Contract
Врз основа на член 29 од Договорот (Актот) за основање на Финансиското друштво ЦЕМАК-КРЕДИТИ ДОО Прилеп, Собирот на содружници на финансиското друштво (во понатамошниот текст: ФД) на седницата одржана на ден 04.05.2020 година ја донесе следната
О Д Л У К А
за промена на каматните стапки
Општи одредби
1. Со ова Одлука се утврдуваат каматните стапки што ФД ЦЕМАК-КРЕДИТИ ДОО Прилеп ќе ги применува на кредитите што ќе ги одобрува на лицата кои не се трговци и трговците и лицата од јавното право, како и на кредитите и позајмиците што ќе ги прима од лицата кои не се трговци и трговците.
2. ФД, при утврдувањето на висината на каматните стапки, ќе ги има предвид одредбите на Законот за облигациони односи и референтната стапка што ја објавува Народна банка на Република Македонија.
3. Највисоката редовна каматна стапка што ќе ја пресметува ФД на одобрените кредити ќе биде во висина до законската казнена камата, но не пониска од 3 % на годишно ниво.
4. Каматната стапка ФД ќе ја определува и врз основа на заклучоците што ќе произлезат од следење на другите параметри:
- движењето на понудата и побарувачката на парични средства,
- движењето на стапката на инфлацијата,
-движењето на каматните стапки на економските субјекти кои се занимаваат со земање и примање на кредити и позајмици во Република Македонија.
5. ФД ќе пресметува, наплатува и ќе плаќа камата со примена на единствена номинална каматна стапка и ќе ја искажува на месечно и годишно ниво;
6. Сите каматни стапки утврдени со оваа Одлука се променливи.
7. При пресметувањето на редовната камата се применува конформната метода на пресметка за бројот на деновите за кои се пресметува каматата, а при пресметката на казнената камата ќе се применува пропорционалната метода.
Активни каматни стапки на одобрените кредити
8. На кредитите што се одобруваат на лицата што не се трговци ќе се применува каматна стапка во висина од 3 % на годишно ниво.
9. На кредитите што се одобруваат на лицата што се трговци и лицата од јавното право ќе се применува каматна стапка во висина од 3 % на годишно ниво.
10. ФД може да одлучи, за времето од денот на исплатата до денот на ставањето на кредитот во отплата да пресметува и наплатува интеркаларна камата со примена на камтната стапка по која е одобрен кредитот.
11. На ненавреме вратените кредити ќе се пресметува и наплатува казнена камата по стапка која е во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи.
Пасивни каматни стапки на примени кредити и позајмици
12.На примените кредити и позајмици ФД ќе плаќа камата по каматна стапка што ќе се договори со кредиторот или заемодавачот.
13. Каматната стапка од точката 10 на оваа Одлука не може да биде повисока од највисоката каматна стапка што е пропишана со Законот за облигациони односи.
Други одредби
14. Отстапувања од понапред определените каматни стапки на кредитите може да се направат само со одлука на Собирот на содружници на ФД.
Предлогот на одуката што ќе се даде на усвојување на Собирот на содружници мора да биде поткрепено со писмено образложение за причините и мотивите поради кои се предлага поинаква каматна стапка за одобрување на кредитот
15. При откуп на државни хартии од вредност ќе се применува каматната стапка што е пропишана со актот на надлежниот државен орган кој ги продава хартиите од вредност.
16. Оваа Одлука влегува во сила и ќе се применува со денот на нејзиното усвојување.
*ФД го задржува правото да прави измени во Одлуката за промени на каматните стапки