Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од август 2019 година започна да го реализира проектот „Игра за промени – Дигитална симулациска игра – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“, со грант Договор бр. HED/ADM/GRC/2019/0017...
Предмет: Барање за ангажирање на двајца соработници (Сценарист и Дизајнер на игра) бр.
03/2019
Датум на објавување: 04.11.2019 година
Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од август 2019 година започна да го реализира проектот „Игра за промени – Дигитална симулациска игра – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“, со грант Договор бр. HED/ADM/GRC/2019/0017 од 28/05/2019 год., со Хедаја- Центарот за екселенција. Проектот е со времетраење од 12 месеци и финансиски е поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија.
Проектот „Игра за промени – дигитална симулациска – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“- ја користи гемификацијата во образованието како иновативна алатка за едукација.
Гемификација ги охрабрува учениците на акција и на глобално ниво е еден од најпопуларните и најпосакуваните трендови за учење меѓу учениците. Гемификација директно влијае врз вклученоста и мотивираноста и индиректно води кон стекнување на повеќе знаења и вештини.
Со проектот, ќе продуцираме сериозна игра како алатка за едукација и обука за наставници, ученици и младински работници за препознавање и превенција на радикализацијата на младите, што може да резултира во екстремизам, насилство и тероризам.
Таргет групи (или директни корисници) на проектот се:
•
•
•
Средни училишта Наставници Ученици
•
Претставници на HBO секторот и младински работници
(во 5 општини: Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Куманово )
Дел од активностите на проектот е и развој дигитална игра како едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците и за која што го објавуваме овој повик за ангажирање на двајца соработници (Сценарист и Дизајнер на игра).
Ве покануваме да ја доставите Вашата понуда (квалитативна и финансиска) согласно спецификацијата на услугите во табелата:
Опис на услуги | Количина | Вкупна цена бруто | |
(во МКД) | |||
1. | Сценарист за развој на сценарио за Дигитална игра | ||
Целта на оваа услуга е изработка на сценарио за развој на дигиталната симулациска игра како едукативна алатка на темата и целите на проектот. | 1 | ||
- Услугата се изработува на македонски јазик, фонт Times New Roman со македонска поддршка, големина 12 и проред 1,5. - Услугата се реализира во соработка и координација со проектниот тим и останатите ангажирани соаботници за развој на дгиралната игра. - Експертот се очекува да има универзитетска диплома и работно искуство во развој на сценарија на слични проекти. | |||
Опис на услуги | Количина | Вкупна цена бруто | |
(во МКД) | |||
2. | Дизајнер на игра | ||
Целта на оваа услуга е изработка на документ- дизајн на игра за развој на дигиталната симулациска игра како едукативна алатка на темата и целите на проектот. | 1 | ||
- Услугата се изработува на англиски јазик, фонт Times New Roman, големина 12 и проред 1,5. - Услугата се реализира во соработка и координација со проектниот тим и останатите ангажирани соаботници за развој на дгиралната игра. - Експертот се очекува да има универзитетска диплома и работно искуство во областа на дизајн на дигитални игри и препознатливо практично искуство во оваа област. |
БЛИНК 42-21 во согласност со предвидената проектна временска рамка ќе го извести избраниот соработник за точните датуми и рокови за секоја услуга посебно во зависност од претходно реализираните активности или пак идните предвидени активности кои се во рамките на проектот. БЛИНК 42-21 и експертите за време на реализацијата на услугите ќе работат во меѓусебна координација.
Едно лице може да достави понуда само за една услуга од Повикот. Изборот на експерт за секоја од услугите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. БЛИНК 42-21 ќе склучи договор со избраните експерти, а плаќањето ќе се изврши на следниов принцип: 50% од вкупниот износ за секоја услуга по склучување на договорот и 50% по доставување и одобрување на финалната верзија на сценариото, односно дизајнот на игра. Плаќањето е врз основа на потпишан Договор со утврден вкупен бруто износ за дадената услуга, а исплатата е преку Македонска авторска агенција.
Во прилог треба да се достави следната документација:
• Прилог 1: Професионална биографија (CV)
• Прилог 2: Понуда со пополнети износи согласно табелата
• Прилог 3: Референтна листа на претходни реализирани услуги.
Понудата се доставува исклучиво во електронска форма преку е-пошта на info@blink42- 00.xx. Во предмет на е-пораката да стои: Понуда за Повик 03/2019, а бараните документи да се во прилог со потпис од апликантот во скенирана форма.
Понудата треба да се достави во рок од 8 работни денови од денот на објавувањето, односно најдоцна до 13.11.2019 год. до 16:00 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Сите експерти кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени за одлуката.
За сите дополнителни информации може да се обратите на е-пошта: xxxx@xxxxx00-00.xx .