Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од...
За реализација на активностите од проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“ предвидени во договорот за имплементација на проектот склучен од 21.01.2020 година и анекс договор кон основниот договор за имплементација на проектот од 17.02.2020 година помеѓу град Нирнберг и град Скопје, Градот Скопје објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за изразување на интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари
Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.
Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во град Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија.
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на град Скопје и општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Xxxxx Xxxxxx, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани лица да земат учество во реализацијата на проектот и да достават свое писмо за интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари, во кое задолжително ќе наведат: Име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта.
Заинтересираните лица треба да имаат завршено најмалку средно образование. Предност ќе добијат лицата кои поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област, но истото не е задолжително.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да достават писмо за интерес во електронска верзија на е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје, бул.Илинден бр. 82, 1000 Скопје, со назнака: За посетување на бесплатна настава и обука за оџачар во рамки на проектот
„Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.
Краен рок за доставување на писма за интерес е 15.05.2022 до 15.00 часот.
Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.