Contract
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 1, член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1, член 56 и член 60 од Законот за работните односи и членовите член 6, член 7, член 23 став 1, член 27 и член 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
О Г Л А С
за вработување 3 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1.Тројца извршители на работно место помлад програмер во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија.
2.Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работното место од точка 1, покрај општите законски услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: завршено високо образование од областа на информатичките науки, најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), со или без работен стаж, познавање на англиски јазик, работа со компјутер, владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните познавања на работа со компјутер, владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
3.Кандидатите за работното место од точкa 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.
4.Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
5.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работното место од точка 1 на оваа одлука, а кои немааат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 1 година, а со кандидатите кои имаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.
Висината на основната (нето) плата на работниците за време на приправничкиот стаж и за време на пробната работа ќе изнесува 50% од основната (нето) плата определена за работното место помлад програмер.
Основната (нето) плата за работното место помлад програмер изнесува 38.500,00 денари.
6.Рокот за доставување на документите изнесува 10 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
7.Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
8.Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
9.Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул.„Xxxxxx Xxxxxxxxxx Питу“ бр.1 – Скопје.