Договорниот орган Државeн завод за ревизија, со седиште во деловниот објект Палата ,,Емануел Чучков”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар, Скопје, телефон 02/3 211 262, факс 02/3 126 311, електронска пошта: dzr@dzr.gov.mk, интернет адреса:...
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРОЈ 08/2017
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, март 2017
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Државeн завод за ревизија, со седиште во деловниот објект Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар, Скопје, телефон 02/0 000 000, факс 02/3 126 311, електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xxx.xx, има потреба од набавка на услуга за одржување на деловни простории, согласно техничката спецификација која е составен дел од оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16), за што објави оглас број 08/2017.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 04.04.2017 година во 11.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 04.04.2017 година во 11.00 часот во просториите на Државен завод за ревизија.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 13.03.2017 година |
Комисија за јавни набавки |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
„Доминантно влијание“ е кога:
едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
„Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште во деловниот објект Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар, Скопје, телефон 02/0 000 000, факс 02/3 126 311, електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е: Xxxxxx Xxxxxxxx, телефон 000 000 000, факс 02/3126-311, електронска пошта: xxxxxxx.xxxxxxxx@xxx.xxx.xx.
1.3. Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на деловните простории на Државниот завод за ревизија, за период од 1 (една) година.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. Предмет на електронската аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да се одржи, а договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Државен завод за ревизија.
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН2.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8. Понудувачот може да ангажира подизведувачи.
1.8.9. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
по пошта,
по факс,
со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
личната состојба,
способноста за вршење професионална дејност,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рок од од пет работни дена, сметано од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од економскиот оператор.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
пополнет Образец на понуда (Прилог 1);
парафиран Модел на договор (Прилог 2);
документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3);
Изјава за независна понуда (Прилог 4);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори],
Образец за општи информации (Прилог 5).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација и која не е потпишана своерачно ќе биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено кои се причините за таквата цена во рок од 5 работни дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 180 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.8 Форма и потпишување на понудата
Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и своерачно ја потпишува3 овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е своерачно парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
го содржи бројот на огласот,
во горниот лев агол стои ознака „Не отворај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 04.04.2017 година во 11.00 часот .
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Државeн завод за ревизија, со седиште во деловниот објект Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар, Скопје, (VI кат, канцеларија 612), со назнака "За отворена постапка бр. 08/2017".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 04.04.2017 година во 11.00 часот, во просториите на Државниот завод за ревизија, Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.9 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Исправка на аритметички грешки
5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.1.6. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач/економски оператор, Носителот на набавката е должен да достави корегирана/изменета понуда согласно вредноста постигната со завршувањето на аукцијата врз основа на која ќе биде склучен договорот за јавна набавка. Останатите карактеристики на понудата остануваат непроменети.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
податоци за застапникот или полномошникот,
назив и седиште на договорниот орган,
број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Xxxxxxx избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативната референца.
7. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапката каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
8. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Набавката на услугата за одржување на деловни простории се однесува за деловните простории на Државниот завод за ревизија кои се наоѓаат во Скопје, во деловниот објект Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар “, со вкупна површина од 3264 м2 и тоа: приземје со површина од 454,30 м2, 3/трети/ кат, со површина од 689,59 м2, 4/четтврти/ кат, со површина од 689,81 м2, 5/петти/ кат со површина од 730,33 м2 и 6/шести/ кат со површина од 699,97 м2.
Услугата за одржување на деловните простории на Државниот завод за ревизија опфаќа:
Одржување на хигиена на работни простории и санитарни јазли, влезови, холови, лифтови, ходници и скали,
Услуги во кујна,
Домарски услуги и
Средства за одржување на деловните простории кои ги обезбедува Носителот на набавката
Одржување на хигиена во деловните простории – 5/пет/ извршители
Дневни и тековни активности (освен петти кат)
Чистење со правосмукалка на покриени површини со теписон и теписи и работните столици како и влажно чистење на подот на непокриени површини;
Чистење и влажно пребришување на надворешна влезна врата, холот пред лифтовите, лифтови (3), скали и гелендери;
Пребришување на работните бироа, инвентар и останатите средства за работа (телефони, компјутери, монитори и друго);
Проветрување на канцелариите во деловниот простор, пред и после работното време;
Одржување на тоалетите (вкупно 17 санитарни јазли): мијалник, тоалетна шоља, подни и зидни плочки, дозирање на освежувачите во тоалетите, течно средство за миење раце (кои се обезбедуваат од Носителот на набавката);
Дозирање на хартија за раце, тоалетна хартија (кои се обезбедуваат од Државниот завод за ревизија);
Празнење на корпите за ѓубре, нивно пребришување со влажна крпа и изнесување на сметот надвор од објектот;
Чистење на влезните врати (секојдневно доколку се од стакло);
Чистење на надворешните скали и просторот пред главниот влез и празнење на кантите за отпадоци;
Перманентна контрола на услугата.
Неделни активности
Бришење на прашина од венецијанер завеси;
Бришење на прекинувачи, штекери и други средства за работа и апарати;
Бришење на вратите и прозорските стакла
Чистење на 5/петти/ кат (сите услуги предвидени од точка 1.1)
Генерално чистење на деловните простории се спроведува 2/два/ пати годишно на барање на Договорниот орган и вклучува:
Машинско чистење и перење на тврди подови, теписони и теписи со професионални машини;
Чистење на фотелји и работни столови обложени со текстил и кожа;
Бришење на внатрешни и надворешни стаклени површини;
Чистење и полирање на работните површини, целокупниот мебел и кожни фотељи, врати и прозорци.
Услуги во кујна – 1/еден/ извршител
Приготвување и послужување на вработените два пати дневно со пијалоци кои се обезбедуваат од Државниот завод за ревизија, послужување на гости и делегации (обезбедена количка за послужување од страна на Носителот на набавката),
Собирање и миење на садови, чаши, шољи за кафе и придружна кујнска опрема (садопер, шпорет, фрижидер).
Домарски услуги - 1/еден/ извршител, стручен за извршување на следниве услуги:
Технички интервенции на електричната инсталација (замена на осветлување, фасонки, прекидачи и слични поправки);
Технички интервенции на водоводната инсталација;
Ситни столарски и браварски услуги и интервенции.
Резервните делови доколку се потребни за замена при извршување на домарските услуги ги обезбедува Носителот на набавката, а се на товар на Договорниот орган.
Средства за одржување на деловните простории кои ги обезбедува Носителот на набавката
Средствата за одржување на деловните простории опфаќаат:
Употреба на професионални и еколошки средства за чистење,
Средства за чистење на тоалети (за 17 санитарни јазли),
Средства за миење садови и придружна кујнска опрема (садопер, шпорет, фрижидер),
Средства за машинско миење на садови,
Средства за чистење на стакло и други површини (прозорци, врати, телефони, компјутери, монитори и друго),
Средства за чистење на паркет и тврди подови,
Средства за чистење на текстилен под,
Средства за чистење на кожа,
Освежувачи за тоалети (17 санитарни чвора),
Вреќи за смет (од 30 литри и од 120 литри),
Течно средство за миење раце со соодветен квалитет,
Гумени ракавици,
Придружна опрема за одржување на хигиена (професионални правосмукалки, џогери, соодветни крпи, количка за носење на садови од спрат на спрат и слично),
Опрема за чистење во кујна (крпи, сунгерчиња и друго),
Соодветен алат, апарати и опрема за извршување на домарските услуги,
Соодветни работни униформи за извршителите наведени во точка 5 :
За секојдневна употреба и
За посебни прилики.
5.1. Дневни, тековни и неделни активности
Прва смена:
1 извршител за одржување на хигиена – од 7:00 до 15:00 часот секој работен ден, од понеделник до петок,
1 извршител за услуги за кујна – од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден, од понеделник до петок,
1 извршител за извршување на домарски услуги - од 9:00 до 13:00 часот, секој работен ден, од понеделник до петок.
Во случај на вонредни состојби потребно е домарот да биде на располагање на повик на Договорниот орган.
Втора смена:
4 извршители за одржување на хигиена – од 12:30 до 20:30 часот секој работен ден од понеделник до петок.
5.2 Периодични активности - сабота од 08:00 часот до 16:00 часот (на барање на Договорниот орган)
Напомена: Бруто платата на извршителите е на товар на Носителот на набавката.
Прилог 2 – Модел на договор
Д О Г О В О Р
за одржување на деловни простории на Државниот завод за ревизија
Склучен во Скопје, помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, со седиште во _______________ на ул.__________, бр.____, со ЕМБС ______________, претставуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор /во понатамошниот текст: Договорен орган/
2. _____________________________, со седиште на ул. ___________________, бр. ____, со ЕМБС_______ застапувано од _____________________________ /во понатамошниот текст: Носител на набавка/
I.ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со услугата за одржување на деловни простории на Државниот завод за ревизија, за период од 1 (една) година по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција кои се составен дел на овој Договор, кои Xxxxxxxxx на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.
член 2
Вкупната вредност на договорот, изнесува _____________денари со вклучен ДДВ, односно ____________денари и износ за ДДВ од ___________денари, согласно понудата во прилог на овој Договор.
Во вкупната цена е пресметан данокот на додадена вредност, трошоците и сите други давачки.
Цена за месечно одржување на деловните простории, вклучувајќи ги сите трошоци, изнесува __________ денари без ДДВ, односно _________ денари со вклучен ДДВ.
III. РАЗЛИКА ВО ЦЕНИ (корекција на цени)
член 3
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
член 4
Овој Договор се склучува за период од 1 (една) година, од денот на неговото склучување.
член 5
Начинот на плаќање на предметот на овој Договор е вирмански со доставување на месечна фактура, со плаќање во рок од 60 дена по приемот на фактурата.
VI. МЕСТО И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГАТА
член 6
Место за извршување на услугата предмет на набавката се деловните простории на Државниот завод за ревизија, кои се наоѓаат во деловниот објект Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ бб, Општина Центар, Скопје.
Одржувањето на деловните простории на Државниот завод за ревизија ги опфаќа дневните и тековни активности, неделните и периодичните активности активности за одржување на хигиената, услугите во кујна, домарските услуги и средства за одржување на деловните простории кои треба да ги обезбеди Носителот на набавката, согласно техничката спецификација во прилог на овој Договор.
Носителот на набавката е должен да пристапи кон извршување на услугата по доставување на список на извршители.
Во случај на промена на некој од изаршителите, Носителот на набавката, по писмен пат е должен да го извести Договорниот орган и да достави нов список на извршители.
VII. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
член 7
За реализација на услугата предмет на набавката, Носителот на набавката се обврзува:
стручно и квалитетно да ги извршува услугите предмет на набавката, согласно барањата во техничката спецификација, составен дел на овој Договор;
да ги извршува услугите со сопствена опрема, машини за работа и средства за одржување на деловните простории;
да употребува високо квалитетни, професионални и еколошки средства за одржување на хигиената, кои одговараат на стандардите за квалитет за овој вид на производи;
За извршување на периодичните активности Носителот на набавката е должен писмено да го информира Договорниот орган;
да ги извршува услугите согласно договореното работно време со Договорниот орган, предвидената динамика и активности, квалитетно и професионално;
да обезбеди потребен број на извршители за квалитетно и навремено одржување на деловните простории,
да ги обезбеди со униформи и заштитни средства, работниците кои ќе ги извршуваат услугите;
да врши перманентна внатрешна контрола на квалитетот на извршената услуга,
Носителот на набавката ќе одговара за штетите кои се направени од негова страна при извршувањето на предметот на Договорот, согласно законот.
член 9
Договорниот орган се обврзува да ја плати цената за извршување на услугите согласно договорните одредби;
Договорниот орган се обврзува да овозможи непречен пристап во просториите на Договорниот орган;
За недефинираните услуги за кои нема дадено писмен налог од страна на Договорниот орган, Договорниот орган нема обврска истите да ги плати.
член 10
Квалитетот на услугата од член 1 на овој Договор мора да одговара на техничките прописи и норми од хигиенско санитарен аспект.
Квалитетот го гарантира Носителот на набавката во рамки на утврдените стандарди.
Квалитетот на извршената услуга предмет на овој Договор го утврдува Договорниот орган континуирано врз основа на непосреден увид во работните простории.
Носителот на набавката гарантира за квалитетот на извршената услуга за периодот на важност на Договорот.
член 11
Доколку во текот на приемот на извршената услуга, се утврди дека квалитетот на услугата и средствата за одржување на хигиена не одговараат по вид, количина и квалитет, Носителот на набавката се обврзува истите да ги отстрани најдоцна во рок од еден ден. Во спротивно Договорниот орган има право на раскинување на овој Договор.
Носителот на набавката се обврзува да одговара за штетите кои се направени од негова страна при извршувањето на предметот на Договорот. Износот на надоместокот на штетата ќе го утврди заедничка комисија.
Носителот на набавката штетата ќе ја надомести во рок од 8 дена од денот на утврдувањето на нејзината вредност согласно законските прописи.
член 12
Договорниот орган и Носителот на набавката се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.
Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување на Договорот или услови за раскинување на Договорот.
член 13
Двете договорени страни можат да го раскинат овој Договор во случај некоја од договорените страни да не ги исполнува своите обврски, односно одредбите дефинирани со овој Договор.
Договорниот орган може еднострано да го раскине Договорот со доставување Xxxxxx, во рок од 15 дена, како и во случај:
ако Носителот на набавката не ги извршува своите обврски или било која обврска дефинирана во одредбите од овој Договор и ако го доведува во прашање извршувањето на договорените обврски;
ако Xxxxxxxxx на набавката се најде во состојба да не може да ги извршува повеќе своите обврски;
ако настанат вонредни околности кои оневозможуваат извршување на Договорот;
член 14
Овој Договор се смета за склучен на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала, во случај договорот да не е потпишан во ист ден од двете договорни страни.
член 15
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, ќе и остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската, но не подолго од 8 дена.
Ако договорните страни не ја исполнила својата обврска во определениот рок, ниту во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
член 16
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање.
член 17
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
член 18
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и позитивните законски прописи во Република Македонија.
член 19
Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за Договорниот орган и 2 /два/ за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ______________________________
Главен државен ревизор _______________________
(Одговорно лице)
м–р Тања Таневска __________________________
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 08/2017 објавен од страна на Државниот завод за ревизија, за доделување на договор за јавна набавка на услуга за одржување на деловни простории со спроведување на отворена постапка, која се спроведува во хартиена форма и завршува со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
II.1.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно условите дефинирани во техничките спецификации дадени во тендерската документација
.
II.2. Нашата понудата е составена од следниве делови:
пополнет Образец на понуда (Прилог 1);
парафиран Модел на договор (Прилог 2);
документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3);
Изјава за независна понуда (Прилог 4);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори],
Образец за општи информации (Прилог 5).
II.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: _______________________________________________________ [со бројки] (__________________________________________________________) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
Опис |
Единица мерка |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ (3x4) |
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
Услуга за одржување на деловни простории |
месец |
12 |
|
|
|
|
ВКУПНО без ДДВ (со зборови) |
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
III.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице (задолжително да се достави овластување)
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот____________________________________________________________ , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата во отворената постапка со оглас број 08/2017 за доделување на договор за јавна набавка на услуга за одржување на деловни простории и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице (задолжително да се достави овластување)
Прилог 4 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот _________________________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворената постапка со оглас број 08/2017 за доделување на договор за јавна набавка на услуга за одржување на деловни простории ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за отворената постапка со оглас број 08/2017 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице*
________________ _____________________
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице
Прилог 5- ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
|
|
|
|
2. Адреса на седиштето:
|
|
3. Телефон:
|
4. Контакт: |
5. Факс:
|
6.e-mail: |
7. Место на основањето / регистрацијата:
|
8. Година на основањето / регистрацијата:
|
9. Основни дејности на економскиот оператор:
|
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
2 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
3 Понудата која е потпишана со xxxxxxxx ќе се смета за понуда со формален недостаток и истата ќе биде отфрлена како неприфатлива понуда.