Contract
ПРОГРАМА
Начин на реализација: со физичко присуство
14 октомври 2024 година
два пати неделно – понеделник и среда, 18:00-21:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
МОДУЛ | СОДРЖИНА |
Општи и правни аспекти на управувањето со човечки ресурси | • Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор) • Објавување на оглас за ново вработување • Раскинување договор за работа • Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1) • Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2) • Решение за годишен одмор; користење на годишен одмор (услови) • Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи) • Запознавање со Законската регулатива поврзана со човечки ресури (Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, заштита на лични податоци, Закон за практикантство) Вежба: Изработување на договор за вработување (елементи на договори) Изработување на оглас за потребите на АВРМ. Прибирање на документи за пријава и одјава на вработени. |
Следење на работна успешност на вработени (Performance Management) | • Анализа на работно место и опис на работни задачи • Потребни компетенции за работно место • Модели на следење на работна успешност • Управување со работниот учинок - поставување цели, повратни информации, оценување • Кариерен развој – улогата на вработениот, менаџерот и работодавачот (мобилност, трансфер и унапредување) • Low-performers – што со нив Вежба: Досие - водење евиденција за секој вработен за перформанси, поминат обука, плата, надоместоци, работни часови, искористени денови од одмор и сл. Студија на случај – мерење на учинок |
Мотивирање и наградување на вработените | • Мерење на степен на задоволство кај вработените • Видови на мотивација – финансиска и нефинансиска • Интерна комуникација и организациска култура • Модели на наградување на вработените • Модели на наградување на менаџерите • Индивидуални, групни и организациски системи на наградување на вработените Вежба: Изготвување на прашалник за мерење на степен на задоволство кај вработените План за финансиска мотивација |
Едукација и
развој на кадри и управување со таленти
(Talent Management)
План за нефинансиска мотивација
• Утврдување на потребата од развој кај секој вработен
• Надградување на постоечки и стекнување на нови вештини
• Поставување на систем за унапредување и стекнување на вештини
• Изработка на план за обука и тренинг на вработени
• Животен циклус на управување со кариера
• Организациска култура и таленти
• Клучни елементи на проценка - дефинирање на потенцијал
• Креирање на „talent magnet“ култура за конкурентска предност
• Задржување на таленти
• Менторство и коучинг
Вежба: Изработка на план за обука и тренинг на вработени.
Студија на случај за управување со таленти
Employer branding
Регрутација и селекција на кандидати
• Employer Branding и поврзаност со целите на компанијата
• Делови и клучни чекори во рамки на брендирањето на работодавачот
• Што е Employer Brand и EVP на вашата компанија и како да го идентификувате? Како да собираме и анализираме податоци од компанијата и идентификација?
• Кои се вашите целни групи на идни и сегашни вработени?
• Employer brand идентитет
• Имплементација – како да покажете кој сте?
• ХР активности
• Комуникациска стратегија и план (мрежни и офлајн канали, создавање содржина)
• Внатрешна и надворешна комуникација
Вежба: Изработка на план за Employer Branding
• Анализа на работни места и потреба од вработување
• Огласување (елементи на оглас и избор на медиум)
• Поставување на критериуми за селекција на кандидати
• Алатки за селекција на кандидати
⮚ Тестирање
⮚ Интервју
⮚ Психолошко тестирање
• Селекција
• Регрутација
• Employer branding
• Head Hunting
Вежба: Изготвување на оглас и избор на соодветни медиуми.
Спроведување на интервју и подготовка на прашалници. Спроведување на психолошки тестови.
Пресметка на плата и надоместоци од плата
• Пресметка на плата и надоместоци од плата
• Дневница, прекувремена работа и работа на празници и неработни денови
• Паричен надомест за дневни трошоци од службен пат
• Одлука за службен пат и патни налози
Вежба: Пресметка на нето и бруто плата.
Управување со човечки ресурси и новите технологии | • Mobile recruiting and social platforms • Мобилни апликации за управување со човечки ресурси • Користење на социјални мрежи за регрутација на кадар (Facebook, LinkedIn) Вежба: Огласување преку социјални мрежи |
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси | • Анализа на улогата менаџерот на човечки ресурси и негова поставеност во организацијата • Вештини и способности на менаџерот на човечки ресурси • Задачи и одговорности на менаџерот на човечки ресурси • Стратегиски план на организацијата и функциите на управување со човечките ресурси ⮚ Организација и процеси на управување ⮚ Систематизација на работни места ⮚ Планирање на кадар ⮚ Управување со трошоци за кадар ⮚ Усовршување и развој на таленти ⮚ Плати, управување со учинок и системи за наградување ⮚ Внатрешна комуникација и задоволство на вработените Вежба: Изработка на стратегиски план за управување со човечки ресурси. Подготовка на систематизација и организациона шема со опис на работни места. |
Работа на реален проект поставен од еден од партнерите на Академијата Завршен испит-Студија на случај воден од главниот ментор на Академијата |