П O C E Б H И У C Л O B И ЗA CTAHБEHO OCИГУРУBAЊE - ДOМИ
П O C E Б H И У C Л O B И
ЗA CTAHБEHO OCИГУРУBAЊE - ДOМИ
ДEФИHИЦИИ
Oсигурувач - Еуролинк Осигурување X.X. Cкопjе
Oсигуреник - сопственик на осигурениот имот
Договарач - физичко или правно лице кое во име на осигуреникот ке склучи со осигурувачот договор за осигурување
Oсигурен имот - станбен обjект (кука или стан) сопственост на осигуреникот и предметите во него
Oсигурен случај - ненадеен и неочекуван настан, предизвикан од осигурените ризици, што резултира со оштетување или уништување на осигурениот имот за време на важноста на осигурувањето
Место на сигурување - адресата каде што се наоŕа осигурениот станбен обjект
Cтанбен објект - градежен обjект во вид на индивидуална станбена кука или стан, сопственост на осигуреникот, вклучуваjки jа и вградената електрична, водоводна, вентилациона, канализациона и инсталациjа за централно греење
Hаселен станбен објект - станбен обjект што не е непрекинато ненаселен подолго од 60 дена.
Градежен објект од слаба градба - станбен обjект чии што надворешни ѕидови или кровна покривка се целосно или делумно изведени од дрво, летви, слама или трска (бараки, брвнари, целосно или делумно дрвени куки, монтажни куки, итн.)
Предмети во станбен објект - сите подвижни предмети што се наоŕаат во станбениот обjект на местото на осигурување во моментот на склучување на осигурувањето, вклучуваjки ги и тие што дополнително се внесени во него по започнување на осигурувањето, и се сопственост на осигуреникот и/или на лицата што живеат со него во заедничко домакинство
Франниза - износ наведен во полисата што се одбива од секоjа штета коjашто произлегува од еден штетен настан во таа секциjа од полисата (учество во штета од страна на осигуреникот).
Tотална нтета - штета на имот при коjашто имотот е целосно уништен или пак неговата поправка изнесува повеке од неговата вредност.
Член 1 Предмет на осигурување
(1) Предмет на oсигурување по овие услови се населени станбени обjекти на местото на осигурување (куки или станови)
(2) По овие услови не се предмет на осигурување:
1.Cтанбени обjекти изградени од слаба градба (бараки, брвнари, целосно или делумно дрвени куки, монтажни куки, и сл.);
2.Ненаселени станбени обjекти;
3.Земjишта, па ниту тоа на кое е изграден станбениот обjект
4.Cтанбени обjекти и предмети што се користат целосно или делумно во деловни цели
5.Cтанбени обjекти издадени на лица кои не се потстанари
6.Гаражи, подруми и шупи придружени до или физички одвоени од станбениот обjект и предметите во нив
7.Заеднички имот, доколку станбениот обjект се наоŕа во зграда
8.Cтакло, само од кршење
9.Предмети во станбениот обjект
Член 2 Oсигурени ризици (опасности)
(1) Ова осигурување, во смисла на овие Услови, покрива уништување или оштетување на предметите на осигурување специфицирани во Член 1, при остварување на следниве ризици: пожар и удар од гром, експлозиjа, луња и град, манифестации и демонстрации, паŕања на воздушни летала и излевање на вода од водоводна и канализациона инсталациjа.
(2) Cо настапување на осигурениот случаj опфатени се и дополнителни трошоци.
Член 3 Oбем на опасностите од пожар и удар од гром
(1) Под пожар, во смисла на овие услови, се смета оган поjавен надвор од определено огниште или оган што го напуштил ова место и е способен понатаму да се развива со своjа сопствена сила.
(2) Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да плати надомест ако осигурениот предмет е оштетен и уништен:
1.со подгорување, прегорување од цигари, пури, справи за осветлување, жар и сл. 2.поради вриење или затоплување, варење, чадење и сл.
(3)Cо осигурувањето од опасности од пожар не се опфатени штети на о(аците настанати во врска со вршење на нивната функција.
(4) Осигурувањето од удар од гром, во смисла на овие Услови, покрива штети што громот ги предизвикал на осигурените предмети со дејство на сила и топлина, како и штети од удар на предмети соборени од громот.
(5) Cо осигурувањето не се опфатени штети на електрични апарати настанати како последица од удар на гром, како и штети на заштитни осигурувачи од кој било вид, заштитни прекинувачи, одводници за пренапон, громобрани и слични уреди, настанати при вршење на нивната нормална функција.
Член 4 Oбем на опасноста од експлозија
(1)Под експлозија, во смисла на овие услови, со исклучок на нуклеарна експлозија, се смета ненадејно појавување сила заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати што се јавува моментално изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
(2) Cо осигурувањето не се опфатени:
1.штетите од експлозија, намерна или не, настанати како последица од какво било експлозивно тело, направа или уред (бомба, мина, експлозив, муниција),
2.штети од екплозија на садови под притисок поради дотраеност, појава на трошење или прекумерна наслага на рŕа, бигор,талог, тиња на осигурените предмети, но се надоместува штета на други предмети во врска со настанатата експлозија.
Член 5 Oбем на опасноста од луња и град
(1) Под луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со брзина поголема од 62 км. на час.
Ке се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото на осигурување доколку ветерот кршел гранки и стебла или оштетил добро одржувани објекти.
Bо случај на сомневање, осигуреникот треба да ја докаже брзината на ветерот со извештај од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
(2) Cо осигурувањето не се опфатени штети:
1.од навлегување на дожд, град, снег или други наноси, низ отворен прозорец или други отвори што постојат во зградата, освен ако отворите настанале од луњата;
2.овој ризик не ги вклучува и штетите настанати на имот што не се наоŕа во затворени градежни објекти.
3.на градежен објект што не бил изграден според вообичениот начин на градење или слабо одржуван и дотраен објект.
(3) Cо осигурувањето од ризикот град, во смисла на овие Услови, опфатени се штети од уништување, односно оштетување на осигурените предмети што ги предизвикува градот со својот удар, вклучувајки и штети од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паŕање на град.
Член 6 Oбем на опасноста од манифестација и демонстрација
(1) Под манифестација и демонстрација, во смисла на овие Услови,се смета организирано или спонтано јавно покажување нерасположение на група граŕани.
(2) Cе смета дека настанал осигурен случај ако осигурениот предмет е уништен на кој било начин на дејствување на манифестантите односно демонстрантите(рушење, демолирање, палење и др).
Член 7 Oбем на опасност од паŕање воздунни летала
(1) Под паŕање воздушно летало, во смисла на овие Услови, се смета паŕање на воздушно летало од кој било вид врз осигурените предмети.
(2) Cе смета дека настанал осигурен случај ако со непосреден удар на воздушното летало или неговите делови/предмети се оштети или уништи осигурениот предмет.
Член 8 Oбем на опасности од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
(1) Под излевање вода, во смисла на овие Услови, се смета неочекувано излевање вода од водоводни и канализациони инсталации како и од уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, прскање или откажување на уредите за управување и сигурност) на тие апарати.
(2) Cо осигурувањето не се опфатени штети:
1.од излевање на вода од отворени славини, како и од канализациони цевки, ако штетата настанала заради затнување на цевките;
2.од кршење или прскање поради смрзнување, настанати на самите водоводни уреди; 3.поради дотраеност, истрошеност и корозија во просториите на осигуреникот;
4.од габички поради влага;
5.настанати како последица на негрижење и одржување на инсталациите; 6.на инсталации од кои што водата се излеала;
7.од слегнување на земјиште како последица на излевање вода од инсталациите во станбените објекти; 8.од оштетување при манипулација врз инсталациите, замена на вентил, одзатнување и слично;
9.од смрзнување на инсталациите, освен ако се преземени мерки за заштита од мраз; 10.од затворање на доводот на водата и нејзино испуштање од системот.
Член 9 Дополнителни троноци
(1) Cо ова осигурување, при настапување на осигурен случај, покриени се трошоците :
1.за расчистување на оштетениот или уништениот осигурен имот што евентуално би ги имал осигуреникот при настанување осигурен случај. Bо овие трошоци се вклучени и трошоците за пренесување на оштетениот или уништениот осигурен имот до најблиското место за нивно отпремување. Bкупниот износ на трошоците за расчистување е ограничен до 3% од понискиот износ на двата износа: сумата на осигурување или вредноста на осигурениот имот, за секој дел од оштетениот имот поединечно;
1.што евентуално би ги направил осигуреникот при настанување осигурен случај, а за преземени мерки за намалување или отстранување на штетата. Овие трошоци се надоместуваат дури и тогаш кога овие мерки не биле успешни. Bкупниот износ на овие трошоци е ограничен до 3% од понискиот износ на двата износа: сумата на осигурување или вредноста на осигурениот имот, за секој дел од оштетениот имот поединечно.
(2) Bкупниот надомест за трошоците од став 1 од ова покритие , заедно со пресметаната отштета, не може да го надмине понискиот износ од двата износа: сумата на осигурување или вредноста на осигурениот имот, за секој дел од оштетениот имот поединечно. За надомест на трошоците од став 1 важи клаузулата за подосигурување.
(3) Cо ова осигурување не се покриени евентуалните трошоци настанати поради интервенции на организации чија должност е да даваат помош бесплатно.
Член 10 Tраење на осигурувањето
(1) Осигурувањето почнува по истек на дваесет и четвртиот час од денот што во полисата е наведен како ден на почеток на траењето на осигурувањето, а престанува со истекот на дваесет и четвртиот час на последниот ден од тековната година на осигурувањето.
Доколку осигуреникот има пропуштено плакање на две последователни месечни рати, осигурувањето престанува да важи по истекот на рокот од 30 дена од денот кога на осигуреникот му е врачено писмо со известување за стасаноста на премијата. Дотогаш платените рати не се вракаат. Доколку настане осигурен случај, сите рати за плакање на премијата стасуваат веднаш по настанувањето на осигурениот случај. Доколку овие рати не се платат веднаш, осигурувачот нема обврска за плакање на надомест на осигурувањето.
(2) Bо случај на промена на сопственикот на осигурените предмети (осигуреникот), осигурувањето не се пренесува на новиот сопственик и престанува да важи со самиот чин на склучување на договорот за купопродажба.
Член 11 Oбврски на осигуреникот
(1) Осигуреникот е должен:
1.редовно да ги плака ратите во пропишаниот рок;
2.настанатите штети предизвикани од пожар или експлозија задолжително да ги пријави кај надлежниот орган за внатрешни работи;
3.да го извести осигурувачот за настапување на осигурениот случај најдоцна во рок од 3 дена откако тоа го дознал; 4.да ги достави сите докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата и да не ја менува
состојбата на оштетените предмети до доаŕањето на претставник од осигурувачот;
5.да го извести осигурувачот за извршените промени во врска станбениот објект (на пример промена на сопственост);
6.редовно да ги одржува осигурените предмети и да ги преземе потребните мерки за намалување и спречување на штетниот настан.
Член 12 Oбврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е должен:
1. веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата;
2. во законскиот рок и по добивање на сите докази да го исплати надоместот за штета
Член 13 Вредност на осигурениот имот
Bредноста на осигурениот имот за станбени објекти е еднаква со градежната цена на нов објект од ист вид, големина и начин на градба според цените во местото каде што се наоŕа, намалена за износот на пресметаната амортизација, но не е поголема од 24 600 МКД по еден метар квадратен од станбениот објект.
Член 14 Hадомест од осигурување
(1)Кога ке настане осигурен случај, кај станбени објекти, осигурувачот е должен да го надомести најмалиот износ од следниве
1.вистинскиот износ потребен за поправка или замена на оштетениот или уништениот имот, намален за износот на пресметаната амортизација;
2.сумата на осигурување на оштетениот осигурен имот; 3.вредноста на осигурениот имот.
Член 15 Oграничувања на обврските за надомест од осигурување
(1) Ако настапи осигурен случај, осигурувачот е во обврска да го исплати надоместот од осигурување по надминување на договореното самоучество-франшиза.
Член 16 Посебни исклучувања
(1) Bоjна, инвазиjа, деjство на странски неприjатели, неприjателски или воени операции (без оглед дали воjната е обjавена или не), граŕанска воjна, побуна, револуциjа, востание, граŕански немири, биолошка или хемиска контаминациjа.
(2) Тероризам, што значи деjство вклучуваjки, но не и ограничување употреба на сила или насилство и/или закана со нив на лица или група на лица, без оглед дали деjствуваат сами или во корист на или во врска со коjа било организациjа или влада обврзани со политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини вклучуваjки и намера да се влиjае на влада и да се изложи jавноста под страв.
(3)Штети настанати при адаптации, реновирања, реконструкции, доградби или надградби на станбениот обjект.
Член 17 Важност на Условите
(1) Доколку не се во спротивност со овие Услови, на осигурувањата склучени според овие Услови ке се применуваат одредбите од Општите Услови за осигурување имоти.
(2) Овие услови важат од 20.12.2005 година кога и се донесени на 23 редовна седница на Одборот на директори.
Овие Посебни услови за станбено осигурување - доми се донесени од Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК - Cкопjе, на 23-та редовна седница одржана на ден 20.12.2005 година, со Одлука броj 0202-4878/6, со примена од 20.12.2005 година.