ЕМБГ__________,Ул. _________________________________________, тел._____________. E-mail____________________, (во натамошниот текст: Практикант)
Урнек договор за практикантство
Договор за практикантство
Склучен на ден _________ 2019 година меѓу:
_______________________________________________________,ЕМБС_____________________, ул.________________________________, ___________________________________(основна дејност), застапувано од ____________________________________, ___________ (број на вработени), (во натамошниот текст: Работодавач),
______________________________________________,ЕМБГ__________,Ул. _________________________________________, тел._____________. E-mail____________________, (во натамошниот текст: Практикант)
Член 1
Со овој договор се уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу работодавачот и практинатот во врска со изведувањето на практинатската работа.
Член 2
Работодавачот се согласува практинатот преку практична работа без засновање работен однос, да се стекне со знаења и способности за извршување на работите заварувач.
Практинатот го има завршено потребното образование за вршење на работите заварувач.
Член 3
Овој договор се склучува за определено време од 3 масеци, почнувајќи од 01.10.2019 до 31.12.2019 година.
Член 4
Целта на практикантската работа е добивање практиччни знаења од областа за која ја извршува практикантската работа.
Работата практикантот ќе ја извршува во погон, со алати и средства за работа неопходни за извршување на работата.
Член 5
За време на практиканската работа, работодавачот ќе му исплаќа на практикантот месечен надоместок, кој не претставува плата, во висина од 50% од минималната плата во РСМ, најдоцна до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.
Во случај на отсуство од работа по било кој основ, освен одмор за време на работа и празници утврдени со закон, надоместокот се исплаќа пропорционално на времето поминато на практиканска работа.
Член 6
Практинатот се обврзува работите да ги извршува лично, според упатствата и насоките на работодавачот односно од него определено лице (ментор).
Работодавачот е должен да обезбеди заштитата при работа на практинатот во согласност со закон.
Член 7
Практинатот ќе ги извршува работите предвидени со овој договор, во работно време во траење од 40 часови неделно, кое е распоредено во пет работни денови по 8 часови дневно.
Практинатот има право на пауза во текот на работниот ден во траење од 30 минути и право на дневен одмор согласно Законот за работните односи.
Член 8
Практикантот има право:
- да биде запознаен со условите за работа и опасностите поврзани со работата за време на практикантството, пред започнување на истото;
- на дневен и неделен одмор исто како вработените кај работодавачот согласно општите прописи за работни односи;
- на платен одмор во траење од два работни дена месечно;
- на надоместок од член 5 од овој договор;
- надомест на трошоци за службени патувања или други надоместоци и доколку настанале во текот на обавувањето на практикантската работа.
Член 9
Практикантот има обврска:
- да работи согласно со закон, договорот за практикантска работа и општите акти на работодавачот со кои претходно е запознаен;
- да учествува во обуката;
- да користи средства за заштита при работа, согласно прописите за заштита при работа;
- да го извести работодавачот за болест или други причини за привремена или трајна спреченост за вршење на практиктикантската работа;
- да ги чува доверливите податоци, односно класифицираните информации на работодавачот, со кои е запознаен во текот на практикантската работа;
- да го извести работодавачот за штетни последици за кои е запознаен дека можат да настанат за него, за трети лица или за работодавачот, во кој случај истиот нема да има одговорност за направената штета и
- да му ја надомести штетата на работодавачот која ја предизвикал намерно или поради груба небрежост со оштетување на имотот на работодавачот за време на спроведувањето на практикантската работа.
Член 10
Работодавачот е должен:
- да обезбеди одговорно лице – ментор за континуиран надзор на практикантот, кој ќе ја организира практикантската работа, ќе го следи напредокот на практикантот и ќе осигура остваување на целите за учење и практикантство;
- да му издаде на практикантот потврда за стекнатите знаења, вештини и компетенции во рок од 8 работни дена по завршување на практикантската работа;
- да обезбеди оптимални услови за работа и материјали и средства за извршување на практикантската работа;
- редовно да му го исплаќа надоместокот утврден во договорот за практиканство;
- да плати данок на личен доход на исплатениот износ на надоместокот;
- да обезбеди средства за заштита при работа, доколку за работното место на кое се врши практиканската работа е пропишано да се користат;
- да обезбеди тајност на личните податоците и заштита на приватноста на практикантот;
- да плати придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување.
Член 11
За прашањата кои ќе произлезат од практикантската работа, а кои не се уредени со Законот за практикантство, се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за работните односи и Законот за безбедност и здравје при работа.
Член 12
Овој договор е составен во два еднакви примероци од кои по еден задржува секоја договорна страна.
Сите евнтуални спорови кои ќе настанати во врска со примената на овој договор, договорните страни ќе настојуваат да ги решат по мирен пат, во спротивно споровите ќе ги решава надлежниот суд.
Работодавач Практикант
|