Contract
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Број
. година
ДОГОВОР
за стипендија на ученици Xxxx од втора категорија
Склучен на ден година, помеѓу:
1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА со седиште на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, преставувано од министер Doc. Xx. Xxxxx Xxxxxxx (во натамошниот текст: давател на стипендија), од една страна и
2. ученик во година
(име на ученикот, име на родител/старател, презиме)
во
(назив на средното училиште)
во учебната 2023/2024 година со адреса на xxxxxxx xx. xx.
во , од друга страна како корисник на стипендија.
(град)
Член 1
Предмет на овој договор е доделување на стипендија за ученик од ромската заедница кој е запишан во јавните или приватните средни училишта во Република Северна Македонија согласно Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/24 бр. 19-10773/1 од 06.10.2023 година (во натамошниот текст: Конкурсот), утврдување на износот на стипендијата и регулирање на правата и обврските на договорните страни.
Член 2
На корисникот на стипендијата за учебната 2023/2024 година му се доделува стипендија од втора категорија.
Член 3
Давателот на стипендијата за учебната 2023/2024 година на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од 2.300 денари, за периодот додека трае наставната година.
Член 4
Во периодот на стипендирањето, корисникот на стипендијата се обврзува:
- Редовно да ја запишува наредната година на образование;
- Да ја заврши наставната година заклучно со 31 август 2024 година;
- Да достави свидетелство/диплома за завршена година или образование најдоцна до 15 септември 2024 година;
- Редовно да ја посетува наставата (освен во случај кога отсуството ќе биде оправдано од здравствени причини со приложување на соодветна документација до училиштето);
- Да ги извршува задачите и да ги реализира активностите кои ќе му бидат доделени од страна на Министертвото за образование и наука;
- Да настојува на зголемување на неговиот/најзиниот општ успех од оцените;
- Да соработува со тимот од Министерството за образование и наука и да ги направи достапни информациите врзани за стипендиите и образованието;
- Навремено да го извести Министерството за образование и наука за сите евентуални промени во врска со неговиот/нејзиниот статус на ученик (префрлување во друго училиште, преселба, откажување од школувањето, промена на контакт итн.).
Член 5
Давателот на стипендијата може да го раскине договорот доколку корисникот на стипендијата не ги исполнува обврските од член 4 на овој Договор.
Член 6
Во случај на спор по овој Договор, спорот ќе го решава надлежниот суд во Скопје.
Член 7
Овој Договор влегува во сила со денот на неговото потпишување од двете договорни страни.
Член 8
Договорот е составен во 2 (два) еднакви примероци, од кои еден за корисникот, а еден за давателот на стипендијата.
КОРИСНИК НА СТИПЕНДИЈАТА ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА МИНИСТЕРТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
MINISTRIA E ARSIMIT DHE SHKENCËS DOC. XX. XXXXX XXXXXXX
(име и презиме на стипендист)
(име и презиме на родител/старател)
Изготвил: Xxxxxx Xxxxxxx Прегледал: Xxxxxx Xxxxx