Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ ЗА ПРИМЕНА XXXX ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ - ЦМР
Март, 2022 година
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Со овие Услови се осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник кон корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор, во обем и услови наведени во одредбите од овие Услови.
Со овие Услови не е осигурена вон договорната одговорност на осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Член 2
Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите на овие Услови и:
1. Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
2. Закон за превоз во Патниот сообракај со сите измени и дополнувања
3. Законот за облигациони односи
4. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕТО
Член 3
1. Осигурувачот ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој треба да ги плати врз основа на одговорноста од член 2 на овие Услови, освен штетите настанати од причините наведени во член 4 и 5.
2. Максималната обврска на осигурувачот изнесува (е лимитирана) до износот утврден во полисата за осигурување на одговорноста на осигуреникот, чиј составен дел се овие Услови. Покритието од точка 2 се пресметува во денарска противвредност на ЕУР по среден курс на индикативната курсна листа на Народна банка на Република Македонија, на денот на настанување на штетата.
Осигуреникот може да ја осигура својата одговорност и преку лимитот од претходниот став, со тоа што мора таквите пратки писмено да ги пријави на осигурувачот, со најавување на нивната вредност најмалку 2 (два) работни дена пред започнување на превозот. За таквите пратки и зголеменото осигурително покритие по ЦМР осигуреникот доплаќа премија на разликата над лимитот, за што осигурувачот му издава посебна полиса.
3. Лимитит на осигурителното покритие се определува спрема влекачот на возилото.
4. Осигурувачот ќе му надомести на осигуреникот и:
- трошоци за спор како и вон судски трошоци направени во врска со реализација на барањето (ако се направени во согласност со осигурувачот, поради одбрана од неосновани или преголеми барања на трети лица) и изречени камати, превознина и вонредни трошоци за превоз и претовар, лежарина, складиштнина и сл.
- вистинските трошоци за спасување, но најмногу до 40% од лимитот по штетен настан. Осигурувачот ќе ги надомести овие трошоци и кога тие, заедно со штетата ќе ја надминат максималната обврска од точка 2 на овој член.
РИЗИЦИ ЗА КОИ НЕ ОДГОВАРА ПРЕВОЗНИКОТ И НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
Со овие Услови не е осигурена одговорноста на превозникот за:
1. штети настанати по вина на испраќачот или примачот;
2. штети настанати поради недостатоци во конструкцијата и лошо одржување или неуредно опслужување на возилото;
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
3. штети настанати поради недостатоци во пакувањето, недоволно пакување или неисправно / несоодветно распоредување на стоката;
4. штети настанати поради превоз со отворени возила на пратки што не се соодветни за таков превоз;
5. штети настанати поради каква било одговорност на превозникот во случаи на влечење на други возила или предмети;
6. штети настанати при превоз на благородни метали или предмети изработени од нив, скапоцени камења, пари, хартии од вредност, уметнички предмети, раритети (реткости), документи, колекционерски и музејски експонати или предмети, поштенски пратки;
7. штети настанати на експлозивни и/или леснозапаливи средства, опасни материи, тешки товари (оние за кои е потребно да се обезбеди посебно одобрение за превоз поради нивната големина или тежина), возила од кој било вид, селидбени ствари, живи животни, живина и дивеч, или пратки што мора да се превезуваат со користење на посебни возила со разладни уреди, ако тоа не е посебно договорено во полисата или во додаток на полисата во писмена форма, потпишан од двете страни, кој претставува составен дел на полисата ;
8. штети настанати поради природни својства и мани на стоката што е предмет на превоз, како ’рѓа, корозија, саморасипување, стврднување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага и сл.;
9. „расипување на стоката“ (промена на бојата, мирисот, вкусот и слично) од која било причина, освен ако осигурувањето не е склучено со вклучен ризик на расипување на стоката поради промена на температурата поради ненамерно нагодување на погрешна температура или истекување на средството за ладење поради кршење, односно расипување на опремата за ладење, во согласност со клаузула 3 – Расипување на стока во ладилник, која е составен дел на овие Услови;
10. штети предизвикани поради преземени санитарни или дезинфекциски мерки и сл.;
11. штети на пратката предизвикани од молци и од други штетници;
12. губење на комерцијална вредност на стоката, освен поради пречекорување на рокот на превозот во случаи на дефект на возилото;
13. непојаснети кусоци, кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката; според овие Услови, документите за мерење и вагање не се доказ на физичка загуба или кражба на пратката;
14. штети на стоката што е примена на превоз под одредени услови, а е предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испраќачот не ги презел пропишаните мерки и внимание;
15. разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стоката.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Член 5
Осигурувачот нема обврска да надомести штета и ако осигуреникот според законските прописи е одговорен за тоа, а таа настанала како последица на една од следните причини:
1. штети настанати непосредно или посредно поради намерна постапка или грубо невнимание на осигуреникот/превозникот или лицата за чии постапки тој одговара;
2. штети на пратката настанати како последица од неисполнување на договорениот рок за превоз, ако тој е покус од вообичаениот за таква пратка на соодветната релација;
3. штети на пратката настанати поради тоа што осигуреникот (превозникот) склучил договор за превоз, но не ја презел пратката на превоз или се јавил кај нарачателот на превозот со задоцнување и со тоа ги прекршил одредбите на договорот за превоз;
4. отштети што осигуреникот (превозникот) ги исплатил без согласност на осигурувачот, вклучително и штети чиј рок на плаќање законски е застарен;
5. штети на пратки што се во сопственост на осигуреникот (превозникот), на сопружникот на осигуреникот/ превозникот, децата или други лица што со него живеат во заедничко семејно домаќинство, како и трговско друштво или правно лице регистрирано како трговец поединец во сопственост на осигуреникот/превозникот и/или на тие лица;
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
6. штети настанати поради испорака на неовластено/и лице/а, односно лице/а што според товарниот лист или според друга превозна исправа / документ не се овластен примач на пратката;
7. штети што се однесуваат на губење на возарината или штети што на кој било начин се поврзани со парични казни, глоби и слично;
8. штети што на кој било начин се поврзани со спроведување на постапка во врска со XXX Xxxxxx;
9. штети настанати директно или индиректно поради воени ризици или воени операции и случувања слични на војна, без разлика дали војната е објавена или не;
10. штети настанати поради саботажи, штрајкови, револуции, побуни, востанија, политички немири, граѓански немири, прекршувања на блокади, конфискација, заплена, застои, акти на надлежни органи и слични случувања;
11. штети настанати директно или индиректно поради нуклеарна експлозија и зрачење на радиоактивни производи или радиоактивен отпад;
12. еколошки штети;
13. штети настанати од други причини, кои не може да се класифицираат како штети настанати по вина на превозникот, односно како штети од одговорност на превозникот (виша сила – елементарна непогода, земјотрес, невреме, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање на земјиште и сл.) и штети опфатени со осигурување по некоја друга полиса (АО и сл.);
14. штета, оштетување, одговорност или трошоци што се директно или индиректно предизвикани од или што настанале од употреба или работа со информатичко- технолошки уред како средство за нанесување штета
(Во случај кога овоj исклучок се јавува како додаток кон полиси што покриваат ризици на војна, граѓанска војна, револуција, востание, бунт или граѓански безредија што произлегуваат од тоа или од кој било непријателски чин од или против воинствена моќ или тероризам или кое било лице што дејствува со политички мотив, точка 14 став 1 нема да ги исклучува штетите што инаку би биле покриени, а кои настанале од употребата на информатичко- технолошки уреди во системот за лансирање и/или наведување и/или механизмот за пукање на кое било оружје или ракета.
Под поимот информатичко-технолошки уред се подразбира секој компјутерски систем, хардвер, софтвер, програма, код, податоци, процес, вирус, база на информации, микрочип, интегрирани кола или сл. уреди во или поврзани со компјутерска опрема или некомпјутерска опрема без разлика дали се во сопственост на осигуреникот.);
15. сите штети од упад на мигранти и/или при незнаен транспорт на мигранти во возилото/влекач/(полу)приколка се исклучени од осигурување, освен доколку поинаку не се договори во полисата.
16. Не се опфатени штети на товар настанати при кочење освен доколку е последица на сообраќајна незгода, за која е составен Европски записник за сообраќајна незгода или е изготвен Полициски записник за увид на лице место. Осигуреникот има обврска да обезбеди фотографии од лице место.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ И ГУБЕЊЕ НА ПРАВА
Член 6
1. Возилата редовно и квалитетно да ги одржуваат и технички да се исправни и да одговараат за намената.
2. Возачите континуирано да ги обучуваат и да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР Конвенцијата, Упатството за користење на ТИР карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични и документи за превоз и средства (дозволи, ТИР - карнети, фактури, упатства и сл.) пред започнување на превозот.
4. Во меѓународен транспорт за релации подолги од 450 км. за секое возило да има двајца возачи само за Источно европските земји.
5. При натовар и растовар на стоките возачот задолжително да е присутен и да врши правилен квантитетен и квалитетен прием и предавање на стоките, проверка на амбалажата, редењето и прицврстување и растовар на стоките.
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
Ако има недостатоци при натовар на амбалажата да бара од испраќачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да става забелешка на товарниот лист за недостатокот при натовар или растовр што го вршат други лица.
6. Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адресата на примателот на стоката, негов телефон и да бара фотокопија од личната карта на лицето за контакт што го одредил примателот на стоката и само на тоа лице по идентификацијата смее да ја предаде стоката. Примателот треба да има фотокопија на броевите на ЦМР - товарниот лист, ТИР карнетот и бројот на пасош на возачите.
7. По идентификација на примателот, едниот возач заедно со примателот да оди во Царина за да ги следи дали царинската процедура се извршува во Царина и од надлежни лица.
8. По извршената царинска процедура да се заверат товарниот лист, ТИР - карнетот и стоката, возачот да ја предаде на правиот примател со идентификација на магационерот на примателот од лична карта и со внесување на податоците од истата во товарниот лист како и местото на растовар и проверка на лицето за контакт со податоците со кои возачот располага.
9. По пат на Источно - Европските земји возачите да настојуваат да возат во конвој со други возила и да ноќеваат и да паркираат на јавни паркинзи и царински терминали.
10. Осигуреникот е должен секоја видлива штета, за која постои одговорност на превозникот, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на примателот на пратката и возачот пред предавање на пратката.
11. Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од три дена од кога ќе сознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оцена го минува износот од 1.000 ЕУР и да го има во предвид дадените упатства на осигурувачот за ангажирање на хавариски комесар за извид и процена на штетата.
12. Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување и намалување на штетата.
13. Во случај на кражба, измама при прием и предавање на товарот и сообраќајна незгода осигуреникот е должен таквиот настан веднаш да го пријави на полиција во најблиското место или на друг надлежен орган и за таквите пријави да му приложи доказ на осигурувачот.
14. До колку осигуреникот ги повредил обврските од овој член, осигурувачот не е во обврска да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
15. При склучено осигурувавње со осигурително покритие расипување на стоки за кои се бара посебен режим на температура (ладилник со термокинг ), осигуреникот е во обврска да во случај на пријава на штета по однос на неисправна температура и дефект на теркингот , до осигурувачот да достави доказ и изјава во писмена форма потпишана од управителот на правното лице (електронски по мејл или факс или преку архивата) за неисправност на уредот за ладење (докажан дефект на термограф), пред осигурувачот да испрати хавариски комесар за утврдување на основ и процена на штета.
Ако по излегување на хавариски комесар на лице место се утврди и докаже исправност на уредот за ладење, (нема одстапки од потребниот режим на температура) трошоците за неговото ангажирање ке ги сноси осигуреникот .
16. Осигуреникот ги губи правата од осигурување ако:
a) со возилото за време на транспортот управува лице без соодветна возачка дозвола, односно без возачка дозвола за соодветниот тип на возило. Се смета дека лицето има соодветна возачка дозвола и ако со возилото управува во време кога возачката не е продолжена по истекот на рокот на нејзината важност;
b) штетата настане во време кога со возилото управува лице под дејство на алкохол, дроги или други наркотични средства. Според овие Услови, се смета дека лицето било под дејство на алкохол ако со анализа на крвта или со друга метода за мерење на концентрацијата на алкохол се утврди присуство на алкохол во крвта поголемо од законски дозволеното или ако по настанување на штетата одбие да изврши мерење на алкохолизираноста. Според овие Услови, се смета дека лицето е под дејство на наркотици ако со стручен преглед се утврдат знаци на нарушеност поради употреба на дрога или други наркотични средства или ако по настанување на штетата одбие врз него да се изврши преглед за испитување од наркозависност;
c) ако остварувањето на ризикот, осигурен со овие Услови, настанал затоа што возилото не било заклучено или настанувањето на ризикот кражба е олеснет на некој друг начин (вклучително и паркирање на несоодветно / недоволно чувано или
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
несоодветно / недоволно осветлено место за време на прекин на патувањето заради одмор на возачот или слично);
d) ако при склучување на осигурувањето не е пријавен зголемен ризик или ако не е пријавен зголемен ризик во текот на траење на осигурувањето и за тоа не е платена доплатна премија, осигурениот износ се намалува во сразмер помеѓу платената премија и премијата што би требало да се плати за зголемениот ризик, но само ако е можно склучување на осигурување и за зголемениот ризик. Врз зголемување на ризикот во смисла на одредбите од оваа точка влијаат и дополнителното вградување опрема во возилото, пренамената на возилото, видот на тежината што редовно или повремено се превезува, како и видот и обликот на каросеријата;
e) ако до штетен настан дојде поради преоптовареност на возилото, во согласност со пропишаната максимална маса на носивост на возилото во сообраќајната дозвола.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
Осигуреникот е должен да ја плати премијата за осигурување, договорена со полисата за осигурување.
Премијата за осигурување е годишна и зависи од осигурителното покритие и се утврдува со полисата за осигурување.
Осигуреникот е должен да даде список на осигурените возила и приколки со регистарски број, број на мотор и број на шасија, за приколките тип и регистарска ознака и веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го извести осигурувачот за измените.
Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 8
Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет
(30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа xxxxxxxxx премија за осигурување.
Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 9
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 10
Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 11
Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
КОНСТАТИРАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
Член 12
Осигуреникот или неговиот полномошник е должен секоја видлива штета, која е покриена со осигурување, да ја утврди записнички на вообичаен начин, со учество на примателот, односно корисникот на превозот пред предавање на пратката.
Осигуреникот е должен секоја штета, чиј износ е над 1.000 ЕУР во денарска противвредност, без одлагање, да му ја пријави на осигурувачот и да постапи по неговите упатства.
Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување, односно намалување на штетата.
Секој случај на кражба на пратката или сообраќајна незгода, осигуреникот треба веднаш да го пријави на Полицијата и записникот за тоа да му го предаде на осигурувачот.
Доколку осигуреникот намерно или со крајно не внимание ги повреди обврските од овој член, осигурувачот може да се ослободи од обврската да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ОШТЕТНО БАРАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Член 13
За остварување на правото за надомест на штета, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги приложи следниве документи во оригинал или прописно заверени фотокопии.
1. Пријава за штета во домашен и меѓународен транспорт, уредно пополнета со податоци за настанатата штета на стоката.
2. Полиса за осигурување на одговорност на превозникот.
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
3. Пријава за осигурување на одговорност на превозникот за туѓа/изнајмена (полу)приколка, во домашен и во меѓународен патен сообраќај .
4. Xxxxxxx изјава од возачот и неговиот помошник за причините и за околностите за настанување на штетата.
5. Фотографии од самото место каде што се случил настанот, од возилото со кое е превезувана стоката од неговата внатрешна и надворешна страна, како и од оштетената стока.
6. Сообраќајна дозвола од возилата со кои се превезувала стоката (влекач + полуприколка или камион + приколка), возачка дозвола од лицето/лицата што го управувало/ле возилото со кое се превезувала стоката.
7. Патен налог за лицето/та што го управувало/ле возилото со кое се превезувала стоката.
8. Oтштетно побарување – приговор, рекламација (констатација на состојбата во која ја примил стоката) од купувачот до продавачот и/или превозникот.
9. Товарен лист, испратница и фактура/ри за пратката во случај и на поединечен и збирен транспорт.
10. Полициски записник при сообраќајна незгода, кражба, разбојништво, влез на мигранти и/или друго кривично дело.
11. Превозен документ – ЦМР образец од договор за меѓународен патен превоз на стока, примерокот што ја следел стоката и на кој се наоѓаат сите печати во текот на поминувањето на граничните премини, како и печат за прием со забелешка на ЦМР листот или од страна на државен орган или сопственикот на стоката дека таа е оштетена.
12. Санитарен или фитосертификат на стоката пред поаѓање, ако е потребен во согласност со законот.
13. Записник од санитарна инспекција дека стоката не е за употреба.
14. Одлука од надлежен орган за уништување на стоката што не е за употреба поради целосно или делумно оштетување.
15. Фактура за уништување на оштетената стока.
16. Фактура за извршената поправка на оштетениот предмет што е оштетен при транспортот.
17. Фактура од превозникот за цената на превозот, до испраќачот/примачот во зависност од тоа кој го плаќа превозот. Други докази и изјави врз основа на кои осигурувачот може да утврди постоење или непостоење на одговорноста на осигуреникот/превозникот за настаната штета, како и висината (обемот) на настаната штета.
18. Ако од околностите на настанувањето на штетата или од поднесените документи не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанување на штетата или нејзиниот износ, осигурувачот е должен да му даде на осигуреникот соодветни упатства заради одбрана од неосновани, недокажани или неоправдано високи барања за надомест на штета.
Ако од околностите за настанатата штета, или од поднесената документација не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или за нејзината висина, осигурувачот е должен на осигуреникот да му даде упатство за правните и други мерки, кои треба да ги преземе со цел да се заштити од недокажани, неосновани или преголеми оштетни барања.
Осигуреникот е должен, како совесен стопанственик, да ги преземе сите потребни мерки со цел да се заштити од неосновани барања. За преземените мерки осигуреникот е должен без одложување да го извести осигурувачот.
БАРАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ
Член 14
Осигуреникот е должен пред признавање на својата обврска за надомест на штетата да побара согласност од осигурувачот и да се придржува на неговите упатства.
Ако осигуреникот не постапи согласно одредбите од претходниот став, осигурувачот може да ја одбие исплатата на штетата, целосно или делумно, во колку смета дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или неговата одговорност е помала од онаа која ја признал.
Одредбите од претходниот став се применуваат и на случаите кога одговорноста на осигуреникот е утврдена во судски или арбитражен спор за кој осигуреникот благовремено не
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
го извести осигурувачот, а осигурувачот стави оправдана примедба во врска со водење на спорот.
ВИСИНА НА ОШТЕТА
Член 15
Висината на оштетата за целосна или делумна загуба на пратката се утврдува според вредноста на предметите во времето и местото на отпрема и фактурата на продавачот, доколку таква вредност нема, тогаш по пазарната вредност, но во границите на законскиот лимит за ограничена одговорност, но максимум до лимитот од член 3 на овие Услови т.е. полисата за осигурување.
Ако осигуреникот превезувал пратка со поголема вредност од договорениот лимит, и истата не ја пријавил во осигурување односно нема полиса за дополнително осигурително покритие, во случај на настанување на штета на таквата пратка, при исплата ќе се примени систем на пропорција меѓу осигурената вредност и вредноста на пратката.
Ако осигуреникот има осигурително покритие за товарно возило, а со влекачот приклучил специјално возило или ладилник, и тоа не го пријавил во осигурување и не добил замена на полиса, во случај на штета ќе се примени пропорција помеѓу премиите и висината на штетата.
ФРАНШИЗА
Член 16
Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза.
Во случај на погрешно предавање на пратката поради измама на возачите и кражба, осигуреникот учествува со 20% франшиза од настанатата штета, освен ако поинаку не се договори и наведе на полисата за осигурување.
Во случај на договорено осигурително покритие по клаузула 3 – Транспорт на стока со контрола на температура/ладилник, со дополнителен ризик расипување на стоката, осигуреникот учествува со задолжителна франшиза од 10 % во секоја штета, односно минимум 1 000 евра, освен ако поинаку не се договори и неведе на полиса за осигурување .
Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи и Условите за осигурување, не одговара превозникот.
ИСПЛАТА НА ШТЕТА
Член 17
По утврдување на основот и висината на настанатата штета, осигурувачот ја исплаќа во рок од 15 дена.
После овој рок плаќа законска камата.
Оштетното барање нема да биде исплатено, ако претходно не е наплатена премијата за осигурување.
РЕГРЕСНО ПРАВО
Член 18
Со исплата на штетата, на осигурувачот му преминуваат сите права кои осигуреникот ги имал спрема лицата одговорни за штетата.
Осигуреникот е должен навремено да ги преземе сите потребни мерки за обезбедување на регресните права кон лицата одговорни за штетата.
Ако осигуреникот не постапи согласно претходниот став, осигурувачот може од надоместокот на штетата да го одбие износот на штета која ја претрпел.
ЗАБРАНА ЗА НЕТОЧНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО
ПОКРИТИЕ СО ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПРЕВОЗОТ
Член 19
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
Со овие Услови и полисата за осигурување е покриена одговорноста на осигуреникот како превозник за штета на пратките. Поради тоа осигуреникот не смее да истапува кај корисникот на превозот со тврдење дека со полисата е осигурена и самата пратка (карго осигурување) и со што да го доведе сопственикот на пратката во заблуда дека со овие Услови и полисата целосно се осигурени и неговите интереси.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 20
Споровите од овие Услови ќе се решаваат спогодбено или пред редовниот суд во местото на седиштето на осигурувачот.
ТРАЕЊЕ И ОТКАЗ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 21
Осигурувањето по овие Услови согласно бараното осигурително покритие се договара со посебна годишна полиса за осигурување на одговорноста на превозникот во земјата и странство за секое возило.
Осигурувањето се склучува со траење од една година, со наведување на час, ден, месец и година на почетокот и истекот на осигурувањето.
Осигурувачот може на осигуреникот да му го откаже осигурувањето по овие Услови и без отказен рок, ако утврди дека осигуреникот ја прекршил забраната предвидена со одредбите од член 19 од овие Услови.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 22
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОДГОВОРНОСТ
Член 23
До колку не е во спротивност со овие услови, на осигурувањата склучени по ова осигурување се применуват Општите услови за осигурување Имот и Општите услови за осигурување од одговорност.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 24
Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, односно на трето лице од договорот за осигурување од незгода, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 25
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Македонија.
За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 30 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот з а осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
ЗАДОЖИТЕЛНИ КЛАУЗУЛИ ЗА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ
Овие клаузули се задолжителни и се составен дел на Условите за осигурување одговорност на превозниците во патниот сообраќај во домашен и во меѓународен транспорт.
Клаузулите за дополнителни покритија за „Одговорност на превозникот при патен превоз на стока“ се применуваат за годишни полиси со соодветна доплата на основната годишната премија за осигурување во согласност со Xxxxxxxx на премии за дополнителни покритија на осигурувачот.
За секоја од клаузулите во овој дел ќе важат договорените лимити и франшизи за соодветната клаузула, освен доколку поинаку не се договори во полисата.
Со постигнување договор меѓу договарачот на осигурувањето / осигуреникот и осигурувачот, за дополнително покритие за една или повеќе клаузули, тие се наведуваат во посебни договарања во полисата, се пресметува дополнителна премија за секоја клаузула посебно и се однесува само за она што е договорено во конкретната клаузула. Сите други договорени услови остануваат непроменети.
КЛАУЗУЛА 1
ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ ЗА КРАЖБА НА СТОКАТА ОД ВОЗИЛОТО ИЛИ ТОВАРНАТА КОМПОЗИЦИЈА
1. Со оваа клаузула осигурувачот ја покрива одговорноста на осигуреникот за целосна или делумна загуба и/или оштетување на стоката како резултат на незаконско одземање / кражба на стоката што е предмет на превоз или незаконско одземање/кражба на целото возило или товарната композиција, без оглед дали подоцна биле пронајдени под следниве услови:
a) возилото или товарната композиција да е паркирано на паркинг со обезбедување;
b) возилото или товарната композиција да е заклучено пред возачот да се оддалечи и возилото да е оставено без притоа во него да се оставени клучевите;
c) возилото или товарната композиција да е опремено со исправен и активиран систем за активно следење (GPS) во текот на превозот;
d) местото на случувањето да е посетено од надлежен полициски орган што издал документ во согласност со локалните законски регулативи.
e) Одговорноста на осигурувачот е до лимитот договорен со договарачот на осигурувањето / осигуреникот, но не повеќе од сумата на осигурување во полисата.
f) Докажувањето за постоење на осигурен случај е одговорност на осигуреникот кога е евидентно постоењето на условите од точките a – d од оваа клаузула и се евидентирани во соодветниот полициски документ.
g) Се применува задолжителна франшиза во висина од 20%, но не помалку од 1.000 евра од вредноста за секое побарување за надомест на штета.
КЛАУЗУЛА 2
ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ ПРИ ТРАНСПОРТ НА СТОКА СО КАМИОН ЛАДИЛНИК СО ДОПОЛНИТЕЛЕН РИЗИК РАСИПУВАЊЕ НА СТОКАТА
1. Со оваа клаузула, ако посебно се договори, може да се осигури и одговорноста на превозникот при превоз на стока со ладилници со вклучен дополнителен ризик – расипување на стоката од
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
смрзнување, односно одмрзнување, како резултат на промена на температурата или истекување на средството за ладење.
2. За осигурување на дополнителниот ризик расипување на стоката, ако поинаку не е договорено , се применува задолжителна франшиза во висина од 10%, но не помалку од 1.000 евра од вредноста за секое побарување за надомест на штета и е наведува на полиса за осигурување.
3. Осигурувањето може да се склучи според условите на клаузулата за транспорт на стока со контрола на температурата / ладилник со соодветна дополнителна премија во согласност со Xxxxxxxx на премии за овој вид дополнителен ризик за осигурување.
4. Со покритието на оваа клаузула се опфаќаат штети на стока во транспорт што се предизвикани со или настанале поради промена на температурата или истекување на средството за ладење, доколку се исполнат следниве услови:
a. стоката да се превезува со возило (ладилник или фриго-контејнер) со АТП сертификат од овластена компанија, во кој се наоѓа апарат за евиденција на температурата во текот на целото патување (термограф) и доказ дека со тој апарат за следење на температурата се постапувало исправно и според препораките на договарачот на превозот-испраќачот или примачот на стоката;
b. целата опрема за контрола на температурата да се одржува во согласност со препораките на производителот и да се води редовен дневник за апаратот;
x. xxxxxxxx, возач, службеник или агент на осигуреникот, кому му е доверено возилото со контрола на температурата или контејнер, да добил претходни инструкции за работа и ракување со апаратот за контрола на температурата (термокинг) од страна на производителот или нивниот овластен агент и да поседува сертификат – потврда ;
d. испраќачот, односно примачот на стоката, однапред треба да достави писмено известување до
e. превозникот (и неговите подизведувачи) со кое се потврдува на која температура треба да се превезува
f. стоката и да достави јасни инструкции што се однесува на барањата за поставување на температурата за предметната стока заедно со придружната документација за стоката и за тоа да се известат превозниците или другите подизведувачи што ги користел осигуреникот или неговите агенти;
g. превозникот и испраќачот на стоката треба да потпишат заедничка потврда за температурата при утовар пред испорака на стоката за транспорт; и
h. превозникот треба да добие писмена потврда од примачот на стоката за температурата по испорака, а пред истовар на стоката
i. Со непридржувањето кон која било постапка што претставува услов од наведената клаузула ќе се смета како наведениот дополнителен ризик „расипување на стоката како резултат на промена на температурата или истекување на средството за ладење“ да не е опфатен со осигурувањето.
j. Доколку осигуреникот не ги исполнува сите наведени услови за прием во осигурување со вклучен дополнителен ризик „расипување на стоката како резултат на промена на температурата или истекување на средството за ладење“, наведени во клаузулата за транспорт на стока со контрола на температурата / ладилник, тој може да го склучи осигурувањето од одговорност без дополнителниот ризик, односно во согласност со клаузула 2 за осигурување на одговорноста на превозникот во меѓународен и домашен транспорт со ладилник..
5. При евентуален случај што резултирал со оштетување на превезената стока, осигуреникот треба да му ги достави на примачот, проценителот за штети на осигурувачот, податоците за одржуваниот температурен режим во текот на целиот превоз. Овие информации се даваат во моментот на настанот или во моментот на приемот на стоката од страна на примачот пред таа да биде растоварена.
5а. Во случај на барање за надомест на штета, се доставуваат документите наведени во член 19 од Условите, како и:
a. фотокопија од сертификатот за сообразност на камионот ладилник;
b. податоци за одржуваниот режим на температура во текот на целиот транспорт, преземени од соодветниот уред, со кој се мерат и се евидентираат работата на разладниот уред и температурите во товарниот простор;
c. документ за технички преглед на камионот ладилник што е валиден на денот на настанот;
d. документ издаден од специјализиран сервис што потврдува за технички дефект на разладниот уред; фитосанитарен сертификат за стоката, кога тоа е предвидено со закон.
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАЧОТ - ЦМР
КЛАУЗУЛА 3
ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ ЗА КОНТЕЈНЕР ПРИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ПОЖАР И КРАЖБА
1. Со оваа клаузула, осигурувачот ќе ги покрие загубите / штетите на контејнерот, со дополнителна премија, предизвикани од следниве осигурителни случаи:
a. сообраќајна незгода, документирана според соодветниот редослед, што се јавува при движење на возилото и/или товарната композиција за кои е одговорен осигуреникот (неговиот вработен);
b. пожар што се појавил од возило и/или товарна композиција во процесот на движење;
c. кражба на контејнер како резултат на кражба на целата товарна композиција заедно со стоката и товарното возило / товарната композиција. Оваа покриеност важи само доколку покриеноста е вклучена во договорот за осигурување како „Xxxxxxxx X – Кражба на стока заедно со моторно возило или товарна композиција“.
2. Одговорноста на осигурувачот за еден осигурен случај е до лимитот договорен меѓу осигуреникот и осигурувачот, но не повеќе од сумата на осигурување за контејнер и 1.500 евра трошоци за неговото отстранување од местото на несреќата.
a. Контејнер со вредност до 3.000 Евра со задолжителна франшиза од 5% од штетен настан ( мин 200 Евра)
b. Контејнер со вредност до 6.000 Евра со задолжителна франшиза од 5% од штетен настан ( мин 300 Евра)
c. Xxxxx Xxxxxxxxx со вредност до 20.000 Евра со задолжителна франшиза од 5% од штетен настан (мин 500 Евра)
3. Надоместокот за штета од осигурувањето се плаќа врз основа на доставена фактура за поправка или врз основа на пазарната вредност на контејнерот во моментот на настанување на осигурениот случај, но не повеќе од договорениот лимит за тоа.
КЛАУЗУЛА 4
ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ ЗА ШТЕТИ НАСТАНАТИ ОД УПАД НА НЕЛЕГАЛНИ ПАТНИЦИ / ЕМИГРАНТИ
1. Со оваа клаузула, осигурувачот ја покрива одговорноста на осигуреникот за тотална или делумна загуба и/или оштетување на стоката, која се појавила како резултат на дејствата на илегални патници што навлегле во товарните простории.
1.1. Одговорноста на осигурувачот е до лимит од 3.000 евра, доколку поинаку не е договорено во полисата за осигурување
1.2. Се применува задолжителна франшиза во висина од 10%, но не помалку од 300 евра од вредноста за секое побарување за надомест на штета.
1.3. Се пресметува дополнителна премија за одговорност на превозникот, во согласност со Xxxxxxxx на премии за овој дополнителен ризик на осигурување.
КЛАУЗУЛА 5
ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИКОТ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ СПОРЕД КЛАСИФИКАЦИЈАТА АDR
1. Со оваа клаузула се опфаќа одговорноста на осигуреникот за штета и/или губење на товар од класа 1 според класификацијата ADR.
2. Осигуреникот е должен да ги исполнува сите услови на Европската спогодба за превоз на опасни материи по пат (ADR), како и барањата за превоз на опасни материи во согласност со законските регулативи на соодветната територија и/или земјата на транзит. Во спротивно, осигирувачот нема да должи надомест за осигурување
3. Обврска на осигурувачот е до лимитот за еден осигурен случај договорен во осигурителната полиса според основното покритие.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 28.02.2022 година со Одлука бр.0203-01/13 и ќе се применуваат од 10.03.2022 година.
Извршен Директор
Суат Инан
Извршен Директор Xxxxxx Xxxxxxxx