Contract
Д О Г О В О Р
За соинвеститорство
Склучен во Велес на ден 28.10.2022 година, помеѓу :
Друштво за производство на предиво и конец ВЕТЕКС АД Велес со седиште на xx.Xxxxxxxxx xx.00 Велес со ЕМБС 4231660 преку законски застапник –Претседател на управниот одбор Xxxxx Xxxxx ( како прв инвеститор )
Xxxx Xxxxx од Велес со адреса на живеење на xx.Xxxx Xxxxx xx.00 Xxxxx
( како втор инвеститор )
Xxxxx Xxxxx од Велес со адреса на живеење на xx.Xxxx Xxxxx xx.00 Xxxxx ( како трет инвеститор )
Xxxx Xxxxx од Скопје со адреса на живеење на бул.Илинден бр.160-1/23 Скопје ( како четврт инвеститор )
Xxxxx Xxxxxx од Велес со адреса на живеење на xx.Xxxxx Xxxxxx xx.X-0/00 ( како петти инвеститор )
Член 1
Предмет на овој договор е уредување на правата и обврските на договорните страни кои ќе произлезат од нивното учество како инвеститори во изградба на фотоволтаична електро централа.
Член 2
Првиот инвеститор е согласен на кровот од објектите кои се во негова сопственост а се наоѓаат во седиштето на друштвото , да се изгради и монтира фотоволтаична електро централа која е предмет на овој договор .
Првиот инвеститор се обврзува да ги превземе сите дејствија пред надлежните институции и органи со цел стекнување на потребните лиценци , одобренија , дозволи како и да ги потпише сите потребни договори , како би се добила дозвола за производство на електрична енергија од електро централата која е предмет на овој договор.
Член 3
Вториот инвеститор се обврзува да инвестира паричен износ во висина 2.317.500,00 денари , кои треба да ги уплати на жиросметката на првиот инвеститор најдоцна до 30.11.2022 година.
Третиот инвеститор се обврзува да инвестира паричен износ во висина 2.317.500,00 денари , кои треба да ги уплати на жиросметката на првиот инвеститор најдоцна до 30.11.2022 година.
Четвртиот инвеститор се обврзува да инвестира паричен износ во висина 2.317.500,00 денари , кои треба да ги уплати на жиросметката на првиот инвеститор најдоцна до 30.11.2022 година.
Петиот инвеститор се обврзува да инвестира паричен износ во висина 2.317.500,00 денари , кои треба да ги уплати на жиросметката на првиот инвеститор најдоцна до 30.11.2022 година.
Член 4
Вкупната вредност на овој договор изнесува 9.270.000,00 денари
Член 5
Фотоволтаичната електроцентрала ќе се изгради за период од 30 дена сметано од денот на потпишувањето на овој договор , но не подоцна од 30.11.2022 година.
Член 6
Електричната енергија која ќе се произведува од фотоволтаичната електроцентрала , ќе се користи за покривање на потребите на првиот инвеститор, доколку се произведе повеќе електрична енергија од онаа која му е потребна на првиот инвеститор , таа разлика ќе се пренесува во електро енергетскиот систем.
Вишокот од произведената електрична енергија , првиот инвеститор има право да ја продава на откупувачот по договорена цена.
Член 7
Првиот инвеститор се обврзува преку соодветен уред да го регистрира вкупното производство на електрична енергија кое го произведува фотоволтаичната електроцентрала .
Секој месец најдоцна до 10ти , првиот инвеститор има обврска да направи извештај за вкупно произведената електрична енергија во предходниот месец и овој извештај да го достави до останатите инвеститори .
Доколку од останатите инвеститори нема никакви забелешки во врска со извештајот, тогаш првиот инвеститор е должен во рок од 5 дена од денот на доставување на извештајот , на сметките на инвестиотрите да исплати износ кој ќе се пресметува на следниот начин :
На вториот , третиот, четвртиот и петиот инвеститор , поединечно ќе му исплати 25% од вкупно произведената количина по цената која ја има има договорено со откупувачот на електрична енергија .
Персоналниот данок е на товар на првиот инвеститор .
Член 8
Вториот , третиот , четвртиот и петиот инвеститор се согласни и се обврзуваат да по истекот на времето за кое е склучен овој договор , сопственоста на фотоволтаичната електроцентрала биде во целост на првиот инвеститор.
Член 9
Овој договор се склучува на определено време , и истиот ќе трае 20 години сметано од денот на склучување на овој договор.
Член 10
За се што не е предвидено во овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи .
Член 11
Во случај на спор во врска со одредбите на овој договор , договорните страни се согласни да направат обиди за мирно решавање , а доколку истото не е возможно надлежен ќе биде Основен суд Велес .
Член 12
Овој договор се склучува во 7 / седум / еднообразни примероци од кои по еден за секоја договорна страна , а останатите за службена употреба .
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
Прв инвеститор
ВЕТЕКС АД Велес
Претседател на Управен одбор
Xxxxx Xxxxx
Втор инвеститор
Xxxx Xxxxx
Трет инвеститор
Xxxxx Xxxxx
Четврт инвеститор
Xxxx Xxxxx
Пет инвеститор
Xxxxx Xxxxxx