Contract
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно член 45 став
(1) алинеја 10) од Правилата за снабдување со природен гас („Службен весник на РМ“ бр.56/12) на седница одржана на ден 05.02.2016 година, донесе
Р Е Ш Е Н И X
1. Се одобрува Договорот за снабдување со природен гас заведен под бр.11-170/1 од 01.02.2016 година, склучен помеѓу Друштво за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ - ГАС ДООЕЛ Скопје во понатамошниот текст Продавач и Потрошувач на природен гас во понатамошниот текст Купувач.
2. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Друштво за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ - ГАС ДООЕЛ Скопје, како вршител на дејност снабдувач со природен гас до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно член 45 став (1) алинеја 10) од Правилата за снабдување со природен гас („Службен весник на РМ“ бр.56/12), достави Договор за снабдување со природен гас кој снабдувачот треба да го склучи со потрошувачите на природен гас.
По предлог текстот на Договорот за снабдување со природен гас заведен под бр.11-170/1 од 01.02.2016 година, заради одобрување, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одржа главна седница на 05.02.2016 година, на која одлучи да го одобри Договорот за снабдување со природен гас
Имајќи го во предвид горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова решение.