Contract
ДОГОВОР ЗА ПРИЕМ НА РАБОТНИК БЕЗ ЗАСНОВАЊЕ НА
РАБОТЕН ОДНОС ЗАРАДИ СТЕКНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ФОРМАЛНА ЕДУКАЦИЈА
Склучен на ден __.__._____ година помеѓу:
______________________ - работодавач, и
____________________ - приправник- волонтер.
Договорните страни го склучија овој Договор под следните услови :
Член 1
Предмет на овој договор е прием на работник без засновање на работен однос, зарди стекнување на знаења и вештини за време на формална едукација.
Лицето ------- за периодот на времетраење на овој договор има статус на приправник-волонтер.
Приправникот - волонтер е студент по ------- кој го склучува овој договор заради стекнување на работно искуство и потребни знаења во струката кои ќе му овозможат подобро совладување на материјалот и припрема за самостојна професионална работа.
Член 2
Ангажманот на приправникот - волонтер започнува на денот на потпишувањето на овој договор --.--.20-- година.
Времетраењето на овој договор е -----.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
Приправникот - волонтер е должен за време на ангажманот да ги извршува сите задачи кои ќе му бидат дадени од страна на работодавачот заради стекнување на потребните стручни знаења во Здружението, јавните институции и другите организации каде што ќе биде пратен.
Член 4
Здружението не е должно да му исплаќа на приправникот - волонтер плата и други парични надоместоци како и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за време на траењето на овој Договор.
Член 5
Приправникот - волонтер должен е да ги чува како тајна сите информации и податоци кои ке ги дознае во текот на стажирањето и по истекот на времето за кое е склучен овој Договор.
Член 6
Здружението е должно да му посвети посебно внимание при упатување на волонтерот во принципите на професионалната етика, без кое нешто, ниту стручната практика, ниту знаењата, не би имале соодветна вредност.
Член 7
Здружението е должно на приправникот-волонтер да му обезбеди сестрана и темелна практика. Таа не може да биде половична и фиктивна.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
Овој договор е склучен во 2 (два) примероци, од кои еден за работодавачот и еден за волонтерот.
Член 9
Двете страни можат да го раскинат договорот ако една од страните не си ги извршува договорените обврски согласно овој Договор.
Член 10
Овој договор влегува во сила со денот на неговото потпишување од страна на двете договорни страни.
РАБОТОДАВАЧ: ПРИПРАВНИК - ВОЛОНТЕР:
________________________ ___________________________