ готовински во максимален износ до 1000 ЕУ во денарска противвредност, ▪ жирално( вирмаски) и ▪ плаќање со платежни картички преку POS терминали. 4.2. За секое задоцнување на плаќањето купувачот се обврзува да плати законска камата сè до денот на исплатата. Во периодот на задоцнето плаќање ПРО-ДИЗАЈН нема да врши испорака на постоечките нарачки се до моментот на плаќање на долгот; Продавачот го задржува правото да бара и друг вид на надомест на штета. 4.3. Доколку купувачот доцни со плаќањата од било кои причини и притоа продавачот има основ за загриженост дека нема да биде извршено плаќањето, продавачот без ограничува на правата кои се предвидени со позитивното право има права да одбие да го изврши договорот и да ја задржи испораката на производите, се додека не се договорат нови услови за плаќање и додека продавачот не ја добие потребната гаранција за плаќање. Доколку таков договор неможе да се постигне во разумен рок или во случај продавачот не го добие соодветното обезбедување тој има право да го раскине договорот и бара надомест на штета.

Related to Услови за плаќање

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.