невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Битола, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 03.08.2023 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Битола. Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно
ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско- корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место 1: Образовен асистент - Активно следење на ученикот во текот на редовната настава, за време на одржувањето часовите, а во насока на обезбедување помош при изработката на домашните задачи и полесно усвојување на наставните содржини во текот на целата учебна година 2022/2023
Позиции за работно место 1: 13
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: Дипломиран учител, психолог, или Професор по македонски јазик, социолог, педагог
Работно место 2: Воспитувач во детска градинка - Активно извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца во учебната година 2022/2023
Позиции за работно место 2: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен - важечка лиценца за воспитувач
Работно место 3: Неговател во детска градинка - Активно извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца во учебната година 2022/2023
Позиции за работно место 3: 4
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: средно медицинско училиште, средно образование - насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште, важечка лиценца за неговател
Работно место 4: Фасцилитатор на во Инклузивен центар за деца од ранливи групи - помош на децата во на Инклузивен центар за деца од ранливи групи
Позиции за работно место 4: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: Дипломиран учител, психолог, или Професор по македонски јазик, социолог, педагог, четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование - насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско- корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Битола во периодот од 03.08.2023 година до 09.08.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Битола и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Битола кај лицето м-р Xxxxxx Xxxxxxx Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Битола кај лицето Xxxxx Xxxxxxxxx, Центар за социјлна работа Битола кај лицето Вања Гагачев.
Бр. 08-516/21 01.08.2023
Градоначалник на Општина Битола Xxxx Xxxxxxxxxx