Contract
0523
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ЗА СЛУЧАЈ НА СМРТ И ДОЖИВУВАЊЕ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со овие Посебни услови за осигурување на живот за случај на смрт и доживување (во понатамошниот текст: Посебни услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците на договорот за осигурување на живот.
(2) Овие Посебни услови се составен дел на договорот за осигурување на живот за случај на смрт и доживување што договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договорувач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
Член 2
Одделните поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следното значење:
- понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
- понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
- договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
- осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
- корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
- договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е обврска на осигурувачот утврдена со договорот за осигурување, односно со полисата на осигурувањето;
- полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
- премија на осигурувањето е износ што договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот.
Член 3
(1) Со договорот за осигурување на живот договорувачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата на осигурувањето, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел.
(2) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот.
(3) По овие Посебни услови можат да се осигураат здрави лица од навршена 14 (четиринаесета) години на живот и тоа од првиот ден на месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на својот
живот, па сè до завршувањето на календарската година во која осигуреното лице навршило 65 (шеесетипет) години на живот. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 75 години старост.
(4) Лицата од став (3) на овој член, зависно од висината на осигурената сума, како и болни лица можат да се осигураат исклучително врз основа на извршен лекарски преглед, односно врз основа на процена на ризикот на осигурувачот, со примена на одредбите на Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
(5) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а се смета дека се поднесени оној ден кога ги примила договорната страна до која се упатени. Во случај ако извештајот се доставува по пошта, како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг.
II. ПОНУДА Член 4
(1) Понудата за осигурување на живот, поднесена на образец на осигурувачот, е составен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот.
(2) Понудата мора да се исполни потполно, вистински и точно, и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот.
(3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно утврдување на дополнителни факти битни за склучување на договорот, вклучувајќи и лекарски преглед на осигуреникот.
(4) Осигуреникот мора да ја потпише понудата во случај кога договорувачот не е воедно и осигуреник.
Член 5
(1) Писмената понуда за склучување на договорот го обврзува осигурувачот да одговори на понудата 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување и дополнителна документација доколку е потребна без лекарски преглед, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 (триесет) дена сметано исто така од денот кога ја примил понудата и дополнителна документација доколку е потребна. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите на осигурувачот под кои се склучува предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен.
(2) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се со писмен извештај да го известат осигурувачот ако во периодот од поднесувањето на понудата до склучувањето на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е потешко заболување или повреда на осигуреникот, промена на професијата или занимавање со спорт.
(3) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.
III. ПОЛИСА
Член 6
(1) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигуран случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурана сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт односно доживување.
(2) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(3) Покрај понудата, полисата и овие Посебни услови, составен дел на договорот за осигурување се и Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), кои се врачуваат со полисата. Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составни делови на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (4) од овие Посебни услови, составен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
Член 7
(1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесувачот.
(2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV. ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 8
(1) Осигурувањето на живот започнува во 0,00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на првата премија.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена првата премија.
(3) Ако првата премија или нејзината прва рата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувачот почнува во 0,00 часот оној ден кога договорената премија ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот трае до 0,00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(5) Како исклучок од одредбата на овој член, во периодот од приемот на понудата и капарот кај осигурувачот до почетокот на осигурувањето според овие Посебни услови, осигуреникот има привремена осигурителна заштита за случај на смрт поради несреќен случај. Привремената осигурителна заштита му одговара на износот на осигурената сума за доживување наведена во понудата, но не може да биде поголема од денарската противвредност на 10.000 ЕВРА и во сила е само ако осигуреникот во време на поднесувањето на понудата бил во потполност способен за работа и ако
не бил на лекување или лекарска контрола, или боледувал од некоја болест, или се занимавал со професија или спорт кои би го попречувале приемот во осигурување. Ако се понудени повеќе осигурувања на живот на исто лице, горната граница на вкупното привремено покритие не може да биде поголема од денарската противвредност на 10.000 ЕВРА.
(6) Ако за склучување на осигурувањето е потребен лекарски преглед врз основа на одредбата на член 3, став (4) од овие Посебни услови, привремената осигурителна заштита почнува од денот кога потребните лекарски наоди и мислења ќе пристигнат кај осигурувачот.
(7) Привремената осигурителна заштита престанува со почетокот на обврската на осигурувачот во смисла на став (2) на овој член или со одбивањето на понудата.
(8) На осигурувачот, во случај на исплата на надомест врз основа на став (5) на овој член, му припаѓа првата годишна премија и тој износ се одбива при исплатата на надоместот.
V. ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 9
(1) Премијата на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, ја утврдуваат договорувачот и осигурувачот врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната старост на осигуреникот, полот, професијата, спортот, траењето на осигурувањето и роковите на плаќање на премијата.
(2) Кај зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
Член 10
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договорат во ЕВРА. Премијата по правило се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во ЕВРА плаќањето може да биде извршено и во ЕВРА.
(2) Ако е договорено под-годишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за под-годишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 11
(1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Премијата се плаќа на благајните на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка. Се смета дека премијата е платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
(3) Ако уплатата на премијата не може да се спроведе од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е спроведена уплатата.
(4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 12
(1) Осигурувачот има право на законска затезна камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна камата почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
(2) Осигурувачот има право при исплатата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана неплатена премија по полисата и затезна камата и неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
(3) Осигурувачот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
VI. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може:
1. со изјава да го раскине договорот, ако премијата била платена за помалку од 3 (три) години и во тој случај дотогаш уплатената премија не му се враќа на договорувачот, или
2. да му изјави на договорувачот дека ја намалува осигурената сума во случај кога се исполнети претпоставките за капитализација утврдени во член 23 на овие Посебни услови.
(3) Ако осигурениот случај настанал пред раскинувањето на договорот или намалувањето на осигурената сума, се смета дека осигурената сума е намалена ако се исполнети претпоставките за капитализација утврдени со овие Посебни услови, односно дека договорот е раскинат.
(4) Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 6 (шест) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 19 на овие Посебни услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигрителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
(5) Во случај на промена на адреса наведена во полисата за осигурување на живот, Договорувачот е должен да го извести Осигурувачот, во рок од 05 дена од денот на промената.
(6) Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува известувањата наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
(7) Во случај на промена на адресата на електронско сандаче наведена од Договорувачот, истиот е должен да го извести Осигурувачот, во рок од 05 дена од денот на промената.
VII. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 14
(1) Договорувачот е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се значајни за оцената на ризикот, а кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот во понудата бара дополнителни податоци.
(3) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои се однесуваат на него.
(4) Ако договорот за осигурување, вклучувајќи го и взаемното осигурување на живот, се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје VIII од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 15
(1) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за сите промени кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето го промени занимањето или започне да се занимава со некои од спортовите односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(2) Ако договорувачот на осигурувањето не го извести во писмена форма осигурувачот за промена на адресата и местото на плаќање на премијата, најдоцна 3 (три) дена по извршената промена,осигурувачот го задржува правото известувањата да ги испраќа на последната позната адреса дадена од договорувачот.
(3) Ако договорувачот не постапи според одредбата на став (2) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната изјавена адреса на договорувачот влегуваат во сила како договорувачот да ги примил.
VIII. НЕТОЧНА ПРИЈАВА Член 16
(1) Ако договорувачот намерно извршил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор да знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
(2) Во случај на поништување на договорот врз основа на став (1) од овој член, осигурувачот ја задржува наплатената премија и има право да бара премија за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, а не е должен да ја исплати настанатата обврска.
(3) Правото на осигурувачот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 17
(1) Ако договорувачот доставил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурувачот може за време на траењето на осигурувањето, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик.
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурувачот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот му ја соопштил на договорувачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај ако постои предлог на осигурувачот за зголемување на премијата, раскинот настапува по самиот Закон, ако договорувачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурувачот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настане пред утврдувањето на неточноста или непотполноста на пријавата или после тоа, но пред раскинот на договорот, односно постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во размер помеѓу платената премија и премијата која требало да се плати.
Член 18
(1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија ако за време на склучувањето на договорот се неточно пријавени годините на старост на осигуреникот, а неговите вистински години на старост ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот.
(2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговите вистински години на живот не ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот, договорот е важечки, а осигурената сума се намалува во размер помеѓу договорената премија и премијата предвидена за осигурување на живот на лице кое има години колку и осигуреникот.
(3) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучување на договорот, премијата се намалува на соодветниот износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата помеѓу примените премиии и премиите на кои има право.
(4) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 14 години живот, договорот е xxxxxxxx и осигурувачот е должен да ја врати примената премија.
IX. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 19
(1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:
1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;
2. за случај на смрт на осигуреникот:
2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето:
2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски
преглед;
2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е
договорена сумата од точка 2.3. на овој став;
2.1.3. поради пораѓање.
2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума;
2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот.
(2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа:
1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување,
2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници.
(3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
X. ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 20
(1) Ништовно е осигурувањето за случај на смрт на лице помладо од навршени 14 (четиринаесет) години и лице потполно лишено од работна способност.
(2) Осигурувачот не е обврзан на корисникот да му ја исплати осигурената сума ако:
1. осигуреникот изврши самоубиство во првата година, а ако изврши самоубиство во втората или третата години од траењето на осигурувањето, се исплаќа до тогаш насобраната математичка резерва. По истекот на рокот
од три години на траењето на осигурувањето, осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума за смрт заради болест и до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови;
2. корисникот намерно предизвика смрт на осигуреникот, а ако до тогаш биле уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот е обврзан на договорувачот да му ја исплати до тогаш насобраната математичка резерва, или на неговите наследници ако договорувачот самиот е осигуреник. Доколку не е исполнет условот на уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот не е обврзан да ја исплати ниту до тогаш насобраната математичка резерва.
Член 21
(1) Ако посебно не се договори осигурително покритие или за време на траењето на осигурувањето договорувачот, односно осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на член 15, став (1) од овие Посебни услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурително покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик, осигурувачот, ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик, е должен да ја исплати само до тогаш насобраната математичка резерва.
(2) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани,
4. со извршување на смртна казна.
XI. ПРАВА НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕД НАСТАПОТ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 22
(1) Договорувачот може најдоцна 30 (триесет) дена пред почетокот на новата осигурителна години да побара промени по полисата.
(2) За промените во полисата кои се однесуваат на премијата и времетраењето на осигурителниот период, покрај условот од став 1 на овој член, треба да се поминати и најмалку 2 (две) години од моментот на склучувањето на договорот за осигурување.
(3) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договорувачот.
Член 23
(1) Договорувачот може да побара капитализација на осигурувањето без понатамошно плаќање на премијата со намалена договорена сума според Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација).
(2) Капитализација на осигурувањето е возможно ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(3) Со капитализација престануваат да важат договорените дополнителни осигурувања и престанува обврската на осигурувачот од член 19, став (1) точка 2.3. од овие Дополнителни услови.Осигурувачот со допис го известува договорувачот за новите осигурени суми.
Член 24
(1) Осигурувачот може, на барање на договорувачот, да ја исплати откупната вредност на полисата врз основа на Таблицата на откупни вредности, ако откупот е возможен.
(2) Откуп е возможен ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(3) Ако до денот на поднесувањето на барањето за откуп на осигурувањето истекла најмалку половина од договореното траење на осигурувањето и за кое траење е платена договорената премија, осигурувачот има обврска до тогаш припишаниот удел во добивката да го пресмета во откупната вредност на полисата.
Обврската на осигурувачот при откуп престанува во 0,00 часот оној ден во кој е исплатена откупната вредност.
Член 25
(1) На барање на договорувачот, осигурувачот може да одобри заем врз основа на склучениот договор.
(2) Ако договорувачот не е осигуреник, заемот може врз основа на согласност на договорувачот да побара и осигуреникот, во кој случај договорувачот воедно е и солидарен гарант на осигуреникот.
(3) Осигурувачот и договорувачот на осигурувањето склучуваат договор за заем кои се бележи на полисата.
(4) Услов за одобрување на заем на Договорувачот е Xxxxxxxx да ги исполнила условите за стекнување на откупна вредност.
(5) Максимален износ на заем може да биде откупната вредност на полисата за живот на Договорувачот.
XII. ОБНОВА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Член 26
(1) Осигурувањето на живот кое престанало да важи поради раскин на договорот или е претворено во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација) може да се обнови на писмено барање на договорувачот, најдоцна во рок од 12 (дванаесет) месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија.
(2) Осигурувањето кое престанало да важи поради раскин на договорот може да се обнови само ако до денот на обновата се платени сите достасани премии под услов здравствената состојба на осигуреникот да е поволна за прифаќање во осигурувањето.
(3) Осигурувањето кое е претворено во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација) може да се обнови ако здравствената состојба на осигуреникот е поволна за прифаќање во осигурувањето.
(4) Осигурувачот е должен барањето за обнова да ги прифати или да го одбие во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на барањето, а ако е потребен лекарски преглед, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на барањето. Ако осигурувачот во тие рокови не го одбие барањето, се смета
дека го прифаќа, но само ако се исполнети сите услови за обнова.
(5) Ако барањето е поднесено во рок од 3 (три) месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија, осигурувачот е должен да го прифати барањето без обѕир на здравствената состојба на осигуреникот.
(6) Обврската на осигурувачот од обновениот договор за осигурување започнува во 0,00 часот оној ден кога осигурувачот го прифатил барањето за обнова, ако до тогаш се исполнети сите претпоставки за обнова на договорот.
(7) Ако осигуреникот почине во рок од година дена од обновата на осигурувањето поради болест која ја премолчил при поднесувањето на барањето за обнова, а болеста е од таква природа што осигурувачот не би го прифатил во осигурување, осигурувачот е должен да ја исплати, не земајќи ги во обѕир премиите за обнова на договорот, само намалената договорена сума според Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), под услов премијата да е платена согласно со член 23, став (2) од овие Посебни услови. Ако премијата не била платена за две, односно три години според одредбите на член 23, став
(2) од овие Посебни услови, не постои обврска на осигурувачот.
XIII. УЧЕСТВО ВО ДОБИВКАТА Член 27
(1) Договорувачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот во осигурување на живот.
(2) Како остварена добивка се подразбира добивката што осигурувачот може да ја припише кон договорената сума, а произлегува од располагањето со средствата на договорувачот. Висината и начинот на учеството во добивката се утврдуваат со посебна одлука на Собранието на акционери на Друштвото.
(3) Лицата од став (1) на овој член право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот стекнуваат со истекот на рокот од 24 (дваесетичетири) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето, под услов премијата да е платена во целост до денот на пресметката.
(4) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договорувачот за тоа се известува во тековната година за изминатата година, доколку се исполнети условите од став (3) на овој член и доколку осигурувачот донел одлука во смисла на став (2) на овој член.
(5) При доживување уделот во добивката се исплаќа заедно со осигурената сума.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот, осигурената сума и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 19 од овие Посебни услови.
(7) При откуп, откупната вредност на полисата и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 24 од овие Посебни услови.
XIV. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 28
(1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во пишана форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
(3) Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот.
(4) Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност на договорувачот на осигурувањето во која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурување на живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
XV. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ Член 29
(1) Осигуреникот или корисникот должни се по настапот на осигурениот случај да поднесат до осигурувачот xxxxxxx пријава во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и со неа се поднесуваат следните документи:
1. оригинал на полисата за осигурување на живот,
2. доказ за датумот на раѓање на осигуреникот ,
3. ако настапила смрт на осигуреникот:
- извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот,
- доказ за причината на смртта,
- потврда од лекарот кој последен го лекувал умрениот,
- решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
- доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XVI. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА Член 30
(1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 29, став (2) и (3) од овие Посебни услови.
(2) Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не
може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Ако во моментот на утврдување на обврската постои спор околу примената на даночните прописи и другите прописи со кои се утврдуваат задолжителните давања кон органите на државната власт, осигурувачот ќе постапи согласно со став (3) на овој член.
(5) Кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое на неа би имало право во случај кога корисникот не би бил одреден од договорувачот, осигурувачот се ослободува од обврската на договорот ако во моментот на исплатата не знаел ниту можел да знае дека корисникот е одреден со тестамент или со некој друг акт кој не му е доставен. Корисникот има право да бара поврат на исплатата од лицето кое од осигурувачот ја примило осигурената сума.
(6) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
(7) Осигурувачот може да бара пред исплатата на осигурената сума потпишување на изјава за намирување, со која се утврдува исполнување на обврската на осигурувачот.
XVII. КОРИСНИК Член 31
(1) Договорувачот го одредува корисникот во полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума им се исплаќа на родителите односно на законските старатели. Во случај на спор, осигурувачот има право да бара од родителите односно старателите да обезбедат решение од законодавното тело за старателство со кое се одредува лицето овластено за прием на договорената сума која му припаѓа на малолетното лице.
(5) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без оглед на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XVIII. ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 32
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА и припишаната добивка се исплаќаат во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.
XIX. ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА Член 33
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XX. НАДОМЕСТОЦИ
Член 34
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот во висина која тој ја одредува.
(2) Договорувачот е должен, со договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци воведени со прописите.
XXI. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 35
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 36
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
(2)
XXII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 37
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XXIII. ЗАСТАРЕНОСТ Член 38
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување
изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
XXIV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 39
За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и
другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи.
Во примена од Јануари 2016 година