Contract
П Р Е Д Д О Г О В О Р
за запишување на прв циклус студии на
ПРВИОТ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОН
во академската 2013 / 2014 година
Склучен на ___________ 2013, во Скопје, помеѓу:
1. ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОН, од Скопје, бул. Војводина бр. 5, застапуван од директорот Xxxxx Xxxxxxx, од една страна, во понатамошниот текст ФОН Универзитет
и
2. __________________________________________ од _______________, со адреса на ул.
_____________________________________ бр. ________ од друга страна, во понатамошниот текст кандидат
Член 1
Со овој преддоговор се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу ФОН Универзитетот од една страна и кандидатот за запишување на студии на, во прв циклус студии, од друга страна.
Член 2
Во првиот уписен рок на студии може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура.
Во вториот и третиот уписен рок на студии може да се запише и лице кое положило училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење.
Член 3
Студирањето во прв циклус студии на ФОН Универзитетот е со лично финансирање.
Годишната школарина за студирање во прв циклус студии на ФОН Универзитетот изнесува 2.000 евра за секоја година на студии.
Според квотата, со оглед на успехот од средното образование, за академската 2013/2014 година на кандодатот му се одобрува рабат од 900 евра, со што годишната школарина изнесува 1.100 евра.
Член 4
Кандидатот е должен, при склучување на овој преддоговор, да уплати депозит во износ од 550 евра.
Член 5
На кандидатот кој, согласно објавената конечна ранг листа, нема да биде примен на студии на ФОН Универзитетот, Универзитетот е должен уплатениот депозит да му го врати во целост.
Член 6
На кандидатот кој нема да положи државна односно училишна матура, уплатениот депозит му го гарантира запишувањето на ФОН Универзитетот по исполнувањето на потребните услови.
Член 7
На кандидатот кој, согласно објавената конечна ранг листа, е примен на прв циклус студии, а потоа од било која причина се откаже од намерата да студира на ФОН Универзитетот, Универзитетот нема обврска да му го врати уплатениот депозит.
Член 8
Кандидатите кои согласно објавената конечна ранг листа се примени на студии, склучуваат договор за студирање на прв циклус студии со ФОН Универзитетот, со што се стекнуваат со статус на студент на Универзитетот.
Член 9
Кандидатот кој е примен на прв циклус студии на ФОН Универзитетот, преостанатиот износ на годишната школарина може да го уплати целосно или на две еднакви рати.
Првата рата кандидатот е должен да ја уплати со почетокот на зимскиот семестар, најдоцна до 15 септември, а втората со почетокот на летниот семестар, најдоцна до 15 февруари.
Член 10
Сите износи изразени во евра се плаќаат во денарска противвредност, според средниот курс на еврото на слободниот менувачки пазар на денот на плаќањето, утврден од страна на ФОН Универзитетот.
Член 11
На студентот кој нема целосно да ја исполни обврската за доплата на износот на годишната школарина во пропишаниот рок од член 9 на овој преддоговор, ќе му биде оневозможено понатамошно остварување на правата кои произлегуваат од статусот студент на ФОН Универзитетот, а предходно уплатените средства, Универзитетот нема обврска да му ги врати.
Член 12
Двете страни изјавуваат дека овој Преддоговор е израз на нивна слободно формирана и изразена волја, го прифаќаат за свое правно дело и како таков, своерачно го потпишуваат.
ЗА ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ, К А Н Д И Д А Т
Д И Р Е К Т О Р
___________________ ___________________
Xxxxx Xxxxxxx