Contract
О Б У К А
наменета за сите договорни органи, економски оператори, како и останати лица коишто вршат работи
од областа на јавните набавки
на тема:
„ ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДЛОЗИ И ПЛАНИРАНИ НОВИНИ ВО ИДНОТО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ“
1. ВОВЕД
За потребите на сите договорни органи, економски оператори, како и останати лица коишто вршат работи од областа на јавни набавки се организира обука на тема
„Практични искуства, предлози и планирани новини во идното законско решение за јавните набавки“ којашто ќе се реализира од 15.12.2017 година (петок) до 17.12.2017 година (недела) во Hotel Xxxxx Casino & Spa 4**** - Банско, Република Бугарија (xxx.xxxxxxxxxxxxxxxx.xxx )
Обуката е наменета за сите договорни органи, економски оператори, како и останати лица коишто вршат работи од областа на јавни набавки.
2. АГЕНДА
15.12.2017 година - петок (прв ден)
(времето е прикажано согласно временската зона на Република Бугарија)
12.45 – 14.30 часот Регистрација на учесниците и сместување во хотелот 13:30 – 15:00 часот Ручек
15:30 – 15:45 часот Отворање на обуката, вовед на обуката
15:45 – 17:15 часот Случаи на „добра пракса” при спроведувањето на
јавните набавки, предлози и новини и идни планови
17:15 – 17:45 часот Xxxx xxxxx
17:45 – 19:00 часот Како до помалку проблеми во спроведување на
постапката – од план до склучен договор.
• На што да се внимава при планирањето на јавните набавки (измена и дополнuвање на Планот за јавни набавки )
• Повеќегодишни договори
• Набавки до 500 евра
• Исклучоци од примена на законот
• Група на понудувачи, обврски и исклучоци. Групна набавка и предности од нејзино користење.
• Препораки за понудувачите
• Други прашања од интерес за учесниците! (технички дијалог, негативни референци)
19:00 – 21:00 часот Вечера
16.12.2017 година - сабота (втор ден)
08:00 – 10:00 часот Појадок
10:30 – 13:15 часот 100% Е- НАБАВКИ ВО 2018 Најчести грешки и
проблеми при спроведување на електронските постапки и на што да се ВНИМАВА!!!
13:30 – 15:00 часот Ручек
15:30 – 17:30 часот Нови алатки (pre-view на ТД, огласи на меѓународни инстутуции, електронско плаќање на ф-рите од
XXXX) како и идни надградби и предлози за нови функционалности (е-Жалба, е-Архивирање на постапките за ЈН, е-Маркет и е-Каталози)
17:30 – 18:00 часот Xxxx xxxxx
18:00 – 18:55 часот Работилница, практични примери, дискусија,
сумарни согледувања, прашања и одговори
18:55 – 19:15 часот Евалуација на обуката
21:00 – 00:00 часот Свечена вечера во ресторан, доделување
на сертификати и богата лотарија
17.12.2017 година - недела (трет ден)
08:00 – 10:30 часот Појадок
10:00 – 12:00 часот Слободно претпладне до напуштање на хотелот
3. ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ОБУКАТА
Идентификација и решавање на реални проблеми во областа јавни набавки со акцент на ЕСЈН преку поставување на прашања;
Слободно вклучување во дискусија;
Тим од стручни сертифицирани предавачи каде се споени искуството со стратегии и планирања на јавни набавки;
Формирање и заклучоци засновани од теорија и пракса.
Обуката ќе ја изведуваат ЕКСПЕРТИ за јавни набавки од БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.
4. РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ
Работните материјали ќе бидат доставени до учесниците во печатена и во електронска форма.
5. ФИНАНСИСКА КОНСТРУКЦИЈА
Котизација за обуката по лице без вклучено ДДВ 4.300,00 денари
Хотелско сместување во Хотел Перун Казино & Спа 4**** - Банско, Република Бугарија
❖ двокреветна соба (по лице) за 2 ноќевања 6.900,00 денари
❖ доплата за еднокреветна соба за 2 ноќевања 3.800,00 денари
(од цената на двокреветна соба)
Превоз на релација Скопје - Банско - Скопје со вклучено патничко и здравствено осигурување (по лице) 2.100,00 денари
Како наша препорака за оваа обуката е и првиот специјализиран и сеопфатен водич за електронски набавки во РМ:
Книга „Е-Јавни набавки: Подготви се!“ од авторите м-р Xxxxxx Xxxxxxxxx и м-р Xxxxx Xxxxxxxxxx. ( види прилог 1 ) 2.450,00 денари
Во котизацијата за обуката се вклучени предавања, материјали и сертификат за секој учесник.
Во цената на хотелското сместување се вклучени 2 (два) полни пансиони:
- појадок, ручек и вечера - (шведска маса);
- свечена вечера во ресторан со музичка програма
- кафе паузи
- вклучено користење на Спа центар ( базен, сауна, парна бања и фитнес );
- бесплатно користење на неограничен WiFi интернет
Во цената за превозот е вклучен превоз со високо туристички автобуси на релација Скопје - Банско - Скопје со посета на Благоевград на 17.12.2017 и со вклучено патничко осигурување.
Ве молиме Вашето учество со податоци наведени во пријавата која е во прилог да го потврдите најдоцна до 08.12.2017 година (петок) на нашата e-mail адреса: xxxxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx.
Уплатата за котизација се врши на сметка на „БИЗКО ГРУП“ ДООЕЛ СКОПЈЕ со жиро сметка 250001002865457 од Шпаркасе Банка Македонија А.Д. Скопје.
Уплатата за хотелско сместување во соодветна соба и превоз се врши на сметка на „РОЈАЛ СТАР ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ СКОПЈЕ со жиро сметка 250001003127066 од Шпаркасе Банка Македонија А.Д. Скопје.
Однапред Ви благодариме на довербата !
Лице за контакт: м-р XXXX XXXXXXX - управител
Контакт телефон: 078/251-125