Фактурирање Примери за клаузули

Фактурирање. 15.1. Операторот ќе му издава фактура на Претплатникот за користените услуги согласно овој Договор, Понудата, Xxxxxxxxxx и Општите услови, зголемена за ДДВ и други даноци согласно закон. 15.2. Договорните страни се согласни за пресметковен период да се смета првиот до последниот ден во месецот за кој што се користени услугите. 15.3. Доколку активирањето на услугите започнува друг ден во текот на месецот, Операторот како пресметковен период ќе го земе денот на активација на услугата до последниот ден во месецот согласно Општите услови. 15.4. Фактурата ќе биде издадена најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од завршувањето на пресметковниот период, за што Претплатникот е должен истата да ја плати во рок наведен во фактурата. 15.5. Не примањето на месечната сметка не го ослободува Претплатникот од обврската за плаќање на доспеаниот долг. 15.6. Доколку Претплатникот не ја плати фактурата во дадениот период, Операторот има право да пресметува казнена камата. 15.7. Доколку Претплатникот не плати една фактура во рокот предвиден за исплата, Операторот ќе му достави Опомена со дополнителен рок за плаќање на заостанатиот долг. Во случај кога Претплатникот нема да го исплати заостанатиот долг во рокот наведен во Опомената, Операторот може да изврши привремен прекин на електронските комуникациски услуги кои ги користи Претплатникот. 15.8. Доколку Претплатникот не го плати заостанатиот долг и по привремениот прекин, Операторот ќе му достави второ известување. Ако Претплатникот не го плати заостанатиот долг и во дополнително предвидениот рок, наведен во второто известување Операторот може трајно да го исклучи Претплатникот од користењето на услугите и да го раскине Договорот. 15.9. При секое повторно приклучување, Претплатникот ќе плати соодветен надоместок, согласно официјалниот Ценовник.
Фактурирање. 6.3.1 Операторот ќе му издава фактура на ПРЕПРОДАВАЧОТ, чија содржина ќе биде во согласност со важечките прописи. 6.3.2 Операторот ќе ја испрати фактурата преку препорачана пошта најдоцна до десеттиот ден од наредниот календарски месец на адресата за доставување на фактури на ПРЕПРОДАВАЧОТ, утврдена точка 6.4.2. 6.3.3 Надоместоците ќе бидат прикажани на една фактура, подготвена од Операторот како што е објаснето во Прилог 3 (Надоместоци). 6.3.4 Фактурите издадени од Операторот на ПРЕПРОДАВАЧОТ може да ги содржат само услугитен обезбедени во согласност со овој Договор. 6.3.5 Страните ќе се известат меѓусебно за било каква промена на нивната адреса за доставување на фактури, најмалку 1 (еден) месец пред стапувањето во сила на промената.
Фактурирање. 7.1 Шел на свој трошок на Деловниот партнер непосредно му ги издава и испраќа фактурите во кои се наведени трансакциите во согласност со воведната страница. Во фактурите се наведуваат податоци за трансакциите по поединечни картички, за купување кај Шел и кај трети лица.
Фактурирање. Повластениот производител, врз основа на мерните податоци доставени од операторот на системот на кој е приклучена електроцентралата, до петтиот ден во календарскиот месец до операторот на пазарот доставува фактура за испорачаната електрична енергија во пресметковниот период од претходниот календарски месец.
Фактурирање a. Освен ако не е поинаку договорено, Добавувачот ќе го фактурира Microsoft месечно во обврски и само за прифатени стоки, услуги и испорачани ставки. b. Добавувачот ќе фактурира до Microsoft со фактура на MS според SupplierWeb (xxxxxxxxx.xxx).Процесот на фактурирање на Microsoft е процес на електронско поднесување фактура. MS Invoice (xxxxx://xxxxxxxx.xxxxxxxxx.xxx) е апликација заснована на интернет што ја обезбедува Microsoft за своите плаќачи, со која им овозможува на плаќачите да поднесуваат електронски фактури директно до Microsoft. Алатката MS Xxxxxxx поддржува поднесување електронски фактури врз основа еден на еден или преку масовно поставување ако има повеќе фактури. Плаќачот треба да контактира со Центарот за помош за неподмирени долгови на Microsoft на xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xx-xx/xxxxxxxxxxx/xxxxxxxxxxx- apsupport.aspx и да даде важечко оправдување за неможноста за испраќање фактури на овој начин; Microsoft, по исклучок, ќе обезбеди алтернативен процес за поднесување фактури. Фактурите треба да ги содржат следните информации: број на PO, број на ставка, опис на ставка, количества, цени на парче, вкупна цена за избрано количество на некоја ставка, број на пакување, испорака, испорака до град или провинција, даноци и сите други информации што е веројатно да ги побара Microsoft. Добавувачот нема да му наплати на Microsoft за иследување, пријавување, или поправање на некакви грешки во врска со неговите фактури. c. Microsoft може да ја оспори секоја фактура со обезбедување писмено известување или со делумно
Фактурирање. 7.1. Шел на свој трошок на Деловниот партнер непосредно му ги издава и испраќа фактурите во кои се наведени трансакциите во согласност со воведната страница. Во фактурите се наведуваат податоци за трансакциите по поединечни картички, за купување кај Шел и кај трети лица. 7.2. Деловниот партнер не смее да задржи исплата или да изврши нецелосна исплата во случај на рекламација во врска со купување. Доколку рекламацијата во врска со сметката е оправдана, Шел ќе го намири оправданиот износ или на Деловниот партнер ќе му признае бонификација. 7.3. Сите рекламации за издадени сметки врз основа на барања за примероци од Нарачките, Деловниот партнер може да ги побара од „Шел“ врз основа на писмена молба (допис испратен по пошта или по електронска пошта) најдоцна во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметката или на пресметката. Доколку Деловниот партнер не испрати писмена рекламација во рок од 30 дена, се подразбира дека ги прифаќа сите купувања со Шел картичката и дека е согласен со сите ставки во сметките. 7.4. Таму каде што законски е дозволено, сметките/пресметките ќе му бидат на располагање на Деловниот партнер во електронска форма преку Shell Fleet HUB. Во тој случај Деловниот партнер нема да ги прима сметките/пресметките во хартиена форма по пошта. Деловниот партнер, со потпишувањето на Договорот, чиј составен дел се и овие Општи услови на работење, се согласува дека сметките наместо во хартиена форма ќе ги прима во електронска форма, од кој било Шел во рамките на групата Шел, кој има правна основа за издавање и за испраќање електронски сметки (е-сметки). Деловниот партнер може да побара алтернативен метод на издавање на сметките. Доколку Шел му одобри такво издавање на Деловниот партнер, Деловниот партнер ги покрива административните трошоци што ќе настанат при издавањето на сметките. 7.5. Деловниот партнер може да побара промена на примањето на сметката/пресметката од хартиена во електронска форма (е-сметка). Во тој случај мора да испрати писмена молба до Шел. Сметката може да се издава во електронска форма, ако со тоа се согласни Деловниот партнер и Шел. За потребите на поврат на данок, Деловниот партнер презема одговорност да го провери примањето на електронските сметки кај даночната управа во секоја држава. 7.6. Шел ќе ја пренесе сметката, во електронска форма, на Shell Fleet HUB еден ден по издавањето на сметката. Датумот на издавање на сметката е определен во Договорот. По пренесувањето на сметките, Деловниот партнер ќе прими известување на еле...
Фактурирање. 15.1. Операторот ќе му издава фактура на Претплатникот за користените услуги согласно овој Договор, Понудата, Ценовникот и Општите услови, зголемена за ДДВ и други даноци согласно закон. 15.2. Договорните страни се согласни за пресметковен период да се смета првиот до последниот ден во месецот за кој што се користени услугите. 15.3. Доколку активирањето на услугите започнува друг ден во текот на месецот, Операторот како пресметковен период ќе го земе денот на активација на услугата до последниот ден во месецот согласно Општите услови. 15.4. Фактурата ќе биде издадена најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од завршувањето на пресметковниот период, за што Претплатникот е должен истата да ја плати во рок наведен во фактурата. 15.5. Со потпишување на овој договор Претплатникот изрично потврдува дека е согласен фактурите издадени од Операторот да му се доставуваат по електронски пат на емаил адресата наведена во Барањето за склучување на претплатнички договор и овој договор. 15.6.Не примањето на месечната фактура не го ослободува Претплатникот од обврската за плаќање на доспеаниот долг.
Фактурирање. Фактурирањето се врши месечно, врз основа на податоците за испорачани количини на електрична енергија за соодветниот пресметковен период доставени од соодветниот оператор на систем. Снабдувачот ќе издаде и ќе му достави фактура на Потрошувачот во рок од 10 (десет) дена од приемот на мерењата за мерните места извршени од операторот на систем. Фактурата ќе биде доставена по е-пошта: ___________________________што ќе биде прифатено како редовна достава на фактура.

Related to Фактурирање

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОУД Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.