Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската...
Измена бр. 1 на ОГЛАС ЗА НАБАВКА
Република Северна Македонија
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Струмица
Предмет на договор: Набавка на градежни работи
Реф.бр. 03-1234/1
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјаните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.1/2022 за развој на социјалната услуга – Дневен престој за стари лица со активно стареење и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за Набавка на градежни материјали.
Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.
Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од„Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.
Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса: xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx.
Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 20.03.2023 година до 14:00 часот, наследната адреса:
Црвен крст Струмица, ул. Xxxxx Xxxxx xx.0, Xxxxxxxx, 0000.
БАРАЊЕ ЗАПОНУДА ЗА НАБАВКА НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ (БР. 1)
Ве покануваме да ја доставите вашата понуда со цени за набавка на следните стоки:
Демонтажа на постоечки елементи во сала со одлагање на локација одредена од Работодавачот;
Демонтажа на постоечки елементи во бањата со одлагање на депонија со оддалеченост до 5 км (WC школки, мијалници, огледала и светла);
Демонтажа на постоечки скршени стакла со фрлање на истите во депонија на оддалеченост до 5 км;
Демонтажа на постоечки кровен покривач на места каде е увидено протекување со флање на старите ќерамиди во депонија на оддалеченост до 5 км;
Појачување на кровна конструкција со греди 10/12 см на места каде е потребно за дооформување на оштетениот кров;
Набавка, транспорт и монтажа на ќерамиди тип континентал комплет со поставување на дрвени летви за монтажа на ќерамидите;
Санација на ѕидови и тавани со лупење на оштетениот малтер, повторно малтерисување со продолжен малтер на места каде е потребно, порамнување и рабацирање со завршна обработка со абрип и варосување во салата;
Санација на ѕидови и тавани со лупење на оштетениот малтер, повторно малтерисување со продолжен малтер на места каде е потребно, порамнување и рабацирање со завршна обработка со абрип и варосување во тоалетите;
Набавка, транспорт и вградување на поликолор во бела боја за завршно бојадисување на просторијата во две раце (два пати);
Изработка на ѕид д=12 см со метална потконструкција 7.5 см, вкупно 4 гипс-картон плочи д=12.5 мм и исполна пресувана камена волна д=5.0 см;
Набавка и менување на скршени стакла си дебелина од 4 мм и димензии 96х177 см, 20х100 см, 62х44 см;
Набавка, транспорт и вградување на бела фајансова WC школка, прва класа комплет со подлошка и шрафови, доводна пластична цевка и ниско монтажно безшумно казанче;
Набавка и вградување на бел фијансов мијалник 50/30 со чизма комплет со држачи и друг ситен материјал;
Набавка и вградување на квадратни огледала над мијалниците со димензии 60/60 цм;
Кружни надградни ЛЕД светилки (моќност 3W, 315 lm, димензии 50х90, боја бела);
Набавка и вградување на држач за тоалетна роло хартија;
Набавка и вградување на држач за течен сапун;
Набавка и менување на стари рачки за алуминиумски внатрепни врати;
Набавка и менување на стари брави за алуминиумски ванатрешни врати;
Чистење на целиот објект.
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмицадоби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политикаворамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), односно во рамките на Проектот за подобрување на социјаните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.1/2022 за развој на социјалната услуга – Дневен престој за стари лица со активно стареење и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за Набавка на градежни материјали. За таа цел, Ви ја доставуваме и оваа покана за понуда.
Потребно е да доставите понуда за секоја ставка дадена вотендерската документација/барање за понуди. Цените ќе бидат евалуирани за сите ставки заедно.
Еден понудувач не може да достави повеќе од една понуда, ниту пак алтернативна понуда.
Вашата понуда во затворено плико потребно е да ја доставите на:
Црвен крст Струмица, ул. Xxxxx Xxxxx xx.0, Xxxxxxxx, 0000
Понудата треба да ја доставите на македонски јазик и истата треба да биде пропратена со соодветна техничка документација и каталози или други печатени материјали или релевантни информации за секоја ставка за која сте понудиле цена. Набавката ќе се спроведе во согласност со “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година”.
Рокот до кој давателот на услугата (во понатамошниот текст: купувач) треба да ги прими понудите на адресата наведена во точка4е: 20.03.2023 година, 14:00 часот.
Понудата треба да ја доставите согласно долунаведените инструкции и условитеза набавка дадени во прилог.
Понудата се состои од пополнети и потпишани:
Образец на понуда;
Услови за набавката и Спецификација.
Понудата треба да биде пополнета согласно следниве инструкции:
a.ЦЕНИ: Цените потребно е дa бидат изразени во македонски денари со вклучен ДДВ (кадешто е применлив ДДВ), во вкупен износ за испорака на следнатаадреса:
Црвен крст Струмица ул. Xxxxx Xxxxx xx.0, Xxxxxxxx, 0000
б. ЕВАЛУАЦИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР:
Понудите кои ги исполнуваат барањата наведени во техничката спецификација ќе бидат евалуирани, така што ќе се спореди нивната цена до крајното место за испорака.
При евалуирањето, работодавачот за секоја понуда ќе ја одреди евалуираната цена, преку корекција на евентуалните аритметички грешки и тоа на следниов начин:
• онаму каде што постои отстапување помеѓу износите изразени како бројки и како зборови, износот даден со зборови ќе се земе како точен;
• онаму каде што постои отстапување помеѓу поединечната цена и вкупната цена кај одредена ставка, настанато како резултат на множењето на поединечната цена со количината, поединечната цена онака како што е понудена ќе се земе за точна.
Доколку понудувачот не ја прифати корекцијата, неговата понуда ќе биде одбиена.
Напомена: Услов за склучување на договор за набавка со избраниот понудувач ќе биде достава
од страна на понудувачот на Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот регитар
на РСМ како доказ дека е регистриран за вршење на дејноста поврзана со предметот на
договорот најмалку 1 година пред датата на достава на понудата.
Договор ќе биде склучен со понудувачот кој што доставил понуда која во најголема мера ги исполнува барања на набавката и е со најниска евалуирана цена.
ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА: Вашата понуда има важност 45 (со зборови: четриесетипет) дена од крајниот рок за доставување на понудата, како што е наведено во точка 6 на оваа покана.
Дополнителни информации може да побарате на
Црвен
крст на Република Северна Македонија
Општинска организација Струмица
Телефон: 078/449-024
Е-пошта:xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
8. Мониторинг (спроведување контроли и ревизии)
8.1Понудувачот е запознаен и согласен да се придржува до насоките дадени од страна на Купувачот кои се во согласност со позитивните прописи, применливи за местото каде се врши испораката на стока.
8.2 Понудувачот е запознаен и согласен да обезбеди неговите под-договорачи и консултанти да дозволат Светска Банка (во понатамошниот текст: банка) и/или лицата назначени од нејзина страна да ги проверат канцелариите на Понудувачот и сите негови сметки и документи кои се поврзани со исполнувањето на договорот и достава на понудата, како и да направат проверка (ревизија) на таквите сметки и документи од страна на ревизори назначени од банката, на нејзино барање. Понудувачот како и неговите под-договарачи и консултанти потребно е да ја имаат во предвид точката 5 од Договорот - Измама и корупција, со која меѓудругото се забрануваат активности кои се со намера да се попречи остварувањето на правата на банката за мониторинг (инспекција и ревизија), и истите претставуваат основа за раскинување на договорот (како и за прогласување на неподобност на изведувачот, во согласност со правилата и процедурите на банката, во делот кој се однесува на санкции).
Со почит,
Црвен крст на Република Северна Македонија
Општинска организација Струмица
В.Д. Секретар
Xxxxxxx Xxxxxxxx
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
До___________________________ (внесете адреса на купувачот-давателот на услугата)
Ја доставуваме оваа понуда за Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица и референтниот број на набавката бр 03-1234/1 во согласност со Условите за набавка кои се во прилог на овој образец на понуда на вкупна вредност од ___________ (со бројки и букви) ____________________________________________ (валута) соДДВ. Ви нудиме изведба на бараните работи во рокот предвиден со тендерската документација.
Потврдуваме дека сме запознаени дека не сте обврзани да ја прифатите најниската или било која понуда која ќе ја добиете.
Потврдуваме дека оваа понуда е соодветна на барањето за важност на понудата наведено во тендерската документација (покана за доставување понуда).
Одговорнолице/Овластенпотпис___________________________
Име и презиме на одговорното лице/овластениот потписник_______________________
*) Напомена -Формата на понуда потребно е да биде пополнета и потпишана (потпис и печат)
Назив на понудувачот Xxxxxx
Телефонски број за контакт Е-маил
Број на набавка: 1
Технички опис на набавката
Не почетокот потребно е да се направи демонтажа на постоечките некорисни елементи и нивно одлагање на депонија.Потребно е да се направи реконструкција на дел од кровот на објектот, кој се наоѓа во с.Турново и е дел од Домот на културата во тоа село. Исто така, потребна е и внатрешна реконструкција на одредени места на ѕидовите во просторот предвиден за активности и во тоалетите за да може самиот простор да се прилагоди на потребите за спроведување на услугата Центар за дневен престој со активно стареење. Делот од кровот кој треба да се реконструира е во лоша состојба и се наоѓа над тоалетите. Заради пропуштањето на вода, ѕидовите во тоалетите се во многу лоша состојба. Освен поправката на ѕидовите потребно е да се заменат и санитарните елементи во тоалетите. Ѕидовите во делот кој е предвиден за спроведуване на активностите со корисниците потребно е, на одредедни места, да се излупат и повторно да се обработат со малтер, и еден дел да биде преграден за да добиеме просторија за координаторот на проектот. Исто така потребно е да се направи замена на старите искршени стакла, бравите и кваките од алуминиумските врати и сијалиците да се заменат со нови. Со спроведувањето на набавката ќе се подобрат и ќе се створат поволни услови во самиот објект за спороведување на социјалната услуга - Дневен престој за стари лица со активно стареење.
Предмер пресметка
Поз |
Ознака |
Опис на Позиција |
Мера |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена |
1 |
|
ПРИПРЕМНИ РАБОТИ |
|
|
|
|
1.1 |
|
Демонтажа на постоечки елементи во салата и бањата со одлагање на локација одредена од инвеститорот |
паушално |
|
|
|
1.2 |
|
Демонтажа на постоечки елементи од бањата и одлагање на истите на депонија со оддалеченост до 5 км (шољи, умивалници, огледала и светла). |
Бр. |
16 |
|
|
1.3 |
|
Демонтажа на постоечки скршени стакла со фрлање на истите во депонија на оддалеченост до 5 км |
Бр. |
3 |
|
|
1.4 |
|
Демонтажа на постоечки кровен покривач на места каде е увидено протекување со фрлање на старите ќерамиди во депонија на оддалеченост до 5 км |
м² |
80 |
|
|
2 |
|
КРОВОПОКРИВАЧКИ РАБОТИ |
|
|
|
|
2.1 |
|
Појачување на кровна конструкција со греди 10/12 см на места каде е потребно за дооформување на оштетениот кров |
м² |
80 |
|
|
2.2 |
|
Набавка, транспорт и монтажа на ќерамиди тип континентал комплет со поставување на дрвени летви за монтажа на ќерамидите |
м² |
80 |
|
|
3 |
|
ВНАТРЕШНИ РАБОТИ |
|
|
|
|
3.1 |
|
Санација на ѕидови и тавани со лупење на оштетениот малтер, повторно малтерисување со продолжен малтер на места каде е потребно, порамнување и рабацирање со завршна обработка со абрип и варосување во салата |
м² |
55 |
|
|
3.2 |
|
Санација на ѕидови и тавани со лупење на оштетениот малтер, повторно малтерисување со продолжен малтер на места каде е потребно, порамнување и рабацирање со завршна обработка со абрип и варосување во тоалетите |
м² |
55 |
|
|
3.3 |
|
Набавка, транспорт и вградување на поликолор во бела боја за завршно бојадисување на просторијата во две раце (два пати). |
м² |
445 |
|
|
3.4 |
|
Изработка на ѕид д=12 см со метална подконструкција 7.5 см, вкупно 4 гипс-картон плочи д=12.5 мм и исполна пресувана камена волна д=5.0 сми варосување на истите.
|
м² |
38 |
|
|
4. |
|
ОСТАНАТИ РАБОТИ |
|
|
|
|
4.1.1 |
|
Набавка, транспорт и вградување на бела фајансова WC школка, прва класа комплет со подлошка и шрафови, доводна пластична цевка и ниско монтажно безшумно казанче. |
парче |
2 |
|
|
4.1.2 |
|
Набавка и вградување на бел фајансов мијалник 50/30 со чизма комплет со држачи и друг ситен материјал |
парче |
4 |
|
|
4.1.3 |
|
Набавка и вградување на квадратни огледала над мијалниците со димензии 60/60 см. |
парче |
4 |
|
|
4.1.4 |
|
Кружна надградна ЛЕД светилка (моќност 3W, 315 lm, димензии 50х90, боја бела) |
парче |
6 |
|
|
4.1.5 |
|
Набавка и вградување на држач за тоалетна роло хартија |
парче |
2 |
|
|
4.1.6 |
|
Набавка и вградување на држач за течен сапун |
парче |
4 |
|
|
4.2 |
|
Набавка и менување на скршени стакласо дебелина 4 мм и со димензии 96x177, 20x100 и 62x44 |
м² |
8.5 |
|
|
4.3 |
|
Набавка и менување на стари брави за алуминиумски ванатрешни врати |
парче |
6 |
|
|
4.4 |
|
Набавка и менување на стари рачки за алуминиумски внатрепни врати |
парче |
6 |
|
|
4.5 |
|
Чистење на целиот објект |
паушално |
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
|
|
|
ДДВ |
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО СО ДДВ |
|
|
|
|
(Забелешка: Во случај на отстапување помеѓу единечната и вкупната цена, единечната цена ќе се земе за точна)
Напомена: Генерални забелешки
Генерално за сите позиции во овој предмер важи набавка транспорт и вградување на соодветните материјали и сето тоа треба да се пресмета во вкупната цена на позицијата.
Во постапката на изведбата да се употребуваат техничките упатства, препораки и детали на производителите кои се наведени или ако не се наведени да се употребуваат со исти или подобри карактеристики.
Во сите случаи каде за изведба има потреба од скеле важи позицијата набавка, транспорт, монтажа и демонтажа со транспорт и сето тоа треба да се пресмета во вкупната цена на позицијата.
Во сите случаи каде за изведба има потреба од други помошни конструкции и елементи важи позицијата набавка транспорт, монтажа и демонтажа со транспорт и сето тоа треба да се пресмета во вкупната цена на позицијата.
Сите мерки потребни за вградување на елементите опфатени во позициите за градежно занаетчиски работи да се земат на лице место.
За сите наведени спецификации на материјалите важи "или еквивалентно на" но притоа понудувачот/изведувачот треба со примери да докаже дека материјалот кој го нуди како „еквивалентен на“за замена има подобри карактеристики од наведениот во предмерот.
Гаранцијата за сите производи да е минимум 1 година, или кaко е препорачано од производителот.
Сите материјали, бои, дезени и модели да се потвдрат од страна на Купувачот.
Име на изведувачот___________________________________________
Овластен потписник________________________________________
Место:
Дата:
В.4 Образец на договор
Назив на Договор:_____
Број на договор: ____
ОВОЈ ДОГОВОР е склучен на ден _________година, помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица од една страна (во понатамошниот текст: „Работодавачот“) и _________________________________ од друга страна (во понатамошниот текст: „Изведувачот“). Договорот е склучен врз основа на повик за поднесување на понуди за ________број ______ согласно кој Изведувачот доставил понуда за изведување на градежните работи наведени во техничката спецификација, по која Работодавачот ја прифаќа Понудата на Изведувачот кој е потребно да ги изведе овие Работи, како и да и отстрани било какви грешки кои може да произлезат од нив.
Со овој Договор подетално се уредуваат правата и обврските на договорните страни во врска со:
Изведувачот се обврзува да ги изврши работите детално опишани во предмерот, дел од понудата на изведувачот што претставува Анекс бр. 1 кон овој Договор,на професионален и стручен начин, согласно следните услови:
a. Отстранување на сите недостатоци во рок од 15 дена од денот на известувањето од страна на Работодавачот во периодот на извршување на договорот, како и на сите дефекти кои може да се појават во гарантниот период.
б. Работодавачот го задржува правото да го раскине договорот поради незадоволителна изведба на работите 10 дена по достава на писмено известување. Доколку настане спречување на Договорот поради појава на војна или некој друг настан којшто не зависи од Работодавачот или Изведувачот, Работодавачот ќе издаде потврда за настанатото спречување за извршување на овој договор. Во тој случај, Работодавачот и Изведувачот имаат право да го раскинат овој договор, со достава на известување за раскинување на договорот и отказен рок од 30 дена, без финансиски последици врз било која од двете договорни страни.
в. Доколку Договорот се раскине поради грешка на Изведувачот, сите материјали и градежна опрема на градежната локација, привремени работи и други работи остануваат во сопственост на Работодавачот.
г. Изведувачот постојано ќе ги следи упатствата добиени од страна на Работодавачот.
д. Периодот за извршување на Договорот изнесува 30 календарски дена сметано од денот на попишување на договорот.
ѓ. Изведувачот потребно е да го фотографира објактот и условите во него пред и по завршување на реновирањето, и фотографиите треба да ги достави на Работодавачот најдоцна 2 дена по завршување на реновирањето.
е. Изведувачот потребно е да ја организира и изврши работата на начин на кој нема да биде попречено секојдневното фукционирање на институцијата.
ж. Во случај на измени во количините ќе се користат единечните цени наведени во договорот. Во случај на нови работи кои ќе бидат извршени по налог на Работодавачот, истите ќе бидат исплатени според цена која е заеднички утврдена од двете договорни страни, а доколку не може да се постигне согласност, Работодавачот ќе ја утврди единечната цена.
з. Овој договор ќе се изврши во согласност со важечките закони на Република Северна Македонија.
ѕ. Изведувачот е одговорен за безбедно извршување на сите активности на локацијата.
и. Назначеното лице од страна на Работодавачот ќе спроведува редовни контроли (надзор) на спроведување на работите на терен во текот на изведбата за да утврди дали работите кои ги извршува Изведувачот се во согласност со спецификациите и го имаат потребниот квалитет назначени во спецификациите. Работодавачот нема да ги прифати оние работи кои не се во согласност со спецификациите и Изведувачот е должен да преземе итни дејствија за поправање на сите недостатоци согласно подточка (а).
ј. Било која од договорните страни може да го раскине договорот со достава на писмено известување, со отказен рок од 30 дена. Работодавачот е согласен да ги исплати работите кои се изведени до денот на раскинување на овој договор.
к. Исплатата на сите такси, даноци, царини и други давачки во согласност со законите на Република Северна Македонија е одговорност на Изведувачот.
л. Споровите кои може да произлезат помеѓу Работодавачот и Изведувачот во однос на договорот ќе се решаваат спогодбено. Доколку не може да се дојде до спогодбено решение, било која од договорните страни може да поднесе барање за решавање на спорот до Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија во согласност со позитивните прописи наведени во овој договор.
Работодавачот се обврзува да му ја исплати на Изведувачот договорната цена во износ од__________(со зборови:___________ ) на следниот начин:
100% од вредноста на извшените работи ќе плати во рок од 30 дена по достава на фактура , и по одобрување на истата од страна на Работодавачот, пресметана врз основа на поеднинечните цени и потрошените количини.
3. Контроли и ревизии
3.1 Изведувачот ќе ги следи инструкциите на Работодавачот кои се во согласност со законите кои се применуваат на местото каде што се наоѓа локацијата.
3.2 Изведувачот, како и подизведувачите ќе и дозволат на Банката и/или лицата или ревизорите назначени од страна на Xxxxxxx да ги прегледаат и/или извршат ревизија на нивните сметки и записи и други документи поврзани со поднесувањето на Понудата за услуги и изведба на договорот. Непостапувањето согласно оваа точка претставува забранета пракса која може да резултира во поништувањето на договорот и/или санкционирање од страна на Банката (утврдување на непогодност) според важечките одредби на Банката за санкционирање.
Раскинување на договорот
Работодавачот може да го раскине овој Договор доколку достави писмено известување до Изведувачот најмалку десет (10) работни дена претходно при настанувањето на следните случаи:
(а) Доколку Изведувачот не ги отстрани грешките настанати при извршувањето на договорните обврски, во рок од седум работни дена по добивањето на известувањето или во оној рок којшто е одобрен од страна на Работодавачот во писмена форма;
(б) Доколку на Изведувачот му е отворена стечајна или ликвидациона постапка ли или стане несолвентен;
(в) Доколку Изведувачот, според мислење на Работодавачот или Банката, е вмешан во постапки на корупција, измама, тајни, принудни и опструктивни постапки (дефинирани според процедурите на Банката за санкционирање) при конкурирањето или при извршувањето на овој Договор.
(г) Xxxxxxx Xxxxxxxxxxxxx одлучи да го раскине Договорот во согласност со своето дискреционо право.
Измама и корупција
Ако Работодавачот утврди дека Изведувачот и/или било кој од неговите вработени, или претставници или подизведувачи, под-консултанти, вршители на услуги, добавувачи и / или нивните вработени се дел од постапки на корупција, измама, тајни, принудни или опструктивни постапки при процесот на тендерската постапка за добивање на договорот или при неговото извршување, тогаш Работодавачот има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена откако ќе достави писмено известување до Изведувачот и да го побара да се отстрани Изведувачот од локацијата при што ќе важат одредбите од точка 4 доколку оваа точка е применлива.
Потврдуваме дека страните се согласиле овој договор да стапи на сила на датумот наведен погоре.
-
Потпис и печат на Работодавачот:
________________________
Назив на Изведувачот:
ЗА И ВО ИМЕ НА ......................
_________________________