ЕДБ : MK4080018576790 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ДОГОВОР ЗА УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ НА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ:
МЕМО ДООЕЛ СКОПЈЕ
И
________________________
јануари 2020 год.
Врз основа на Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019), Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19) и Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013) се склучува следниот:
Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија
Помеѓу,
НАЦИОНАЛЕН ОПЕРАТОР НА ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МЕМО ДООЕЛ СКОПЈЕ ул. “Xxxxxx Xxxxx бр. 4, 1000 Скопје, носител на Лиценца за вршење на енергетска дејност, организирање и управување со пазарот на електрична енергија УП1 бр.12-15/19 од 25.09.2019 година, застапувано од Xxxxx Xxxxxxxxx Управител на МЕМО ДООЕЛ - СКОПЈЕ.
жиро сметка 300000004274438 ЕМБС: 7309724,
ЕДБ : MK4080018576790
и
Друштво за --------------------------------------------------------------, претставувано од -------------------------------------------,
ЕМБС:----------------------------------- ЕДБ: -------------------------------------------------
Банка / жиро сметка: ----------------------------------------------------------------
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија (во понатамошниот текст Договор) се уредуваат, меѓусебните права и обврски помеѓу МЕМО ДООЕЛ Скопје како Операторот на Пазар на eлектрична eнергија, (во понатамошниот текст ОПЕЕ) и Учесникот на пазарот на електрична енергија (во понатамошниот текст УП) кој е носител на соодветни лиценци за вршење на енергетски дејности поврзани со електрична енергија и потрошувачи кои имаат право на самостојно учество на пазарот на електрична енергија согласно Закон, а се однесуваат на: упис на Учесникот на пазар во Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија, право на учество на Пазарот со електрична енергија во Р. Северна Македонија, прекин на договорот за регистрација, како и други прашања во согласност со Законот за енергетика, Правилата за пазар на електрична енергија и одредбите на овој Договор.
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
Член 2
Предмет на овој Договор е дефинирање на правата и обврските на учесникот на Пазарот на електрична енергија на големо, во согласност со Законот за енергетика и Правилата за пазар на електрична енергија.
Постапката за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија е во согласност со правилата за пазар на електрична енергија.
Овој договор се склучува врз основа на поднесеното писмено барање (БРУП) бр. -------година за регистрација на учесник на пазар на електрична енергија кое ги содржи сите релевантни податоци, документи за учесникот на пазарот, кои се составен дел на Заклучок за уредност на документи бр. --------- година, согласно Правилата за пазар на електрична енергија.
III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
Со стапување на сила на овој договор Учесникот на пазарот на електрична енергија се обврзува дека во целост го прифаќа Законот за енергетика и сите подзаконски акти кои произлегуваат од истиот.
Член 4
Учесникот на пазар учествува на пазарот на електрична енергија со обезбедена важечка лиценца за вршење на енергетска дејност издадена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РКЕ), решение за упис во регистарот на странски трговци и снабдувачи на електрична енергија или без лиценца доколку е потрошувач кој има право на самостојно учество на пазарот на електрична енергија, во согласност со Правилата за пазар на електрична енергија.
Член 5
Учесникот на пазар со потпишување на овој договор, ја презема финансиската одговорност за влијанието на неговите активности на пазарот на електрична енергија.
Член 6
Со стапување во сила на овој Договор, Учесникот на пазар добива идентификационен број, под кој ОПЕЕ го впишува во Регистарот на Учесници на пазарот на електрична енергија и истиот се стекнува со својство на УП.
Член 7
Со стапување во сила на овој Договор, УП се стекнува со право да учествува на Пазарот на електрична енергија со билатерални договори.
Член 8
Учесникот на пазарот е должен по барање на ОПЕЕ да достави копии од сите склучени билатерални договори за купопродажба на електрична енергија.
Член 9
ОПЕЕ е должен да обезбеди недискриминаторен пристап на УП на пазарот на електрична енергија.
Член 10
ОПЕЕ е должен да обезбеди доверливост на комерцијалните и деловните податоци од склучените договори на Учесникот на пазар, освен за податоците кои ОПЕЕ согласно лиценцата е должен да ги доставува до РКЕ и до други институции.
IV. ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ
Член 11
ОПЕЕ има право веднаш да го раскине овој Договор, доколку утврди дека има: лажни претставувања, доставување на неточни или погрешни информации, неправилно работење, повторени прекршувања или материјални нарушувања на обврските од страна на учесникот на пазарот на електрична енергија утврдени со Правилата за пазар на електрична енергија.
Член 12
Договорот за учество на пазарот престанува да важи:
по истекување на лиценцата на учесникот на пазарот,
по прифатено барање за повлекување од пазарот,
доколку учесникот на пазарот не ја регулира балансната одговорност согласно Правилата за пазар и Балансните правила,
доколку ОПЕЕ изрекол суспензија два пати во текот на 18 месеци или вкупно три пати во периодот додека е активен договорот за учество на пазарот на електрична енергија,
со бришење на учесникот на пазар од трговскиот регистер или регистарот на други правни лица,
доколку потрошувачот престанал да ги исполнува условите за самостојно учество на пазарот,
доколку учесникот на пазарот стекнал статус на повластен производител кој користи повластена тарифа за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија,
со раскинување од страна на ОПЕЕ во согласност со член 17 од овој договор.
Учесникот на пазарот без одлагање го известува ОПЕЕ кога врз него е отворена постапка за стечај или ликвидација.
Член 13
Престанувањето на важење на овој Договор не го ослободува учесникот на пазарот на електрична енергија од обврските и надоместокот за направените штети согласно законските и подзаконските акти, како и Пазарните правила.
ОПЕЕ ќе ги извести Операторот на електропреносниот систем (во понатамошниот текст ОЕПС), Операторот на дистрибутивниот систем (во понатамошниот текст ОДС) и Балансно одговорна страна (во понатамошниот текст БОС) на балансната група каде што припаѓал УП на електрична енергија за носењето на одлуката за престанување на важење на Договорот.
ОПЕЕ во рок од еден (1) ден од престанување на важење на овој Договорот, ќе достави известување до учесникот и ќе го објави на својата веб страна името на учесникот.
Член 14
Доколку овој Договор престанал да важи врз основа на одлука на ОПЕЕ, учесникот на пазарот може да достави приговор до РКЕ, во рок од петнаесет (15) дена од денот на прием на Одлуката.
Приговорот од став 1 од овој член, не ја одлага Одлуката на ОПЕЕ за раскинување на овој договор.
Одлуката на РКЕ е конечна.
V. ФИНАНСИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Член 15
Се однесува, за учесници на пазарот на електрична енергија кои во согласност со Правилата за пазар на електрична енергија имаат обврска за плаќање на надоместок за користење на пазарот на електрична енергија, како и на учесници на пазарот на електрична енергија кои имаат обврска да ја откупуваат електричната енергија произведена од Повластен производител на електрична енергија со повластена тарафа (во понатамошниот текст ППЕЕПТ).
Договорните страни се согласни дека, учесникот на пазарот на електрична енергија има обврска да ја откупува електричната енергија произведена од ППЕЕПТ, согласно Правилата за пазар на електрична енергија.
Учесникот на пазарот на електрична енегија е согласен дека ОПЕЕ ќе му фактурира за откупената електрична енергија, произведена од ППЕЕПТ, по просечна цена пресметана согласно Правилата за пазар на електрична енергија.
ОПЕЕ ќе им достави фактура на снабдувачите и трговците за откупената електрична енергија од Операторот на пазар, произведена од ППЕЕПТ до 7 (седмиот) работен ден во месецот за претходниот месец.
Учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна до 14-ти во месецот за претходниот месец.
Доколку датумот на доспевање на фактурата се совпадне со неработен ден, учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна следниот работен ден.
За ненавремено подмирување на фактурата ОПЕЕ ќе пресмета законска казнена камата, согласно со Законот за облигациони односи.
Член 16
Учесникот на пазарот на електрична енергија е согласен ОПЕЕ да фактурира надоместок за користење на пазарот на електрична енергија, за количината на електричната енергија наменета за потрошувачите во Република Северна Македонија со кои што имаат склучено договори за снабдување односно продажба на електрична енергија.
Доколку учесникот на пазар на електрична енергија е потрошувач кој набавува електрична енергија од ПЕЕ, организираниот пазар на електрична енергија или од снабдувач или трговец со електрична енергија од друга држава е должен да плати надоместок за користење на пазарот на електрична енергија за набавената количина на електрична енергија.
Доколку учесникот на пазар на електрична енергија е оператор на електропреносниот систем или оператор на електродистрибутивниот систем, должен е да плати надоместок за користење на пазарот на електрична енергија за набавената количина на електрична енергија за покривање на загуби на електрична енергија.
ОПЕЕ го пресметува надоместокот за користење на пазарот врз основа на номинираните и прифатени трансакции и со примена на објавената тарифа, претходно одобрена од Регулаторната комисија за енергетика.
ОПЕЕ ќе му достави на Учесникот на пазар фактура за користење на пазарот на електрична енергија, врз основа на номинираните и прифатени трансакции за претходниот месец до 7 (седмиот) работен ден во тековниот месец за претходниот месец.
Учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна до 14-ти во месецот за претходниот месец.
Доколку датумот на доспевање на фактурата се совпадне со неработен ден, учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна следниот работен ден.
За ненавремено подмирување на фактурата ОПЕЕ ќе пресмета законска казнена камата, согласно со Законот за облигациони односи.
Член 17
Учесникот на пазарот на електрична енергија се обврзува на ОПЕЕ да му обезбеди финансиска гаранција во вид на банкарска гаранција и/или депонирани средства и/или Меница со кои ќе се гарантира навремено и редовно плаќање на обврските произлезени од овој Договор.
Учесникот на пазарот кој сака финансиското обезведување да го обезбеди преку Меница должен е предходно да достави барање за одобрување до ОПЕЕ.
ОПЕЕ во рок од 3 (три) работни дена ќе даде позитивен или негативен одговор на барањето за финансиско обезбедување со Меница.
Висината на финансиска гаранција треба да покрива најмалку два, а не повеќе од три просечни месечени прогнозирани износи за надоместокот за користење на пазарот на електрична енергија и минимум два, а максимум три просечни месечни прогнозирани износи за откупената електрична енергија од Операторот на пазар, произведена од ППЕЕПТ, врз основа на методологија утврдена од ОПЕЕ.
ОПЕЕ ја пресметува висината и го одредува видот на финансиското обезбедување за надоместокот на користење на пазарот на електрична енергија и за откуп на електрична енергија произведена од ППЕЕПТ врз основа на прогнозирани и номинираните количини на учесникот на пазар за снабдување, продажба на крајни потрошувачи и покривање на загубите, како и врз основа на навременото исполнување на паричната обврска по издадените фактури.
Доколку учесникот на пазар на електрична енергија планира да ја зголеми испораката на електрична енергија од најмалку 10 проценти од претходно определената количина која била основица за пресметка на банкарска гаранција, должен е да го извести ОПЕЕ 15 дена претходно, а ОПЕЕ ќе пресмета нова банкарска гаранција.
ОПЕЕ има право да го зголеми износот на финансиското обезбедување доколку увиди дека учесникот на пазарот го зголемил снабдувањето врз основа на добиените податоци од трговските трансакции.
ОПЕЕ може да го намали износот на финансиското обезбедување, на барање на учесникот на пазарот, доколку процени дека за тоа има оправдани причини во однос на количината на електрична енергија релевантна за пресметка на гаранцијата.
ОПЕЕ има право да го активира Финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот не се придржува до обврските и роковите за плаќање кои се дефинирани во овој Договор.
ОПЕЕ е должен, пред да ја започне постапката за активирање на финансиското обезбедување да достави писмена опомена до учесникот на пазарот во која ќе ги наведе причините за опомената и роковите до кои треба учесникот на пазарот да ги отстрани причините за која ја добил опомената.
Доколку учесникот на пазарот не ги отстрани причините наведени во опомената во дефинираните рокови од истата, ОПЕЕ ја отпочнува постапката за активирање на финансиското обезбедување.
ОПЕЕ може да ја прекине постапката за активирање на финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот целосно ги отстрани причините од опомената од став 10 на овој член во периодот додека трае постапката.
ОПЕЕ може времено да ја стопира, односно да ја стави во мирување, постапката за активирање на финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот делумно ги отстрани причините од опомената од став 11 на овој член во периодот додека трае постапката, односно подмири најмалку 1/2 (една половина) од обврските, за што до учесникот испраќа известување Во известувањето за времено стопирање на постапката, ОПЕЕ ги дефинира роковите за подмирување на останатите обврски.
Доколку учесникот на пазарот не ги испочитува роковите од известувањето за времено стопирање на постапката, ОПЕЕ ја продолжува постапката за активирање на финансиското обезбедување.
Доколку финансиското обезбедување биде делумно или во целост искористено, потребно е во рок од 5 (пет) работни дена од денот на делумната или целосната наплата на износот, учесникот на пазарот да обезбеди ново финансиско обезбедување или дополнување до висина на искористениот дел.
Доколку учесникот на пазарот на електрична енергија не го обнови финансиското обезбедување во рокот од став 15 на овој член, ОПЕЕ ќе донесе одлука за суспензија на учесникот на пазар на електрична енергија.
Правата и обврските по меницата се уредени со извршна клаузула во посебен Анекс кон Договорот.
VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18
Овој Договор стапува во сила на ден _______ година и е со важност до 30.09.2029 година, согласно важноста на лиценцата за Оператор на пазар на ел.енергија.
Учесникот на пазар на електрична енергија, за цело време од поднесување на барањето за регистрација на пазарот на електрична енергија до престанување на важноста на овој договор под полна кривична, материјална и морална одговорност е одговорен за веродостојноста на сите податоци и документи кои ги доставува до ОПЕЕ.
Се што не е опфатено и регулирано со овој Договор ќе се применуваат соодветните одредби согласно Закон.
Ништовноста на одредени одредби од Договорот во согласност со Закон не значи ништовност на самиот Договор.
Со склучување на овој договор престанува важноста на договорот за учество на пазарот на електрична енергија со архивски број ______ (*опционално, во случај Договорот да е нов овој член се брише )
Договорните страни се согласни дека овој Договор целосно ги претставува нивните обврски и истиот е потпишан од страна на нивните овластени претставници во 4 (четири) оригинални примероци - по два за секоја Договорна страна.
Составен дел на овој Договор е :
- Барање за регистрација за учесник на пазарот (образец БРУП)
- Заклучок за уредност на документи на ОПЕЕ
За МЕМО ДООЕЛ
Управител
Симон Шутиноски