ДОГОВОР ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НA VISA CLASSIC DEBIT ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
ДОГОВОР ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НA VISA CLASSIC DEBIT ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Договорните страни се согласија за следното:
Член 1
Visa Classic Debit домашна платежна картичка (во понатамошен текст: ДПК) е платежна картичка со видливо отпечатена ознака “КУПУВАМ ДОМАШНО“ (“KUPUVAM DOMASHNO“) издадена од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во понатамошен текст: Банка) на чија поврзана трансакциска сметка се исплатува финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19.
ДПК може да се користи за плаќање на македонски производи и услуги на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на правно и физичко лице вршител на стопанска дејност согласно со Националната класификација на дејности, односно Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација (Merchant Category Code, скратено MCC) дадена како Прилог на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба објавени во Службен весник на РСМ бр. 137/20, 147/20 и 151/20 (во понатамошен текст: Уредба). За дејностите во Прилог на Уредбата кои респективно не се поврзани со Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација поврзувањето ќе го направи секоја банка резидент на Република Северна Македонија која потпишала договор со Владата на Република Северна Македонија за издавање на домашна платежна картичка.
Примената финансиска поддршка, корисникот на ДПК (во понатамошен текст: Корисник) ја користи исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија во периодот од денот на активирање на ДПК до 15.08.2020 година, односно во рок утврден со Уредбата. Оn-line набавката од интернет страници во сопственост на македонски правни и физички лица вршители на стопанска дејност за целите на финансиска поддршка се однесува на македонски производи и услуги согласно Уредбата.
По истекот на рокот од ставот 3 на овој член, престанува можноста за користење на финансиската поддршка.
По истекот на рокот од ставот 3 на овој член, неискористените парични средства од добиената финансиска поддршка, Xxxxxxx ќе ги врати на буџетската сметка во рок од три дена од рокот во ставот 3 на овој член, без наплата на трошоци за извршената трансакција.
Банката со враќањето на неискористените парични средства до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе достави информација за искористените (потрошени) парични средства и за неискористените (непотрошени) парични средства што ги враќа поединечно по лице корисник на финансиска поддршка и збирно.
Примената финансиска поддршка не може да се користи со употреба на било кој друг платен инструмент, освен со ДПК. Со ДПК финансиската поддршка не може да се користи за:
- подигнување на готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките, конверзија во странска валута или како замена за готовина;
- плаќања производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали, за подигнување на готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија;
- пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице;
- плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите од Уредбата;
- плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење на дејност од ставот 2 на овој член.
Во периодот од издавањето на ДПК до истекот на рокот за користење на финансиската помош од ставот 3 на овој член, Банката нема да врши уплати на средства на сметката поврзана со издадената ДПК.
ДПК се издава со рок на важење од 3 (три) години од денот на склучување на овој Договор.
Доколку корисникот сака да продолжи со користење на ДПК, најдоцна до истекот на календарската 2020 година, во една од експозитурите на Банката потребно е да потпише Договор за издавање и користење на дебитна картичка како и останата документација неопходна за користење на дебитна картичка согласно важечките општи правила и услови за издавање и користење на дебитна картичка кои Банката ги има објавено на својата web странa xxx.xxxxxxxxx.xx. Во спротивно, Xxxxxxx ќе смета дека корисникот се откажува од ДПК и по истекот на календарската 2020 година, корисникот е согласен Банката да ја затвори ДПК.
ПИН кодот е уникатен и таен број и корисникот не смее да го соопштува на друго лице, вклучувајќи ги и вработените во Банката. ПИН кодот не смее да се чува заедно со картичката и корисникот е одговорен за било каква настаната штета од злоупотреба на картичката поради откриен ПИН код.
ДПК е сопственост на Банката и може да ја користи единствено лицето на чие име гласи картичката и е непренослива на друго лице.
Банката има право да го одземе правото на користење на ДПК во случаите кога корисникот не се придржува кон одредбите на овој Договор. Банката на корисникот:
- не пресметува и наплатува надоместоци за издавање на ДПК;
- не пресметува и наплатува членарина за првата година на важност на ДПК;
- не пресметува и наплатува надоместоци за отворање, водење, управување, одржување и слични надоместоци за сметката поврзана со ДПК, до крајот на 2020 година;
- не наплатува надоместоци за затворање и/или одјавување на ДПК на барање на лицето корисник на финансиска поддршка.
Примената финансиска поддршка е изземена од извршување спрема корисникот на финансиската поддршка по било која основа.
Собраните и обработени лични податоци се чуваат во рокови утврдени со законските прописи.
Член 2
Корисникот се обврзува:
1. Да врши плаќање во рамките на расположивите средства на трансакциската сметка при употреба на картичката.
2. Да ја користи ДПК во рокот на важење назначен на предната страна на картичката и да ја врати картичката на Банката по истекот на важноста на картичката или по барање на Банката.
3. Да ги исполни обврските кон Банката по евентуално настанатата негативна (минусна) состојба на трансакциската сметка со употреба на картичката.
4. Да ја извести писмено Банката, во случај на промена на основните податоци (адресата за живеење или адресата за комуникација, име и/или презиме и на сите останати податоци кои влијаат на правото на користење на картичката), веднаш по настанување на промените. Во спротивно Банката може да ги лимитира корисничките права на корисникот.
5. Да пријави во Банката губење, оштетување или кражба на ДПК веднаш, телефонски, односно да пријави во Банката губење или заборавање на ПИН кодот. Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, корисникот на ДПК е должен случајот да го пријави кај надлежните органи во најкус можен рок.
6. Да ги чува примероците од слиповите, односно потврдите за извршени плаќања најмалку 12 месеци од денот на плаќањето, заради евиденција и реконструкција на податоците во случај на рекламација.
7. Да ја чува и ракува уредно ДПК. Секоја неовластена и незаконска употреба на картичките се казнува со Закон.
8. Да не ги препродава или враќа за готовински надомест стоките и услугите купени со ДПК.
Член 3
Банката се обврзува:
1. Да ја уништи вратената ДПК во Банката, во присуство на корисникот.
2. Да ги врши уредно сите плаќања од трансакциска сметка настанати со користење на ДПК во рамки на условите утврдени со овој Договор.
Член 4
Корисникот има право:
1. Да врши рекламации за состојбата на трансакциската сметка заради реконструкција и утврдување на фактичката сосотојба на сметките. Сите ракламации поврзани со картичката се пријавуваат на адресата на Банката. Оспорувањето на трошокот, корисникот е должен да го направи по писмен пат во рок од 10 работни дена од датата на испраќањето на извештајот на кој се однесува оспорувањето.
2. Да побара картичката да биде ставена на листата на блокирани картички, при пријава на губење или кражба. Ефективното блокирање на картичката за сите on line операции Банката се обврзува да го изврши во рок од 5 часа од моментот на пријавувањето, а за сите off line и други операции ефективното блокирање на користењето на картичката преку VISA INTERNATIONAL, Банката го спроведува во рок до 19 дена од денот на пријавувањето. За сите настанати трансакции со картичката во периодот од пријавувањето до ефективното блокирање, корисникот е согласен Банката да ја задолжи неговата трансакциска сметка.
3. Да побара реиздавање на нов ПИН код во случај на пријавено губење односно заборавање на ПИН кодот.
4. Да се откаже од натамошно користење на ДПК пред истекот на рокот на важење, во горенаведените рокови за писмено известување и да бара од Банката да ја поништи ДПК.
5. Да бара замена на оштетена ДПК пред истекот на рокот на важење.
Член 5
Банката има право:
Да го откаже правото на натамошно користење на ДПК без образложение во случај на непридржување кон одредбите на овој Договор и актите на Банката за располагање со средствата при употреба на ДПК.
Член 6
Евентуалните спорови по овој Договор ги решава надлежниот суд за Банката во Скопје.
Член 7
Овој Договор може да се раскине на барање на една од договорните страни, при што се раскинува единствено откако корисникот ќе ги исполни сите обврски кои настанале со користењето на ДПК.
Член 8
Договорните страни се согласни за се што не е предвидено со овој Договор да се применуваат важечките законски прописи и деловната политика на Xxxxxxx.
Член 9
Злоупотребата и фалсификувањето на домашната платежна картичка од страна на физички и правни лица подлежат на казна согласно со Кривичниот законик.
Член 10
Договорот стапува на сила со датумот на потпишување на Изјава од страна на корисникот на ДПК во просториите на Банката и со превземање на ДПК од страна на корисникот на ДПК.