Contract
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОПАСНОСТА ОД ПРЕКИН НА РАБОТА ПОРАДИ ПОЖАР И НЕКОИ
ДРУГИ ОПАСНОСТИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1)Предмет на осигурување во смисла на овие Услови, можат да бидат:
1) доходот, бруто добивката или добивка (доход) или
2) одредени трошоци на работење на осигуреникот (трошоци). Под доход се подразбира само оној доход кој се остварува, со обавување на регистрирана стопанска дејност како и приходите поврзани за таа дејност. Не се смета за доход оној дел од доходот кој се остварува од: работење во промет со парични средства, приходи од камати, работење во странство, исправка на финансискиот резултат и сл.
(2)Под трошоци се подразбираат само оние трошоци кои се со фиксен карактер и настануваат независно дали се обавува или не се обавува стопанската дејност, а кои осигуреникот мора да ги сноси. Не се сметаат за трошоци оние трошоци кои се директно поврзани со обавувањето на стопанската дејност (производство) на пр. како: трошоци на суровини и материјали, потрошена енергија и сл.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 2
(1)Според овие Услови се пружа осигурителна заштита и се врши надоместок за штетите предизвикани со прекин на работа, односно намалување на стопанската активност (прекин на работа) поради уништување, оштетување или исчезнување на оштетените ствари од основните опасности дефинирани во чл.2 став (1) до (7) од овие Услови и тоа:
1)пожар и удар на гром;
2)експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено;
3)луња;
4)град;
5)удар на сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурениот градежен објект;
6)паѓање на воздушно летало; 7)манифестации и демонстрации;
(2)Ако посебно се договори и пресмета дополнителна премија осигурителната заштита за штети предизвикана со прекин на работа поради уништување, оштетување или исчезнување на оштетените ствари, се проширува на една или повеќе дополнителни опасности дефинирани со чл.3, став (8) до (15) од овие Услови, според тоа како ќе се договори, и тоа:
1)поплава и порој;
2)лизгање на тлото и одронување; 3)слегнување на тлото;
4)снежни лавини; 5)истечување (лекажа);
6)излевање на вода од инсталации; 7)самозапалување на залихи;
8)излевање на вжарена течна растопена маса;
9)удар на непознато возило во осигурениот градежен објект; (3)Опасностите од претходниот став, можат да се договорат само доколку се договори осигурување од опасноста пожар и некои други опасности.
ОБЕМ НА ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 3
(1) Обем на опасности од пожар и удар на гром
1) под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган настанат вон од одреденото огниште или оган кој го напуштил тоа место и е способен и понатау да ја развива својата сопствена сила;
2) не се смета дека настапил пожар, ако осигурената ствар е уништена или оштетена;
а) поради излегување на огинот или топлината заради обработка или во други цели (на пр. во индустриска преработка, сушење, пржење, печење и сл.);
б) поради вриење или загревање, готвење, чадење и сл.;
3) под удар на гром во смисла на овие услови се смета дејствувањето на силата или топлината на громот која има последица оштетување или уништување на осигурените ствари како и од удар на предметите соборени од громот;
4) не се смета дека оштетувањата настанале со удар на гром ако се предизвикани поради дејство на електрична енергија, пренапон или загревање поади оптоварување, атмосферски празнења и поради слични појави како и оштетувања предизвикани со пренесување на електрична енергија преку доводи како последица на удар на гром.
(2) Обем на опасност од експлозија
1) под експлозија во смисла на овие Услови се смета ненадејно појавување на сила заснована на стремежот на пареата или гасовите за проширување. Експлозија на садови под притисок (котли, цевки и сл.) постои само кога ѕидовите на садот се во толкава мера искинати така што настанува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
Под експлозија се смета и експлозијата во внатрешноста на садот поради хемиски претворувања и ако ѕидовите на садот не се искинати.
2) под експлозија во смисла на овие Услови не се смета експлозијата од нуклеарна енергија, минирањата кои се вршат во рамките на дејноста на осигуреникот или во рамките на дозволена дејност на трети лица, во просторот за внатрешно согорување (цилиндер на моторот) која е нормална појава во процесот на производството, издувување од печки и слични справи, од биолошки карактер, водениот удар кој во тунелите и цевководите се манифестира под притисок како експлозија на садот под притисок која е последица на дотраеност, изабување или прекумерна наслага на рѓа, бигор, талог или тиња ако поради тоа е оштетен само тој сад.
(3) Обем на опасност од луња
1) под луња во смисла на овие Услови се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (со јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе, а предизвикал механички оштетувања на осигурените ствари со директно дејство на луњата или директен удар на соборени, односно носени предмети од луњата.
Се смета дека дувал ветер со оваа брзина во крајот каде се наоѓа осигурената ствар, ако ветерот, кршел гранки и стебла или ги оштетил градежните објекти кои редовно се одржуваат. Во случај на сомневање подносителот на оштетното барање мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај од Хидрометеоролошката служба.
2) не се смета дека оштетувањата настанале од луња ако се предизвикани:
а) од продирање на дожд, град, снег и други наноси низ отворен прозор или други отвори кои постојат на зградата,
б) од дожд и други врнежи на стварите сместени на слободен простор (пластови, камари и сл.), во амбари (гричеви), под настрешници и останати отвори на згради,
в) од нанесување на снег со луња или од тежината на снегот,
г) поради тоа што градежниот објект не е изграден според вообичаениот начин на градба во тоа место или е слабо одржуван или дотрајан или е изграден од фолии од вештачки материјал (на пример: топли леи и сл.).
(4) Обем на опасност од град
1) под опасноста град во смисла на овие Услови се смета делувањето на силата од ударот на градот во осигурениот предмет како и поради продирање на градот во осигурениот предмет како и поради продирање на градот и дождот низ отворите настанати од последица на градот кое има за последица прекин на работа.
2) од опасноста град не е осигурен прекинот на работата до кој би дошло со оштетување на стаклата на стаклениците и фолиите на топлите леи.
(5) Обем на опасноста од удар на сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина.
Со осигурувањето е опфатен прекинот на работата кој настанал од удар на сопствено моторно возило или сопствена подвижна работна машина во градежниот објект во кругот на осигурениот погон од прекин на работа.
(6) Обем на опасност од паѓање и удар на воздушно летало.
1) паѓање, односно удар на воздушно летало во смисла на овие услови се смета паѓање, односно удар на воздушно летало од било кој вид на објектот на погонот.
2) се смета дека настанал осигурен случај и тогаш кога во објектот на погонот удрил дел од воздушното летало или предмет на воздушното летало.
(7)Обем на опасност од манифестации и демонстрации.
1) под манифестација и демонстрација во смисла на овие услови се смета организирано или спонтано јавно изразување на расположението на група граѓани.
2) се смета дека настанал осигурен случај со манифестација или демонстрација ако прекинот на работата настанал поради оштетување или уништување на стварите кои служат на осигурената дејност на осигуреникот на било кој начин на делување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, разбивање, палење и др.).
(8) Обем на опасност од поплави, порои и високи води
1) под поплави во смисла на овие услови се смеа стихиско неочекувано поплавување на теренот од постојани води (река, езеро, море и друго), поради тоа што водата се излила од коритото или го пробила одбранбениот насип или брана, излевање на вода поради исклучително висока плима и бранови на морето и езерото со невообичаена јачина или од надојдување на вода поради исклучително висока плима и бранови на морето и езерото со невообичаена јачина или од надојдување на вода од вештачки езера.
Под поплави се смета и неочекувано плавење на теренот поради нагло продирање на големо количество на водена маса која настанува како последица на провала на облак.
Под порој се смета стихиско неочекувано плавење на теренот со водена маса која се формира на низбрдни терени поради силни атмосферски падавини и сливови по улиците и патеките.
2) Со осигурувањето е опфатен и прекинот на работата предизвикан со висока вода и подземна вода која е последица на високата вода, но само со хидроградежни објекти.
Под висока вода во смисла на овие услови се смета:
а) исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот во неочекувано време,
б) подземна вода како последица на висока вода.
Обврската на осигурувачот за прекин на работа од висока вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот или протокот измерен спрема најблиску поставениот покажувач на водостојот.
За секој одделен месец нормален е оној највисок месечен водостој за последните 20 години кој го покажува покажувачот на водостојот, најблизок до осигурениот хидроградежен објект кој припаѓа на осигуреникот со исклучување на исклучително високиот водостој.
3) не се смета дека настанал осигурен случај прекин на работа од опасноста поплава, порој и висока вода ако оштетувањето на осигурениот погон настанало:
а) од внатрешната страна на цевководите, каналите, тунелите предизвикано со механичко дејство на водата;
б) од налегнување на тлото како последица на поплави и порои; в) од подземни води во ископи, наскопи, подземни ходници и јами во рудниците;
г) од поплавување на вода излевање од канализациона мрежа освен ако до излевањето дошло поради поплава или порои;
д) во живи и суви корита на потоци и реки, како и на просторот помеѓу потокот, односно реката и насипот (индундационо подрачје) ако посебно не се договори и пресмета премијата,
ѓ) на полупроизводи, готови производи, стоки и материјали кои не се складирани според важечките прописи;
е) на хидроградежни објекти поради поткопување на надворешната страна на канали, тунели и цевководи и штети поради притисокот предизвикан со поплавата во смисла на претходниот став, доколку поинаку не се договори.
9) Обем на опасност од излевање на вода од водоводни и канализациони цевки.
1) под излевање на вода во смисла на овие услови се смета:
а) неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни (канализациони) цевки, како и од уредите за греење и други уреди и апарати кои се приклучени на водоводна мрежа, поради оштетување (кршење, прскање или откажување на уредот за управување и сигурност) на тие цевки, уреди и апарати,
б) неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или парно греење.
2) Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводната и канализационата мрежа, уредите за греење на топла вода или парно греење, како и нивна заштита од замрзнување.
3) Со осигурувањето не е покриена штетата поради прекин на работа од излевање на вода од водоводни и канализациони цевки која настанала:
а) од излевање на вода од отворени славини како и од одводни (канализациони) цевки, ако до излевањето дошло поради запушување на цевките;
б) од излевање на вода од олуци и цевки за одвод на дождовница; в) поради дотраеност, истрошеност и корозија;
г) поради загуба на вода и изгубена добивка од загубата на водата;
д) како последица на повреда на должноста на осигуреникот од точка 2 од овој став;
ѓ) од налегнување на тлото како последица на излевање на вода од водоводни и канализациони цевки.
10) Обем на опасност од лизгање на тлото:
1) Под лизгање на тлото во смисла на овие Услови се сметаат ненадејни движења на земјината површина на коси терени со јасни манифестации на кршење на површината на тлото и срозување кое се појави на јаки деформации и широки пукнатини на градежните објекти настанува во кус период.
2) Со осигурувањето не е покриена штетата поради прекин на работа од лизгање на тлото која настанала од:
а) геолошко лизгање на тлото, ако тлото на кое се наоѓа осигурениот градежен објект веќе почнало геолошки да се лизга во моментот на склучување на осигурувањето;
б) лизгање на тлото предизвикано од дејноста на човекот, како на пример поради засекување на тлото и сл.;
в) налегнување на тлото;
г) побавно геолошко лизгање на тлото кое се изразува во мали пукнатини на градежниот објект;
д) жив песок, горски удар и срушување на ископините, нископите, подземнтие ходници и јамите во рудникот;
ѓ) трошоците за санирање на тлото.
(11) Обем на опасност од одронување
1) под одронување во смисла на овие Услови се подразбира откинување и паѓање на материјалот како геолошка појава;
2) се смета дека настанал осигурен случај одронување само тогаш ако материјалот кој се одронил удрил во осигурениот предмет го уништил или оштетил и има за последица прекин на работа.
3) со осигурувањето од прекин на работа не се опфатени трошоците за санирање на тлото на кое настанало одронувањето.
(12) Обем на опасност од снежни лавини
1) Под снежна лавина во смисла на овие Услови се смета снежна маса во движење која се откинува од планинските страни;
2) Со осигурувањето е покриен и прекинот на работа предизвикан со оштетување на стварите поради воздушен притисок од снежната лавина.
(13) Обем на опасност од истечување на течности (лекажа) 1)Истечување на течности (лекажи) во смисла на овие услови се смета истечување на течности, односно гасови од неподвижни садови и цистерни, цевководи и сл. ако течноста истече поради ненадејно прскање на садот или неочекуван дефект на уредите вградени за испуштање и полнење на течноста;
2) Со осигурувањето не е покриена штетата од прекин на работа од истечување на течноста (лекажа) ако течноста истече затоа што прскањето на садовите и дефектот на уредите настанале поради дотрајаност, лошо одржување на садовите, односно уредите, лошо затнување или лоши затворувачи.
(14) Обем на опасност од излевање на вжарена течно растопена маса
Од опасноста излевање на вжарена течно растопена маса се покрива штетата од прекин на работата предизвикана на осигурените ствари настанати поради неочекувано излевање на вжарена течно растопена маса вон од местото одредено за испутшање и одвод.
(15) Обем на опасност од самозапалување на залихи
Прекинот на работа од опасноста самозапалување на залихи е опфатен со осигурување само ако залихите се складирани и останатите работи се извршени според законски односно технички прописи.
ШТЕТИ ОД ПРЕКИН НА РАБОТА, МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ И ГАРАНТЕН РОК
Член 4
(1) Штета од прекин на работа во смисла на овие услови се смета износот на доходот кој осигуреникот во периодот на застојот поради прекин на работа не можел да го оствари и непокриениот износ на осигурените трошоци остварени, односно настанати во тој период.
(2) Осигурувачот е во обврска за штетите кои би настанале од прекинот на работата во договореното траење на најмалку 3, а најмногу 12 месеци (гарантен рок), сметајќи од денот кога настанал осигурениот случај.
Гарантниот рок може да се договори во траење и до 24 месеци, ако, тоа посебно се договори и плати посебна премија.
Должината на договорениот гарантен рок во текот на траењето на осигурувањето се намалува сукцесивно за соодветниот период (број на денови) за кој бил пресметан надоместок. Кај наредниот прекин на работата осигурувачот е во обврска само за неискористениот период од гарантниот рок (остаток).
(3) Осигурувањето престанува кога осигуреникот ќе го искористи правото од целиот гарантен рок поради еден или повеќе прекини на работа.
(4) Ако осигуреникот по прекинот на работата кој траел пократко од гарантниот рок сака повторно да има осигурително покритие за овој или друг гарантен рок должен е да склучи ново осигурување. При склучување на новото осигурување ќе му се признае дел од премијата која отпаѓа на неискористениот дел од гарантниот рок.
(5) Осигурувачот не е во обврска ако штетата поради прекин на работа биде зголемена:
1) поради вонредни настани кои настанале за време на прекинот на работата;
2) поради ограничување на повторна изградба односно поправка врз основа на одлука на надлежен орган или ограничување во производството;
3) поади тоа што осигуреникот не располага со доволно денарски или девизни средства или не бил во можност благовремено да изврши увоз потребен за обновување на стопанската дејност;
4) поради извршени промени и подобрување при обновата;
5) поради тоа што прекинот на работата во друг погон кој не е физички оштетен освен доколку не е осигурен според овие услови;
6) поради последиците кај другите правни лица со кои оштетениот осигуреник има деловни односи или договор за кооперација и ако има склучено осигурување од прекин на работа според овие услови;
7) поради исчезнување или уништување на пари, вредносни хартии, деловни книги, планови, цртежи, дупчени картици, магнетски ленти, датотеки и други слични документи.
ПОВРЗУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ПРЕКИН НА РАБОТА СО ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОПАСНОСТА ОД ПОЖАР И НЕКОИ ДРУГИ ОПАСНОСТИ
Член 5
(1) Осигурување во смисла на овие услови може да се склучи со услов претходно или истовремено да е склучено кај истиот осигурувач и осигурувањето за основни средства и непарични обртни средства од опасноста пожар и некои други опасности.
(2) Обврска за надомест на штети по овие услови постои само тогаш ако постои обврска да се надомести материјалната штета по основот на осигурувањето од опасноста пожар и некои други опасности;
(3) Ако престане да важи договорот за осигурување од опасноста пожар и некои други опасности, престанува да важи и договорот за осигурувањето склучено по овие услови.
ВИСИНА НА ОСИГУРЕНИОТ ДОХОД И ТРОШОЦИТЕ (СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ)
Член 6
(1) Сумата на осигурување ја утврдува осигуреникот вкупно или по елементи - делови на еден од следните начини:
1) како сумата на осигурување која претставува износ добиен со множење на годишните планирани - очекувани вредности со количникот на должината на гарантниот рок и периодот на траењето на осигурувањето (секогаш 12 месеци);
2) како сума на осигурување која претставува збир на динамични месечно утврдени износи;
3) овие износи го претставуваат најнискиот износ на кој може да се склучи осигурувањето;
(2) Осигуреникот може однапред да договори автоматско месечно зголемување на сумата на осигурување, доколку плати соодветен доплаток.
(3) Вака утврдената и договорената сума на осигурување претставуваат и горните обврски на осигурувачот (лимит на покритие).
НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
(1) На осигуреникот му се надоместува вистинскиот износ на осигурениот доход кој не може да го оствари за време на прекинот на работа, но најмногу до поединечниот лимит на покритие.
(2) На осигуреникот му се надоместува вистинскиот износ на осигурените трошоци ако тие и понатаму се потребни и економски оправдани и ако осигуреникот би ги имал и да не бил прекинот на работа, но најмногу до поединечниот лимит на покритие;
(3) При утврдување на штетата поради прекин на работа треба да се земат во предвид сите околности кои позитивно или негативно би влијаеле на финансискиот резултат на осигуреникот и да не бил прекинот на работата.
(4) Доколку осигуреникот не ги исполнил обврските од став (2), член 11 на овие услови, односно не договорил соодветен доплаток надоместок во секој случај ќе се пресметува сразмерно помеѓу договорената сума на осигурување и соодветната сума на осигурување на сите организациони единици на иста локација. Соодветната сума на осигурување се утврдува на ист начин како што е регулирано во став (1), член 6 од овие Услови.
(5) За прекинот на работата кој трае до пет дена, доколку поинаку не се договори, не се утврдува надоместок. Не може да се договори осигурување без учество на осигуреникот во надоместокот како и со учество помало од 10%.
(6) Надоместокот од осигурувањето не може да му служи на осигуреникот како основа за стекнување на неоправдана економска добивка.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 8
(1) Доколку настапи непосредна опасност или таа веќе почнала да се остварува, осигуреникот е во обврска за тоа истиот ден да го извести осигурувачот усмено. Доколку тоа исто не го направи и писмено ни наредниот ден, осигурувачот може да утврди финансиски ефект за неисполнување на таа обврска и сразмерно на тоа влијание да го намали износот на надоместокот.
(2) Во случај на прекин на работа осигуреникот е должен:
1) да ги преземе сите потребни мерки за отстранување или намалување на штетата од прекин на работа, а особено да ги преземе мерките кои ќе го намалат времето на траење на прекинот и во тој поглед да се придржува на упатствата кои осигурувачот ги дава;
2) со цел да се намали штетата да ги преземе мерките во рамките на можноста работниците кои се останати без работа поради прекин на работа да ги вработи било во друг погон или друга организација.
3) на осигурувачот, неговите претставници и стручни лица да им дозволи истражување и утврдување на причината и висината на штетата и обемот на обврските за надоместок на штета, на барање на осигурувачот писмено да ги даде сите известувања како и останатите документи кои можат да послужат за тоа. Особено, е должен за таа цел да ги стави на располагање деловните книги, биланси, инвентарни листи, сметки, белешки за делување за време на тековната година, а по потреба и за претходната година.
(3) Ако осигуреникот направи повреда на некоја од обврските од став (1) и став (2) од точка 3 на овој член, осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата или пак да ја надомести само делумно, освен ако повредата не е предизвикана намерно или од големо невнимание. Осигурувачот сепак ќе биде во обврска да ја надомести штетата ако повредата на должноста со големо невнимание од став (1) и став (2) од точка 3 не била од влијание на утврдувањето на причината, обемот и висината на надоместокот. Исто така, осигурувачот ќе биде во обврска и во случај на повреда на обврските од став (2), точка 1 и со големо
невнимание, ако обемот на штетата не бил помал и доколку осигуреникот обврската добро ја извршил.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ
Член 9
(1) Висината на надоместокот се утврдува врз основа на познати и признати адекватни методи прилагодени и прикладни за секоја конкретна ситуација, со цел за што пообјективна и поточна процена, земајќи ја за основа евиденцијата, податоците и документите кои се верификувани од соодветни институции или се со таков карактер да претставуваат реална основа за таа цел.
(2) Во одредени ситуации мора да се користат податоците од претходниот период или неколку претходни години.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТАТА
Член 10
(1) Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки да се спречи настапувањето на прекинот на работата, а кога до тоа сепак ќе дојде да ги преземе сите мерки во негова можност штетата да се намали или да не се зголемува.
(2) Доколку осигуреникот за непреземање на претходните мерки нема оправдани причини, обврската на осигурувачот се намалува за онолку за колку со тоа штетата е зголемена.
(3) Осигурувачот е должен да ги надомести без органичување на трошоците од став (1) и тогаш кога преземањето на тие мерки не ги дало очекуваните резултати.
(4) Осигурувачот може, доколку осигуреникот не ги преземе договорените или наложените мерки ни по одредениот рок и поради тоа дојде до зголемување на штетата за соодветен износ да го намали надоместокот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 11
(1) Осигуреник може да биде секое правно лице (заедничко здружено претпријатие, сложено претпријатие и сл.) кое обавува одредена стопанска дејност (производство) врз основа на кое остварува вкупен приход, односно утврдува и распоредува доход во согласност со законот.
(2) Осигуреникот од претходниот став е должен да го склучи ова осигурување за сите организациони единици на иста локација, без оглед дали се наоѓаат во одвоен или единствен ризик. Доколку тоа не го направи при утврдувањето на надоместокот, ќе се применува соодветна пропорција. Меѓутоа, пропорција нема да се применува доколку осигуреникот договори соодветен доплаток.
(3) Само доколку тоа посебно го договори, осигуреникот од став
(1) може да го склучи ова осигурување и за организационите единици кои не се правни лица (погон, профитна единица - центар и сл.) под услови да:
1) се наоѓаат во одвоен ризик и не се технолошки поврзани;
2) обезбедуваат меродавна евиденција;
3) остваруваат вкупен приход врз основа на конкретни услови на стопанисување и
4)формирањето на добивката и трошоците вообичаено книговодствено се искажуваат.
ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈА
Член 12
(1) Премијата се пресметува однапред, при склучување на осигурувањето. Не се врши конечна пресметка на премијата.
(2) Како основа за пресметка на премијата зависно од начинот на осигурување, е:
1) кај најнискиот износ утврден на почетокот на периодот на осигурување (чл.6, став (1) прва алинеја);
2) кај месечно договорените износи - годишен збир на месечните износи (чл.6, став (1), втора алинеја).
Оваа основица се зголемува за евентуално договореното зголемување, во смисла на чл.6, став (2) од овие Услови.
ВАЖНОСТ НА ДРУГИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 13
Доколку не се во спротивност соовие Услови на осигурувањата склучени по овие Услови ќе се применуваат и:
а)Општите услови за осигурување на имоти;
б)Условите за осигурување од опасност од пожар и некои други опасности.
ПРАВНА ПОУКА
Член 14
Осигуреникот има право до Министерството за финансии како надлежен орган за супревизија на друштвото за осигурување, да достави жалба во однос на друштвото.