Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-крг-гп 20-12-мк
Услови за осигурување по генерална полиса
член 1: предмет на осигурување и воведни одредби
[1] Со осигурување по генерална полиса може да бидат осигурени:
1) сите набавени предмети;
2) сите продадени предмети;
3) сите предмети кои се пренесуваат или превозуваат на ризик на осигуреникот;
4) сите предмети без оглед на чиј ризик се пренесуваат или превозуваат.
[2] Независно од погорната одредба, следново не е предмет на осигурување:
а) увозни, извозни и реекспортни пратки; б) основни средства;
в) багаж на трговски патници и разни колекции; г) саемска и изложбена стока;
д) предмети во сопственост на трети лица;
ѓ) предмети кои надминуваат одредени габарити во јавен превоз, освен ако преминувањето на тежината и/или обликот и/или димензијата не е во директна врска со настанување на штетниот настан, кои инаку се покриени според условите од полисата;
е) амбалажа која не е фактурирана, цистерни, контејнери, плински боци и сличнo;
ж) пари и хартии од вредност; з) веќе оштетена стока.
[3] За осигурување на предметите наведени од а) до ж) во претходниот став и за осигурување на уметнички и музејски предмети, нумизматички и филателистички збирки и предмети, благородни метали и скапоцени камења и слични предмети, осигурувачот утврдува евентуални дополнителни услови и премија за осигурување.
[4] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[5] Овие услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување кој договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
[6] Во смисла на овие услови одделни изрази значат:
осигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување кое врз основа на склучениот договор за осигурување го презема осигурениот ризик;
договарач на осигурување - лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот;
осигуреник - лице чиј предмет, односно имотен интерес се осигурува. Договарачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице освен кај осигурувањата за туѓа сметка; премија за осигурување - износ којдоговарачот на осигурувањето го плаќа на осигурувачот;
полиса - исправа за склучениот договор за осигурување;
франшиза - учество на осигуреникот во штета;
износ на осигурување - највисок износ на обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување, но по настанување на осигурен случај.
член 2: опсег на покритие
[1] Предметите се осигурени од сите ризици на загуба или оштетување, но во никој случај не е покриена загуба, оштетување или трошоци кои би настанале директно поради природни својства на предметите, доцнење на патувања, скриени грешки или вообичаена загуба на предметите за време на превозот и недостатоци кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката.
[2] Ако не се договори поинаку, штетата се надоместува без одбиток на франшиза.
[3] Освен од ризиците наведени во првиот став од овој член, со посебен договор може да се осигурат предметите во превоз и од следниве посебни транспортни ризици:
а) замрзнување или одмрзнување; б) загревање и/или потење;
в) расипување; г) стврднување;
д) самозапалување; ѓ) експлозија;
е) надувување на конзерви;
ж) оштетување на налепници (етикети);
з) смрт, кршење нога и принудно колење на говеда, копитари, ситна стока, свињи и дивеч;
ѕ) смрт на риби, живина, пердувест дивеч, пилиња со старост од 5 до 20 дена, жаби, полжави, ракови, школки и пчели;
и) ’рѓа, оксидација и корозија;
ј) зголемена опасност поради надминување на обликот и димензијата на пратката (вонгабаритна стока);
к) природна ферментација; л) per axe.
[4] Осигурувачот ги осигурува наведените посебни превозни ризици врз основа на посебни услови и со пресметување на дополнителна премија.
[5] Со осигурување според овие услови, осигурувачот ги покрива и трошоците, загубата и останатата штета предизвикани од разумни обиди за спречување на непосредни опасности за настанување на осигурениот случај и обиди да се ограничат неговите штетни последици (и во случај кога тие обиди се безуспешни), но со услов дека тие трошоци и останатата штета се во директна врска со осигурениот случај и дека се покриени со осигурување според овие услови. Осигурувачот ги надоместува овие износи и тогаш кога заедно со надоместокот на штетета ја надминуваат осигурената сума и/или најголемите обврски на осигурувачот.
[6] Осигурувачот ги покрива и придонесите во случај на општа катастрофа.
член 3: исклучување од осигурување
[1] Осигурувачот не го надоместува оној дел од штетата кој ќе настане независно од превозните опасности (обичен растур, кало, расипување, истекување и слично) и тоа во опсег (процент) предвиден со прописите или примената. Ако е склучено осигурување со договорена франшиза, осигурувачот ја зема предвид само договорената франшиза, а не и одбитокот од овој став.
[2] Осигурувачот не ги покрива штетите што настанале како последица на:
а) пренос или превоз кој се извршува исклучиво на подрачјето на еден погон или повеќе погони кои сочинуваат просторна целина;
б) зли намери или груба невнимателност на осигуреникот или корисникот на осигурувањето;
в) скриени грешки и природни својства на предметите;
г) неправилно или недоволно пакување, неправилно редење или недоволна заштита на предметите на превозното средство;
д) неправилни или недоволни ознаки на стоката со оглед на нејзините посебни својства (предупредувачки налепници или ознаки, запишување на предупредувањата во договорот за превоз и слично);
ѓ) избор на такво превозно средство кое по својата конструкција и опременост не е соодветно за превоз на осигурената пратка и избор на такво превозно средство кое поради своите недостатоци и грешки не гарантира сигурен превоз на осигурената пратка;
е) неможност да се дадат јасни и прецизни упатства на превозникот и возачот во врска со брзината на превозот која е потребна за посебните својства на стоката;
ж) неможност да се дадат упатства на превозникот во врска со сигурниот превоз на стоката;
з) неможност да се дадат посебни мерки во врска со превозот на предмети кои ги надминуваат пропишаните габарити во јавниот превоз, освен ако надминувањето на тежината и/ или обликот и/или димензиите не е непосредно врзано со настанување на штетен настан кој инаку е покриен според условите на полисата за осигурување;
ѕ) неправилна или неточна декларација на стока;
и) одговорност на превозникот, ако осигуреникот или корисникот на осигурувањето или нивен ополномоштеник го ослободил превозникот од одговорност;
j) агресија, војна или други вооружени немири.
[3] Погоре наведените исклучувања не важат кога штетата е предизвикана од активност или пропуст на превозникот, па штетата е последица на неправилно редење или недоволна заштита на пратката на превозното средство, избор на превозно средство кое поради својата конструкција или опременост не овозможува сигурен превоз на пратката или непреземање на посебни мерки во врска со превоз на пратка која ги преминува пропишаните габарити во јавниот превоз.
член 4: траење на осигурувањето
[1] Осигурувањето започнува со почетокот на товарањето на предметите на превозното средство, а завршува во моментот кога предметите се истоварени од превозното средство на крајното одредиште.
[2] Ако произведувачот или продавачот ја доставува стоката до станот или куќата на корисникот на стоката, со ова осигурување се покриени и настанатите штети за време на доставата и тоа до местото до кое продавачот преземал обврска да ја достави стоката.
[3] Кога осигуреникот сам превозува предмети, истите се осигурени на превозното средство:
а) најмногу 24 часа по завршувањето на натоварот на
превозното средство во местото за испорака, ако возилото сè уште не тргнало на пат;
б) најмногу 24 часа по приемот на пратката во одредишното место;
в) за време на евентуални прекини на патувањето и за време на меѓу-ускладиштувања, со услов превозното средство да е под надзор или да се наоѓа во затворен простор за време на мирувањето, но најдолго 3 дена.
[4] Во наведениот рок од 24 часа не се сметаат недели и празници.
[5] Горенаведените одредби нема да се земат предвид кога пратката е предадена на јавни превозници со соодветен превозен документ.
член 5: осигурена вредност
[1] Осигурена вредност на предметите што ги продава или купува осигуреникот е нивната фактурна вредност зголемена за трошоците за превоз, а за сите останати предмети, осигурена вредност е нивната пазарна вредност.
[2] Осигуреникот може да осигури и пратки кои ја надминуваат најголемата обврска на осигурувачот одредена во полисата, но со услов пред испораката посебно да ја пријави во осигурување таквата пратка. Притоа, осигурувачот има право да одреди посебни услови и/или премија за осигурување.
член 6: премија и пресметка на премијата за осигурување
[1] Осигуреникот е должен до 15-от ден од месецот по периодот наведен во генералната полиса да му достави на осигурувачот податоци во писмена форма за пресметка на премијата за осигурување.
[2] Во врска со член 1, став 1 од овие услови, основа за пресметка на премијата е:
1) збир на вредностите од сите доспеани фактури; или
2) збир на вредностите од сите фактури за реализација;
3) или:
а) збир на вредностите од сите доспеани фактури и сите фактури за реализација намалени за 50%;
б) збир на вредностите од сите доспеани фактури и сите фактури за реализација без намалување од 50%;
в) збир на вредностите од сите предмети кои се превозуваат на ризик на осигуреникот и за кои осигуреникот води соодветна евиденција.
[3] Кај компании кои имаат повеќе работни единици на различни места, а помеѓу кои се извршува превоз на стока или полупроизводи, во основата за пресметка на премијата се зема и интерната евиденција за стоката превезена помеѓу таквите работни единици.
[4] По приемот на известувањето од осигуреникот, осигурувачот пресметува премија според договорените премиски стапки и му доставува фактура која мора да биде платена во рокот наведен во фактурата.
[5] Премијата може да се пресмета однапред ако пријавите се однесуваат на период подолг од три месеци до една година, односно ако по приемот на фактурата, пријавата содржи известување за период до три месеци.
[6] Осигурувачот има право на увид во деловните книги и евиденции на осигуреникот заради проверка на исправноста на податоците пријавени за пресметка на премијата.
[7] Осигурувачот е должен да ги чува како деловна тајна податоците од доставените пријави и податоците кои ги дознал при преглед на деловните книги од осигуреникот.
член 7: обврски на осигуреникот при настанување на штета
[1] При настанување на штета, осигуреникот или негов ополномоштеник мора заедно со превозникот, односно возачот да ја утврдат штетата согласно законските прописи.
[2] Осигуреникот е должен да ги преземе сите мерки за спасување и спречување на понатамошна штета на осигурената пратка.
[3] Со исплата на надомест од осигурување, на осигурувачот преминуваат сите права спрема лицето кое по кој било основ е одговорно за штетата до висина на исплатениот надомест.
[4] Ако поради вина на осигуреникот во целост или делумно е оневозможен овој премин на правата на осигурувачот, осигурувачот во соодветна мера се ослободува од своите обврски спрема осигуреникот.
член 8: висина на надомест од осигурување
[1] Во случај на целосна или делумна неиспорака или целосно или делумно оштетување на предметите, осигурувачот е должен да исплати надомест во висина на осигурените вредности или дел од осигурените вредности.
[2] Ако трошоците за поправка би биле еднакви или поголеми од осигурените вредности на стоката, осигурувачот има обврска да исплати надомест кој е еднаков на осигурената вредност или дел од осигурената вредност намален за вредноста на спасените остатоци.
[3] При делумно уништување на осигурените предмети, осигурувачот има обврска да исплати надомест кој е еднаков на трошоците за поправка, но најмногу до осигурената вредност со тоа што ќе ги надомести и трошоците за замена на поединечни делови или делови од осигурената стока (превозни трошоци, трошоци за монтажа и слично).
[4] При делумно уништување на осигурената стока, осигурувачот може да ја надомести штетата врз основа на процена на штетата, со тоа што ќе изврши процена на вредноста на осигурените предмети пред и по оштетувањето. Врз основа на разликата помеѓу овие две вредности, осигурувачот го утврдува процентот на штетата и врз основа на тоа ја пресметува висината на надоместокот.
[5] Ако осигуреникот поради делумно или целосно уништување на стоката бил принуден да ја продаде оштетената стока или нејзини остатоци или ако за продажбата се договорил со осигурувачот, осигурувачот има обврска да исплати надомест во висина на разликата помеѓу осигурената вредност и добивката постигната со продажбата.
[6] Осигурувачот го исплаќа надоместокот во денари.
член 9: оштетно побарување и надомест на штета
[1] Осигуреникот или корисникот на осигурувањето е должен да му приложи на осигурувачот докази дека загубата, односно оштетувањето настанало:
- на осигурената релација;
- за времетраењето на осигурувањето;
- како последица на еден од осигурените ризици; и
- во висина, односно опсег како што е наведено во оштетното побарување.
[2] Осигурувачот е должен да го исплати надоместокот во рок од 14 дена од денот кога е утврден износот на обврските.
[3] Осигурувачот во никој случај не е должен да ги преземе оштетените предмети.
член 10: траење и отказ на осигурувањето
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувањето според оваа полиса се склучува на неодредено време со тоа што секоја договорна страна може да го откаже со препорачано писмо во рок од три месеци пред истекот на осигурителната година.
член 11: информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје Седиште: бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 12: обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 13: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 14: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Соцелводењенапостапказанадоместнаштетаивоспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 15: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 16: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 14, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 17: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „xxx.0- ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer. xx@xxxxxxx.xx.
член 18: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време,
бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 19: Санкциска клаузула – рестриктивна мерка за спречување на перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 20: приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 21: измена на условите за осигурување и тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени Условите за осигурување или Тарифата на премии, за промената е должен во писмена форма да го извести договорувачот на осигурувањетово рок согласно законските прописи пред почетокот на следниот период на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот за осигурување престанува да важи по истекот на периодот за осигурување.
[3] Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување согласно став 2 од овој член, новите услови за осигурување, како и Тарифата на премии се применуваат со почетокот на следниот период на осигурување.
[4] Одредбите од овој член се однесуваат на осигурување со неограничен рок на траење или осигурување со траење подолго од 1 година.
член 22: меродавно право и судска надлежност
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 23: надзор над друштвото за осигурување
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
член 24: застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 25: Изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/ осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 26: влегување во сила
[1] Овие Услови со назнака УС-крг-гп/20-12-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.