Регистрацијата и активирањето на услугата се прави преку доставено писмено барање до агентот или преку on-line активацискиот канал “Мој Телеком”.
Правила на користење
Услови за користење на услугата “Виртуелен Диск”
Добредојдовте! Оваа страница ги објаснува условите под кои можете да ја користите услугата “Виртуелен Диск”. За да ја користите услугата “Виртуелен Диск” потребно е да ги прифатите условите за користење кои се објаснети -во продолжение на овој документ.
Со прифаќање на овие услови, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со сите правила за користење на услугата.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ОВИЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ДА СЕ ОСИГУРАТЕ ДЕКА ВИ Е ЈАСНА СЕКОЈА ОДРЕДБА.
“ Виртуелен диск ” УСЛУГА
Услугата Виртуелен диск овозможува простор за безбедно сместување на кориснички податоци. Податоците се достапни на брз и едноставен начин.
Наменета е за деловните корисници кои секојдневно работат со многу документи и имаат
потреба за брз и флексибилен пристап до нив, како и нивна заштита, чување и контролирано и споделување.
Достапноста на функционалностите и дозволениот простор зависи од избраниот пакет при активирање на услугата и истиот, операторот може да го менува во секое време.
Активирање/ регистрација на Виртуелен Диск услугата
Регистрацијата и активирањето на услугата се прави преку доставено писмено барање до агентот или преку on-line активацискиот канал “Мој Телеком”.
Активацијата се прави со внесување на е-mail адреса и избор на домен за услугата која на корисникот му служи за пристап до истата.
Внесената е-mail адреса станува корисничко име на административен корисник за пристап до услугата и на истата се испраќаат инструкции за пристап до услугата.
Адмнистративниот корисник добива целосно право за конфигурирање на услугата и за отварање на дополнителни кориснички сметки преку употреба на апликацијата “Виртуелен Диск”.
Дополнително административни корисници може да се креирааат и преку порталот “Мој Телеком” од страна на корисници на “Мој Телеком” кои можат да ги администрираат услугите согласно важечкиот Magenta 1 Business договор.
Деактивација на услугата настанува на барање на корисникот доставено до групата xxxxx@xxxxxxx.xx и соодветна потврда од страна на потписникот на договорот или доколку настане неисполнување на условите за користење на истата, по што последно креираниот административен корисник ќе бидат испратени инструкции за преземање на податоците и
соодветно период за гасење на услугата. По истек на 1 месец од известувањето за
деактивирање на услугата, давателот на услугата има право да го терминира трајно пристапот до истата.
Начин и услови за користење на услугата “Виртуелен Диск“ услугата
„Виртуелен Диск“ услугата може да ја користат претплатници кои имаат склучено важечки претплатнички договор со Македонски Телеком АД - Скопје за услугите од деловното
портфолиото Magenta 1 Business.
Услугата “Виртуелен Диск” е достапна преку повеќе апликации достапни за компатибилни персонални компјутери, IOS и Android.
Општи услови
Услугата е достапна преку јавен интернет.
Услугата подразбира зачувување, пристап и споделување на електронски содржини за кои корисникот има ексклузивнo право за поседување и споделување на истите.
Вие се согласувате дека сите содржини зачувани на услугата “Виртуелен Диск” се само ваша одговорност.
Операторот не го контролира зачувувањето, умножувањето, споделувањето на содржините на услугата “Виртуелен Диск”, ниту ја гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на содржините. Вие се согласувате дека со користење на услугата “Виртуелен Диск” сите содржини поврзани со вашиот кориснички профил се на ваш ризик. Операторот не е сопственик на материјалите или содржините кои ќе ги поставите на услугата “Виртуелен Диск”.
Операторот нема да има одговорност во однос на содржината на услугата или било кој дел од него, вклучувајќи но не ограничувајќи грешки или пропусти содржани во неа, клевета, повреди на правата на публицитет, приватност, правото на трговски знак, прекин на соработка, лични
повреди, загуба на приватност, моралните права или откривање на доверливи информации.
Постојано вршиме ажурирање и тестирање на различните видови од нашите услуги,
вклучително и нашата веб-локација, корисничкиот интерфејс, нивоата на услугата, плановите, промотивните карактеристики, достапноста на видео содржините, испораките и цените.
Операторот е одговорен за сите материјали кои ќе бидат објавени на страницата: известувања, пораки, електронски пораки, идеи, предлози, концепти или било кои други материјали
објавени на web страницата на Операторот.
Се согласувате да ја користите услугата, вклучително и сите карактеристики и функционалности поврзани со неа, во согласност со сите важечки закони, правила и прописи, вклучително и
ограничувањата за јавно прикажување или другите ограничувања за користењето на услугите и содржините. Прифаќате дека нема да архивирате, преземате, репродуцирате, дистрибуирате, разменувате, прикажувате, изведувате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела, да ги нудите за продажба или за употреба (освен ако изречно не ве овластуваат овие услови за користење) содржината и информациите кои се содржат на, или се добиени од, или преку
услугата, без изречно писмено одобрување од страна на Операторот или на неговите
овластени претставници. Исто така прифаќате и дека нема: да заобиколувате, да отстранувате, да изменувате, да деактивирате, да деградирате или да попречувате која било од заштитите на содржините на услугата. Исто така сте согласни и дека нема да ставате, поставувате, да праќате преку е-пошта или на друг начин да праќате или да пренесувате кој било материјал што е
наменет за прекинување, уништување или ограничување на функционалноста на кој било компјутерски софтвер или хардвер или телекомуникациска опрема поврзана со услугата, вклучително и компјутерски вируси или кој било друг компјутерски код, датотеки или
програми.
Квалитетот и нивото на услугата може да се разликува од уред до уред, а на него може да влијаат различни фактори, како што се вашата географска локација, вклучениот сообраќај
и/или брзината на вашата интернет-врска. Вие сте одговорни за сите трошоци околу пристапот на интернет. Брзината за качување и симнување на електронски документи преку услугата
зависи ќе се разликува во зависност од повеќе фактори, вклучително и од вашата географска локација, од достапноста на интернет брзината, од големината на содржините што сте ги
избрале и од конфигурацијата на вашиот уред.
Операторот може во секое време под одредени околности и без претходна најава веднаш да го прекине или суспендира, целосно или делумно, вашиот кориснички профил или пристап до услугата.
Причините за ова може да бидат:
(а) Прекршување на овие услови или незаконски и неправилно користење на услугата од Ваша страна;
(б)По барање или наредба од органите за спроведување на законот, судско тело или други државни органи;
(в) Неочекувани технички или безбедносно прашања и проблеми; (г) Ваше учество во измамнички или незаконски активности;
Безбедност на кориснички профил
Вие самите сте одговорни за безбедноста на вашиот профил и за сите активности кои се случуваат или превземаат преку Вашиот профил.
Со споделување на лозинката за услугата, сопственикот на лозинката е согласен да ја преземе одговорноста за лицата со кои ја споделил лозинката, дека лицата ќе се однесуваат во
согласност со условите за користење и дека сопственикот на лозинката е одговорен за постапките на лицата со кои ја споделил лозинката.
Операторот нема да се смета за одговорен за кои било загуби што произлегуваат како резултат на неавторизирана употреба на Вашиот профил или ако не се придржувате на правилата за користење.
Гаранции
Оваа услуга се базира на "како што е" принципот, без никакви експлицитни или имплицитни гаранции од секаков вид. Операторот не гарантира и не презема одговорност за точноста или комплетноста на било какви информации, текст, врски или други предмети содржани во рамките на услугата. Операторот не презема одговорност која може да биде предизвикана од страна на пренос на компјутерски вирус, или други слични компјутерски програми.
Ограничување на одговорност
Операторот не гарантира дека употребата на услугата ќе биде непрекината или без грешки. Операторот не е одговорен за било какви загуби кои произлегуваат од користење на услугата.
Операторот нема да биде одговорен за која било штета (вклучувајќи, без ограничување, загуба на профит, прекин на информации, или изгубени информации) или неможноста да се користи услугата. Операторот нема да биде одговорен за губење на податоци или за индиректни,
посебни, случајни, последични (вклучувајќи изгубена добивка), или друга штета. Операторот нема да има одговорност во однос на содржината на услугата или било кој дел од него, вклучувајќи но не ограничувајќи грешки или пропусти содржани во неа, клевета, повреди на правата на публицитет, приватност, правото на трговски знак, прекин на соработка, лични
повреди, загуба на приватност, моралните права или откривање на доверливи информации.
Промена на условите за користење
Операторот го задржува правото за менување и дополнување на содржината на овие услови за користење на Виртуелен Диск услугата.
Приватност
Заштитата на приватноста односно заштитата на вашите лични податоци е регулиран во документите за приватност и заштита на личните податоци на Македонски Телеком кои се
објавени на официјалната web страница и до кој можете да пристапите преку следниов линк: xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxxxx.xxxx
Начин на комуникација
Преку користење на услугата, се согласувате да примате електронска комуникација од страна на Операторот, поврзана со услугата. Овие комуникации може да вклучуваат испраќање на
електронска пошта на вашата електронска адреса или прикажување на пораки за услугата, или на вашата “Мој Телеком“ страна и ќе вклучуваат нотификации за вашата сметка (плаќања,
пакети, истекување на претплати, промена на лозинка и други трансакциски информации) кои се дел од користење на услугите од Операторот. Вие се сложувате дека било кои од овие
нотификации, договори, објави и сл. ги задоволуваат правните комуникациски потреби и дека ќе се третираат исто како да се настанати по писмен пат. Вие треба да чувате копии од
електронските комуникации преку печатење или зачувување на електронски копии.Исто така
се согласувате да примате и други комуникации од Операторот поврзани со останатите понуди, информации за промоции и сл.
Надлежен суд
Овие општи услови ќе се раководат и толкуваат според позитивните законски прописи на
Република Македонија. Со користењето на апликацијата, крајниот корисник се согласува дека секој спор или секое барање, произлезени од или во врска со овие услови, или во врска со
нивното спроведување, се во надлежност на Основниот суд во Скопје.
Корисничка поддршка
Доколку ви треба помош со услугата, посетете ја веб страницата xxx.xxxxxxx.xx, контактирајте го Операторот на 122 или xxxxx@xxxxxxx.xx
Овие услови за користење на “Виртуелен Диск“ услугата стапуваат во сила во моментот на притискање на копчето “Активирај”.