o потврда од Агенција за енергетика на Република Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, или
БАРАЊЕ
за одобрување на грант од Ковид 3 кредитната линија
Согласно член 6 од Договорот за кредит бр. од 202_ година, го доставуваме ова Барање за одобрување на грант во износ од 30% од износот на одобрениот кредит согласно претходно наведениот договор.
Притоа, под морална и кривична оговорност изјавуваме дека кредитот по основ на главница е отплатен % (потребно е да е отплатен минимум 50%) и дека барањето за грант го доставувам по основ на исполнетост на категоријата под број .
Опис на категоријата за грант:
• Категорија 1:
- има жена/жени во сопственичка структура најмалку 50%; или
- е раководен од жена (жена-управител).
(се споредува состојбата при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието и при поднесување на барање за одобрување на грант компонента според Тековна состојба на претпријатието)
• Категорија 2:
- има млади до 29 години во сопственичка структура најмалку 50%; или
- е раководен од млади до 29 години (млад-управител);
(се споредува состојбаата при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието и при поднесување на барање за одобрување на грант компонента при што нетреба да има промени во сопственичката и/или структурата на управување, според Тековна состојба на претпријатието)
• Категорија 3:
е кредитокорисник-извозник со учество на приходот од странство со повеќе од 50% во финансиските извештаи за последната фискална година.
(се споредува состојбата при поднесување на апликација за кредит според годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство, или при поднесување на барање за одобрување на грант компонента според годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи од странство)
• Категорија 4:
е кредитокорисник за реализација на проекти
- за зелена економија (ветерници, соларна енергија, третман на вода, производство на биомаса заради обновливи извори на енергија);
- за модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
- воведување на нови производи и нови услуги.
(при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува доказ за реализација на проектите/активностите наведени во Категорија 4) и тоа:
- за зелена економија (ветерници, соларна енергија, третман на вода, производство на биомаса заради обновливи извори на енергија) се доставува:
o потврда од Агенција за енергетика на Република Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, или
o фактура за набавена опрема по датум на склучување на договор за кредит на износ од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за
промени на состојбата на средствата од сметката на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот реализирал проект за зелена економија.
- за модернизација и/или дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба) се доставува:
o за модернизација:
▪ фактура за набавена опрема по датум на склучување на договорот за кредит на износ од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за промени на состојбата на средствата од сметката на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот извршил модернизација на деловните процеси со извршената набавка на опрема.
o за дигитализација:
▪ фактура за набавка на софтверско решение или надградба на софтверско решение по датум на склучување на договор за кредит од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за промени на состојбата на средствата од сметка на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот извршил набавка или надградба на софтверско решение.
o за воведување нов начин на продажба (е-продажба):
▪ изјава за заверена на нотар за воведена електронска продавница на веб страница, по датум на склучување на договорот за кредит со прилог склучен договор за онлајн плаќање со деловна банка.
- за воведување на нови производи и нови услуги се доставува:
o изјава заверена на нотар за воведен нов производ или нова услуга со доказ за платени трошоци за воведување на новиот производ и услуга најмалку во висина од најмалку 30% од износот на кредитот.
Барањето го поднел,
(име и презиме, потпис и печат)
Тел.: Е-маил:
Прилози:
1.
2.
3.