Contract
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВИНЕР - ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП СКОПЈЕ
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОПАСНОСТ ОД ПОЖАР И НЕКОИ ДРУГИ ОПАСНОСТИ
(Пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управениот Одбор на Винер-Виена Иншуренс Груп АД Скопје со
Арх.бр.7102/0202/1/19 од 16.05.2019 година
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Предмет на осигурување од опасностите наведени во членот од овие Услови можат да бидат сите ствари освен оние што со овие Услови се исклучени од осигурувањето.
(2) Осигурени се само оние ствари кои се означени во полисата, а според следните одредби:
1) кај осигурувањето на градежни објекти и други неподвижни ствари се сметаат осигурени сите делови на градежниот објект, темелните и подрумските зидови, сите вградени инсталации, сета вградена опрема(лифт, централно греење со цистерна за гориво, бојлери, уреди за климатизација, хидрофори и др.). Посебно не може да се осигура само кровот и запаливите делови на градежниот објект.
2) кај осигурување на подвижни ствари, ако во полисата стварите не се поединечно наведени, туку како група, се смета дека се осигурени сите ствари што се наоѓаат во местото на осигурување, а и припаѓаат на осигурената група, како оние што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, така и оние што дополнително се внесуваат во таа група.
Осигурени се само оние ствари што се сопственост на осигуреникот и на лицата што со него живеат во заедничко домаќинство.
(3) Само ако е посебно договорено и во полисата означено, осигурени се:
1) стварите на работниците кои се на работа на местото на осигурување, како и стварите на трети лица примени заради поправка, преработка, обработка, чување, продажба, во залог под наем и на услуга;
2) брани-масивно градени (од камен, бетон, метал) и насипи од земја со непропустливо јадро и обложени со цврст материјал (камен, бетон и сл.)од водената страна;
3) железнички пруги;
4) изградени брегови, кејови, пристаништа-брани и пропусти (камен, бетон,метал и сл.);
5) насипи-обложени или обѕидани со цврст материјал (камен, бетон, асфалт и сл.);
6) мостови;
7) огради, потпорни ѕидови, патишта, друмови, авионски писти, тротоари, поплочени дворишта;
8) жичана мрежа со столбови - во лозја, хмелските насади, овошните плантажи и сл.;
9) мелиорации, регулации и обложени или обѕидани насипи на водени текови, кои се масивно градени;
10) подземни, надземни и подводни мрежи (водоводна, канали-зациона, телефонска, плинска, електрична и сл.) освен мрежата што е составен дел на зградата, како и мрежата на територијата на индустриското претпријатие;
11)спортски терени, терени на детски игралишта, отворени ка-палишта и лизгалишта; 12)пари и хартии од вредност;
13)ствари во рудници под земја; 14)залихи на шталско ѓубре; 15)ствари на изложби и панаѓури;
16)приколки, самоодни машини и трактори на земјоделски сто-панства;
17) масла и останати полнења, како катализатори кога нивната вредност не е содржана во вредност на осигурените предмети;
18)телевизиски и радио антени.
(4) По овие услови не можат да бидат предмет на осигурување:
1)земјишта,, брани и насипи што не се изградени во смисла на ставот (3) точка 2) и 5) од овој член на условите, морска вода во преработка;
2) насипи брегови, кејови, пристанишни брани и пропусти;
3)посеви на страк, плодови на стебло, родни и неродни насади (овоштарници, лозја и сл.), освен овошни стебла во дворни места;
4)копнени моторни возила, приколки и самоодни машини, освен во случај од ставот (3), точка
16) и кога преставуваат трговски залихи во трговијата, царинските складови, во работилниците на поправки и слично;
5) пловни објекти на вода;
6) воздушни летала;
7) стока во превоз;
8) риби и други животни во истечни и мирни води;
9) ствари изложени на саеми; 10)непечени тули на отворен простор; 11)патишта без долна подлога.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 2
(1) Осигурувањето по овие Услови дава осигурителна заштита од следните ризици(основни ризици):
1) пожар
2) удар од гром;
3) експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено;
4) излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација;
5) луња;
6) град;
7) удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти;
8) паѓање на воздушни летала;
9) манифестација и демонстрација;
(2)Ако посебно се договори и плати доплатна премија, осигурителната заштита се проширува на еден или на повеќе дополнителни опасности, според тоа како ќе се договори, и тоа:
1) поплава и порој;
2) лизгање и одронување на земјиште;
3) слегнување на тлото;
4) снежна лавина;
5) истечување на течности (лекажа);
6) самозапалување на залихи;
7) излевање на вжарена течна растопена маса;
8) удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект;
9) земјотрес.
Индустриските организации кои произведуваат, обработуваат или преработуваат течна растопена маса, можат со зголемување на премија да договарат проширена заштита и од ризикот излевање на вжарена течност растопена маса.
(3) Со осигурувањето, кога ќе се оствари осигурен случај, се покриени:
1) штетите од уништување или оштетување на осигурена ствар предизвикани при спасување (рушење, изнесување, укажување помош и слично) поради настанатиот осигурен случај;
2) трошоците направени за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурената ствар;
3) трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај на осигурената ствар за преземените мерки заради отклонување и намалување во висина одредена според членот 22 од овие Услови.
(4)Осигурувачот е во обврска да исплати надоместок само во случај на непосредна штета на осигурената ствар, а не и посредна штета , како што е штета до која дошло заради: загуба на закупнина, загуба предизвикана со прекин на работа, намалена можност за употреба и заради други слични загуби поради настанатиот осигурен случај.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИТЕ ОД ПОЖАР И УДАР ОД ГРОМ
Член 3
(1)Под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган појавен надвор од определено огниште или оган кој го напуштил ова место и е способен по-натаму да се развива со својата сопствена сила.
(2)Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да плати надоместок ако осигурената ствар е уништена и оштетена:
1) поради изложување на оган или топлина заради обработка или за други цели (на пример во индустриска преработка при пеглање, сушење, пржење, печење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет и сл.);
2) со осмадување (подгорување), опрлување или прегорување од цигари, пури, справи за осветлување, жар и сл.
3) поради вриење или затоплување, варење, чадење и сл.
(3) Со осигурувањето од опасности од пожар не се опфатени штети на оџаците настанати во врска со вршење на нивната функција.
(4) Не се опфатени штети од самозапалување на оџаци и други издувни канали, вентилации и сл.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИТЕ ОД УДАР ОД ГРОМ
Член 4
(1) Осигурувањето од удар од гром, во смисла на овие Услови, покрива штети што громот ги предизвикал на осигурените предмети со дејство на силата или топлината , како и штети од удар на предмети соборени од громот.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1) штети на осигурените електрични машини, апарати, (вклучувајќи ги и апаратите за готвење, пеглање, греење на кревет, радио апарати, телевизиски приемници, ламби сијалици и сл.) или на електрични водови заради дејство на електрична енергија од пренапон или загревање поради преоптоварување, атмосферски влијанија како статички оптоварувања, индукација поради атмосферски празнења и слични појави, бидејќи таквите штети се сметаат за погонски. Меѓутоа, се надоместува штета од пожар што би настанал со дејствување на електричната енергија и кој, по престанување на тоа дејство, самостојно би се развивал;
2) штети предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар на гром, како и штети на заштитни осигурувачи од било кој вид, заштитни прекинувачи, одводници за пренапон, громобрани и слични уреди, настанати при вршење на нивната нормална функција.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ИНСТАЛАЦИЈА Член 5
(1) Излевање на вода, во смисла на овие Услови, се смета:
1) неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни (канализациони) инсталации, како и од уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди и апарати што се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, прскање на тие уреди и апарати.
Под инсталација на соодветниот објект се смета се до приклучокот на надворешната мрежа (пример: шахта, хидрофор, подстаница за топла вода).
2) неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или за парно греење.
(2) Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводната и одводната канализациона мрежа, на уредите за греење со топла вода и за парното греење, како и за нивната заштита од мраз, како и за редовно одржување и сервисирање на уредите и апаратите кои што се приклучени на водоводна мрежа и истото да го докаже со соодветен доказ, во спротивно секоја наредна истородна штета не претставува осигуран случај.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети:
1) од излевање на вода од отворени славини, како и од водоводни (канализациони цевки), ако штетата настанала поради затнување на цевките;
2) од кршење или прскање заради смрзнување настанати на самите водоводни и одводни уреди, апарати и котли;
3) поради дотраеност, истрошеност и корозија во просториите на осигуреникот кои се достапни на контролата на осигуреникот;
4) од габички поради влага;
5) загуба на вода и загубена добивка, односно испуштена корист;
6) штети на хидроскопни залихи кои не се ускладиштени на палети високи најмалку 10 см. или на пропишан начин;
7) настанати како последица на повреда на должноста на осигуреникот од ставот (2) од овој член;
8) од излевање вода од надворешна инсталација (улична и сл како и штети настанати поради протекување на вода од олуци и прокиснување на рамен кров)
9) од слегнување на земјиште како последица на излевање на вода од водоводни и канализациони цевки;
10)поради смрзнување на инсталациите и уредите кои се под контрола на осигуреникот.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ЕКСПЛОЗИЈА
Член 6
(1) Под експлозија, во смисла на овие Услови, со исклучок на експлозија од нуклеарна енергија, до колку поинаку не се договори, се смета ненадејно пројавување на сила, заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок (казани, цевки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати што се јавува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1) штети на стварите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица;
2) штети на машини предизвикани од експлозија во просторот за внатрешно согорување (цилиндер на моторот);
3) штети од експлозија што се нормална појава во процесот на производството;
4) штети од експлозивно издувување од печки и слични направи;
5) штети од експлозија од биолошки карактер;
6) штети поради пробивање на звучен ѕид;
7) штети од воден удар, кои во тунели и цевководи под притисок се манифестираат како експлозија;
8) штети од експлозија на садови под притисок од ставот(1) алинеја 2 од овој член поради дотраеност, појава на трошење или прекумерна наслага на рѓа, бигор, талог, тиња на осигурените ствари, но се надоместува штета на други ствари во врска со настанатата експлозија.
9)штети од експлозија настаната како последица од било какво експлозивно тело, направа или уред ( бомба, мина, експлозив, муниција).
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ЛУЊА
Член 7
(1)Под луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото каде што се наоѓаат осигурените
предмети, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил редовно одржуван градежен објект. Во случај на сомневање, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај на
Институтот за хидрометеорологија.
(2) Штети од луња се опфатени со осигурувањето ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети:
1) со непосредно дејство од луњата;
2) со директен удар од соборените или од носените предмети од луњата;
3) нанесување на снег со ветер.
(3) Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
1) од навлегување на дожд, град или снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат на зградата, освен ако отворите настанале од луњата;
2) штети од дожд и други врнежи на ствари сместени во слободен простор (во пластови, камари и сл.), во ритчиња, под настрешници и други отворени згради;
3) над со пропис предвидена тежина на снег;
4) на градежен објект што не бил изграден според вообичаениот начин на градење во тоа место, или кој слабо е одржуван или е дотраен;
5) на фолии од вештачки материјал на топли леи, а кои служат за покривање на растенија непосредно или во вид на тунел, доколку поинаку не се договори, освен најлони чиј век на траење по гаранција на производителот е помал од една година.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ГРАД
Член 8
(1)Со осигурувањето се опфатени штети од уништување, односно оштетување на осигурените ствари што ги предизвикува градот со својот удар. Опфатени се и штетите од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.
(2)Со осигурувањето не се покриени штети на стаклата и на фолиите на топли леи и на оранжерии, како ни штети на малтерот (жбуката) на фасадата лошо одржувана или дотраени.
Доколку посебно се договори покриени се штети на стакла и најлони за топли леи и стакленици, освен за најлони чиј век на траење по гаранцијата на производителот е помал од една година.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД УДАР НА СОПСТВЕНО МОТОРНО ВОЗИЛО И СОПСТВЕНА ПОДВИЖНА РАБОТНА МАШИНА Член 9
(1) Со осигурувањето се опфатени штети што настанале од удар на сопствено моторно возило или со сопствена подвижна работна машина на осигурените градежни објекти.
(2) Со осигурување се опфатени и штети на други осигурени предмети
кои ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или на дел од објектот, предизвикано со удар на моторно возило во смисла на став (1) од овој член.
(3) Штети за кои е очигледна намера не претставува осигуран случај.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ПАЃАЊЕ НА ВОЗДУШНО ЛЕТАЛО
Член 10
(1)Под паѓање на воздушно летало, во смисла на овие Услови, се смета паѓање на воздушно летало било од кој вид врз осигурени предмети.
(2) Се смета дека настапил осигурен случај паѓање на воздушно летало, ако со непосреден удар на воздушното летало или од неговите делови, како и од предмети од воздушното летало, се уништи или оштети осигурената ствар.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД МАНИФЕСТАЦИЈА И ДЕМОНСТРАЦИЈА
Член 11
(1) Под манифестација и демонстрација, во смисла на овие Услови, се смета организирано или спонтано јавно покажување на нерасположение на група граѓани;
(2) Се смета дека настапил осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурената ствар е уништена било на кој да е начин на делување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, разбивање, палење и др.).
(3) Група граѓани во смисла на овој член не се сметаат редовно, привремено на замена и сезонско вработени или лица на кои од некои причини им прекинал работниот стаж во организацијата ( технолошки вишок,стечај и сл.) (“осигуреникот”)
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ПОПЛАВА, ПОРОЈ И ВИСОКА ВОДА
Член 12
(1)Под поплава , во смисла на овие Услови, се смета стихиско неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера, мориња и др.) заради тоа што водата се излила од коритото или го провалила одбрамбениот насип или браната, излевање на вода поради вонредна висока плима и на брановите на море и езера со необична јачина, и од надоаѓање на вода од вештачки езера.
Поплава се смета и неочекувано плавење на терен поради нагло образување на големо количество водна маса која настанала како последица на провала на облак (пороен дожд).
Под порој се смета стихиско неочекувано плавење на терен со водна маса што се образува на низбрдни терени поради силни атмосферски врнежи и се слива низ улици и патишта.
Со осигурувањето од поплава се опфатени само штети предизвикани
на осигурени ствари за време додека поплавата трае и непосредно по повлекување на водата.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1) штети на цевководи, канали и тунели од внатрешната страна предизвикани од механичкото дејство на водата;
2) штета од габички поради влага;
3) штети од слегнување на теренот како последица на поплава и порои;
4) штети од подземна вода во ускопи, нископи, подземни ход-ници и јами во рудниците;
5) штети од плавење од вода излеана од канализациона мрежа, освен ако до излевањето дошло поради поплава или порој;
6) штети на ствари сместени во живи и суви корита на потоци и реки, како и на простор помеѓу потоци односно реки и насипи (инудационо подрачје), до колку поинаку не се договори.
7) штети на хидроскопни залихи кои не се ускладиштени на палети високи најмалку 10 см. или пропишан начин.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети на хидроградежни објекти поради подлокување на надворешните страни, а на канали, тунели и цевководи штетите од притисокот предизвикан од поплава во смисла на претходниот став, доколку поинаку не се договори.
(4) Со осигурувањето се опфатени штети од висока вода на хидро-градежни објекти. Под висока вода, во смисла на овие Услови се смета:
1) исклучива појава на невообичаен пораст на водостојот;
2) подземна вода како последица од висока вода;
Обврската на осигурувачот за штети од висока вода и подземна вода како нејзина последица почнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот или протекот измерен спрема најблискиот поставен покажувач на водостојот.
За секој одделен месец нормален е овој највисок месечен водостој за последните 20 години што го покажува покажувачот на водостојот најблизок до осигурените ствари, со исклучок на особено високите водостои.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ И ОДРОНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
Член 13
(1) Под лизгање на земјиште, во смисла на овие Услови, се сметаат ненадејни движења на земјишната површина на коси терени со јасни манифестации на расцепување на површината на земјиштето и срозување кои, со појава на силни деформации и пукнатини на градежните објетки, настануваат во краток временски период.
(2) Под одронување, во смисла на овие Услови, се смета откинување и паѓање на материјалот како геолошка појава, или во врска со лизгањето на теренот.
(3)Се смета дека настапил осигурениот случај доколку деформациите, оштетувањата или уништувањата на осигурениот предмет настанале поради движење на земјиштето, притисок или удар на земјишниот материјал.
(4) Со осигурувањето не се опфатени штетите:
1) на осигурениот предмет кои настанале пред или во моментот на склучувањето на осигурувањето;
2) на осигурениот предмет доколку лизгањето на земјиштето или одронувањето се предизвикани со дејноста на осигуреникот или со дејноста на било кое лице;
3) со осигурувањето не се опфатени трошоците за санирањето на земјиштето.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД СЛЕГНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
Член 14
(1) Под слегнување на земјиште, во смисла на овие Услови, се смета ненадејно вертикално движење на земјиното тло-улегнување како геолошка и хидролошка појава.
(2) Со осигурувањето по овие Услови се опфатени штети од уништување и/или конструктивно уништување на осигурениот предмет. Под конструктивно оштетување на осигурените ствари се сметаат, деформации, пукнатини, кршење на пооделни витални делови, објекти, уреди, инсталации и слично, без кои објектот, уредите, инсталациите и сл. не можат да се стават во предвидената функција и/или безбедно да се користат.
(3)Со осигурување по овие Услови не се покриени штетите на осигурените предмети кај кои не настанало оштетување во смисла на став (1) и (2) од овој член:
1) слегнување заради грешка во статичка пресметка;
2) промена на естетскиот изглед на осигурениот предмет;
3) центрирање, испитување и пуштање во работа на машини и уреди кај кои не настанало оштетување на виталните делови;
4) испитување и пуштање во работа на инсталации од сите видови;
5) кршење на стакло од сите видови;
6) пукнатини на земјишните објекти кои не ја загрозуваат стабилноста или функционалноста на објектот;
7) пукнатини на сите делови на градежниот објект кои не влијаат на стабилноста на тој дел или на целиот објект;
8) малтерески пукнатини од сите видови;
9) пукнатини на керамички и сите други обложни плочи;
10)молеро-фарбарски и собосликарски работи на градежните објекти.
11) како последица од минирање во непосредна близина;
(4)Со осигурување по овие Услови не се опфатени индиректните штети како последица на слегнување на земјиштето и тоа:
1) загуба на производство;
2) загуба заради престанување на работата;
3) договорената загуба или одговорност;
4) трошоците направени при спастување и расчистување;
5) трошоци за санација на земјиштето-тлото.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД СНЕЖНА ЛАВИНА
Член 15
(1) Под снежна лавина, во смисла на овие Услови, се смета снежна маса во движење која се откинала од планинските страни.
(2) Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејството на воздушниот притисок од снежната лавина.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ИСТЕЧУВАЊЕ (ЛЕКАЖА)
Член 16
(1) Под истечување (лекажа) во смисла на овие Услови, се смета истечување на осигурени течности односно гасови од неподвижни садови-цистерни, цевководи и слично, ако течноста истече поради ненадејно прскање на садот или неочекувано расипување на вградените уреди за испуштање и преточување на течности (вентили).
(2) Нема да се надомести штета ако осигурената течност истече до колку прскањето на садот или расипувањето на уредите настанало поради дотраеност, лошо одржување на садот односно уредите или лошо зачепување, односно лоши зачепки.
Со осигурувањето се покриени штети само на осигурената течност, односно гасовите, доколку поинаку не е договорено.
Ако посебно се договори покриени се штети од истечување на самиот осигурен предмет. Осигурувањето може да се заклучи само на “прв ризик”.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВЖАРЕНА ТЕЧНО РАСТОПЕНА МАСА
Член 17
(1)Од опасноста излевање на вжарена течно растопена маса е покриена штета која би била предизвикана на осигурени ствари поради неочекувано излевање на вжарена течно растопена маса надвор од определеното место за испуштање и одвод и ако не е предизвикан пожар. Штетата која при тоа ќе настане на уредите за отоплување и одвод се надоместува само ако е предизвикана од надворешно дејство на растопена маса.
(2) Со осигурувањето е покриена и штетата на растопената маса.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД САМОЗАПАЛУВАЊЕ НА ЗАЛИХИ
Член 18
(1) Самозапалувањето е физичко-хемиски и биолошки процес на преоѓање на материјата од цврста состојба во состојба на пепел или прав без влијание на надворешни извори на пламен или висока температура.
(2)Материи склони на самозапалување се: материјали од растително потекло (сено, житарици и сл.), тресет и фосилните јаглени, масти и масла од растително потекло, хемиски материи и смеси (фосфор,цинков и алуминиумски прав, соединенија на сулфур со метали, гареж, метално-органски соединенија, хидросулфиди, натриум, карбид на калциум и др.).
Влакнестите материјали поседуваат способност на самозапалување само во случаите ако се натопени со растителни и животински масти: ленено, конопно и памучно масло, фирнајс, рибино масло и др.
(3)Опасноста од самозапалување на залихи е опфатена со осигурување само ако залихите се складирани и ако другите работи се извршени според законските, односно техничките прописи.
УДАР ОД НЕПОЗНАТО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО ОСИГУРЕН ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ
Член 19
(1) Со осигурувањето се опфатени штети на осигурениот градежен објект кои ќе настанат со удар на непознато моторно возило, само доколку штетниот настан е пријавен на надлежен орган на МВР.
(2)Со осигурување се опфатени штетите и на другите осигурени предмети кои ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или дел од објектот предизвикано од удар на моторното возило во смисла на став (1) од овој член.
ЗЕМЈОТРЕС
Член 20
(1)Со ова осигурително покритие се дава осигурување од разорно дејство на земјотрес, кој со своето разорно дејство ги оштети или уништи осигурените предмети.
(2)Осигурувањето од земјотрес покрива уништување или оштетување на осигурени предмети што настанало непосредно поради земјотрес или е во причинско-последична врска со земјотресот
- исклучок се стаклени и порцелански вазни, и чаши
- Исклучок се исто така необезбедени и недобро прицвстени нестабилни предмети како лустери, телевизори и слично.
(3) Разорното дејство на земјотресот во смисла на овие Услови се смета земјотрес со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала ( ЕМС ) за мерење на степенот на интензитетот на земјотресот
(4) Со осигурување по овие Услови се дава осигурително покритие од пожар и експлозија настаната како последица на земјотрес.
(5) Земјотреси од исти епицентар, кои претходат на главниот удар и во фаза на смирување на тлото после главниот удар, претставува еден штетен настан. Под еден штетен настан се подразбираат сите движења поместувања на тлото кои се манифестираат во рамките на 168 часовен интервал од моментот на првото регистрирање на земјотресот.
(6) Земјотресот мора да биде сеизмографски регистриран при што:
1. Степенот на интензитетот на местото на осигурените предмети се цени спрема последиците на рушење (разорување) дефинирани во ЕМС согласно ефектите кои се однесуваат на оштетувањата на градежните објекти и стварите а кои се опишани во табелата на ЕМС-98
(7) Со осигурување по овие Услови се опфатени и штетите од уништување и/или конструктивни оштетувања на осигурените предмети. Под конструктивни оштетувања на осигурените предмети
се сметаат деформации, пукнатини, кршење на поедини делови, објекти, уреди, инсталации и сл. без кои објектот, уредите, инсталацијата и сл. не можат да се стават во предвидената функција и/или безболно користат.
(8) Со осигурување по овие Услови опфатени се и посредните штети на осигурените предмети, заради излив на течности и гас од инсталацијата оштетена од земјотрес.
(9) Со осигурување по овие Услови не се опфатени индиректните штети како последица на земјотресот и тоа:
1. загуби во производството,
2. загуби поради престанување со работа,
3. договорената загуба или одговорност,
4. трошоците направени за спасување и расчистување,
5. намалена естетска вредност на осигурениот предмет и
6. трошоци за додатни работи за отстранување на проектантски или изведувачки пропусти при изведба на објектите или потреба за подобрување на статиката односно сигурноста на објектот според тековните законски прописи.
7.трошоци за исклучувањеи повторно вклучување во електро-дистрибутивна, топлинска,гасна и др.мрежа.
Член 21 Осигуран случај
Земјотрес претставува природна појава на движење на земјиштето предизвикано од геофизички дејствија во внатрешноста на Земјата.
Се смета дека настапил земјотрес ако со своето разорното дејство на земјотресот со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала (ЕМС) за мерење на степенот на интензитетот на земјотресот оштетил објект или ствари од домаќинство кои се во сопственост на осигуреникот.
Не се смета за осигурен случај сите земјотреси кои се со интензитет помали и послаби од 5 (пет) степени според Европската Макросеизмичка Скала (ЕМС)
Член 22
Обврски на осигуреникот
1. Осигуреникот мора соодветно да се грижи за одржување на осигурените градежни објекти
2. Осигуреникот е должен без задоцнување и одлагање да ја пријави настанатата штета кај Осигурувачот, и на барање на Осигурувачот да достави податоци од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички Факултет, а доколку од земјотресот е нарушена статиката на објектот и има и оштетувања на конструктивните елементи, потребно е да достави и Извештај од ИЗИИС за докажување на истото.
Член 23
Утврдување на надоместок од осигурување
1. Осигурувањето се склучува со задолжителна франшиза од 25%, доколку поинаку не е договорено со полисата.
2. На осигурениот градежен објект и стварите со овие Услови се предвидува пресметка на амортизација согласно Законската Регулатива за амортизациони стапки во РМ, односно истата не може да се откупи.
Член 24
Исклучувања
Не се надоместува и се исклучени следниве работи;
1. Фрески и ѕидни украси, мозаици и други украсни елементи на ѕидови и фасади,скулптури, витраж и др. видови стакла со уметничка вредност,вградени резервоари, подвижни ствари, превозни средства кои подлежат на друг вид осигурување.
2. Украси со уметничка вредност или луксузни колекции,предмети и уметнички дела доколку посебно не се осигурани.
3. Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
4. Доградби, надградби на тераси и други помошни простории како и доградба или надградба на спрат или дел од куќа за кои не постои проект за статика или не се влезени во имотен лист
5. Подвижни ствари кои се во осигураните објекти, како возила, чамци и слично
Со осигурување по овие Услови не се покриени штети на осигурените предмети кај кои нема остварено оштетување во смисла на став (6) и (7) од овој член и тоа:
1. Промена на естетскиот изглед на осигурените предмети,
2. Центрирање, испитување и пуштање во работа на машините и уредите кај кои не е остварено оштетување на виталните делови,
3. Испитување и пуштање во работа на инсталациите од сите видови,
4. Кршење на стакла од сите видови,
5. Пукнатини на керамички и други обложени плочи, гипсени и други фасади,декорации мозаици и др.
6. Молеро-фарбарски и собосликарски работи на градежниот објект.
7.Кражба или вандализам на оштетениот објект и стварите во него непосредно по настанот односно до санирање на самиот објект.
8.Објекти кои не се изградени согласно стандардите на градба во кои треба да се запазени минимални асеизмички стандарди за безбедност.
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНИОТ ИМОТ
Член 25
Вредност на осигурениот имот, до колку поинаку не се договори, е:
1) за градежни објекти - градежната вредност на објектот, односно цената на чинење до колку во времето и местото на определување на вредноста (проценката) таков ист објект одново би се градел, намалена за износот на проценетата амортизирана вредност, до колку поинаку не е договорено.
2) за залихи на стока, материјал и суровина-набавната цена, а ако пазарната цена е пониска од набавната, тогаш пазарната цена зголемена за зависните трошоци;
3) за залихи на готови производи и недовршени производи кај производителот-производната цена, а ако пазарната цена е пониска од про-изводната, пазарната цена;
4) за машини, уреди и инсталации, транспортни средства и средства за врска, инвентар и предмети за домаќинство-набавната цена на нови ствари намалена за износот на проценетото амортизирање (техничко и економско);
5) за шуми-трошоците за подигнување, односно вредноста на дрвената маса, што во секој одделен случај треба точно да се определи;
6) за ствари од благородни метали, непреработени скапоцени метали, бесценети камења и бисерни гердани, ретки и скапоцени ствари, уметнички предмети, планови, датотеки, цртежи, модели, калапи, макети, документи, ракописи, збирки на предмети и деловни книги-износот кој спогодбено ќе се одреди помеѓу осигурувачот и договорувачот на осигурувањето. Ако тој износ спогодбено не се одреди, стварите од оваа точка се сметаат осигурени најмногу до висината утврдена со Одлуката на Управниот одбор.
Фиксните износи се менуваат во зависност од промената на цените на пазарот врз основа на податоците од Заводот за статистика на Република Македонија.
7) за пари, хартии од вредност, архивска граѓа, за музеи и предмети за изложби-спогодбено одредениот износ помеѓу осигурувачот и договорувачот на осигурувањето.
Дефиниција: Градежна вредност на објектот е цената на чине-ње, доколку во времето и местото на одредување на вредноста (проценката) таков ист објект одново би се градел. Вредноста е одредена според вистинските цени на матерјалите во моментот и местото на проценка со вклучен
транспорт до градилиштето, со просечен норма час на работна рака за истиот период и место, со одреден просечен коефициент (фактор) на работната рака кој ги претставува режиските трошоци и трошоците на непродуктивните учесници на изведувачот на објектот во период и местото на одредување на вредноста (проценката), намалена за износот на проценетата амортизирана вредност.
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 26
(1) Осигурувањето важи за времето додека осигурените ствари се наоѓаат на местото означено во полисата.
(2) Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени ствари ќе се пренесат од местото што е означено во полисата на некое друго во рамките на осигурениковото седиште, односно место на живеење на територијата на Република Македонија, само доколку претходно бил известен Осигурувачот и за истото дал согласност.
(3) Стварите на земјоделските стопанства, групно осигурени со една полиса (паушално осигурување), се осигурени се додека се наоѓаат на земјишниот посед, пазарот, на местото на преработка, обработка, поправката и послугата. Овие ствари се сметаат за осигурени и при превозот до таму и назад, освен кога се во превоз со јавни превозни сообраќајни средства.
(4)Средствата на работните организации се осигурени и на местото на обработката, преработката, како и кај лицата, на кои им се дадени на услуга или во закуп.
(5) Ако осигурената ствар, според природата на употребата, се преместува од едно на друго место, тоа треба да се наведе во полисата. Во случај, доколку не може точно да се означат одделните места на осигурувањето, местото на осигурување е ограничено на територијата на Република Македонија, кое нешто мора да е означено на самата полиса, со што ќе се смета дека и Осигурувачот дал согласност за истото.
Доколку Осигурувачот не бил известен за преместувањето и не е означено во полисата, ќе се смета дека стварите се осигурани само во местото кое е означено како седиште во полисата.
(6) Осигурувањето не важи за времето додека осигурените ствари се наоѓаат на изложби, панаѓур или саем, доколку поинаку не се договори.
(7) Кај осигурувањата на “прв ризик” во полисата се наведува прецизна локација на местото на осигурување за секој осигурен предмет.
УТВРДУВАЊЕ НАДОМЕСТОК ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 27
(1) Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
1) во случај на уништување или исчезнување на стварите според вредноста на осигурената ствар (член 20), во време на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците и договорената франшиза, до колку поинаку не е договорено;
2) во случај на оштетување-во висина на трошоците за поправка според цената на материјалите и работната рака во време на настанување на осигурениот случај, намалени за исносот на проценетото амортизирање и за вредноста на остатокот и договорената франшиза, доколку поинаку не е договорено.
Поголемите трошоци за поправки што настанале поради тоа што при поправката на оштетената ствар се направени измени, подобрувања, паѓаат на товар на осигуреникот.
(2) За макадамски и шумски патишта се признава надоместок за штета на горниот слој само во случај кога едновремено на истото место е оштетен и долниот слој. За штети на долниот слој се надоместува најмногу износот на трошоците за изведување на изградениот дел на слојот на проектот.
(3)Ако стварите се осигурени на”прв ризик” од опасностите во чие остварување настане штета, а најмногу до договорената сума на осигурување на “прв ризик”.Одредбите за подосигурување во овој случај не се применуваат.
(4) Во случај на откуп на амортизирана вредност кај градежни објекти од масивна градежна категорија, надоместокот од осигурувањето при настанување на осигурен случај е најмалиот износ од следните:
- Вистинскиот износ потребен за поправка или замена на оштетениот имот; - Сумата на осигурување на оштетениот осигурен имот или - Вредноста на оштетениот осигурен имот.
Во Масивна градежна категорија спаѓаат градежни објекти чии надворешни зидови се изведени од: камен; бетон или армиран бетон; бетонски блокови; печена тула; непечена тула со дебелина на зидот од најмалку 50цм. или метална конструкција со исполна од огноотпорни градежни елементи/матерјали како и индустриски монтажни градежни елементи, а кровната покривка е изведена од: ќерамиди, бетонски елементи/плочки, салонитни плочи, етернит плочи, шкрилци-плочи, метални плочи, армирано стакло на метална конструкција, повеќеслојни лепенки со битуменски премаз прекриен со гранулиран чакал врз рамна армирано бетонска кровна плоча и сите видови огноотпорни кровни покривки поставени директно врз армирано бетонска рамна или коса плоча.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ
Член 28
(1) На име трошоци направени за расчистување и рушење, во врска со настанатиот осигурен случај на осигурената ствар, осигурувачот ги надоместува нужните издатоци за расчистување и рушење, но до колку поинаку не се договори, 3% од сумата на осигурување односно од вистинската вредност на оштетените ствари кај осигурувањата на договорена вредност, но најмногу до 3000 евра во денарска противрдност,.
Во трошоци за расчистување спаѓаат нужните издатоци за расчистување и чистење на местото каде што е предизвикана штетата, како и издатоците за пренесување на изгореното, шутот и тињата до најблиското дозволено место на растоварување. Во трошоците за рушење спаѓаат нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги имал, по настанување на осигурениот случај, за рушење на
преостанатите оштетени неупотребливи делови за нивното пренесување до најблиското дозволено место за растоварување.
(2) Осигурувачот ги надоместува нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги направил кога настанал осигурен случај на осигурена ствар за превземени мерки поради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни, но до колку поинаку не се договори, 3% од сумата на осигурување односно од вистинската вредност на оштетените ствари кај осигурувањата на договорена вредност, но најмногу до 3000 евра во денарска противрдност,
(3) Вкупниот надоместок на име трошоци од ставовите (1) и (2) од овој член и на име надоместок на осигурувањето (член 21) неможе да ја надмине сумата на осигурувањето, односно вистинската вредност на штетата, оштетена ствар.
(4)Во случај на подосигурување, трошоците за расчистување, рушење, како и трошоците за отстранување и намалување на штетата се надоместуваат во ист сразмер како и надоместокот од членот 21, освен во случаите кога тие трошоци се направени по налог на осигурувачот.
(5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани заради отстранување на причината на штетата, како и трошоците за интервенција на противпожарните друштва или на други организации чија должност, според карактерот на работењето, е бесплатно да даваат помош кога ќе настане осигурен случај.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА
ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТИ (ЦИВИЛ И ИНДУСТРИЈА)
Член 29
За се што не е уредено со овие услови ќе се применуваат одредбите од ОпШтите услови за осигурување имоти.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 30
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.