Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР е финансиран од Европската Унија во рамки на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.
Оглас за вработување на координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка (мали станбени единици) во општина Велес – договор на услуга
15 јуни 2021
Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери - Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска има потреба од еден (1) координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во општина Велес, во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР
За проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР е финансиран од Европската Унија во рамки на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.
Главната цел на проектот е да го овозможи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата на лицата со попреченост од резиденцијални институции во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иноватини социјални услуги.
Проектот ќе придонесе кон подобрување на условите на живеење на лицата со посебни потреби кои живеат во резиденцијални институции, преку нивно раселување во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата; ќе ги зајакне капацитетите на стручните лица кои нудат социјална грижа и нега, како што се асистенти за поддржано живеење, ќе воведе иновативни социајлни услуги во заедницата за активна инклузија на лицата со попреченост во општеството и ќе ја зголеми јавната свест за прифаќање и активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот. Период на имплементација на проектот: 02.01.2020 – 01.01.2023 година
Специфични цели на проектот:
⮚ Воспоставување на услови за процесот на деинституционализација;
⮚ Раселување на лица со попреченост во во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата;
⮚ Обезбедување иновативни социјални услуги за активна инклузија на лицата со попреченост во општеството;
⮚ Подигање на јавната свест за предностите на процесот на деинституционализација и вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот
ЦеПроСАРД во за потребите на проектот вработува еден (1) координатор на услуги кој ќе работи 15 работни денови во месецот одговорен за три (3) мали станбени единици формирани на територија на о. Велес за живеење со поддршка во заедницата, каде секоја единица има по 5 лица корисници на услугата со интелектуална попреченост.
Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период јули 2021 година - јануари 2023 година. По завршувањето на проектот, Здружението ЦеПроСАРД ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.
Задачи на координаторот на услугите
▪ Проактивност и учество во подготвителни активности за оспособување и функционалност на малите групни домови на териоторија на о.Велес;
▪ Активности за подготовка и оспособување на кадар кој ќе биде ангажиран во малите групни домови согласно законските прописи и Правилници;
▪ Соработка со тимот за преселба на корисниците во ДКСИ со цел активна комуникација и подготовка согласно потребите на корисниците кои ќе бидат преселени во станбените единици;
▪ Да остварува активна комуникација со проектниот тим во текот на работниот ангажман и да репортира во времетраењето на договорот со сите обврзувачки документи;
▪ Да има целосен надзор над работењето на единицата на научно и административно ниво и е одговорен за планирање, организирање, следење и проценка на целокупното работење на единицата;
▪ Да му обезбеди поддршка на корисникот при изборот на асистент /негувател / старател или едукатор во соработка со експерт во центарот за социјална работа;
▪ Да ја организира работата и да прави распоред на асистенти / негуватели или воспитувачи;
▪ Да ја следи работата на асистентите / негувателите или воспитувачите при обезбедување на услугата во согласност со одлуката на Центарот за социјална работа и личниот план со корисникот или договорот за услуги;
▪ Да се осигура дека услугата се обезбедува континуирано, во целост и квалитетно преку непосредна контрола во домот на корисникот и тоа најмалку еднаш месечно;
▪ Да води евиденција за корисниците и дадените услуги;
▪ Да се осигура дека услугата се обезбедува во недискриминирачка средина;
▪ Да се среќава со корисниците, членовите на нивните семејства и социјалниот работник во Центарот за социјална работа во врска со давањето услуги
▪ Да организира состаноци за координација со асистенти, негуватели или воспитувачи еднаш месечно за да се разгледаат околностите што влијаат на давањето услуги
▪ Да спроведува внатрешни процедури за проценка на обезбедените услуги и за проценка на задоволството на корисниците на услугите;
▪ Да го следи составувањето и спроведувањето на личните планови;
▪ Да дава предлози за вработување или отпуштање на персонал;
▪ Да планира и спроведува евалуација на персоналот;
▪ Да подготвува и координира внатрешна обука на персоналот;
▪ Да промовира вмрежување и партнерства со други локални услуги и засегнати страни
▪ Да ги претставува услугите на состаноци и во соработка со други служби во заедницата и засегнати страни (на пример, општински власти, верски организации итн.);
▪ Да составува и да го следи спроведувањето на планот за дисеминација наменет за пошироката заедница во врска со активностите кои ги обезбедуваат услугите (пр. да знае како да напише извештај кој ќе се користи во некое издание, како да зборува / пишува за одредени активности на настани објавени на социјалните медиуми и сл.);
▪ Да управува со криза и да дава решенија за решавање конфликти;
▪ Да ги штити личните податоци на корисниците според регулативата за заштита на личните податоци;
▪ Да ги надгледува прашањата за регулирање на услугата и кодексот на однесување
Минимум услови
▪ Универзитетска диплома за социјален работник, психолог, дефектолог, менаџмент или други општествени науки
▪ Општа лиценца за вршење стручна работа или да се стекне со лиценца за работа, а најдоцна во рок од шест месеци од неговото вработување, задолжително да помине почетна едукација од членот 237 согласно Законот за социјалната заштита на РСМ
▪ Минимум 5 годишно работно искуство во управување / координирање на слични единици на поддршка на живеење или слична единица за социјална заштита и/или директно искуство во давање иновативни социјални сервисни услуги во заедницата
▪ Претходно работно искуство во поддршка на лица со попреченост, вклучувајќи и лица со интелектуална попреченост.
▪ Докажано искуство во планирање, организирање, следење и проценка на целокупната работа на станбена единици за поддржано живеење или слична единица за социјална заштита
▪ Силна координација и вештини за водење на тим
▪ Силни меѓуперсонални, презентациски и комуникациски вештини
▪ Познавање на законските регулативни и правилници за овој тип на работа
▪ Способност за управување со криза и давање решенија за управување со конфликти
▪ Силни аналитички вештини и вештини за критичко размислување, како и силни вештини при подготвување на добро структурирани извештаи.
▪ Напредно познавање на пакетот MS Office.
▪ Силни писмени и усни комуникациски вештини на македонски јазик
▪ Здравствена способност за извршување на работната активност
Според членот 22 од Правилникот за начинот и обемот на социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, кандидатот не смее да има одземен или ограничен работнен капацитет, не смее да се лишени од родителски права, не смее да се осудувани осудувани за какво било кривично дело казниво со затвор на повеќе од шест месеци и да немаат никаква забрана за извршување на своите должности, активности и професии.
Аплицирање/Пријавување
Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до
25/06/2021 на xxxx@xxxxxxxxx.xxx.xx со наслов Апликација за Координатор - Велес
Апликантите/Пријавените лица/Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 28.06.2021. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.
Процес на избор/селекција
Во „ЦеПроСАРД“ ја поддржуваме различноста и ги охрабруваме да се пријавуваат кандидатите бидејќи цврсто се спротивставуваме на секоја форма на дискриминација врз основа на раса, религија, боја, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, возраст, недисквалификувачки физички или ментален хендикеп или национално потекло.
Сите информации на пријавените лица ќе останат доверливи и ќе им бидат откриени само на овластени лица со цел да ги извршуваат своите должности. „ЦеПроСАРД“ гарантира дека овластените лица кои ќе имаат пристап до личните податоци на пријавените лица, целосно ги почитуваат одредбите за заштита на податоците, додека и самите подлежат на регулаторна обврска за доверливост.
За какви било прашања или појаснувања, слободно контактирате нè на