ДОГОВОР НА АФДБР.CMK1048 01 V
ДОГОВОР НА АФДБР.CMK1048 01 V
ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ
Склучен на[●] помеѓу
ФРАНЦУСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ
(AGENCE FRANÇAISE DE DEVELOPPEMENT)
Заемодавач
и
РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Заемопримач
ЗАЕМ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА ЗЕЛЕНИ И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ИНВЕСТИЦИИ
1
СОДРЖИНА
2. ЗАЕМ, НАМЕНА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ 14
3. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ПРЕД ДА СЕ ИЗВРШАТ ПЛАЌАЊАТА И ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ ЗАЕМСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ 14
4.1. Износ на повлекување средства 15
4.4. Краен рок за првото повлекување 16
4.5. Краен рок за повлекување на средствата 16
5.2. Пресметка и исплата на камата 18
5.3. Задоцнето плаќање и затезна камата 18
5.4. Комуникација за каматните стапки 19
5.5. Ефективна глобална стапка (taux effectif global) 19
6. ПРОМЕНА ВО ПРЕСМЕТКАТА НА КАМАТА 20
6.2. Приказ на изменета каматна стапка 21
(A) ДЕФИНИЦИЈАТА, МЕТОДОЛОГИЈАТА, ФОРМУЛАТА ИЛИ СРЕДСТВАТА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ПРИКАЗОТ НА СТАПКАТА СЕ МАТЕРИЈАЛНО ПРОМЕНЕТИ; 21
(I) ДЕКА ПРЕСТАНАЛ ИЛИ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ГО ОБЕЗБЕДУВА ПРИКАЗОТ ТРАЈНО ИЛИ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, И ВО ТОА ВРЕМЕ НИТУ ЕДЕН НАСЛЕДНИК НЕМА ДА БИДЕ ЈАВНО НОМИНИРАН ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ОБЕЗБЕДУВА ТАВИОТ ПРИКАЗ НА СТАПКА; 21
(II) ДЕКА ПРИКАЗОТ НА СТАПКА ПРЕСТАНАЛ ИЛИ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ОБЈАВУВА ТРАЈНО ИЛИ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ; ИЛИ 21
(III) ДЕКА ПРИКАЗОТ НА СТАПКА НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ДА СЕ КОРИСТИ (СЕГА ИЛИ ВО ИДНИНА); 21
7.1. Провизија за ангажираност 22
• ОД ДЕНОТ НА ВТОРАТА ГОДИШНИНА ОД ДАТУМОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ (ИСКЛУЧЕН) ДО ДЕНОТ НА ТРЕТАТА ГОДИШНИНА ОД ДАТУМОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ (ВКЛУЧЕН), ЗАЕМОПРИМАЧОТ ЌЕ Ѝ ПЛАЌА НА АФДПРОВИЗИЈА ЗА АНГАЖИРАНОСТОД 0,15% ГОДИШНО; 22
• ОД ДЕНОТ НА ТРЕТАТА ГОДИШНИНА ОД ДАТУМОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ (ИСКЛУЧЕН) НАТАМУ, ЗАЕМОПРИМАЧОТ ЌЕ И ПЛАЌА НА АФДПРОВИЗИЈА ЗА АНГАЖИРАНОСТ ОД 0,25% ГОДИШНО 22
7.2. Провизија за евалуација 23
9. ПРЕДВРЕМЕНАОТПЛАТА И ОТКАЖУВАЊЕ 23
9.1. Доброволна предвремена отплата 23
9.2. Задолжителна предвремена отплата 24
9.3. Откажување од страна наЗаемопримачот 25
9.4. Откажување од страна наЗаемодавателот 26
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБВРСКИ ЗА ПЛАЌАЊЕ 26
10.2. Обештетување поради откажување 27
10.3. Обештетување поради Предвремена отплата 27
II. УСОГЛАСЕНОСТ СО НЕКОЈ ЗАКОН ИЛИ ПРОПИС ДОНЕСЕН ПО ДАТУМОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ, 28
10.6. Валута на обештетување 28
11.2. Овластувања и авторитет 29
11.3. Валидност и допуштеност во доказите 30
11.4. Даноци за поднесување и марки 30
11.6. Бесплатен трансфер на средства 30
11.7. Конфликт со други обврски 30
11.8. Владејачко право и надлежна јурисдикција 30
11.9. Неисполнување на обврски 31
11.11. Рангирање на Pari Passu основа 31
11.13. Закана од судски постапки или постапки во тек 31
11.14. Постапка на инсолвентност 31
11.15. Потекло на средства и забранети практики 32
11.16. Материјално негативна промена 32
12.1. Корпоративно присуство 32
12.2. Усогласување со закон и регулативи 32
12.4. Рангирање на Pari Passu основа 33
12.7. Финансиска година и ревизори 33
12.8. Листа со финансиски санкции и ембарго 34
12.9. Потекло на средства, отсуство на Забранети практики 34
12.11. Перење пари и финансирање на тероризам 35
12.13. Еколошка и социјална одговорност 35
12.15. Видливост и комуникација 39
13. ЗАЛОЖБИ ВО ВРСКА СО ИНФОРМАЦИИ 39
• ПОЛУГОДИШНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ. 40
13.2. Потврда за финансиска усогласеност 40
13.3. Потврда за усогласеност со законите против перење пари и финансирање тероризам
13.5. Извештај за искористеноста на средствата 41
14. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИ 42
14.1. Неисполнување на обврски 42
II. ГО ПОСЕДУВА ИЛИ КОНТРОЛИРА ЦЕЛИОТ ИЛИ ДЕЛ ОД СРЕДСТВАТА НАЗАЕМОПРИМАЧОТ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ; ИЛИ 44
III. ПРЕЗЕМА МЕРКИ СО ЦЕЛ ЛИКВИДАЦИЈА, ЗАТВОРАЊЕ, АДМИНИСТРАЦИЈА, РЕОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ РЕСТРУКТУИРАЊЕ НА ЗАЕМОПРИМАЧОТ; ИЛИ 44
IV. ПРЕЗЕМА ДРУГА МЕРКА ШТО БИ ГО СПРЕЧИЛА ЗАЕМОПРИМАЧОТ ДА ПРОДОЛЖИ СО СИТЕ ИЛИ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ИЛИ ОПЕРАЦИИ. 44
14.3. Известување за неисполнување на обврски 45
15.7. Нарушување на платните системи 47
16.4. Без одрекување од право 48
16.9. Доверливост–Откривање на информаци 49
16.10. Правни лекови, одрекување и промена на околности 49
16.11. Статус на застареност 50
17.3. Електронска комуникација 51
18. ВЛАДЕЈАЧКО ПРАВО, ЈУРИСДИКЦИЈА И ИСПОРАКА ПО ПОШТА 51
18.2. Надлежна јурисдикција 51
I. СЕКОЕ ДЕЛО ЗАБРАНЕТО СО КОНВЕНЦИИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПОВРЗАНИ СО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ (КОИ МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ НА: XXXXX://XXXXX.XX.XXX/XXX/XXXXXXX.XXXX); 55
II. СЕКОЈ ОД ПРЕКРШОЦИТЕ НАВЕДЕНИ ВО ЧЛЕНОВИТЕ 3 ДО 10 ОД ДИРЕКТИВАТА (ЕУ) 2017/541 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОД 15 МАРТ 2017 ГОДИНА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ; ИЛИ 55
III. ДРУГО ДЕЛО НАМЕНЕТО ДА ПРЕДИЗВИКА СМРТ ИЛИ СЕРИОЗНА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА НА ЦИВИЛНО ИЛИ ДРУГО ЛИЦЕ КОЕ НЕ УЧЕСТВУВА АКТИВНО ВО СИТУАЦИЈА НА ВООРУЖЕН КОНФЛИКТ, КОГА ЦЕЛТА НА ТАКВИОТ ЧИН, ПО НЕГОВАТА ПРИРОДА ИЛИ КОНТЕКСТ Е ДА СЕ ЗАПЛАШИ НАСЕЛЕНИЕТО, ИЛИ ДА СЕ ПРИНУДИ ВЛАДА ИЛИ МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДА ПОСТАПИ ИЛИ ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ПОСТАПУВАЊЕ СО ТАКОВ ЧИН. 55
(I) ЧИНОТ НА ОЛЕСНУВАЊЕ СО СРЕДСТВА, ЛАЖНО ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ПОТЕКЛОТО НА СРЕДСТВАТА ИЛИ ПРИХОДИТЕ НА СТОРИТЕЛОТ НА КРИВИЧНО ДЕЛО ИЛИ ПРЕКРШОК ШТО МУ ДОНЕЛО ДИРЕКТНА ИЛИ ИНДИРЕКТНА КОРИСТ; ИЛИ 63
(II) ЧИНОТ НА ПОМАГАЊЕ ПРИ ИНВЕСТИРАЊЕ, ПРИКРИВАЊЕ ИЛИ ПРЕТВОРАЊЕ НА ДИРЕКТНИТЕ ИЛИ ИНДИРЕКТНИТЕ ПРИХОДИ ОД КРИВИЧНО ДЕЛО ИЛИ ПРЕКРШОК. 63
(I) ЧИНОТ НА УНИШТУВАЊЕ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ, МЕНУВАЊЕ, ПРИКРИВАЊЕ ИЛИ НЕРАЗУМНО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ, ДОКУМЕНТИ ИЛИ ЗАПИСИ ШТО СЕ БАРААТ ДА СЕ ОБЕЛОДЕНАТ ВО ВРСКА СО ИСТРАГАТА НА ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ЗА ТВРДЕЊЕ ЗА ЗАБРАНЕТИ ПРАКТИКИ ЗА МАТЕРИЈАЛНО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ИСТРАГАТА; ИЛИ ЧИНОТ НА ДАВАЊЕ ЛАЖНИ ИЗЈАВИ ЗА МАТЕРИЈАЛНО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ИСТРАГАТА ЗА НАВОДИ ЗА ЗАБРАНЕТИ ПРАКТИКИ; ИЛИ 64
(II) ЧИНОТ НА ЗАКАНА, ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ИЛИ ЗАПЛАШУВАЊЕ НА КОЈА БИЛО СТРАНА СО ЦЕЛ ДА СЕ СПРЕЧИ ТАА ДА ОТКРИЕ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ИСТРАГА СПРОВЕДЕНА ОД ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ИЛИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИСТРАГАТА; ИЛИ 64
(III) ДЕЈСТВИЈА ИЗВРШЕНИ СО ЦЕЛ МАТЕРИЈАЛНО ДА ГО ПОПРЕЧАТ ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ДОГОВОРНИ ПРАВА ЗА РЕВИЗИЈА, ПРОВЕРКА ИЛИ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ВО КОНТЕКСТ НА ИСТРАГА ЗАСНОВАНА НА НАВОДИ ЗА ЗАБРАНЕТИ ПРАКТИКИ. 64
I. ПРВАТА СРЕДА (ИЛИАКО ТОЈ ДАТУМ НЕ Е РАБОТЕН ДЕН, ВЕДНАШ СЛЕДНИОТ РАБОТЕН ДЕН) ПО ДАТУМОТ НА ПРИЕМ ОД СТРАНА НА ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ ИЛИ БАРАЊЕТО ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКА, ПОД УСЛОВ ОВА БАРАЊЕ ДА БИДЕ ПРИМЕНО ОД ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ НАЈМАЛКУ ДВА (2) ПОЛНИ РАБОТНИ ДЕНА ПРЕД НАВЕДЕНАТА СРЕДА; 66
II. ВО ДРУГ СЛУЧАЈ, ВТОРАТА СРЕДА (ИЛИ АКО ТОЈ ДАТУМ НЕ Е РАБОТЕН ДЕН, ВЕДНАШ СЛЕДНИОТ РАБОТЕН ДЕН) ПО ДАТУМОТ НА ПРИЕМ ОД СТРАНА НА ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ ИЛИ БАРАЊЕТО ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКА 66
(A) „СРЕДСТВА“ ВКЛУЧУВА СЕГАШЕН И ИДЕН ИМОТ, ПРИХОД И ПРАВА; 69
ПРИЛОГ 2 - ОПИС НА ПРОЕКТОТ 70
• НАМЕНА: ИНВЕСТИЦИСКИ ЗАЕМИ ШТО БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ ГИ ОДОБРИЛЕ НА КРАЈНИТЕ КОРИСНИЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРИФАТЛИВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ (ВКЛУЧИТЕЛНО И ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ДОКОЛКУ ТРОШОЦИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ОПФАТАТ СЕ ДИРЕКТНО ПОВРЗАНИ СО ПОДОБНАТА ИНВЕСТИЦИЈА И ПРЕТСТАВУВААТ МАКСИМАЛЕН УДЕЛ ОД 30% ОД ВКУПНИОТ ИЗНОС НА ЗАЕМОТ); 72
• ПРИФАТЛИВ ДАТУМ: ЗА ЗАЕМ ПОДОБЕН ЗА ФИНАНСИРАЊЕ СО МЕХАНИЗМОТ СЕ СМЕТА СЕКОЈ ПОДЗАЕМ ОДОБРЕН ОД БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ ПО ДАТУМОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ АФД И РБСМ, ШТО СЕ КВАЛИФИКУВА КАКО ПОДОБЕН ВРЗ ОСНОВА И НА ДРУГИ КРИТЕРИУМИ; 72
• МИНИМАЛЕН РОК ПРЕД ИСТЕК: 5 ГОДИНИ ЗА ПОДОБНА ИНВЕСТИЦИЈА ПОД ПОТКОМПОНЕНТА А; 72
• МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 5 МИЛИОНИ ЕУР ЗА ПОДОБНА ИНВЕСТИЦИЈА ПОД ПОТКОМПОНЕНТА А И 2 МИЛИОНИ ЕУР ЗА ПОДОБНА ИНВЕСТИЦИЈА ПОД ПОТКОМПОНЕНТА Б. 72
• ПРИФАТЛИВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ МОРА ДА СЕ СПРОВЕДУВААТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. 72
• КОМПЛЕКСНИТЕ ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ ИЛИ ПРИСПОСОБУВАЊЕ ПОД ПОТКОМПОНЕНТА А ЧИЈ ИЗНОС НА ЗАЕМ Е ПОВИСОК ОД ЕУР 350.000 ИЛИ НЕГОВАТАПРОТИВВРЕДНОСТ ВО КОЈА БИЛО ДРУГА ВАЛУТА. РАСПРЕДЕЛБАТА НА КОМПЛЕКСНИТЕ ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МЕХАНИЗМОТ НАЛОЖУВА ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ПРЕТХОДНО ДА ДОСТАВИ ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА. 72
• ЕДНОСТАВНИТЕ ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ (ОДНОСНО ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ПОДОБНОСТ) ШТО СПАЃААТ ВО ЕДНА ОД СЛЕДНИВЕ КАТЕГОРИИ: (I) ИНВЕСТИЦИИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ ИЛИ ПРИСПОСОБУВАЊЕ СПОРЕД ПОТКОМПОНЕНТА А ЧИЈ ИЗНОС НА ЗАЕМ НЕ Е ПОВИСОК ОД ЕУР 350.000 ИЛИ НЕГОВАТА ПРОТИВВРЕДНОСТ ВО КОЈА БИЛО ДРУГА ВАЛУТА; ИЛИ (II) РОДОВО ФОКУСИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ ИЛИ ДИГИТАЛНО ФОКУСИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ ПОД ПОТКОМПОНЕНТА Б. 72
ПРИЛОГ 3 - ЛИСТА НА ИСКЛУЧУВАЊЕ 87
ПРИЛОГ 4 - ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ 91
ПРИЛОГ 5А - ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА 94
1. СЕ ПОВИКУВАМЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ БР. CMK1048 01 V СКЛУЧЕН МЕЃУ РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ФРАНЦИЈА ОД [⚫ДАТУМ] („ДОГОВОРОТ“). ЗБОРОВИТЕ И ИЗРАЗИТЕ СО ГОЛЕМА БУКВА ШТО СЕ КОРИСТАТ, НО НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ СО ОВОЈ ДОПИС ГО ИМААТ ЗНАЧЕЊЕТО ШТО ИМ Е ДАДЕНО ВО ДОГОВОРОТ 94
2. ОВОЈ ДОПИС Е БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА. 94
3. НИЕ, НЕОТПОВИКЛИВО БАРАМЕ ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ДА ГО НАПРАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕТО ДОСТАПНО СОГЛАСНО СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ: 94
4. ПОТВРДУВАМЕ ДЕКА СЕКОЈ УСЛОВ НАВЕДЕН ВО КЛАУЗУЛА 2.4
(ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ) Е ЗАДОВОЛЕН НА ДАТУМОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА И ДЕКА ТЕКОВНО НЕМА И НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ИМА НЕПОДМИРУВАЊЕ НА ДОЛГОТ. СЕ СОГЛАСУВАМЕ ВЕДНАШ ДА ГО ИЗВЕСТИМЕ ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ДОКОЛКУ НЕКОИ ОД УСЛОВИТЕ НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛЕНИ НА ИЛИ ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ. 95
5. СРЕДСТВАТА ОД ОВА ПОВЛЕКУВАЊЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕФРЛАТ НА СЛЕДНАВА БАНКАРСКА СМЕТКА: 95
6. ОВА БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА Е НЕОТПОВИКЛИВО. 95
7. КОН ОВА БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА ГИ ПРИКАЧИВМЕ СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ ПРИДРУЖНИ ДОКУМЕНТИ НАВЕДЕНИ ВО КЛАУЗУЛА 2.4
(ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ) ОД ДОГОВОРОТ 95
ПРИЛОГ 5Б - ОБРАЗЕЦ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ И ПИСМО ЗА ПОТВРДАНА СТАПКАТА
ПРИЛОГ 5В - ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКАТА 98
1. СЕ ПОВИКУВАМЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ БР. CMK1048 01 V СКЛУЧЕН МЕЃУ РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ФРАНЦИЈА ОД [⚫ДАТУМ] („ДОГОВОРОТ“). ЗБОРОВИТЕ И ИЗРАЗИТЕ СО ГОЛЕМА БУКВА ШТО СЕ КОРИСТАТ, НО НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ СО ОВОЈ ДОПИС ГО ИМААТ ЗНАЧЕЊЕТО ШТО ИМ Е ДАДЕНО ВО ДОГОВОРОТ 98
2. СОГЛАСНО КЛАУЗУЛА 5.1.1 (Г) (ПРОМЕНА ОД ВАРИЈАБИЛНА КАМАТНА СТАПКА ВО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА) НА ДОГОВОРОТ, ПОБАРУВАМЕ ДА ЈА ПРОМЕНИТЕ ВАРИЈАБИЛНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА СЛЕДНИВЕ ПОВЛЕКУВАЊА НА СРЕДСТВА: 98
ПРИЛОГ 5Г - ОБРАЗЕЦ ЗА ПОТВРДА ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКАТА 99
ПРИЛОГ 5Д - ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ОДОБРУВАЊЕ РАСПРЕДЕЛБА 100
ПРИЛОГ 6 – ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА КОН БАРАЊЕТО ЗА РАСПРЕДЕЛБА
102
- ФИНАНСИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ПРОЕКТОТ (КАПИТАЛ) 103
- ФИНАНСИРАЊЕ НА АФД (ДОЛГ) 103
- ДРУГО КОФИНАНСИРАЊЕ (ДОЛГ) 103
ПРИЛОГ 7 – ОПРАВДУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА 105
ПРИЛОГ 8 – ПОТВРДА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ 109
ПРИЛОГ 9 – АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ .110
1. СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТИ (ЕСМС) 110
2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА ЗА Е&С И ОДОБРУВАЊЕ 110
3. ДЕФИНИЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА Е&С 110
4. ВНАТРЕШНА ОБУКА 111
5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА Е&С И ЗАДАЧАТА НА КОНСУЛТАНТОТ ЗА ПРОВЕРКА 111
6. СЛЕДЕЊЕ 111
ПРИЛОГ 10 – СПИСОК НА ИНФОРМАЦИИ ШТО ЗАЕМОБАРАТЕЛОТ ИЗРИЧИТО ГО ОВЛАСТУВА ЗАЕМОДАВАТЕЛОТ ДА ГИ ОБЈАВИ НА НЕГОВАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА 112
1. ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОЕКТОТ 112
- БРОЈ И ИМЕ ВО КНИГАТА НА АФД; 112
- ОПИС; 112
- ОПЕРАТИВЕН СЕКТОР; 112
- МЕСТО НА СПРОВЕДУВАЊЕ; 112
- ОЧЕКУВАН ДАТУМ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ; 112
- ОЧЕКУВАН ДАТУМ НА ТЕХНИЧКО ЗАВРШУВАЊЕ; И 112
- ОПИС НА КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОПИСИТЕ НА НАРОДНАТА БАНКА. 112
2. ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ 112
- ВИД ФИНАНСИРАЊЕ (ЗАЕМ, НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА, КОФИНАНСИРАЊЕ, ДЕЛЕГИРАНИ СРЕДСТВА); 112
- ОСНОВЕН ИЗНОС НА МЕХАНИЗМОТ; 112
- ВКУПЕН ИЗНОС ПОВЛЕЧЕН НА ГОДИШНА ОСНОВА; 112
- ПЛАНИРАЊЕ НА ИЗНОСИ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД ТРИ ГОДИНИ; И
112
- ИЗНОС НА МЕХАНИЗМОТ ШТО БИЛ ПОВЛЕЧЕН (АЖУРИРАНО СОГЛАСНО ТЕКОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ). 112
3. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ 112
- ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРАНСАКЦИЈА ПРИЛОЖЕНА КОН ОВОЈ ПРИЛОГ; И 112
- КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЧИЈА СОДРЖИНА Е ДЕФИНИРАНА ВО КЛАУЗУЛА 12.14(Ж) (ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ) 112
4. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРАНСАКЦИЈА 112
- КОНТЕКСТ 112
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОСТАВИ АМБИЦИОЗНИ ЦЕЛИ ВО ОДНОС НА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИИТЕ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ И ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА. СО ТЕКОВНАТА ЕНЕРГЕТСКА МЕШАВИНА ДОМИНИРААТ ТОПЛАНИ ШТО РАБОТАТ НА ЈАГЛЕН И ИМААТ ВИСОКО НИВО НА ЕМИСИИ. ПОТРЕБНИ СЕ ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА 112
РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ (РБСМ) КАКО РАЗВОЈНА ФИНАНСИСКА ИНСТИТУЦИЈА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Е ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ЧИНИТЕЛИ ШТО ГО ПОДРУЖУВА РАЗВОЈОТ И ПОНУДАТА НА ЗЕЛЕНИТЕ ФИНАНСИИ ДОДЕКА ИСТОВРЕМЕНО ПРИДОНЕСУВА КОН ИНКЛУЗИВЕН И ИНОВАТИВЕН РАСТ ПРЕДВОДЕН ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР. НЕЈЗИНАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ Е ДА СЕ ПОДДРЖИ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ПОСРЕДНО ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИ И СРЕДНИ
ПРЕТПРИЈАТИЈА (МСП), КОМПАНИИ СО СРЕДНА ПАЗАРНА КАПИТАЛИЗАЦИЈА И ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ. 112
- ОПИС НА ПРОЕКТОТ 113
ПРОЕКТОТ СОДРЖИ: 113
(I) КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РБСМ КОИ ЌЕ СЕ ИСКОРИСТАТ ЗА ДА СЕ ФИНАНСИРААТ ИНВЕСТИЦИИ НА ПРИВАТНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ (ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА, ПОЕКОЛОШКИ ПРОЦЕСИ НА ПРОИЗВОДСТВО), ЗА ФИНАНСИРАЊЕ МСП ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ ПОД РАКОВОДСТВО НА ЖЕНИ ИЛИ КОИ НУДАТ ПРОИЗВОДИ ЗА ЖЕНИ, И ДА СЕ ПОДДРЖАТ МСП КОИ ИНВЕСТИРААТ ВО СВОЈАТА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА; 113
(II) ПРОГРАМА ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ФИНАНСИРАНА ПРЕКУ ГРАНТ ОД ЕУР
400.000 ЗА ДА СЕ ПОДДРЖИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ОД СТРАНА НА РБСМ И НЕЈЗИНИТЕ ПАРТНЕРСКИ БАНКИ УЧЕСНИЧКИ, ДА ГИ ИЗГРАДАТ СВОИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИ ФИНАНСИИ И ДА ГО РАЗВИЈАТ СВОЈОТ СИСТЕМ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ (ЕСМС). 113
- ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ 113
ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ Е ДА ПРИДОНЕСЕ КОН ОТПОРЕН, ИНКЛУЗИВЕН ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ СО НИСКО НИВО НА ЈАГЛЕРОД ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ЗАБРЗУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ И ПОНУДАТА НА ЗЕЛЕНИ ФИНАНСИИ, ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМНИЧКИ И ПРЕКУ ПОДДРШКА НА МСП ШТО ИНВЕСТИРААТ ВО СВОЈАТА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА. 113
- ОПЕРАТОРИ НА ПРОЕКТОТ И НАЧИН НА РАБОТА 113
АФД ЌЕ ЈА НУДИ КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ДО РБСМ ЗА ТАА ПОНАТАМУ ДА ИМ ДАДЕ ЗАЕМ НА ПАРТНЕРСКИТЕ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ ШТО ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДАТ ЗАЕМ НА КОМПАНИИТЕ. АФД ЌЕ ГИ ИЗБЕРЕ КОНСУЛТАНТИТЕ ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ПРЕКУ ПРОЦЕС НА КОНКУРЕНТНО НАДДАВАЊЕ. 113
- ПЛАН НА ФИНАНСИРАЊЕ 113
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ЈА ГАРАНТИРА КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ОД ЕУР 50 МИЛИОНИ ДОСТАПНИ ЗА РБСМ. ГРАНТОТ ОД ЕУР 400.000 ЌЕ БИДЕ ПОД ДИРЕКТНО УПРАВУВАЊЕ НА АФД. 113
ПРИЛОГ 11 – НЕИСЦРПНА ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ОВЛАСТЕНИ ОД ЗАЕМОПРИМАЧОТ ДА СЕ ОБЈАВАТ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕХАНИЗМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ НА ЕС 114
ПРИЛОГ 12 – ФОРМА НА ПОТВРДАТА ЗА ФИНАНСИСКА УСОГЛАСЕНОСТ 115
3. ЗБОРОВИТЕ И ИЗРАЗИТЕ СО ГОЛЕМА БУКВА ШТО СЕ КОРИСТАТ, НО НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ СО ОВОЈ ДОПИС ГО ИМААТ ЗНАЧЕЊЕТО ШТО ИМ Е ДАДЕНО ВО ДОГОВОРОТ 115
4. ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е ПОТВРДА ЗА ФИНАНСИСКА УСОГЛАСЕНОСТ. 115
5. ПОТВРДУВАМЕ ДЕКА НА ДАТУМОТ НА ОВАА ПОТВРДА ЗА ФИНАНСИСКА УСОГЛАСЕНОСТ, РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ Е УСОГЛАСЕНА СО СТАПКИТЕ НАВЕДЕНИ ВО КЛАУЗУЛА 12.12 (ФИНАНСИСКИ ДОГОВОРИ), ОД ДОГОВОРОТ, ОДНОСНО 115
6. КОН ОВАА ПОТВРДА ПРИЛОЖУВАМЕ ДОКУМЕНТ ПОТПИШАН ОД НАДВОРЕШНИТЕ РЕВИЗОРИ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ КОЈ СОДРЖИ ОПИС НА ПРЕСМЕТКИТЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ СТАПКИ. 115
7. ПОТВРДУВАМЕ ДЕКА НЕ Е ВО ТЕК НЕПОДМИРЕН ДОЛГ 115
[ЗАБЕЛЕШКА: АКО ОВАА ПОТВРДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ, ПОТВРДАТА ГО НАВЕДУВА ТЕКОВНИОТ НЕПОДМИРЕН ДОЛГ И, АКО Е ПОТРЕБНО, ЧЕКОРИТЕ ШТО СЕ ПРЕЗЕМЕНИ ЗА НЕГОВО ПОДМИРУВАЊЕ.] 115
ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ
ПОМЕЃУ:
(1) РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, е развојна банка во државна сопственост основана согласно Закон, со седиште на ул. Xxxxxxxx Xxxxxxxx бр. 26, Скопје, 1000, поштенски фах 379, Република Северна Македонија, регистрирана под број 5240425 во Централниот регистар на Република Северна Македонија, и застапувана од страна на [име на потписник], во својство на [позиција на потписник], лице овластено да го потпише овој Договор,
(во понатамошниот текст наведена како „РБСМ“или„Заемопримачот“);
И
(2) ФРАНЦУСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ (AGENCE FRANCAISE DE DEVELOPPEMENT), француска јавна институција (établissement public) регулирана со француското законодавство, со седиште на 0, Xxx Xxxxxx Xxxxxxx, 00000 Xxxxx Xxxxx 00, Xxxxx, Xxxxxxxx, регистрирана во трговскиот регистар на Париз под број 000 000 000, и застапувана од страна на [име на потписник], во својство на [позиција на потписник], лице овластено да го потпише овој Договор,
(во понатамошниот текст наведена како„АФД“ или„Заемодавачот“); (заеднички наведени како „страни“ а секоја одделно „страна“);
ПРИ ШТО:
(A) Заемопримачот преку Банки учеснички има намера да обезбеди заеми со цел финансирање наПрифатливи инвестиции што ќе ги спроведат Крајните корисници како што е понатаму опишано во Прилог 2 – (Опис на проектот) („Проектот“).
(Б) Се предлага да се финансираат два вида на Прифатливи инвестиции (Комплексни и Едноставни), кои ќе се идентификуваат и финансираат одделно.
(B) Заемопримачот побара од Заемодавачот да му стави на располагање заем за целосно финансирање на Проектот.
(Г) Согласно одлуката бр. C20230405 од Comité des États Étrangers од 21 јуни 2023 година, Заемодавачот се согласува да му даде заем наЗаемопримачот во согласност со условите и правилата на овој Договор.
СТРАНИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈАкако што следува:
1. ДЕФИНИЦИИ И ТОЛКУВАЊА
1.1. Дефиниции
Зборовите и изразите со големи букви во овој Договор (вклучувајќи ги и оние што се појавуваат во Преамбулата и во Прилозите) ќе го имаат значењето што им е дадено во Прилог 1А (Дефиниции), освен ако не е поинаку предвидено во овој Договор.
1.2. Толкување
Зборовите и изразите употребени во овој Договор ќе се толкуваат во согласност со одредбите од Прилог 1Б (Конструкција), освен ако се појави спротивна намера.
2. ЗАЕМ, НАМЕНА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
2.1. Заем
Во согласност со условите од овој Договор, Заемодавачот му става на располагање на Заемопримачотзаемво максимален износ од педесет милиони евра (ЕУР 50.000.000).
2.2. Намена
Заемопримачот ќе го искористи целиот позајмен износ за финансирање на Проектот преку Банки учеснички, во согласност со описот на Проектот согласно наведеното во Прилог 2 – (Опис на проектот).
2.3. Мониторинг
Заемодавачот нема да биде одговорен за искористеноста на позејмениот износ што не е во согласност со одредбите на овој Договор.
2.4. Претходни услови
(a) Најдоцна до Датумот на потпишување, Заемопримачот ќе му ги достави на Заемодавачот сите документи наведени во Дел I од Прилог 4 - (Претходни услови).
(б) Барањето за повлекување на средства не може да се достави до Заемодавачот освен:
(i) доколку во случај на првото повлекување, Заемодавачот ги примил сите документи наведени во Дел II oд Прилог 4 - (Претходни услови) во форма и суштина прифатливи за Заемодавачот и го известил Заемопримачот за истото;
(ii)доколку во случај на последователно повлекување, Заемодавачот ги примил сите документи наведени во Дел IIIIII oд Прилог 4 - (Претходни услови) во форма и суштина прифатливи за Заемодававачот и го известил Заемопримачот за истото; и
(iii) доколку на Датумот на барањето за повлекување и на предложениот датум за повлекување, не се случил настан за нарушување на платниот систем и се исполнети условите наведени во овој Договор, вклучително и:
1) не постоело неисполнување обврски кое продолжува да трае или може да се појави како резултат од предложеното повлекување;
2) Заемопримачот е во тек со сите негови обврски за плаќање, вклучувајќи ги таксите и провизиите што доспеваат според Договорот;
3) Барањето за повлекување е направено во согласност со условите од Xxxxxxxx 4.2(Барање за повлекување);и
4) секое тврдење од страна на Заемопримачот во врска со Xxxxxxxx 11 (Тврдења и гаранции) e вистинито.
3. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ПРЕД ДА СЕ ИЗВРШАТ ПЛАЌАЊАТА И ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ ЗАЕМСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Пред да поднесе Барање за повлекување на средствата, Заемопримачот ќе му достави на Заемодавателот список на инвестиции што треба да се финансираатна следниот начин:
(a) За Комплексните прифатливи инвестиции:
− Писмо со опис на прифатливите инвестиции, во форма наведена во Прилог 5Д - (Образец за барање одобрување распределба), и
− Придружна документација (i) со информации за инвестициите и Крајните корисници наведени во Прилог 6 (Придружна документација кон барањето за распределба на средства) и (ii) која покажува дека инвестициите се во согласност со условите наведени во Прилог 2 - (Опис на проектот) и Прилог 3
- 0(Листа на исклучување).
Земодавателот писмено ќе ја потврди својата согласност за таквата листа со инвестиции во форма на писмо („Овластување за распределба на средства“). Само инвестициите наведени во Овластувањето за распределба на средства ќе се сметаат за Прифатливи инвестиции.
(б) За Едноставни прифатливи инвестиции:
− Список со Едноставните инвестиции прифатливи за Заемодавателот кои го прикажуваат оправданотоискористување на средствата, наведено во0(ПРИЛОГ 7 – ОПРАВДУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА).
Заемопримачот се обврзува да ги чува оригиналите од Договорите за финансирање склучени со Банките учеснички, како и целата придружна документација (договори, налози, фактури, ваучери и извештаи за износи) и истите да бидаттрајно достапни заЗаемодавателот, кој ќе ги провери, вклучително и во просториите на Заемопримачот. Заемопримачот со ова неотповикливо му дава на Заемодавателот право да врши ревизии за да се потврди искористеноста на средствата во секое време доколку Заемодавателот смета дека е потребно.
4. ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВА
4.1. Износ на повлекување средства
Заемот ќе биде достапен за Заемопримачот за време на Периодот на достапност од максимум десет (10) повлекувања.
Износот на предложеното Повлекување ќе изнесува:
(a) минимум 3 милиони евра (ЕУР3.000.000) или износ еднаков на расположливите средства од Заемотдоколку таквиот износ е помал од 3 милиони евра (EУР3.000.000); и
(б) максимум 25 милиони евра (EУР25.000.000).
4.2. Барање за повлекување
Заемопримачот може да повлече средства од Заемот со доставување пополнето Барање за повлекување, согласно условите на Договорот и Xxxxxxxx 2.4 (Претходни услови). Секое Барање за повлекување треба да се достави до Директорот на АФД на адресата наведена во Клаузула 17.1 (Известувања).
Секое Барање за повлекување ќе се смета за комплетирано и неотповикливо ако:
(a) барањето е во форма неведена во Прилог 5А - (Образец за барање за повлекување средства),
(б) Заемодавателот го примил Барањето за повлекување средства најдоцна петнаесет
(15) работни денови пред Крајниот рок за повлекување на средствата;
(в) Датумот на повлекување е работенден во рамките на Периодот на достапност;
(г) износот на повлекувањето е во согласност со Xxxxxxxx 4.1 (Износ на повлекување);
и
(д) целата документација наведена во Прилог 4 - (Претходни услови) е во прилог на Барањето за повлекување, во форма и суштина согласно барањата на Заемодавателот.
4.3. Целосна исплата
Согласно одредбите од Клаузула 15.7 (Нарушување на платен систем), доколку сите услови наведени во Клаузула 2.4(б) (Претходни услови)) и 4.2 (Барање за повлекување) од Договорот се исполнети, Заемодавателотќе го прифати Барањето за повлекување на Заемопримачот најдоцна до Датумот на повлекување.
Заемодавателот ќе му испрати на Заемопримачот потврдно писмо во форма и суштина наведени во Прилог 5Б – (Образец за повлекување на средства и писимо за потврда на стапката) што е можно поскоро.
4.4. Краен рок за првото повлекување
Првото повлекување мора да се оствари најдоцна до Крајниот рок за прво повлекување на средствата.
Доколку првото повлекување не се оствари во наведениот период, Заемодавателотима право да го откаже Заемот во согласност со Xxxxxxxx 9.4 (Откажување од страна на Заемодавателот).
Крајниот рок за првото повлекување не може да се одложи без претходна согласност од страна на Заемодавателот.
Секое одложување на Крајниот рок за прво повлекување (i) ќе подлежи на давачки или/и нови услови за финансирање соодветни за повлекувањата и (ii) ќе биде формално и писмено договорено меѓу страните.
4.5. Краен рок за повлекување на средствата
Целосното повлекување на средствата од заемот треба да се оствари најдоцна до Крајниот рок за повлекување на средствата.
Доколку повлекувањето не се оствари до горенаведениот датум, Заемодавателот има право да го откаже расположливиот Заем во согласност со Xxxxxxxx 9.4 (Откажување од страна на Заемодавателот).
Крајниот рок за повлекување на средствата може да се одложи со претходна согласност од страна на Заемодавателот.
Секое одложување на крајниот рок за повлекување на средствата (i) подлежи на давачки и/или нови услови за финансирање (ii) и ќе биде формално и писмено договорено меѓу страните.
5. КАМАТА
5.1. Каматна стапка
5.1.1. Избор на каматна стапка
За секое повлекување, Заемопримачот може да избере фиксна или варијабилна каматна стапка применлива на износот наведен во соодветното Барање за повлекување со наведување на избраната фиксна или варијабилна каматна стапка во Барањето за повлекување доставено до Заемодавателот согласно Прилог 5А - (Образец за барање за повлекување средства), кое подлежи на следните услови:
(a) Варијабилна каматна стапка
За секое повлекувањеЗаемопримачот може да избере Варијабилна каматна стапка која претставува годишен процент што е агрегат од:
− Тримесечен ЕУРИБОР, илиизмена на референтна вредностплус Маржа за приспособување, согласно одредбите од Xxxxxxxx 6 (Промена на пресметката на камата)од Договорот; и
− маржата.
Без оглед на горенаведеното, применливиот ЕУРИБОР ќе биде едномесечен ЕУРИБОР иливо зависност од случајот, Изменета референтна вредност плус Маржа за приспособување, во согласност со одредбите од Xxxxxxxx 6 (Промена на пресметката на камата) од Договорот, доколку првиот Каматен период е помал од шеесет (60) дена.
(б) Фиксна каматна стапка
Под услов износот на бараното Повлекување да биде еднаков или поголем од три милиони евра (ЕУР 3.000.000), Заемопримачот може да избере Фиксна каматна стапка за таквото повлекување. Фиксната каматна стапка ќе биде фиксна референтна стапка за соодветното повлекување пресметана на Датумот на утврдување на стапката плус маржата.
Заемопримачот може да определи максимален износ за фиксната каматна стапка во однос на соодветното повлекување во Барањето за повлекување. Доколку Фиксната каматна стапка пресметана на датумот на утврдување на стапката го надмине максималниот износ за Фиксната каматна стапка наведен во соодветното Барање за повлекување, таквото Барање за повлекување ќе се откаже и износот на бараното повлекување наведен во откажаното барање за повлекување на средства од заемот до расположливиотзаем.
(в) Минимална каматна стапка
Каматната стапка одредена во согласност со Xxxxxxxx 5.1.1.(Избор на каматна стапка), нема да биде помала од 0.25% годишно, без оглед на избраната опција и евентуален пад на каматната стапка.
(г) Промена на Варијабилна во Фиксна каматна стапка
(i) Стапка на промена по барање на Заемопримачот
Заемопримачот може во секое време да побара од Заемодавателот да ја конвертира Варијабилната каматна стапка што се применува за повлекување или неколку повлекувања во Фиксна каматна стапка, под услов износот на таквото повлекување или збирниот износ на повлекувања, во зависност од случајот, да биде еднаков или поголем од три милиони евра (ЕУР 3.000.000).
За таа цел, Заемопримачот ќе испрати до ЗаемодавателотБарање за промена на стапка во форма наведена во Прилог 5В - (Образец за барање за проемна на стапката). Заемопримачот може во Писмото за промена на стапка да наведе максимален износ за Фиксна каматна стапка. Доколку Фиксната каматна стапка пресметана на Датумот на утврдување на стапката го надмине максималниот износ за фиксна каматна стапка наведен од страна на Заемопримачот во Барањето за промена на стапката, таквото Барање за промена на стапката автоматски ќе се откаже.
Фиксната каматна стапка ќе стапи во сила два (2) Работни дена по Датумот на утврдување на стапката.
(ii)Механика на промена на стапка
Фиксната каматна стапка применлива за соодветното повлекување(а) ќе се определи во согласност со Xxxxxxxx 5.1.1. (б) (Фиксна каматна стапка) на Датумот на утврдување на стапката наведен во потстав (i) погоре. Заемодавателот веднаш ќе му испрати на Заемопримачот писмо со потврда за Xxxxxxx на стапката во суштина и форма наведена во Прилог 5Г - (Образец за потврда на промена на стапката).
Промената на стапка е конечна и нема трошоци за истата.
5.2. Пресметка и исплата на камата
Заемопримачот ќе плати акумулирана камата за повлекување(а) на секој Датум на плаќање.
Износот на каматата што ја плаќа Заемопримачот на релевантниот Датум на плаќање и за релевантниот Каматен период ќе биде еднаков на збирот на секоја камата што тој ја должи на износот на Неподмирената главнина во однос на секое повлекување. Каматата што ја должи Заемопримачот во однос на секое повлекување ќе се пресметува врз основа на:
(а) Неподмирената главнина што ја должи Заемопримачот во однос на релевантното повлекување на претходниот Датум на плаќање, или во случај на првиот Каматен период, на соодветниот Датум на повлекување;
(б) точниот број на денови што се акумулирале во текот на релевантниот Каматен период врз основа на година од триста и шеесет (360) дена; и
(в) применливата Каматна стапка утврдена во согласност со одредбите од Xxxxxxxx 5.1 (Каматна стапка).
5.3. Задоцнето плаќање и затезна камата
5.3.1. Задоцнето плаќање и затезна каматана сите доспеани и неплатени износи (освен за камата)
ДоколкуЗаемопримачот не успее да го плати износот што го должи наЗаемодавателот според овој Договор (без разлика дали е исплата на главнина, Обештетување за предвремено плаќање, провизии или инцидентни трошоци од било каков вид, освен неплатена задоцнета камата) на датумот на доспевање, каматата ќе се акумулира на задоцнетиот износ, до степен што го дозволува законот, од датумот на доспевање до датумот на вистинската исплата (пред и по арбитражна одлука или судска пресуда, доколку има таква) по Каматна стапка што се применува на тековниот Каматен период (затезна камата) зголемена за 3,5%(камата за задоцнето плаќање). Нема да биде потребно официјално претходно известување од страна на Заемодавателот.
5.3.2. Задоцнето плаќање и затезна камата на неплатена задоцнета камата
Каматата што не е платена на датумот на доспевање ќе сноси каматадо степен дозволен со закон и по Каматна стапка што се применува на тековниот Каматен период (затезна камата), зголемена за 3,5% (камата за задоцнето плаќање), до степен до кој таквата камата е доспеана за најмалку една (1) година. Нема да биде потребно официјално претходно известување од Заемодавателот.
Заемопримачот ќе ја плати секоја заостаната камата според оваа Клаузула 5.3 (Задоцнето плаќање и затезна камата) веднаш на барање на Заемодавателот или на секој Датум на плаќање по датумот на доспевање за заостанатата исплата.
Приемот на исплата на камата за задоцнето плаќање или затезна камата од страна на Заемодавателот нема да значи одобрување на некакво продолжување на плаќањето од страна на Заемопримачот, ниту да функционира како откажување од некое од правата на Заемодавателот.
5.4. Комуникација за каматните стапки
(a) Индикативни каматни стапки
За информативни цели и на барање на Заемопримачот, Заемодавателот може да обезбеди индикативна променлива и фиксна каматна стапка пред Барањето за повлекување. За да се избегне сомнеж, Заемодавателот нема да биде обврзан со Индикативната каматна стапка дадена на Заемопримачот пред таквото Барање за повлекување.
(б) Xxxxxxx стапки за повлекување
Заемодавателот веднаш ќе го извести Заемопримачот за утврдувањето на секоја Каматна стапка во согласност со овој Договор.
5.5. Ефективна глобална стапка (taux effectif global)
Со цел да постои усогласување со членовите L. 314-1 до L.314-5 и R.314-1 од Францускиот кодекс за потрошувачи и L. 313-4 од Францускиот монетарен и финансиски кодекс, Заемодавателот го информира Заемопримачот, а Заемопримачот воедно прифаќа
дека ефективната глобална стапка (taux effectif global)1 применлива на Заемот може да се вреднува на годишна стапка од [●] проценти годишно ([●]%) врз основа на триста шеесет и пет (365) дена во годината и Каматен период од три (3) месеци, по стапка од [●] проценти ([●]%), што подлежи на следново:
(a) Горенаведените стапки се наведени само за информативни цели; (б) Истите се пресметуваат на следната основа:
(i) Заемот да биде целосно повлечен со Фиксна стапка на Датумот на потпишување;
(ii)Фиксната стапка за времетраењето на Заемот да биде еднаков на [●]проценти ([●]%)годишно;
(в) горенаведената стапка ги зема предвид провизиите и трошоците што ги плаќа Заемопримачот според овој Договор, под претпоставка дека истите ќе останат фиксни и ќе важат до истекот на рокот на овој Договор.
Овие стапки се пресметани на датумите наведени погоре, врз основа на претпоставките наведени таму и нема во иднина да ги обврзуваат страните на овој Договор.
6. ПРОМЕНА ВО ПРЕСМЕТКАТА НА КАМАТА
6.1. Пазарно нарушување
(i) Да ја одреди Фиксната каматна стапка за повлекување или
(ii)Да го одреди ЕУРИБОР за соодветниот Каматен период за Варијабилната каматна стапка,
Заемодавателот ќе го информира Заемопримачот.
(б) По појавата на настанот опишан во став (a) погоре, применливата Каматна стапка во зависност од случајот и за соодветното Повлекување или релевантниот Каматен период ќе претставува збир од
(i) Маржата; и
(ii)процентуалната стапка на годишно ниво што одговара на трошоците на Заемодавателот за финансирање на соодветните Повлекувања од било каков извор што може да се избере. Заемопримачот ќе биде информиран за таквата стапка што е можно поскоро но во секој случај пред (1) првиот Датум на исплата на каматата што треба да се плати согласно Повлекувањето за Фиксната каматна стапка или (2) Датумот на плаќање за каматата што треба да се плати согласно Каматниот период за Варијабилна каматна стапка.
1 Ефективната глобална стапка (taux effectif global) ја обезбедуваат заемодавателите во Франција за да им овозможат на заемобарателите да ја одредат вкупната цена на заемот. Ефективната глобална стапка ги вклучува трошоците за сите надоместоци поврзани со заемот.
6.2. Приказ на изменета каматна стапка
6.2.1. Дефиниции
„Релевантно тело за именување“ значи секоја централна банка, регулатор, супервизор или работна група или комитет која ја спонзорира, формирана е или со неа претседава некоја од нив.
„Приказ на изменетата референтна вредност“ значи некој од следните настани или серија настани:
(б) донесен е закон или регулатива со која се забранува користење на Приказ на стапката, при што за да се избегне сомнеж се наведува дека појавата на овој настан нема да претставува задолжителен настан за предвремено плаќање;
(в) администраторот на Приказот на стапката или неговиот супервизор јавно објавува:
(iii) дека Приказот на стапка не може веќе да се користи (сега или во иднина);
(г) Јавно е објавена постапка за стечај на администраторот на Приказот на каматна стапка или некаква друга постапка за инсолвентност против него и во тој момент не постои наследник кој бил јавно номиниран да продолжи да го обезбедува Приказот; или
(д) според мислењето на Заемодавателот, Приказот на стапката престанал да се користи во низа споредливи финансиски трансакции.
„Приказ на каматна стапка“ значи ЕУРИБОР или по замената на оваа стапка со Измена на референтна вредност, Изменетата референтна вредност.
„Датум на приказот на каматна стапка“ значи:
(а) во однос на настаните наведени во точките а), г) и д) од горната дефиниција за Приказ на измената на каматната стапка, датумот на кој Заемодавателот има сознанија за појавата на таков настан и,
(б) во однос на настаните наведени во точките б) и в) од горната дефиниција за приказ на измената на каматната стапка, датумот после кој ќе биде забрането користење на приказот на каматната стапка или датумот на кој администраторот на Приказот на каматната стапка трајно или на неодредено време престанал да го обезбедува истиот, или датумот после кој повеќе не може да се користи.
(в) секоја Страна признава и се согласува во корист на другата Страна дека доколку настанеПриказ на изменета каматна стапка со цел да се зачува економската рамнотежа на Договорот, Заемодавателот може да го замени приказот на стапката со друга стапка („Измена на референтна вредност") која може да вклучува Маржа за приспособување со цел да се избегне трансфер на економска вредност помеѓу Страните (доколку има) („Маржа за приспособување") и Заемодавателот ќе го
одреди датумот од кој Измената на референтна вредност иМаржата за приспособување ќе го заменат приказот накаматната стапкаи сите други измени и дополни на Договорот кои се потребни како резултат на замената на приказот на стапката со Xxxxxxxx на референтна вредност.
(г) Утврдувањето Измена на референтна вредност и потребните измени ќе бидат направени со добра волја и земајќи го предвид следното: (i) препораките одРелевантни телаза номинирање, или (ii) препораките на администраторот на приказот на стапката, или (iii) индустриското решение препорачано од професионалните здруженија во банкарскиот сектор или (iv) пазарната практика забележана во серија споредливи финансиски трансакции на датумот на замена.
(д) Во случај на замена на Приказот на каматната стапка, Заемодавателот веднаш ќе го извести Заемопримачот за условите за замена на Приказот со Измена на референтна вредност, што ќе се применува за повлекувања или со Каматнипериоди кои започнуваат најмалку два Работни дена по Датумот на измена на приказ на каматната стапка.
(ѓ) Одредбите од Клаузула 6.2 (Приказ на изменета каматна стапка) преовладуваат во однос на одредбите од Xxxxxxxx 6.1 (Пазарно нарушување).
7. ПРОВИЗИИ
7.1. Провизија за ангажираност
Заемопримачот ќе му плати на Заемодавателот провизија за ангажираност во согласност со следниот распоред за плаќање:
• Од денот на Датумот на потпишување (исклучен) до денот на втората годишнина од Датумот на потпишување (вклучен), Заемопримачот ќе биде ослободен од плаќање на провизијата за ангажираност;
• Од денот на втората годишнина од Датумот на потпишување (исклучен) до денот на третата годишнина од Датумот на потпишување (вклучен), Заемопримачот ќе ѝ плаќа на АФДпровизија за ангажираностод 0,15% годишно;
• Од денот на третата годишнина од Датумот на потпишување (исклучен) натаму, Заемопримачот ќе и плаќа на АФДпровизија за ангажираност од 0,25% годишно.
Провизијата за ангажираност се пресметува на износот на Заемот проценет за вистинскиот број на изминати денови, намален за износот на Повлекувањата кои биле овозможени и во зависност од случајот, за износ од Заемот кој бил откажан во согласност со одредбите од Клаузула 9.3 (Откажување од страна на Заемопримач) и Клаузула 9.4 (Откажување од страна на Заемодавател).
Првата провизија за ангажираност се пресметува за период од (i) денот на втората годишнина од Датумот на потпишување (исклучен) до (ii) веднаш послеДатумот на плаќање (вклучен). Последователните провизии за ангажираност се пресметуваат за периоди кои започнуваат на денот веднаш по Датумот на плаќање(вклучен) и завршуваат на следниот Датум на плаќање (вклучен).
Акумулираната провизија за ангажираност треба да се плати (i) на секој Датум на плаќање сѐ додека Расположливиот заем е поголем од нула; (ii) на Датумот на плаќање после последниот ден од периодот од датумот на Првото повлекување до претходниот датум на кој Расположливиот заем е намален на нула и Крајниот рок за повлекување на средствата; и (iii) во случај Расположливиот заем да биде целосно откажан, на Датумот на
плаќање после датумот на стапување во сила на таквото откажување.
7.2. Провизија за евалуација
Најдоцна во рок од триесет (30) дена по Датумот на потпишување, Заемопримачот ќе му плати на Заемодавателот провизија за евалуација од 0,4% пресметана на максималниот износ на заемот.
8. ОТПЛАТА
По истекот на Грејс-периодот, Заемопримачот ќе му ја отплати на Заемодавателот главнината од заемот на триесет и шест (36) еднакви квартални рати, кои доспеваат на секој Датум на плаќање.
Првата рата ќе доспее за плаќање на 5 април 2030 година, а последната рата на 5 јануари
2039 година.
По секое повлекување со Фиксна каматна стапка, Заемодавателот ќе му достави на Заемопримачот амортизационен план во однос на повлечениот заем земајќи го предвид секое потенцијално откажување на заемот, доколку е применливо, согласно Клаузула 9.3 (Откажување од страна на Заемобарателот) и/или 9.4 (Откажување од страна на Замеодавателот).
Заемодавателот ќе му достави на Заемопримачот Известување за плаќање за секој Каматен период. За да се избегне сомнеж, Заемодавателот нема да биде обврзан со таквото Известување за плаќање, па дури и ако истото не било примено од страна на Заемопримачот, Заемопримачот ќе го отплати заемот во согласност со условите на оваа Клаузула 8 (Отплата).
9. ПРЕДВРЕМЕНАОТПЛАТА И ОТКАЖУВАЊЕ
9.1. Доброволна предвремена отплата
Не е дозволено доброволно предвремено плаќање на целиот или на дел од заемот пред да истече Грејс-периодот. Почнувајќи од денот по истекот на Грејс-периодот, Заемопримачот може предвремено да го отплати целиот или дел од заемот, под услов да се почитуваат следните услови:
(а) Заемопримачот да го извести Заемодавателот писмено за неговата намера однапред да плати, не помалку од триесет (30) Работни дена пред предвидениот Датум на предвремено плаќање;
(б) износот што треба да се плати предвремено е еднаков на една или неколку рати(и) во главнината;
(в) предвидениот датум на предвремено плаќање ќе биде Датум на плаќање;
(г) сите предвремени плаќања ќе се направат заедно со исплатата на акумулираната камата, провизии, обештетувања и поврзани трошоци во врска со однапред платениот износ како што е предвидено со овој Договор; и
(д) нема заостанат неплатен износ.
Најдоцна до Датумот на плаќање на кој е извршено предвременото плаќање, Заемопримачот ќе го плати целиот износ на надоместокот за предвремена отплата кои доспеваат и се исплаќаат согласно Клаузула 10.3 (Надоместок за предвремена отплата).
9.2. Задолжителна предвремена отплата
Заемопримачот однапред ќе го отплати целосно или дел од заемот по приемот на известување од страна на Заемодавателот со кое го известува Заемопримачот за некој од следниве настани:
(а) Незаконитост: согласно применливите закони, станало незаконски за Заемодавателот да ги извршува своите обврски како што е предвидено со овој Договор или да го финансира или одржува заемот;
(б) Дополнителни трошоци: износот на сите Дополнителни трошоци наведени во Клаузула 10.5 (Дополнителни трошоци) се смета за значаен од страна на Заемопримачот и истиот одбил да ги плати таквите Дополнителни трошоци;
(в) Промена на контрола: се случува промена на Контролата на Заемопримачот;
(г) Акционерство: Уделот на Заемопримачот е променет на начин што не е задоволителен за Заемодавателот врз основа на тоа што некој нов акционер е поврзан со (i) Перење пари, (ii) тероризам, (iii) Коруптивна практика или со некакваИзмама или (iv) тужба или казна против акционер во врска со кривично дело кое не подлежи на застареност според меѓународното право;
(д) Неисполнување на обврски: Заемодавателот објавува забрзување во согласност со Клаузула 14 (Неисполнување на обврски);
(ѓ) Неоправданост на користењето на средствата: Заемопримачот не го оправдал користењето на средствата во согласност со Клаузула 13.5 (Извештаи за користење на средствата), на начин кој е задоволителен за Заемодавателот во кој случај од Заемопримачот ќе се бара да го надомести неоправданиотизнос.
(е) Неможност да се ре-искористат средствата од заемот: во случајот опишан во Клаузула 12.14(е) (Повторно користење на средствата од заемот), Заемопримачот не го искористил делот од средствата во рок од дванаесет (12) месеци од исплатата, во кој случај од Заемопримачот ќе се бара да го надомести неискористениот износ.
Во случај на настаните наведени во (а), (в), (г), (ѓ), (е) погоре, Заемодавателот го задржува правото, откако писмено ќе го извести Заемопримачот, да ги оствари своите права како доверител и да побара од Заемопримачот предвремено плаќање на целиот или дел од заемот, што ќе се случи во рок од дваесет (20) Работни дена по приемот на известувањето од Заемодавателот.
Во случај на настанот наведен во (б) (Дополнителни трошоци) погоре, Заемодавателот го задржува правото да ги оствари своите права како доверител на начин наведен во Клаузула 10.5 (Дополнителни трошоци).
Во случај на настанот наведен во (д) (Неисполнување на обврски), Заемодавателот го задржува правото, откако писмено ќе го извести Заемопримачот, да ги оствари своите права како доверител на начин наведен во став (б) од Клаузула 14.2 (Забрзување).
Од Заемопримачот ќе се бара да го плати целосниот износ на обештетувањата што доспеваат согласноКлаузула 10.3 (Надоместок за предвремена отплата), најдоцна на Датумот на плаќање на кој го извршил предвременото плаќање.
9.3. Откажување од страна наЗаемопримачот
Пред истекот на Рокот за повлекување на средствата, Заемопримачот може да го откаже
целиот или дел од Расположливиот заемсо тоа што на Заемодавателот ќе му достави известување три (3) Работни дена порано. По приемот на таквото известување за откажување, Заемодавателот ќе го откаже износот за кој бил известен од страна на Заемопримачот.
9.4. Откажување од страна наЗаемодавателот
Заемодавтелот може да го откаже целиот или дел од Расположливиот заемпо доставување на известување до Заемопримачот кое ќе стапи веднаш во сила, доколку:
(а) Расположливиот заем не е еднаков на нула на Крајниот рок за Повлекување на средствата;
(б) првото повлекување не се случило на Крајниот рок за првото повлекување; или (в) настанало Неисполнување на обврски и истото продолжува; или
(г) се случил настан наведен во Клаузула 9.2 (Задолжителна предвремена отплата).
9.5. Ограничувања
Секое известување за предвремено плаќање или откажување дадено од некоја од Страните во согласност со оваа Клаузула 9 (Предвременаотплата и откажување) ќе биде неотповикливо и освен ако поинаку не е предвидено во овој Договор, секое такво известување ќе го наведе датумот или датумите на кои треба да се изврши релевантното предвремено плаќање или откажување, како и износот на тоа плаќање или откажување.
Заемопримачот не требапредвремено да плати или да го откаже целиот или дел од заемот, освен во времето и на начин изречно предвидени во овој Договор.
Секое предвремено плаќањеспоред овој Договор ќе се изврши заедно со плаќање на (i) акумулирана камата на однапред платениот износ, (ii) неподмирени давачки и (iii) Обештетување за предвремено плаќање наведено во Клаузула 10.3 (Надоместок за предвремена отплата).
Секој износ на предвремено плаќање ќе се примени на преостанатите рати во обратен редослед на доспевање.
Заемопримачот нема право повторно да позајмува цел или дел од заемот кој бил задолжително предвремено платен или откажан.
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБВРСКИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
10.1. Трошоци и издатоци
(a) Во случај на аванс даден од страна на Заемодавателот, Заемопримачотќе му го платидиректно илидоколку е применливо ќе му го надомести износот наЗаемодавателот до десет илјади евра (ЕУР 10.000) за трошоци (вклучувајќи ги и правните давачки) направени од страна на Заемодавателот во врска со преговарањето, подготовката и потпишувањето на: (i) овој Договор или други документи наведени во овој Договор (вклучувајќи и правно мислење) и (ii) други документи во врска со овој Договор склучени по Датумот на потпишување.
(б) Доколку е потребна измена или дополна на овој Договор, Заемопримачот ќе му надомести на Заемодавателот износ до пет илјади евра(ЕУР 5.000) за трошоци
(вклучувајќи ги и правните трошоци) кои настанале при одговорот, евалуацијата, преговарањето или усогласувањето со тоа барање.
(в) Заемопримачот ќе му ги надомести на Заемодавателот сите документирани трошоци (вклучувајќи правни трошоци) направени од негова страна во врска со спроведувањето или зачувувањето на некое од неговите права според овој Договор.
Без оглед на горенаведеното, во случај на конечна судска одлука во корист на Заемопримачот, истиот нема да биде обврзан да му надомести на Заемодавателот трошоци кои настанале во врска со таквата постапка.
(г) Во случај на аванс даден од страна на Заемодавателот, Заемопримачот директно ќе го плати или доколку е применливо, ќе му го надомести на Заемодавателот износот на сите трошоци и издатоци во врска со трансферот на средства на или за сметка на Заемопримачот од Париз до некое друго место во договор со Заемодавателот, како и сите такси и трошоци за трансфер во врска со плаќањето на износите што доспеваат според заемот.
10.2. Обештетување поради откажување
Доколку заемот е целосно или делумно откажан во согласност со условите на Клаузула
9.3 (Откажување од страна на Заемопримачот) и/или 9.4 (Откажување од страна на Заемопримачот ставови (а), (б) и (в), Заемопримачот ќе плати отштета за откажување, чиј износ се пресметува во согласност со следново:
(а) Ако кумулативниот откажан износ е помал или еднаков на десет милиони евра (ЕУР 10.000.000), Заемопримачот нема треба да плати обештетување поради откажување.
(б) Ако откажувањето предизвика кумулативниот откажан износ да го надмине прагот од десет милиони евра (ЕУР 10.000.000), Заемопримачот ќе плати отштета поради откажување од 2,5% на разликата помеѓу кумулативниот откажан износ и десет милиони евра (ЕУР 10.000.000).
(в) По настанувањето на ситуацијата опишана во став (б), секое следно откажување ќе подлежи на обештетување од страна на Заемопримачот во износ од 2,5% од откажаниот износ.
Секое обештетување поради откажување се плаќа на Датумот на плаќање веднаш по откажувањето на целиот или дел од заемот.
10.3. Обештетување поради Предвремена отплата
За сметка на претрпените загуби од страна на Заемодавателот како резултат на предвременото плаќање на целиот или дел од заемот во согласност со Клаузулите 9.1 (Доброволна предвремена отплата) или 9.2 (Задолжителна предвремена отплата), Заемопримачот ќе му плати на Заемодавателот обештетување еднакво на вкупниот износ од:
• Компензациско обештетување за предвремено плаќање; и
• трошоци кои произлегуваат од прекинот на трансакции за хеџирање на каматни стапки што ги воспоставил Заемодавателот во врска со однапред платениот износ.
10.4. Даноци и обврски
10.4.1. Трошоци за регистрација
Во случај да доспеваат трошоци за марки, регистрација и други слични даноци што се плаќаат во однос на овој Договор, Заемопримачот директно ќе ги плати тие трошоци или доколку е применливо, ќе му ги надомести на Заемодавателот во случај на аванс на таквите трошоци направени од Заемодавателот.
10.4.2. Задржување данок
Заемопримачот се обврзува дека сите плаќања направени конЗаемодавателот според овој Договор ќе бидат ослободени од Задржан данок.
Доколку Задржувањето данок е со закон потребно, Заемопримачот се обврзува да го собере износот на секое такво плаќање на износ што му остава на Заемодавателот износ еднаков на плаќањето што би доспеал доколку било потребно плаќање на задржаниот данок.
Заемопримачот ќе му ги надомести на Заемодавателот сите трошоци и/или даноци на Заемопримачот што ги платил Заемопримачот (ако е применливо), со исклучок на сите даноци што доспеваат во Франција.
10.5. Дополнителни трошоци
Доколку Заемодавателотоствари дополнителен трошок како резултат на:
i. стапување во сила на нов применлив закон или регулатива за банкарство, или измена или дополна во толкувањето или примената на некој постоечки важечки банкарски закон или регулатива што влијае на економската рамнотежа на заемотили
ii. усогласеност со некој закон или пропис донесен по Датумот на потпишување,
и има намера да побара негово плаќање од страна на Заемопримачот, Заемодавателот ќе го извести Заемопримачотза истото („Известување од Заемодавателот“).
По Известувањето од страна наЗаемодавателот, Заемопримачот и Заемодавателотќе стапат во период на консултации во рок од десет (10) Работни дена со цел да го проценат износот на релевантните Дополнителни трошоци и да донесат одлука за плаќање на таквите трошоци погодни за двете страни. Доколку побара Заемопримачот, Заемодавателот ќе му достави документи со објаснување поврзани со дополнителните трошоци заизвестувањето одЗаемодавателот.
Доколку Страните не постигнат договор по периодот на консултации, Заемопримачот ќе го извести Заемодавателот за неговото одбивање да ги плати Дополнителните трошоци во рок од дваесет (20) Работни дена по приемот на Известувањето од Заемодавателот. Таквото известување ќе се смета дека претставува случај на задолжително предвремено плаќање, како што е наведено во ставот (а) oд Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски), и Заемодавателот ќе има право да го раскине Договорот.
10.6. Валута на обештетување
Доколку некој износ што доспева за Заемопримачот според овој Договор, како и наредба, пресуда или награда дадена или донесена во врска со таков износ, треба да се конвертира од валутата во која тој износ се плаќа во друга валута, со цел:
(а) поднесување барање или доказ против Заемопримачот; или
(б) добивање или извршување на налог, пресуда или одлука во врска со некоја парнична или арбитражна постапка во која од Заемопримачот ќе се бара да му врати износ на Заемодавателот во согласност со став (в) од Клаузула 10.1 (Трошоци и издатоци),
Заемопримачот ќе го обештети Заемодавателот во рок од три (3) Работни дена од Барањето на Заемодавателот и согласнотоа што е дозволено со закон, ќе му го плати износот за било каков трошок, загуба или обврска што произлегува или се појавува како резултат од конверзијата, вклучително и секое несовпаѓање помеѓу : (А) девизниот курс што се користи за конвертирање на износот од првата валута во втората валута; и (Б) девизниот курс или курсот на располагање на Заемодавателот во моментот на неговото примање на тој износ. Оваа обврска за обештетување на Заемодавателот е независна од било која друга обврска на Заемопримачот според овој Договор.
10.7. Датум на досепавање
Секое обештетување или надомест што треба да го плати Заемопримачот на Заемодавателот според оваа Клаузула 10 (Дополнителни обврски за плаќање) доспева и се плаќа на Датумот на плаќање веднаш по околностите што довеле до релевантното обештетување или надомест.
Без оглед на горенаведеното, секое обештетување што треба да се плати во врска со предвремено плаќање согласно Клаузула 10.3 (Обестетување поради предвремено плаќање) доспева и се плаќа на датумот на соодветното предвремено плаќање.
11. ЗАСТАПУВАЊА И ГАРАНЦИИ
Сите застапувања и гаранции наведени во оваа Клаузула 11 (Застапувања и гаранции) се направени од страна на Заемопримачот во корист на Заемодавателот на Датумот на потпишување. Сите застапувања и гаранции во оваа Клаузула 11 (Застапувања и гаранции) исто така се смета дека се направени од страна на Заемопримачот на датумот на кој се исполнети сите претходни услови наведени во Дел II од Прилог 4 - (Претходни услови), на датумот на секое Барање за повлекување, на секој Датум на повлекување и на секој Датум на плаќање, освен што се смета дека повторувањето на застапувањата содржани во Клаузула 11.10 (По грешни информации) се направени од Заемопримачот во врска со информациите дадени од Заемопримачот од датумот на кој последен пат е направено такво застапување.
11.1. Статус
Заемопримачот и секоја одБанките учесничкисе друштва законски основани и легално постојат согласно јурисдикцијата во земјата на основање.
Заемопримачоти секоја од Банките учеснички има право на свои средства и деловни активности. Уставните документи на Заемопримачот се во согласност со сите важечки закони и прописи.
11.2. Овластувања и авторитет
Заемопримачот има овластување да го склучи, изврши и испорача овој Договор и да ги заврши сите предвидени обврски. Заемопримачот ги презел сите неопходни активности за да го овласти неговото склучување, извршување и испорака на овој Договор и трансакциите предвидени со истиот.
11.3. Валидност и допуштеност во доказите
Сите потребни овластувања:
(а) кои имаат за цел да му овозможат на Заемопримачот законски да склучи и да ги користи своите права и да се усогласи со своите обврски од овој Договор; и
(б) кои имаат за цел да допуштат овој Договор да биде прифатлив како доказ во судовите или во арбитражна постапка во јурисдикцијата надлежна за Заемопримачот,
се добиени и полноправни и не постојат околности кои би можеле да резултираат со одземање, необновување или измена, целосно или делумно на таквите овластувања.
11.4. Даноци за поднесување и марки
Според законите на јурисдикцијата надлежна за Заемопримачот, не е неопходно овој Договор да биде поднесен, евидентиран или запишан кај некој суд или друг орган во таа јурисдикција или да се плаќа печат, регистрација или слични даноци или такси за или во врска со овој Договор или трансакциите предвидени во него, освен што Заемопримачот задолжителното треба да ја извести Народната банка на Република Северна Македонија за трансакциите предвидени во овој Договор
11.5. Задолжителни обврски
Обврските преземени од страна на Заемопримачот според овој Договор се во согласност со сите закони и прописи што се применуваат во неговата надлежна јурисдикција и се законски, валидни, обврзувачки и извршни кои се правосилни и во согласност со нивните писмени услови.
11.6. Бесплатен трансфер на средства
Целиот износ кој Заемопримачоттреба да го пренесе на Заемодавателот во врска со Договорот е бесплатен за Франција или било која друга земја.
11.7. Конфликт со други обврски
Склучувањето и спроведувањето на овој Договор и трансакциите предвидени со него не се во спротивност со некое домашно или странско право или регулатива применлива на него, неговите уставни документи (или други слични документи) или некој договор или инструмент кој е обврзувачки за Заемопримачот и Банките учеснички,ниту пак влијае на неговите средства.
11.8. Владејачко право и надлежна јурисдикција
(a) Француското право како владејачко право на овој Договор ќе биде признаено и спроведено од судовите и арбитражните трибунали во јурисдикцијата надлежна заЗаемопримачот.
(б) Секоја пресуда добиена во врска со овој Договор на суд или одлука од арбитражен трибунал ќе биде признаена и спроведена во јурисдикцијата надлежна заЗаемопримачот.
11.9. Неисполнување на обврски
Не постои и не продолжува да трае никаков настан на неисполнување обврски ниту има разумна веројатност истиот да се случи.
Не постои и не продолжува никакво прекршување од страна на Заемопримачот во однос на друг договор што го обврзува, или влијае на неговите средства, што има, или постои веројатност дека ќе предизвикаМатеријаленa неповолна промена.
11.10. Погрешни информации
Сите информации и документи доставени од Заемопримачот и од секоја Банка учесник до Заемодавателотсе вистинити, точни и ажурирани на датумот кога биле дадени или на датумот на кој се наведени да бидат дадени и не се изменети и дополнети, отповикани, откажани или обновени под ревидирани услови, ниту пак се погрешни во некој материјален поглед како резултат на пропуст, појава на нови околности или обелоденување или необелоденување на некои информации.
11.11. Рангирање на Pari Passu основа
Обврските за плаќање на Заемопримачот во согласност со овој Договор се рангирани на pari passuосновасо побарувањата на сите негови други необезбедени и неподредени доверители.
11.12. Даноци
Сите даноци што треба да ги плати Заемопримачот се уредно пријавени, регистрирани и/или постои известување за истото и се платени во времето определено од релевантниот даночен орган, во согласност со важечките сметководствени и даночни правила, освен за даноците чие плаќање е оспорено со добра волја во согласност со соодветните процедури идо степен до кој е издадено барање за наплата на данок, доколку Заемопримачотбил суспендиран од даночниот орган; нема неподмирено или предвидено побарување на релевантниот даночен орган што би влијаело на капацитетот на Заемопримачот да ги исполни своите обврски за плаќање според овој Договор или да се усогласи со Договорите за финансирање.
11.13. Закана од судски постапки или постапки во тек
Освен за побарувања кои се во тек или постои можност да се појават а се изрично обелоденети од Заемопримачот, според Заемопримачот, не постојат никакви парнични, арбитражни или административни постапки на или пред некој суд, арбитражен трибунал или друг орган против него и неговиот имот или некоја Банка учесник, којдоколку донеси неповолна одлука, веројатно би предизвикал Материјално неповолна промена.
11.14. Постапка на инсолвентност
Не се преземени никакви корпоративни дејствија, правни постапки или други слични постапки или чекори во врска со Заемопримачот или Банка учесник, во врска со суспензија на плаќањата, мораториум на задолжување, ликвидација, распуштање, администрација или реорганизација (по пат на доброволен аранжман, шема на аранжман или друго) или состав, компромис, отстапување или договор со некој доверител на Заемопримачот или Банка учесник.
11.15. Потекло на средства и забранети практики
Заемопримачот го застапува и гарантира следното:
(a) Капиталот и квази капиталот на Заемопримачот и средствата инвестирани во Прифатливите заеми немаат нелегално потекло; и
(б) Заемопримачот не подлежел на казна изречена пред помалку од пет години со res judicata одлука за забрана на вршење дејност; и
(в) Заемопримачот не извршил ниту учествувал во никакво дело спротивно на некое важечко право против перење пари и финансирање тероризам.
11.16. Материјално негативна промена
Заемопримачот застапува и гарантира дека не постои настан или околност што веројатно би предизвикал Материјално негативна промена.
12. ЗАЛОЖБИ
Обврските во Клаузула 12 (Заложби) стапуваат на сила на Датумот на потпишување и остануваат во сила и се полноправни сè додека постои неплатен износ според овој Договор.
12.1. Корпоративно присуство
Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара секоја од Сродните финансиски инструменти:
(a) да го одржува своето корпоративно постоење и општата природа на своите деловни активности и нема да го менува седиштето, корпоративните цели или природата на своите операции без претходна согласност на Заемодавателот;
(б) да не го менува или дополнува својот статут (или други слични уставни документи) по Датумот на потпишување на начин што може негативно да влијае на интересите или правата на Заемодавачот; и
(в) да не стапува во спојување, разделување, консолидација или друго слично корпоративно реструктуирање без претходна писмена согласност на Заемодавателот.
12.2. Усогласување со закон и регулативи
Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник да:
(a) се придржува и осигура дека Крајните корисници се усогласени со сите закони и прописи на кои може да подлежат или кои може да важат за Прифатливите заеми и
Прифатливите инвестиции, особено во врска со законите за заштита на животната средина, безбедноста и трудот, како и борбата против Забранети практики; и
(б) ги поднесе сите свои даночни пријави и да ги плати сите даноци во дозволениот временски период, освен ако и само до степен до кој таквото плаќање е оспорено од Заемопримачот со добра волја и постои одредба за тие даноци што е наведена во финансиските извештаи на Заемопримачот; и
(в) добива, одржува во сила и е полноправна и ги почитува сите материјални аспекти на одредбите, условите и ограничувањата (доколку ги има) наведени во било кој договор, овластување, одобрение или одлука на администрација, јавна власт или трибунал, како и да направи сè што е потребно според применливите закони или регулативи за да се осигура дека ги извршува своите обврски согласно таквите договори, овластувања, одобренија или одлуки.
12.3. Овластувања
Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник навремено да добие, да се придржува и да направи сѐшто е потребно за секое Овластување потребно според применливите закони или регулативида се одржи во сила и полноправно, за да се овозможи извршување на своите обврски според овој Договор и да обезбеди законитост, валидност, извршност и допуштеност како доказ за овој Договор.
12.4. Рангирање на Pari Passu основа
Заемопримачот се обврзува да се погрижи неговите обврски за плаќање според овој Договор во секое време да се рангираат на pari passu основа со другите сегашни и идни необезбедени и неподредени обврски за плаќање.
12.5. Хартии од вредност
Заемопримачот нема да дозволи да постои нов долг со рок на доспевање на повеќе од една (1) година (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на позајмувања на меѓубанкарскиот пазар, должнички инструменти за преговарање, издавање обврзници), хартија од вредност над неговите средства или прилив на приходи,како и лична гаранција освен:
− кога збирната вредност на Хартијата од вредност е помала од пет проценти (5%)
од вредноста на билансот на состојба на Заемопримачот; или
− когабила добиена претходна писмена согласност од Заемодавателот; и
− на барање на Заемодавателот, доколку на Заемодавателот му даде Хартија од вредност или гаранција, или слична Хартија од вредност или гаранција, со еквивалентно рангирање.
12.6. Осигурување
Заемопримачотќе вклучи иќе одржува клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја од Банките учеснички да ги одржуваатво сила и полноправни своите полиси за осигурување кои покриваат штети поврзани со деловното работење во согласност со практиката за таквите операции, и да ги плаќаат премиите на датумите на доспевање.
12.7. Финансиска година и ревизори
Заемопримачот нема да го менува датумот на завршување на својата финансиска година без претходно одобрение од Заемодавателот, освен ако таквата промена не се бара согласно законите или прописите на Северна Македонија.
Доколку дојде до промена на Ревизори, Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник да назначи регистрирана ревизорска куќа со потребно искуство за исполнување на нивните должности како ревизори, во согласност со законите и прописите на Северна Македонија.
Заемопримачот ќе го информира Заемодавателот пред да ги смени неговите Ревизори или алтернативните Ревизори.
12.8. Листа со финансиски санкции и ембарго
Заемопримачот се обврзува и потврдува дека Банките учесничкиќе се обврзат:
(a) дека не се достапни средства или економски ресурси, директно или индиректно, на или во корист на лица, групи или субјекти наведени на некоја листа на финансиски санкции; и
(б) дека не финансираат, стекнуваат или обезбедуваат набавки или услуги,ниту интервенираат во сектори кои подлежат на Обединетите нации, Европската унија или Француското ембарго.
12.9. Потекло на средства, отсуство на Забранети практики
Заемопримачот се обврзува и потврдува дека сродните финансиските институции се обврзуваат:
(а) да ги користат средствата на заемот во согласност со Општата политика на Групацијата АФД за спречување и борба против Забранетите практики достапни на неговата веб-страница;
(б) да се осигураат дека нивниот капитал и квази капитал и средствата инвестирани во ПрифатливиПрифатливи заеми и Прифатливи инвестициинемаат нелегално потекло;
(в) да му дозволат и да го овластатЗаемодавателот (или лица назначени од страна на Заемодавателот) да ги верификуваат системите на Заемопримачот против перење пари и финансирање на тероризам во согласност со препораките на ФАТФ;
(г) дека нивните активности нема да доведат до некоја Забранета практика;
(д) ќе го известат Заемодавателот веднаш штом дознаат или се посомневаат во некоја Забранета практика;
(ѓ) во случајот наведен во ставот (д) погоре или на барање на Заемодавателот, ако Заемодавателот се сомнева дека се случиле дејства или практики наведени во ставот (в), да ги преземат сите неопходни дејствија за да се поправи ситуацијата на начин што е задоволителен за Заемодавателот од и во рокот определен од Заемодавателот; и
(е) да го известат Заемодавателот веднаш доколку имаат сознанија за било какви информации што наведуваат на сомнеж во Нелегално потекло на капитал и квази капитал или средства инвестирани во Прифатливи заеми и Прифатливи инвестиции.
12.10. Истраги
Заемопримачотдозволува и ќе осигура дека финансиските институции дозволуваат на Заемодавателот или на трета страна назначена од Заемодавателот, да спроведат истрага во случај на тврдење за Забранета практика. За таа цел, Заемодавателот или трето лице наложено од него се овластениза следното:
(а) да испрашаат секого кој може да има информации за наводна Забранета практика; (б) да спроведат ревизии и контроли, документирано и на лице место, како што
Заемодавателот може да смета дека е соодветно, вклучително и пристап до сметководствените книги и евиденција или друга документација во врска со Проектот што ја поседува Заемопримачот или друго лице или субјект поврзани со Проектот;
(в) да ги посетат локациите, објектите и работите поврзани со проектот; и (г) да ги преземат сите чекори и дејствија потребни за овие истраги.
Заемопримачот ќе се погрижи тендерските документи, договорите и поддоговорите финансирани преку заемот да го овозможат спроведувањето на оваа Клаузула.
Неусогласеноста со оваа Клаузула од страна на Заемопримачот може, по право на Заемодавателот, да претставува Некооперативна практика.
12.11.Перење пари и финансирање на тероризам
Заемопримачот се обврзува на следното:
(а) во однос на своите клиенти, да ги применува процедурите за спроведување на обврската за внимателност во согласност со стандардите на ФАТФ за перење пари;
(б) да го овласти Заемодавателот да изврши, или да набави трета страна да изврши во негово име, верификација на спроведувањето од страна на Заемопримачот на неговата обврска за внимателност во врска со борбата против перење пари и финансирање тероризам.
12.12. Финансиски обврски
Заемопримачотпостојано ќе се придржува кон Финансиските обврски утврдени во секој закон или регулатива применливи на него.
Заемопримачотпостојано:
− Ќе се усогласи со Регулаторните стапки;
− Ќе гарантира дека неговата стапка на изложеност на средствата е помала од пет проценти (5%).
12.13.Еколошка и социјална одговорност
(а) Спроведување на еколошки и социјални мерки
Со цел да се промовира одржлив развој, Страните се согласни дека е неопходно да се промовира усогласеноста со меѓународно признатите стандарди за животна средина и труд, вклучувајќи ги и основните конвенции на Меѓународната
организација на трудот („МОТ“) и меѓународните закони и прописи за животната средина што се применуваат во јурисдикцијата надлежна за Заемопримачот.
За таа цел и во однос на неговите деловни активности, Заемопримачот ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животната средина и законите за работни односи, во согласност со важечките закони и прописи на земјата во која се спроведува Проектот. Заемопримачот ќе побара и ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од Банките учеснички да побараат од Крајните корисници да се усогласат со таквите стандарди во водењето на нивните деловни активности.
Во рок од две (2) години од Датумот на потпишување, Заемопримачотќе развие и воведе политика за еколошка и општествена одговорност, во согласност со принципите содржани во Акциониот план за животна средина и социјални работи (ЕСАП) во формата утврдена во Прилог 9 - (Акциски план за животна средина и социјални работи).
На секоја годишнина од Датумот на потпишување на овој договор, Заемопримачот ќе достави до Заемодавателот годишен извештај во врска со статусот на неговата политика за еколошка и социјална одговорност и распоред на предвидените чекори.
(б) Управување со еколошки и социјални (EС) жалби
i. Заемопримачот (i) потврдува дека добил копија од Правилникот за Механизмот за управување со жалби на ЕС и ги признал неговите услови, особено во однос на активностите што може да ги преземе Заемодавателот во случај кога трета страна поднесува жалба и (ii) потврдува дека овој Правилник за Механизмот за управување со жалби на ЕС имаист договорно обврзувачки ефект како овој Договор за Заемопримачот и Заемодавателот.
ii. Заемопримачот изречно го овластува Заемодавателот да им ги обелодени на експертите (согласно дефинираното во Правилникот за Механизмот за управување со жалби на ЕС) и на страните вклучени во прегледот на усогласеност и/или процесите на порамнување, проектните документи кои се однесуваат на еколошки и социјални прашања неопходни за обработка на еколошките и социјалните жалби, вклучително и без ограничување на оние наведени во Прилог 11 - (Неисцрпна листа на документи за животна средина и социјални работи овластени од Заемопримачот да се објават во согласност со правилникот за механизмот за управување со жалби на ЕС)
(в) Исклучување на Заемопримачот од сите финансиски активности
Заемопримачотсе согласува да го исклучи следново од своите финансиски активности:
(i) Производство или трговија со недозволени производи, како и нелегална активност според националните или меѓународните закони што се применуваат во земјите-дестинациии;
(ii)Производствени активности или други активности кои вклучуваат употреба на принудна работа1 и/или детска работа2;
(iii) Трговија, производство, одгледување или поседување животни, растенија или други природни производи што ги прекршува одредбите на CITES3;
(iv) Прекугранична трговија со отпад, освен оние што се во согласност со Базелската конвенција4и нејзините основни прописи;
12.14.Посебни заложби
(а) Настани кои влијаат на Прифатливите заеми
Заемопримачот ќе го информира Заемодавателот за секоја одлука или настан што може значително да влијае на спроведувањето на Подобна инвестиција или Подобен заем и/или неговата усогласеност со сите или дел од обврските на Заемопримачот според овој Договор.
(б) Имплементација на проектот
Заемопримачот ќе го имплементира Проектот и ќе осигура дека Банките учесничкиќе го спроведат Проектот, особено во врска со идентификацијата на инвестициите за кои размислуваат да ги финансираат според овој Договор, исклучиво според критериумите за подобност дефинирани во Прилог 2 - (Опис на проектот), со исклучок на друг проект во врска со Крајниот корисник.
(в) Мониторинг на проектот
i. Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник да му дозволи на Заемодавателот и неговите претставници да вршат мониторинг во врска со спроведувањето на Проектот, Прифатливите заеми и Прифатливите инвестициифинансирани одзаемот.
ii. Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка ученик (i) да соработува и пружи помош и информации на Заемодавателот и неговите претставници при извршувањето на таквите инспекции, времето и формата за коиво секој случај Заемодавателот по консултација со Заемопримачот ќе ги утврди; и (ii) да обезбеди пристап до своите вработени лица. Заемопримачот се обврзува да направисѐ што е потребно за даовозможи овие инспекции да се спроведат со една или повеќе финансиски институции.
1„Присилна работа“ се однесува на секоја работа или услуга извршена неволно и изнудена од поединец користејќи закана со сила или казна, согласно дефинираното во конвенциите на МОТ.
2 Вработените мора да имаат најмалку 14 години како што е дефинирано во Декларацијата на МОТ за основните принципи и права на работа (C138 – Конвенција за минимална возраст, член 2), освен ако локалните закони не бараат задолжително школување или минимална возраст за вработување или работа. Во такви околности, мора да се користи највисоката возраст.
3 CITES: Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (Вашингтон,
1973).
4 Базелската конвенција за контрола на прекуграничното движење на опасен отпад и нивно отстранување е достапна на: www.basel.int
iii. Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник да ја чува и одржува целата документација во врска со Проектот (која особено вклучува документи кои се однесуваат на Прифатливи заеми, Прифатливи инвестиции и документи обезбедени од Крајните корисници) на располагање на Заемодавателот, во период од десет
(10) години од последниот Датум на плаќање. Документите кои се однесуваат на процесот на проценка на Прифатливите инвестиции и Крајните корисници, како и документите за внатрешно одобрување на Прифатливите инвестиции, ќе бидат достапни за консултација на лице место од страна на Заемодавателот во просториите на финансиските институции.
(г) Ексклузивност
Заемопримачот нема да бара финансирање од алтернативен заемодавател за Прифатлив заем што ќе се распредели од заемот. Понатаму, ниту еден Прифатлив заем нема да се додели за финансирање склучено од страна на Заемопримачот кај друг финансиер или инвеститор(и). Меѓутоа, во случај на делумно финансирање на Прифатлив заем во рамките на заемот, ова ограничување ќе се применува само на делот од Прифатливиот заем што треба да се додели од заемот.
(д) Крајни корисници
Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од Финансиските институции да се погрижат за следното:
− дека само Крајните корисници ќе имаат корист од Прифатливите заеми и инвестиции; и
− ќе добијат претходна согласност од Заемодавателот пред секоја материјална промена што потенцијално може да влијае на подобноста на Прифатливите заеми и/или инвестиции.
(ѓ) Применлив девизен курс
За целите на извештаите и информациите кои треба да се добијат од Заемопримачот согласно Клаузула 13.5 (Извештаи за користење на средствата), во околности кога повлекувањата направени од страна на Банките учесничкикон еден или повеќе Крајни корисници за финансирање на Прифатливите заеми или инвестиции во валута различна од еврото, Заемопримачот се обврзува дека Банките учесничкиќе го конвертираат износот на повлекувањата направени во евра по курсот на релевантната валута во евра како што се применува од Европската централна банка или од централната банка на земјата на соодветната валута, на датумот на соодветното повлекување(а).
(е) Повторно користење на износите од заемот
Во случај на предвремено плаќање кон финансиските институции од страна на Краен корисник пред рокот на заемот, Заемопримачот се обврзува да го информира Заемодавателот во рок од 15 (петнаесет) Работни дена и да вложи напор да осигура дека Финансиските институции ќе ги искористат средствата во рок од 12 месеци од датумот на отплата за финансирање на нови Прифатливи заеми и/или Прифатливи инвестиции до Крајните корисници.
(ж) Евалуација на проектот
Заемопримачот признава дека Заемодавателот може да спроведе или да побара од трета страна да спроведе евалуација на Проектот во негово име. Повратните информации од оваа евалуација ќе послужатда се направи резиме што ќе содржи информации за Проектот, на пример: вкупниот износ и времетраењето на финансирањето, целите на Проектот, очекуваните и постигнатите квантифицирани резултати од Проектот, проценка на релевантноста, ефективноста, влијанието и одржливоста на Проектот, главни заклучоци и препораки.
Главната цел на евалуацијата ќе биде формулација на веродостојно и независно расудување за клучните прашања за релевантност, имплементација (ефикасност) и ефекти (ефективност, влијание и одржливост).
Евалуаторите треба на избалансиран начин да ги земат предвид различните легитимни гледишта што може да се изразат и да ја спроведат евалуацијата непристрасно.
Заемопримачот ќе биде вклучен во евалуацијата, од изготвувањето на задачите до доставувањето на Конечниот извештај.
Резимето ќе биде објавено на веб-страницата на Заемодавателот, освен ако Заемопримачот формално не го изрази своето несогласување.
(з) Банки учеснички
Заемопримачот ќе се погрижи сите обврски што Заемопримачот ги обезбедил во име на Банките учеснички според условите на овој Договор, а особено оние наведени во Клаузула 12 (Заложби) и 13 (Заложби за информации), (i) се прикажани во клаузулит вклучени во Финансиските договори потпишани со секоја таква финансиска институција, доколку не се во спротивност со македонското законодавство, и (ii) се преземени и извршени од страна на Финансиските институции во контекст на спроведувањето на Проектот.
Заемопримачот ќе му го соопшти на Заемодавателот секој Договор за финансирање кој е уредно потпишан, во согласност со образецот претходно потврден од Заемодавателот.
Пред првата исплата кон секоја Банка учесник, Заемопримачот ќе побара претходно одобрение од Заемодавателот за подобноста на Финансиската институција, во согласност со критериумите за подобност дефинирани во Прилог 2 - (Опис на проектот).
12.15.Видливост и комуникација
Заемопримачот ќе спроведе дејствија за видливост и комуникација поврзани со спроведувањето на Проектот во согласност со условите на Водичот за видливост и комуникација и воедно признава дека целосно го прочитал и разбрал горенаведениот водич.
Според Водичот за видливост и комуникација, Проектот претставува предмет на обврски за комуникација и видливост од ниво 1.
13. ЗАЛОЖБИ ВО ВРСКА СО ИНФОРМАЦИИ
Заложбите во Клаузула 13 (Заложби во врска со информации) ќе стапат на сила на Датумот на потпишување и ќе имаат ефект онолку долго колку што е заостанат износ според овој Договор.
13.1. Oпшти информации
(а) Финансиски информации
Заемопримачот ќе му го обезбеди на Заемодавателот следното:
(i) следните документи, штом истите се достапни и во рок од 180 календарски дена по крајот на секоја финансиска година:
• финансиски извештаи; и
• годишен извештај;
(ii)следните документи, штом се достапни и не подоцна од деведесет (90) дена по крајот на секое финансиско полугодие:
• полугодишни финансиски извештаи.
Заемопримачот ќе осигура дека сите финансиски извештаи во согласност со Клаузула 13.1 (Општи информации) се подготвени во согласност со применливите сметководствени принципи.
(б) Дополнителни информации, на барање на Заемодавателот:
На барање на Заемодавателот, Заемопримачот се обврзува да обезбеди дополнителни информации во врска со:
i. неговите финансиски и оперативни информации, вклучително и расчленување на неподмирените заеми по сектори и времетраење, распределба на ризиците, анализа на расположливите ресурси според потеклото и времетраењето, неговата ликвидност и обврски кон трети страни (вклучително и вонбилансни обврски);
ii. неговата изложеност на банкарски ризици (ликвидност, пазарен, заемнски, оперативен, правен, регулаторен и репутациски ризик), неговите процедури за ублажување на овие ризици како и полисата за доделување заем.
13.2. Потврда за финансиска усогласеност
Заемопримачот ќе му достави на Заемодавателот потврда за финансиска усогласеност заедно со Годишните финансиски извештаи обезбедени во согласност со ставотError! Reference source not found. oд Клаузула 13.1 (Општи информации).
13.3. Потврда за усогласеност со законите против перење пари и финансирање тероризам
Заемопримачот ќе му доставува на Заемодавателот годишно, а најдоцна петнаесет (15) календарски дена по крајот на претходната финансиска година, потврда за усогласеност со законите против перење пари и финансирање тероризам суштински и во формата наведена во Прилог 8 - (Потврда за борба против перење пари и финансирање тероризам)).
13.4. Информации - разно
Заемопримачот ќе му го достави следното на Заемодавателот:
(а) веднаш штом дознае за нив, детали за настан или околност што е или може да доведе до неисполнување на обврски или што има или може да има Материјално неповолен ефект, природата на таков настан и сите дејствија преземени или што треба да бидат преземени за да го поправат истото (ако има такви);
(б) веднаш штом дознае за нив, детални информации во врска со парница, арбитража или управна постапка која е актуелна, се заканува да биде или е во тек против Заемопримачот и која доколку е неповолно утврдена, може да има Материјално неповолен ефект;
(в) веднаш штом дознаеза детали за инцидент или несреќа директно поврзани со спроведувањето на Прифатливиот заемот или инвестиција што може да има значително влијание врз местото на Прифатливите инвестиции, условите за работа на вработените лица или вработените лица кај изведувачот на изградбата на споменатите проекти, природата на таквиот инцидент или несреќа, заедно со детали за дејства преземени или предложени да се преземат од страна на Заемопримачот за исите да се поправат;
(г) навремено, даде детали за одлука или настан што може да влијае на организацијата, завршувањето или функционирањето на заемите и/или прифатливите инвестиции;
(д) копии од измена или дополна на неговите уставни документи што се бара да се направи со закон;
(ѓ) детали за трансакции што може да резултира со промена на сопственоста во корист на само едно лице или субјект од пет проценти (5%) или повеќе од акционерскиот капитал, или на директен или индиректен промена на контролата на Заемопримачот;
(е) навремено извести за дополнителни информации во врска со неговата финансиска состојба, средства и операции или документи или други соопштенија дадени или примени од него, а кои Заемодавателот може да ги побара; и
(ж) што е можно поскоро, во текот на времетраењето на деловниот однос, да му достави на Заемодавателот документација или информација за Заемопримачот што може да ги побара Заемодавателот, за да му овозможи на Заемодавателот да ги исполни своите обврски за KYC („запознај го својот клиент“) според прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, особено за целите на ажурирање на неговите информации за KYC на клиентот (Заемопримачот).
13.5. Извештај за искористеноста на средствата
Заемопримачот ќе му го достави следното на Заемодавателот:
(а) извештај за искористеноста на веќе платените средства, вклучувајќи ги и оние средства што се вратени од страна на Крајниот корисник и повторно искористени од Заемопримачот, најдоцна дванаесет (12) месеци по секое Повлекување до крајот на Грејс-периодот,а во согласност со Клаузула 12.14(е) (Повторно користење на износите одзаемотот), согласно барањата на Заемодавателот, во форма на Прилог
7 - (Оправдување за користење средства) уредно потпишано од овластен потписник на Заемопримачот;
(б) Конечен извештај за користењето на средствата најдоцна дванаесет (12) месеци по датумот на последното Повлекување, во форма наведена во Прилог 7 - (Оправдување за користење на средства), согласно барањата на Заемодавателот и потпишано од овластен потписник на Заемопримачот, со што се потврдува дека сто проценти (100%) од средствата повлечени во рамките назаемот се платени од Заемопримачот и опишан е секој Подобен заем, како и деталите за платените приходи.
Овие извештаи исто така ќе ги опишат и конверзиите направени во согласност со Клаузула 12.14(ѓ) (Применлив девизен курс), вклучувајќи ги износите и применливите девизни курсеви.
Овие извештаи ќе ги опфатат само Прифатливите инвестиции кои се или (i) наведени во Овластувањата за распределба за Комплексни прифатливи инвестиции или (ii) Едноставни прифатливи инвестиции.
13.6. Крајни корисници
Заемопримачот ќе вклучи клаузули во Договорите за финансирање со кои се бара од секоја Банка учесник да го направи следното:
(а) во Договорот за заем со Крајните корисници да вклучи обврска за достава насекаков документ на Заемодавателот (вклучувајќи го и Договорот за заем со Крајниот корисник) или информации во врска со финансирањето или релевантната Подобна инвестиција;
(б) на барање на Заемодавателот, да му обезбеди секакви информации во врска со Крајните корисници, вклучувајќи, меѓу другото:
− информации (вклучително и при измена на лични податоци) за идентитетот на секој Краен корисник;
− финансиските извештаи на Крајните корисници (биланс на состојба и биланс на успех) по одобрување и секакви информации што Заемодавателот може да ги побара за финансиската состојба на Крајните корисници; и
− договори за заемсклучени помеѓу Банките учеснички и Крајните корисници за финансирање на Прифатливите инвестиции.
14. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИ
14.1. Неисполнување на обврски
Сите настани и околности наведени во Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски) ќе претставуваат настан на неисполнување на обврски.
(a) Неплаќање
Случај кога на датумот на доспевање Заемопримачот не го плаќа износот што треба да се плати според овој Договор на начин што се бара со истиот. Сепак, без оглед на Клаузула 5.3 (Задоцнето плаќање и затезна камата), не постои неисполнување
на обврски според овој став (а) доколку плаќањето било извршено во целост од страна на Заемопримачот во рок од пет (5) Работни дена од денот на доспеавање.
(б) Заложби и обврски
Кога Заемопримачот не се придржува кон ниту еден од условите од овој Договор, вклучително, без ограничување на ниту една од обврските што ги презел согласно Клаузула 12 (Заложби) и Клаузула 13 (Заложби во врска со информации).
Освен заложбите дадени во Клаузула 12.8 (Листа со финансиски санкции и Ембарго) и 12.9 (Потекло на средства, отуство на забранети практики) од овој Договор во однос на кој не е дозволен Грејс-период, нема да настане неисполнување на обврските според овој став (б) ако неусогласеноста може да се поправи и се отстрани во рок од пет (5) Работни дена порано од (А) кога Заемодавателот дал известување за непочитување од страна на Заемопримачот; и (Б) Заемопримачот станал свесен за прекршувањето или во рокот определен од Заемодавателот во случајот наведен во потстав (г) од Клаузула 12.9 (Потекло на средства, отсуство на забранети практики).
(в) Погрешно толкување
Кога застапувањето или гаранцијата дадена од страна на Заемопримачот во овој Договор, вклучително и според Клаузулата 11 (Застапувања и гаранции), или во друг документ доставен од или во име на Заемопримачот според или во врска со овој Договор, е неточно или погрешно кога истото било направено или се смета дека било направено.
(г) Вкрстено неисполнување на обврски
(i) Согласно ставот (iii) подолу, кога секоја Финансиска задолженост на Заемопримачот (освен заемот) не се плаќа на нејзиниот датум на доспевање или, доколку е применливо, во грејс-период доделен во согласност со релевантната документација.
(ii) Согласно ставот (iii), кога доверителот ја откажал или суспендирал својата обврска кон Заемопримачот во согласност со некоја Финансиска задолженост или ја прогласил истата за доспеана пред нејзиното одредено доспевање, или побарал предвремена исплата во целост; во секој случај, како резултат на настан на неисполнување на обврските или одредба која има сличен ефект (како и да е опишано) во согласност со релевантната документација.
(iii) Ниту еден настан на неисполнување нема да се случи според Клаузула 14.1 (г) (Вкрстено неисполнување на обврски) доколку износот на Финансиската задолженост или обврската за Финансиска задолженост од ставовите (i) и (ii) од помал од еден милион сто седумдесет илјади евра (ЕУР 1.170.000) (или еквивалент во друга валута(и)).
(д) Инсолвентност
Кога Заемопримачот не е во можност, или ја признава својата неспособност да ги плати своите долгови додека доспеваат, или го суспендира плаќањето на некој од неговите долгови или поради реални или очекувани финансиски тешкотии, започнува преговори со еден или повеќе од своите доверители за репрограмирање или реструктуирање на некоја од задолженостите.
(ѓ) Постапки за инсолвентност
Кога е донесена е одлука на акционерското собрание, помеѓу директорите или другите службени лица на Заемопримачот дека се покренува судска постапка или се презема друг аналоген чекор или постапка во врска со суспензијата на плаќањата, мораториум со доверители или ликвидација, распуштање, администрација, реорганизација или реструктуирање на Заемопримачот или друга слична постапка или аранжман.
(е) Незаконитост
Кога е незаконски Заемопримачотда извршува некоја од неговите обврски според овој Договор.
(ж) Материјалнио неповолна промена
Се појавува или е веројатно декаќе се појави настан или мерка што веројатно ќе предизвикаМатеријално неповолна промена.
(з) Интервенција од страна на овластен орган Органот:
i. ги запленува или експроприра сите, делили повеќе делови од средствата на Заемопримачот кои се потребни за продолжување на неговите активности; или
ii. го поседува или контролира целиот или дел од средствата наЗаемопримачот кои се потребни за продолжување на неговите активности; или
iii. презема мерки со цел ликвидација, затворање, администрација, реорганизација или реструктуирање на Заемопримачот; или
iv. презема друга мерка што би го спречила Заемопримачот да продолжи со сите или дел од неговите активности или операции.
(ѕ) Овластувања
Секое овластување кое му е потребно на Заемопримачот со цел да ги исполни или да се усогласи со неговите обврски според овој Договор или што се бара во вообичаениот тек на деловното работење а кое не е добиено во бараната временска рамка или е откажано, или станува неважечко или на друг начин престанува да биде во сила и полноправно.
(и) Пресуди или одлуки кои имаат материјално неповолен ефект
Секоја пресуда или арбитражна одлука, како и судска или административна одлука што влијае на Заемопримачот има или е веројатно дека ќе има Материјално неповолен ефект или започнал/е еден или повеќе чекори или постапки кои имаат или е веројатно дека ќе неповолен ефект, или е веројатно дека Заемопримачотнема да може да изврши некоја од своите обврски според овој Договор.
(ј) Ревизија
Ревизорите одбиваат да потврдат или издадат квалификувано мислење во врска со Финансиските извештаи на Заемопримачот, што веројатно ќе предизвика материјално неповолен ефект.
(к) Суспендирање на бесплатната конвертибилност и бесплатен трансфер
Кога се оспорува бесплатна конвертибилност и пренос на износот што доспева заЗаемопримачот според овој Договор, како и друга можност овозможена од Заемодавателот на Заемопримачот или друг заемопримач од јурисдикцијата на Заемопримачот.
(л) Гаранција
Договорот за гаранција престанува да биде во сила и полноправен или Гарантот прекршува одреден рок, услов или одредба од Договорот за гаранција.
Секое Финансиско задолжување на Гарантот (освен Гаранцијата) која не се плаќа на датумот на доспевање или, доколку е применливо, во грејс-периодот доделен во согласност со релевантната документација.
14.2. Забрзување
Во секое време по појавата на настан на неисполнување на обврските, Заемодавателот може, без да обезбеди формално барање или да започне судска или вонсудска постапка, со писмено известување до Заемопримачот, да го направи следното:
(a) да го откаже заемот; и/или
(б) да изјави дека целиот или дел од заемот заедно со акумулираната или неподмирена камата и сите други износи што се неплатени според овој Договор, се веднаш доспеани.
Без оглед на горенаведеното, во случај да се појави Неисполнување на обврски како што е наведено во Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски),Заемодавателот го задржува правотописмено да го извести Заемопримачот дека го (i) суспендира или одложува секое Повлекување во рамките на заемот; и/или (ii) го суспендира финализирањето на договори кои се однесуваат на други можни финансиски понуди кои биле дискутирани помеѓу Заемодавателот и Заемоот; и/или (iii) суспендира или одложува заем според договор за заем склучен помеѓу Заемопримачот и Заемодавателот.
14.3. Известување за неисполнување на обврски
Во согласност со Клаузула 13.4 (Информации - Разно), Заемопримачот веднаш ќе го извести Заемодавателот штом дознае за некој настан кој е или веројатно претставува настан на неисполнување на обврските и ќе го информира Заемодавателот за сите мерки што ги предвидува Заемопримачот за да го поправи истиот.
15. УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕМОТ
15.1. Плаќања
Сите плаќања примени од страна на Заемодавателот според овој Договор ќе се применат за плаќање на трошоци, надоместоци, камати, главни износи или друг износ што се должи според овој Договор по следниот редослед:
(а) неочекувани трошоци и расходи; (б) такси;
(в) камата за задоцнето плаќање и казнена камата; (г) пресметана камата;
(д) отплати на главнината.
Сите исплати добиени од страна на Заемопримачот ќе се применат најпрво за исплата на износи што доспеваат и се плаќаат според заемот или други заеми дадени од страна на Заемодавателот на Заемопримачот, доколку е во интерес на Заемодавателот да ги примени овие износи на таквите заеми, по редоследот наведен погоре.
15.2. Пребивање
Без претходно одобрение од страна на Заемопримачот, Заемодавателот може во секое време да ги пребие доспеаните обврски што ги должи Заемопримачот со износ што го чува во име на Заемопримачот или доспеани обврски што Заемодавателот ги должи на Заемопримачот. Доколку обврските се во различни валути, Заемодавателот може да ја конвертира секоја од обврските по важечкиот девизен курс за целите на пребивањето.
Сите плаќања направени од страна на Заемопримачот според овој Договор ќе се пресметуваат и вршат без пребивање. На Заемопримачот му е забрането да прави пребивање.
15.3. Работни денови
Без оглед на пресметката на Каматниот период кој останува непроменет, ако плаќањето доспева на ден кој не е Работен, датумот на доспевање за таа исплата ќе биде следниот Работен ден доколку следниот работен ден е во истиот месец или претходниот Работен ден ако следниот Работен ден не е во истиот календарски месец.
15.4. Валута на плаќање
Валутата на секој износ што се плаќа според овој Договор е евра, освен како што е предвидено во Клаузулата 15.6 (Место на плаќање).
15.5. Meтод на пресметка
Секоја камата, надоместок или трошок што се акумулира според овој Договор ќе се пресметува врз основа на реалниот број на поминати денови во една година од триста и шеесет (360) дена во согласност со практиката на европскиот меѓубанкарски пазар.
15.6. Место на плаќање
(a) Сите средства што Заемодавателотќе ги префрли на Заемопримачот во рамките на заемот ќе бидат уплатени на банкарската сметка одредена за таа цел од страна на Заемопримачот, под услов Заемодавателот да ја даде својата претходна согласност за избраната банка.
Заемопримачот може да побара средствата да се префрлат во евра на банкарска сметка деноминирана во евра.
(б) Секое плаќање што треба да го изврши Заемопримачот конЗаемодавателот ќе се плати на датумот на достасување најдоцна до завршетокот на работното време (дефинирано како 16:00 часот по време во Париз) на следната банкарска сметка:
- RIB код: 30001 00064 00000040235 03
- IBAN: FR76 3000 1000 6400 0000 4023 503
- Име на банката: Banque de France
- SWIFT (BIC): BDFEFRPPCCT
отворена од Заемодавателот во Banque de France (главна канцеларија/главна филијала) во Париз или друга сметка за којаЗаемодавателотго известил Заемопримачот.
(в) Заемопримачот ќе побара од банката одговорна за пренос на средства на Заемодавателот да ги обезбеди следните информации при трансфер на сеопфатен начин и по редоследот наведен подолу:
- Налогодавач: име, адреса, број на банкарска сметка
- Банка на налогодавач: име и адреса
- Цел на дознака: име на Заемопримачот, име на проектот, референтен број на Договорот
(г) Сите плаќања направени од страна на Заемопримачот ќе се усогласат со Клаузула15.6 (Место наплаќање) со цел релевантната обврска за плаќање да се смета дека е целосно исполнета.
15.7. Нарушување на платните системи
(а) може и доколку тоа го побара Заемопримачот, ќе започне разговори со Заемопримачот со цел да се договорат промени во работењето и администрирањето на заемот како што Заемодавателот смета дека е неопходно во околностите;
(б) нема да биде обврзан да води разговори со Заемопримачот во врска со промените наведени во став0погоре,ако според нивно мислење, не е практично да се направи тоа во околностите и во секој случај нема обврска да се согласи со таквите промени; и
(в) нема да биде одговорен затрошоци, загуби или обврски што произлегуваат како резултат на преземање или непреземање на дејствија согласно Клаузула 15.7 (Нарушување на платните системи).
16. РАЗНО
16.1. Јазик
(a) Јазикот кој се користи во овој Договор е англиски. Доколку истиот е преведен на друг јазик, а во случај на конфликт при толкувањето или во случај на спор меѓу страните ќе преовладува англиската верзија.
(б) Сите известувања или документи во врска со овој Договор ќе бидат на англиски јазик. (в) Заемодавателот може да побара известувањето или документот во врска со овој
Договор, кој не е на англиски јазик, да биде придружен со заверен англиски превод, во којшто случај, преводот на англиски јазик ќе преовладува освен ако документот е уставен документ на компанија, правен текст или друг службен документ.
(г) Финансиските извештаи и потврдите обезбедени од страна на Заемопримачот ќе бидат на англиски јазик.
16.2. Потврди и одлуки
Во парница или арбитражна постапка што може да произлезе од или во врска со овој Договор, записите направени во сметките што ги одржува Заемодавателот претставуваат prima facie(убедлив) доказ за работите на кои се однесуваат.
Секоја потврда или одлука од страна на Заемодавателот за стапка или износ според овој Договор, во отсуство на очигледна грешка, ќе претставува убедлив доказ за работите на кои се однесува.
16.3. Делумна невалидност
Доколку некој од условите на овој Договор е или стане незаконски, неважечки или неспроведлив, валидноста, законитоста или спроведливоста на преостанатите одредби од овој договор нема да бидат засегнати или оштетени.
16.4. Без одрекување од право
Неискористување или доцнење во остварувањето на некое право од Договорот од страна на Заемодавателот, нема да функционира како откажување од тоа право.
Делумното остварување на некое право нема да спречи натамошно остварување на истото или користење на друго право или правен лек според важечкиот закон.
Правата и правните лекови на Заемодавателот според овој Договор се кумулативни и не исклучуваат други права и правни лекови според важечкиот закон.
16.5. Отстапување на право
Заемопримачот не може да отстапи или пренесе некои од неговите права и обврски според овој Договор без претходна писмена согласност од Заемодавателот.
Заемодавателот може да отстапи или пренесе некое од неговите права или обврски според овој Договор на друга финансиска институција со добра репутација или на француската држава и може да склучи договор за под-партиципација.
16.6. Правен ефект
Прилозите во прилог на Договорот како и Преамбулата се дел од овој Договор и имаат ист правен ефект.
16.7. Целиот договор
Почнувајќи од Датумот на потпишување, овој Договор го претставува целиот договор помеѓу Страните во врска со прашањата наведени овде, и ги заменува сите претходни документи, договори или разбирања кои можеби биле разменети или доставени како дел од преговорите во врска со овој Договор.
16.8. Дополни и измени
Дополна и измена не може да се изврши на овој Договор освен ако не е изречно договорено во писмена форма меѓу Страните.
16.9. Доверливост–Откривање на информаци
(a) Ниту една од Страните нема да ја открие содржината на овој Договор на трета страна без претходна согласност од другата страна, освен на:
(i) неговите акционери, ревизори и правни советници; и
(ii)други лица кон кои има обврска да ги открие таквите информации според некој применлив закон, регулатива или судска одлука; и
(iii) Proparco, во својство на подружница на Заемодавателот.
(б) Понатаму, Заемодавателот може да открие информации или документи во врска со Проектот на: (i) неговите ревизори, експерти, агенции за рејтинг, правни советници или надзорни тела; (ii) лице или субјект на кои Заемодавателот може да му ги додели или пренесе сите или дел од неговите права или обврски според овој Договор, (iii) француската држава, а особено министерствата кои Заемодавателотги известуваза целите на дејноста на Заемодавателот; (iv) Банки учеснички и/или (v) лице или субјект заради преземање заштитни мерки или зачувување на правата на Заемодавателот според овој Договор.
(в) Понатаму, Заемопримачот ќе му дозволи на Заемодавателот да комуницира и објавува на неговата веб-страница (и на неговата платформа за отворени податоци) информации во врска со проектот и неговото финансирање, како што е наведено во Прилог 10- (Список со информации со кој Заемобарателот го овластува Заемодавателот да ги објави на својата веб – страница).
(г) Заемопримачот преку Банките учеснички ќе се погрижи Крајните корисници да му дозволат на Заемодавателот да објави на својата веб-страница или на друг начин, информации поврзани со извршените Прифатливи заеми и/или Прифатливи инвестиции кои се финансирани од заемот.
16.10.Правни лекови, одрекување и промена на околности
(а) Неискористувањето или доцнење во остварувањето на некое право или правен лек од Договорот од страна на Заемодавателот, нема да функционира како откажување од тоа право и правен лек, или да претставува избор за потврдување на некој дел од овој Договор. Ниту еден избор за потврдување на овој Договор од страна на Заемодавателот нема да биде правосилен освен ако не е во писмена форма. Ниедно делумно остварување на право или правен лек нема да спречи натамошно или друго остварување на друго право или правен лек. Правата и правните лекови предвидени според овој Договор се кумулативни и според став (б) подолу, не исклучуваат права или правни лекови предвидени со закон.
(б) Секоја од страните потврдува дека одредбите од член 1195 од Францускиот граѓански законик нема да се применуваат во однос на нивните обврски според финансиските документи и дека нема право да поднесе барање според член 1195 од Францускиот граѓански законик.
16.11.Статус на застареност
Статусот на застареност на сите побарувања според овој Договор или Договорите за финансирање ќе биде десет (10) години, освен за секое побарување за камата што доспева според овој Договор кое ќе подлежи на важечкиот статут на застареност.
17. ИЗВЕСТУВАЊА
17.1. Известувања
Секое известување, барање или друга комуникација што треба да се оствари според или во врска со овој Договор ќе биде направено во писмена форма иосвен ако не е поинаку наведено, може да се испрати по пошта на адресата и бројот на соодветната страна, како што е прикажано подолу:
За Заемопримачот:
РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Адреса: ул. Димитрие Чуповски бр. 26, Скопје, 1000, п.фах 379, Република Северна Македонија
Tелефон: +389 2 3115 844
Е-пошта: [●]
Наменето за: [●] За Заемодавателот:
АФД – РЕГИОНАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
Адреса: Змај Јовина 11, 11 000 Белград, Република Србија
Телефон: +381 11 78 58 830
Наменето за: Раководител на регионалната канцеларија за Западен Балкан Копија за:
АФД – ГЛАВНО СЕДИШТЕ НА АФД
Адреса: ул. Роланд Бартес бр. 5, – 75598 Париз Седекс 12, Франција Телефон: + 33 1 53 44 31 31
Наменето за: Раководител на секторот за Европа, Среден Исток и Азија
или друга адреса, факс, оддел или службено лице за кои страните меѓусебно ќе се известат.
17.2. Испорака
Секое известување, барање или комуникација која е остварена или документ испратен од едната на другата Страна во врска со овој Договор ќе биде правосилна само:
(а) ако е по факс, примено во читлива форма; и
(б) ако е со писмо испратено по пошта, и доставено на точната адреса,
(в) икога одредено лице или оддел е наведено во Клаузула 17.1 (Известувања), доколку таквото известување, барање или комуникација е упатено до тоа лице или оддел
17.3. Електронска комуникација
Секоја комуникација остварена од лице со друго според или во врска со овој Договор може да се врши преку електронска пошта или други електронски средства доколку страните:
(а) се согласни дека освен ако и додека не бидат известени за спротивното, ова да биде прифатена форма на комуникација;
(б) писмено да се известат меѓусебно за нивната електронска пошта и/или за други информации потребни за да се овозможи испраќање и примање информации на тој начин; и
(в) меѓусебно се известуваат за секаква промена на нивната адреса или за друга таква информација добиена од нивна страна.
Целата електронска комуникација остварена помеѓу Страните ќе биде правосилна само кога навистина ќе биде примена во читлива форма.
18. ВЛАДЕЈАЧКО ПРАВО, ЈУРИСДИКЦИЈА И ИСПОРАКА ПО ПОШТА
18.1. Владејачко право
Договорот е регулиран со француското законодавство.
18.2. Надлежна јурисдикција
Комерцијалниот суд во Париз има ексклузивна надлежност да решава секаков спор што произлегува од или во врска со овој Договор (вклучувајќи спор во врска со постоењето, важноста, толкувањето, извршувањето или раскинувањето на овој Договор) кој не може да се реши спогодбено.
Страните изречно се согласуваат дека со потпишувањето на овој Договор, Заемопримачот неотповикливо се откажува од сите права на имунитет во однос на јурисдикцијата или извршувањето на Договорот на кои инаку би можел да се потпре, и нема да има право да бара за себе или за неговите средства, имунитет од тужба, извршување, припојување или друг правен процес.
18.3. Испорака по пошта
Без оглед на некој применлив закон, Заемопримачот неотповикливо го избира своето седиште на адресата наведена во Клаузула 17 (Известувања) за испорака по пошта а Заемодавателотго избира своето регистрирано седиште на адреса “АФД – ГЛАВНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПАРИЗ” исто така наведено во Клаузула 17 (Известувања) за доставување на судски и вонсудски документи во врска со некоја постапка или дејство наведени погоре.
19. ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Договорот ќе стапи на сила на Датумот на потпишување и ќе остане правосилен сè додека постои неподмирен износ според истиот.
Без оглед на горенаведеното, обврските од Клаузулата 13.4 (Информации - Разно) и од потстав (б) од Клаузулата 16.9 (Доверливост – Откривање на информации) ќе опстанат и ќе останат правосилни во период од пет (5) години по последниот Датум на плаќање; одредбите од Клаузулата (б) (Управување со еколошки и социјални (ЕС) жалби) ќе продолжат да важат додека секоја жалба поднесена според Правилникот за работа на Механизмот за управување со жалби на ЕС сè уште се обработува или следи.
20. ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС
Во случај Договорот да се склучи со користење на електронски потпис:
(a) Секоја Страна прифаќа и признава дека употребата на решението за електронски потпис предложено од CEGEDIM France, како и поврзаниот процес, претставува електронски потпис во смисла на одредбите од член 1367 од Граѓанскиот законик.
(б) Секоја страна прифаќа и признава дека складирањето од страна на CEGEDIM France на Договорот и сите поврзани информации заведени и/или потпишани по електронски пат е во согласност со барањето за интегритет според одредбите од член 1379 од Граѓанскиот законик.
(в) Секоја Страна прифаќа и признава дека датумот и временскиот печат за Договорот, како и електронските потписи се обврзувачки и ќе преовладуваат меѓу Страните.
(г) Секоја Страна признава и прифаќа дека електронскиот потпис на Договорот, како што е предложен од CEGEDIM France, има доволно ниво на доверливост за да го идентификува својот потписник и да ја гарантира неговата поврзаност со Договорот на кој е приложен неговиот потпис.
(д) Страните се согласуваат дека решението за електронски потпис предложено од CEGEDIM France претпоставува веродостојност, додека не се докаже поинаку, еквивалентна на претпоставката за веродостојност дадена на квалификуваниот електронски потпис наведен во член 1367, став 2 од Граѓанскиот законик и во член 1 од Уредбата 2017-1416 од 28 септември 2017 година за електронски потписи, така што ќе зависи од страната што ја оспорува веродостојноста на решението за електронски потпис предложено од CEGEDIM France, да ја докаже неверодостојноста на користениот процес. Така, секоја од Страните признава и изречно прифаќа дека Договорот потпишан со користење на решението за електронски потпис предложен од CEGEDIM Франција:
(i) ја има истата доказна вредност како писмен документ во печатена копија потпишан и/или со датум;
(ii) е валиден и спроведлив за Страните; и
(iii) допуштено е пред судовите и/или било кој орган да се смета како буквален доказ за нивното постоење и содржината на правниот акт приложен кон нив.
(ѓ) Овој член претставува договор во согласност со член 1368 од францускиот Граѓански законик.
Склучено во три (3) оригинални примероци, во [●], на[●].
ЗАЕМОПРИМАЧОТ
РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Застапувана од:[●] Во својство на: [●]
ЗАЕМОДАВАТЕЛ
ФРАНЦУСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ (AGENCE FRANÇAISE DE DÉVELOPPEMENT)
Застапувана од: [●] Во својство на: [●]
ПРИЛОГ 1A - ДЕФИНИЦИИ
Забрзување на доспевање | значи износза којЗаемодавателоттврди дека доспева веднаш и треба да се плати цел или дел од заемот, по појава на настан на Неисполнување на обврски или друг настан или околности предвидени во Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски), кои може да се квалификуваат како настан на неисполнување на обврски согласно Клаузула 14.2 (Забрзување). |
Чин на корупција | значи некое од следново: i. чин на директно или индиректно ветување, нудење или давање несоодветна предност од било каква природа на јавен службеник или друго лице кое раководи или работи во некакво својство за субјект од приватниот сектор;давање предност за релевантното лице или за друго лице или субјект, со цел ова лице да постапи или да се воздржи од постапување во спротивност со неговите или нејзините правни, договорни или професионални обврски и да влијае на неговите или нејзините постапки или на постапките на друго лице или субјект; или ii. чин на јавен службеник или друго лице кое раководи или работиво некакво својство за субјект од приватниот сектор, кое директно или индиректно бара или прифаќа несоодветна предност од било каква природа, за себе или за друго лице или субјект, со цел ова лице да постапи или да се воздржи од постапување со прекршување на неговите или нејзините правни, договорни или професионални обврски и да влијае на неговите или нејзините постапки или на други лица или субјекти. |
Чин на тероризам | значи: i. секое дело забрането со Конвенциите и протоколите на Обединетите нации поврзани со борбата против тероризмот (кои може да се видат на: https://legal.un.org/ola/Default.aspx); iii. друго дело наменето да предизвика смрт или сериозна телесна повреда на цивилно или друго лице кое не учествува активно во ситуација на вооружен конфликт, кога целта на таквиот чин, по неговата природа или контекст е да се заплаши населението, или да се принуди влада или меѓународна организација да постапи или да се воздржи од постапување со таков чин. |
Дополнителни трошоци | значи: i. секој трошок што произлегува од појавата на еден од настаните наведени во првиот став од Клаузула 10.5 (Дополнителни трошоци), по Датумот на потпишување кој не бил земен предвид за да се наведат финансиските услови на заемот; или ii. секое намалување на износ доспеан и платен според овој Договор, кој го направилили го претпрелЗаемодавателот до степен до кој може да се припише на Заемодавателот што го ставил на располагање Лредитот или ги извршувал неговите обврски според овој Договор. |
Маржа на приспособување | Го има значењето дадено во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Договор | Се однесува на Договорот за заем, вклучувајќи ги Преамбулата, Прилозите и доколку е применливо, сите дополни и измени кои биле направени. |
Овластување за распределба на средства | Го има значењето дадено во Клаузула 3 (Идентификација на инвестици пред плаќања на заемски средства за Прифатливи инвестиции). |
Барање за овластување за распределба на средства | Се однесува над барањетодадено во Прилог 5Д - (Образец за барање на распределба на средства), кое го праќа Заемопримачот на Заемодавателот. |
Антиконкурентни практики | значи: • секое усогласено или имплицитнодејство кое има за цел да ја попречи, ограничи или наруши конкуренцијата на пазарот, вклучително и без ограничување кога има тенденција (i) да го ограничи пристапот на пазарот или слободното остварување на конкуренцијата од други компании; (ii) да го спречи одредувањето на цените со слободната активност на пазарите со вештачко фаворизирање на зголемување или намалување на таквите цени; (iii) да ограничи или контролира производство, пазар, инвестиции или технички напредок; или (iv) да сподели пазари или извори на снабдување; • секоја злоупотреба од страна на компанија или група на компании со доминантна позиција на домашниот пазар или значителен дел од него; или • секоја понуда или предаторско одредување на цените што имаат за цел да се елиминираат од пазарот или да се спречи една компанија или некој нејзинпроизвод да пристапи на пазарот. |
Применливи сметководствени принципи | Се однесува на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) објавени од Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС), заедно со нивните повремени изјави. |
Ревизори | Се однесува на ревизорите на Заемопримачот |
Овластување(а) | значи секој овластување, согласност, одобрение, одлука, дозвола, лиценца, регистрација, нотарска заверка и исклучоци во однос на нив, добиени од орган, без разлика дали биле дадени со акт или се смета дека биле дадени, ако нема одговор во одреден временски рок, како и секое одобрение и согласност дадена од доверителите на Заемопримачот |
Овластен(и) орган(и) | значи влада или тело, оддел или комисија што врши јавна функција, или администрација, суд, агенција или држава или кој било владин, административен, даночен или судски субјект. |
Период на достапност | значи период од и вклучувајќи го Датумот на потпишување до Крајниот рок за повлекување на средствата. |
Достапен заем | Значимаксималниот износ на главнината наведен во Клаузула 2.1 (заем) намалена за (i) збирниот износ на сите повлекувања направени од Заемопримачот; (ii) износот на секое повлекување што треба да се направи во согласност со некое Барање за повлекување во очекување; и (iii) дел од заемот кој е откажан во согласност со клаузули 9.3 (Откажување од страна на Заемобарателот) и 9.4 (Откажување од страна на Заемодавателот). |
Работен ден | значи ден (освен сабота или недела) во кој банките се отворени за општо работење во Париз, и кој е TARGET ден во случај кога треба да се изврши повлекување на тој ден. |
Готовинско покритие | значи пари на сметка депонирани од трети страни како покритие за заеми или други олеснувања обезбедени од Заемопримачот што се квалификува како нефункционален заем или реструктуирано средство. |
Овластено | Се однесува на секоја копија, фотокопија или друг дупликат на оригинален документ, потврда од правен застапник на Заемопримачот или друго соодветно овластено лице, за усогласеноста на копијата, фотокопијата или дупликатот со оригиналниот документ. |
Комплексни прифатливи инвестиции | ЗначиКомплексни прифатливи инвестиции остварени во согласност со условите наведени во Прилог 2 - (Опис на проектот). |
Контрола | значи за секое лице или субјект: (а) кое директно или индиректно поседува процент од акционерскиот капитал на компанијата што му дава на тоа лице или субјект мнозинство од правата на глас на генералните собранија на таа компанија; или (б) поседува мнозинството од правата на глас во согласност со договор склучен со друг(и) акционер(и) што не е во конфликт со интересите на компанијата; или (в) овластување, со помош на правата на глас на такво лице или субјект да го одреди исходот од некоја одлука донесена на генералните собранија на компанијата; или (г)овластување да се именува или разрешува мнозинството од членовите на административниот или надзорниот одбор на компанијата или одборот на директори. |
Банки учеснички | значи финансиски институции на кои Заемопримачот им дава заем со цел да им овозможи да ги финансираат или рефинансираат Прифатливите инвестиции на нивните Крајни корисници. |
Рок за повлекување на средства | Значи 21 февруари 2028 год., датум после кој не може да се направи повлекување. |
Краен рок за првото повлекување | Значи 21 јуни 2025 год. |
Повлекување на средства | Значи повлекување на сите или дел од средствата што Заемодавателот му ги ставил на располагање на Заемопримачот во врска со заемот согласно условите наведени во Клаузула 4 (Повлекување на средства) или главниот износ на таквото повлекување кое останува неплатено и се плаќа во даден момент. |
Датум на повлекување | Значи датумот на кој Заемодавателот го овозможил повлекувањето |
Период на повлекување | Значи период кој започнува на првиот датум на повлекување и трае до (вклучувајќи го и првиот од следните датуми): (i) датумот на кој достапниот заем е еднаков на нула; (ii) краен рок за повлекување на средствата. |
Барање за повлекување | Го означува барањето наведено во Прилог 5А - (Образец за повлекување средства) |
Прифатливи инвестиции | Значи инвестиции/заем направен(и) во согласност со условите наведени во Прилог 2 - (Опис на проектот). |
Прифатлив заем | Се заемите кои се доделени на еден или повеќе Крајни корисници со цел финансирање на Прифатливи инвестиции и кои се во согласност со критериумите за подобност наведени во Прилог 2 - (Опис на проектот). |
Eмбарго | Значи секоја економска санкција која има за цел да забрани увоз и/или извоз (снабдување, продажба или трансфер) на една или повеќе стоки, производи или услуги кои одат во и/или од земја за даден период согласно објавеното и изменето и надополнето од страна на Обединетите нации, Европската Унија или Франција. |
Правилник за Механизмот за управување со жалби за ЕС | Значи договорните услови содржани во Правилникот за Механизмот за управување со еколошки и социјални жалби, кој е достапен на веб-страницата, согласно повремените измени и дополни. |
EСАП | Значи Акционен план за животна средина и социјални работи утврден во Прилог 9 - (Акционен План за животна средина и средина социјални работи), кој го утврдува начинот на работа, распоредот и човечките и финансиските средства доделени од Заемопримачот за неговата еколошка и социјална надградба за целите за подобрување на листата на исклучување, нејзиниот пристап за управување со еколошки и социјален ризик за проектите што ги финансира и нејзината корпоративна општествена одговорност (КОО). |
ЕУРИБОР | значи меѓубанкарска стапка што се применува на еврото за сите депозити деноминирани во евра за период споредлив со релевантниот период, согласно утврденото од Европскиот институт за пазари на пари (EMMI), или некој Каматниот период. |
Евро или ЕУР | значи единствена валута на земјите-членки на Европската економска и монетарна унија, вклучително и Франција, и кои имаат законско средство за плаќање во тие земји-членки. |
Неисполнување на обврски | Означува настан или околност наведен во Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски) или настан кој може да содржи неисполнување на обврски наведен во Клаузула 14.1 (Неисполнување на обврски). |
Заем | Значи заем кој е овозможен од Заемодавателот во согласност со овој Договор до максимален износ на главница утврден во Клаузула 2.1 (заем). |
Крајни корисници | Значи секое правно лице кое е клиент на една од Банките учесничкикои имаат корист од заемот со цел финансирање на Прифатливиот заем. |
Конечен извештај | Значи конечен извештај како што е дефинирано во Прилог 7- (Оправдување за користење на средствата). |
Потврда за финансиско усогласување | Значи писмо во формата наведена во Прилог 12 - (Образец за потврда за финансиско усогласување), заверена од овластен потписник на Заемопримачот и надополнета со документ потпишан од ревизорите кои детално потврдуваат дека Заемопримачот ги остварил своите обврски според Клаузула 12.12. (Финансиски договори) на датумот на финансиските извештаи. |
Финансиско задолжување | Значи секое задолжување за или во однос на: (а) позајмени пари; (б) износ собран во согласност со некоја набавка или издавање обврзници, консолидиран заемнски капитал, акции за заем или сличен инструмент; (в) износ собран според друга трансакција (вклучувајќи и договор за продажба или купопродажба) од тип што не е наведен во друг став од оваа дефиниција и има комерцијален ефект на задолжување; (г) деривативни трансакции во врска со заштита или корист од флуктуација на некоја стапка или цена икога се пресметува вредноста на таква трансакција со деривати, само пазарната-до пазарна-вредност ќе се земе предвид (или ако како резултат се доспева некој вистински износ при раскинувањето или затворањето на таа трансакција со деривати, тој износ); (д) секоја обврска за противотштета во однос на гаранција, обештетување, обврзница, стендбај, акредитив или друг инструмент издаден од банка или финансиска институција; и износот на одговорноста во однос на гаранција или обештетување за некоја од ставките наведени во ставовите (а) до (д). |
Списоци со финансиски санкции | Значи список на специјално одредени лица, групи или субјекти кои се предмет на финансиски санкции од Обединетите нации, Европската унија и Франција. |
Следните референци или веб-страниците се дадени само за информативни цели на Заемопримачот. За списокот што го одржуваат Обединетите нации, Европската унија и Франција, може да се провери следнава веб-страница: https://gels-avoirs.dgtresor.gouv.fr/List | |
Финансиски извештаи | Се однесува на годишните консолидирани финансиски извештаи на Заемопримачот за периодот што завршува на Датумот на крајот на годината за таа финансиска година. |
Договори за финансирање | значи договор(и) за финансирање склучен(и) помеѓу Заемобарателот и Банка учесник според која Заемопримачот ги финансира Прифатливите инвестиции со користење на заемот. |
Фиксна референтна стапка | значи фиксна стапка утврдена на датум заодредување на стапка, која кога се применува на повлекување средства кои ги имаат карактеристиките наведени подолу (I – Теоретски карактеристики на повлекувањео), го дозволува следното: (i) тековна вредност на идните каматни тековии тековите на отплата на капитал од ова повлекување, и (ii) тековната вредност на идните променливи каматни текови и текови на отплата на капитал од истото повлекување индексирани на ЕУРИБОР, или во зависност од случајот, Измена на референтната вредност плус маржа за приспособување, како што е утврдено во согласност со одредбите на Клаузула 6 (Промена на пресметката на каматата) од Договорот, за да бидат еднакви I – Теоретски карактеристики на повлекувањето Прилогот на плаќања (различна амортизација, отплата на главнината) одговара на оној на заемот дефиниран во Клаузула 8 (Отплата) од овој Договор; и датумите на достасување за отплата на капиталот се датумите на достасување на заемот. II – Референтни елементи Во однос на теоретското повлекување по варијабилна стапка наведено во точка (ii) од првиот став од оваа дефиниција, вредноста на идните текови на камати се пресметува врз основа на кривата на стапките на ЕУРИБОР или во зависност од случајот, може да биде кривата на Измена на референтната вредност плус Маржата за приспособување, како што е определено во согласност со одредбите на Клаузула 6 (Промена на пресметката на камата) од Договорот (т.е. очекуваните нивоа на таквите стапки или маржа, за секој датум на достасување, на датумот на утврдување на стапката) што потекнува од пазарот на проенливи стапки во евра. Во однос на теоретското повлекување по фиксна стапка и теоретското повлекување по варијабилна стапка наведено во точките (i) и (ii) од првиот став од оваа дефиниција, дисконтирањето се врши врз основа на OIS (Индексиран попуст за размена (операција) преку ноќ) што потекнува од релевантниот пазар на променливи стапки. Кривите на стапката на теоретското повлекување со фиксна стапка и теоретското повлекување со променлива стапка споменати во точките (i) и (ii) од првиот став од оваа дефиниција се извршуваат во согласност со одредбите од став II (Референтни елементи) за Одредувањето датум на стапката, врз основа на понуди обезбедени од референтни финансиски институции од 11:00 часот па натаму, по париско време. |
Измама | Означува нефер пракса (дела или пропусти) намерно наменети да ги заведат другите, намерно да сокријат елементи од нив, или да ја изневерат или омаловажжат неговата/нејзината согласност, да ги заобиколат сите законски или регулаторни барања и/или да ги прекрши внатрешните правила и процедури на Заемопримачот или трето лице со цел да се стекне со нелегитимна корист. |
Измама против финансиските интереси на Европската Унија | Значи секое намерно дејство или пропуст што има за цел да го оштети буџетот на Европската унија и вклучува, (i) употреба или презентирање на лажни, неточни или нецелосни изјави или документи, што влијае со злоупотреба или погрешно задржување на средства или незаконско намалување на расположливи ресурси во согласност со општиот буџет на Европската Унија; (ii) необјавување на информации со ист ефект; и (iii) злоупотреба на таквите средства за цели различни од оние за кои тие средства првично биле доделени. |
Грејс период | Значи период од Датумот на потпишување до и вклучувајќи го датумот кој паѓа седумдесет и два (72) месеци по тој датум, за време на кој не доспева и не се плаќа отплата на главнината во рамките на заемот. |
Договор за гаранција | Значи договорот за гаранција што треба да го склучат Република Северна Македонија и Заемодавателот за воспоставување на државната гаранција во форма и содржина што одговара на Заемодавателот. |
Нелегално потекло | значи средства добиени преку: (а)извршување на предикатно дело како што е назначено во речникот на препораките на FATF 40 под „Назначени категории на прекршоци (https://www.fatf- gafi.org/media/fatf/documents/recommendations/pdfs/FATF%20Re commendations% 202012.pdf); (б) секој акт на корупција; или (в) секоја измама против финансиските интереси на Европската заедница, доколку и кога тоа е применливо. |
Почетни финансиски извештаи | Ги означува годишните финансики извептаи на Заемопримачот за финансикста година која завршува на 31 декември 2022 год., согласно потврдата на ревизорите. |
Каматен период | Значи секој период од Датумот на плаќање (исклучен) до наредниот Датум на плаќање (вклучен). За секое повлекување остварено според заемот, првиот период на каматна стапка ќе започне на датумот на повлекување (ексклузивен) и на крајот на наредниот последователен Датум на плаќање (вклучен). |
Каматна стапка | Значи каматна стпака изразена како процент и одредена во согласност со Клаузула 5.1 (Каматна стапка). |
Резервација за загуба на неподмирен заем | Значи вкупната резервација формирана како покритие на потенцијалните загуби во неподмирените заеми или други заеми на Заемопримачот. |
Маржа | значи 1,1% годишно. |
Пазарно нарушување | Значи појава на еден од следниве настани: i. ЕУРИБОР не е определен од Европскиот институт за пазар на пари (EMMI), или друг наследник администратор или зависно од случајот, кривата на стапки на ЕУРИБОР не е достапна во 11:00 часот по бриселско време, два (2) Работни дена пред првиот ден од релевантниот Каматен период или на Датумот на поставување на стапката; или ii. пред завршување со работата на европскиот меѓубанкарски пазар, два (2) Работни дена пред првиот ден од релевантниот Каматен период или на Датумот на поставување стапка, Заемопримачот добива известување од Заемодавателот дека (i) трошоците за Заемодавателот за добивање соодветни ресурси на релевантниот меѓубанкарски пазар би биле поголеми од ЕУРИБОР за релевантниот Каматен период; или (ii) не може или нема да може да добие соодветни ресурси на релевантниот меѓубанкарски пазар во вообичаениот тек на деловното работење за да го финансира соодветното повлекување за соодветниот временски период. |
Материјално неповолна промена | Значи материјално и неповолно влијание врз: i. Проектот, доколку тоа би го загрозило продолжувањето на проектот во согласност со овој Договор; ii. Деловните активности, средствата, финансиската состојба на Заемопримачот или неговата способност да ги исполни своите обврски од овој Договор; iii. валидноста или спроведливоста на овој договор; или iv. секое право на правен лек на Заемодавателот според овој Договор. |
Злоупотреба на средствата на АФД | Значи неусогласено, несоодветно и/или навредливо користење на ресурсите, имотот или средствата што му припаѓаат на Заемодавателот, направено свесно, несовесно или небрежно. |
Перење пари | Значи: |
Народна Банка | значи Народна Банка на Република Северна Македонија |
Некоопоеративна практика | значи: |
Нефункционални заеми | Значи збир од сите заеми и други олеснувања дадени од Заемопримачот кои се категоризирани во фаза 3. |
Стапка на изложеност на средствата | Значи резултат добиен со пресметување на салдото на вкупната главнина: i. Износот на главнината на нефункционалните заеми; плус ii. Главнина на реструктуирани средства; без iii. Резерва за загуба на заем; без iv. Готовинско поритие и делејќи го со: v. Ниво 1 на капитал. |
Оперативен прирачник | значи документ кој ги опишува модалитетите на имплементација на проектот, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на критериумите за подобност применливи за прифатливите инвестиции, како и соодветните улоги и одговорности на Заемобарателот, партнерските финансиски институции и техничката помош. |
Недоспеана главнина | Значи во однос на секое повлекување, недоспеаниот главен износ што доспева во однос на таквото повлекување, што одговара на износите на повлекувањето што ги плаќа Заемодавателот на Заемобарателот намалени за збирот на рати од главнината што Заемобарателот му ги исплатил на Заемодавателот во однос на такво повлекување. |
Дати на плаќање | значи 5 јануари, 5 април, 5 јули и 5 октомври секоја година. |
Известување за плаќање | значи известување испратено од Заемодавателот до Заемобарателот во врска со износот на заемот што треба да се отплати на Датумот на плаќање. |
Нарушување на платните системи | Значи едно или двете од: i. материјално нарушување на платните или комуникациските системи или на финансиските пазари коиво секој случај се потребни за да функционираат за да се извршат плаќања во врска со заемот (или на друг начин со цел да се спроведат трансакциите предвидени со овој Договор или договори за финансирање), под услов нарушувањето да не е предизвикано и да е вон контрола на некоја од Страните; или ii. појава на друг настан што резултира со нарушување (од техничка или системска природа) на трезорот или платниот промет на една страна што го спречува тоа, или која било друга страна: − од извршувањето на обврските за плаќање според овој Договор; или − од комуникација со другите страни во согласност со условите од овој Договор, и кое (во секој случај) не е предизвикано и е вон контрола на некоја од Страните. |
Значи обештетување пресметано со примена на следниов процент на износот на заемот кој се враќа предвремено: - ако отплатата се случи пред 3-годишнината (без да е вклучен) од Датумот на потпишување: 2,5%; - ако отплатата се случи помеѓу 3-годишнината (вклучително) и 5-годишнината (исклуено) од Датумот на потпишување: 2%; - ако отплатата се случи помеѓу 5-годишнината (вклучително) и 7-годишнината (исклучено) од Датумот на потпишување: 1,5%; - ако отплатата се случи помеѓу 7-годишнината (вклучително) и 9-годишнината (исклучено) од Датумот на потпишување:1%; - ако отплатата се случи по 9-годишнината (вклучително) од Датумот на потпишување: 0,5%. | |
Забранета пракса | Значи антиконкурентни практики, дела на корупција, измами, измами против финансиските интереси на Европската унија, некооперативни практики, злоупотреба на средства на АФД, како и секое прекршување на применливи закони за борба против перење пари и финансирање на тероризам. |
Проект | Значи проектот што е опишан во преамбулата и во Прилог 2 - (Опис на проектот). |
Службено лице | Значи секој носител на законодавна, извршна, административна или судска функција без разлика дали е назначен или избран, постојан или привремен, платен или неплатен, без оглед на чинот или кое било друго лице дефинирано како јавен службеник според домашното право од јурисдикција на Заемобарателот и кое било друго лице кое врши јавна функција, вклучително и за јавна агенција или организација, или обезбедување на јавна услуга. |
Промена на стапка | Значи конверзија на варијабилната стапка применлива на целиот или дел од заемот во фиксна стапка, согласно Клаузула 5.1 (Каматна стапка). |
Барање за промена на стапка | Значи барање во форма која е приложена во Прилог 5В - (Образец на барањето за проемна на стапка). |
Датум на поставување стапка | Значи за секое повлекување со фиксна стапка или промена на стапка I - во однос на кој било Каматен период за кој треба да се одреди каматна стапка: (2) полни Работни дена пред наведената среда; |
Референтна финансиска институција | Значи финансиска институција избрана како соодветна институција од страна на Заемодавателот која редовно објавува понуди на финансиски инструменти на некоја од меѓународните мрежи за финансиски информации согласно практиките прифатени од банкарската индустрија. |
Регулаторни стапки | Ги означува соодносите кои се во согласност со применливите закони во државата каде Заемобарателот е основан или други закони применливи за него. |
Релевантно номинирано тело | Го има значењето даденно во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Измена на референтната вредност | Го има значењето даденно во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Реструктуирани средства | Значи збир од сите заеми, обврзници, закупи и други олеснувања обезбедени од страна на земопримачот кои се реструктуирани со измена или репрограмирање на некој од условите за (повторно) плаќање како што е договорено помеѓу Заемобарателот и неговите клиенти според релевантните договори поради влошување на финансиската состојба или капацитетот за отплата на Заемобарателот, при што датумот на реструктуирање или репрограмирање паѓа пониско или е еднаков на една (1) година пред датумот на пресметување |
Прилог(зи) | Значи било кој прилогилиприлози кон овој Договор. |
Приказ на каматна стапка | Го има значењето дадено во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Датум на замена на каматна стапка | Го има значењето дадено во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Приказ на изменета референтна вредност | Го има значењето дадено во Клаузула 6.2.1 (Дефиниции). |
Хартија од вредност | значи залог, хипотека, отстапување, наплата, закуп, гаранција или безбедносна камата или друг договор или аранжман што има ефект сличен на хартија од вредност од било каков вид врз средство за целите на обезбедување на обврските на некое лице. |
Полугодишни финансиски извештаи | значи за секое финансиско полугодие, полугодишни консолидирани финансиски извештаи на Заемобарателот, дефинирани како биланс на состојба и биланс на успех на Заемобарателот, утврдени во согласност со важечките сметководствени стандарди за периодот што завршува на датумот на крајот на годината за тоа финансиско полугодие. |
Датум на потпишување | Значи датум на извршување на овој Договор. |
Едноставна прифатлива инвестиција | Значи инвестиција направена во согласност со условите наведени во Прилог 2 - (Опис на проектот). |
Гаранција | Значи гаранција издадена од Република Северна Македонија во корист на Заемодавателот, која ќе биде автономна, неотповиклива, безусловна и се плаќа при прво барање, при што Република Северна Македонија ќе му го исплати на Заемодавателот секој износ што го должи Заемобарателот според заемот ако Заемобарателот не му плати таков износ на Заемодавателот. |
TARGET Day | значи ден во TARGET2 или друг негов правонаследник, е отворен за плаќање во евра. |
Данок(ци) | значи каков било данок, давачка, наплата, трошок или друг надоместок или задржување од слична природа (вклучувајќи казна или камата што се плаќа во врска со неплаќање или доцнење во плаќањето на таквите износи). |
Техничка помош | Значи консултантска фирма одговорна за спроведување на техничка помош наведена во Прилог 2 - (Опис на проектот), која се финансира со посебен грант под директно управување на АФД. |
Финансирање тероризам | значи обезбедување или собирање, директно или индиректно, средства или управување со средства со намера тие да се употребат или со знаење дека тие треба да се употребат за цел на извршување на терористички акт. |
Капитал од I ниво | значи основен капитал на Заемобарателот согласно Базелската капитална спогодба и моментално се состои од збир на уплатениот акционерски капитал, обелоденети резерви (кои се состојат од капитален вишок и задржана добивка) и одредени иновативни инструменти по одбитокот од збирните нематеријални средства и вложувања во капитал во неконсолидирани банкарски и финансиски институции. |
Водич за видливост и комуникација | ги означува сите договорни одредби кои се обврзувачки за Заемобарателот во врска со комуникацијата и видливоста на проектите финансирани од АФД и содржани во документот насловен Водич за видливост за проекти поддржани од АФД - Ниво 1 или Водич за комуникација за проекти поддржани од АФД - Ниво 2 во зависност од случајот, чиј примерок му е даден на Заемобарателот пред потпишувањето. |
Веб-страница | значи веб-страница на АФД (http://www.afd.fr/) или друга веб- страница |
Задржување данок | значи одбивање или задржување во однос на данок на некое плаќање направено според или во врска со овој Договор. |
ПРИЛОГ 1Б - КОНСТРУКЦИЈА
(a) „средства“ вклучува сегашен и иден имот, приход и права;
(б) секое упатување кон „Заемопримачот“, „Страна“ или „Заемодавател“ ги вклучува и правонаследниците, овластени назначени лица и овластени приматели;
(в) секое упатување кон овој Договор или кон друг договор или кон документ е упатување кон овој Договор како што е изменет, повторен или дополнет и вклучува, доколку е применливо, каков било документ што го заменува преку новација, во согласност со овој Договор;
(г) „гаранција“ ја вклучува секоја банкарска обврзница, банкарска гаранција и гаранција
што е независна од долгот на кој се однесува;
(д) „лице“ го вклучува секое лице, компанија, корпорација, партнерство, труст, влада, држава или државна агенција или секоја асоцијација, или групација на две или повеќе од претходно наведените (независно дали имаат засебно својство на правно лице);
(ѓ) „пропис“ е секое законодавство, пропис, правило, указ, официјална директива, насока, барање, совет, препорака, одлука или упатство (независно дали е правосилно) на кој било владин, меѓувладин или наднационален орган, надзорен орган, регулаторен орган, независен управен орган, агенција, сектор или која било поделба на друг орган или организација (вклучително и секој пропис издаден од индустриски или трговски јавен субјект) што е со важност за овој Договор или за правата и обврските на Страната;
(е) законска одредба е упатување кон одредбата како што е изменета;
(ж) освен ако не е поинаку наведено, време во денот е упатување кон времето во Париз;
(з) Дел, Клаузула и Документ се користат исклучиво за лесно упатување и не влијаат врз толкувањето на овој Договор;
(ѕ) освен ако не е поинаку наведено, зборовите и изразите што се користат во секој друг документ во врска со овој Договор или во секое известување дадено во врска со овој Договор, во тој документ или во тоа известување го имаат истото значење како во овој Договор;
(и) случај на непочитување на договорот „продолжува“ ако не е саниран или ако Заемодавателот не се откажал од правата во врска со истото;
(ј) упатување кон Клаузула или Прилог е упатување до Клаузула или Прилог од овој Договор.
ПРИЛОГ 2 - ОПИС НА ПРОЕКТОТ
I –ОПИС НА СЕКТОРОТ И ИСТОРИЈАТ
Северна Македонија сè уште се потпира на енергија произведена од јаглен што во голема мера придонесува за емисии на стакленички гасови (ЕСГ) во земјата, заедно со транспортот и индустрискиот сектор. Иако Северна Македонија сè уште е во раната фаза на развој на отпорна инфраструктура со цел да се приспособи кон ефектите од климатските промени и да унапреди поодржлив раст, земјата ја турка својата стратегија за декарбонизација со планираното затворање на нејзините две електрани што работат на јаглен до 2027 година што исто така се одговорни и за дел од најголемото загадување на воздухот во Европа.
Постигнувањето на амбициозните цели од македонската влада во ревидираниот Национален утврден придонес (НУП) во однос на намалување на стакленичките гасови и енергетската транзиција ќе бара масивни инвестиции во постојната енергетска мешавина и ограничена понуда на зелени финансиски производи. Финансиите за климата се моментално во рана фаза на развојот во рамките на банкарскиот сектор.
Пристапот до финансии за мали и средни претпријатија (МСП), особено за оние во сопственост или под раководство на жени, е исто така клучен овозможувач за инклузивен раст на земјата. Инвестициите во дигиталната трансформација на МСП имаат потреба од поддршка со цел да се поттикне нивната конкурентност и да ја усогласи Северна Македонија со европските стандарди.
II – ЦЕЛ НА ЗАЕМОТ
Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) е развојна и извозна финансиска институција во државна сопственост чија стратешка цел е да го поддржи развојот на македонската економија, главно преку финансирање мали и средни претпријатија (МСП) и извозно ориентирани компании преку финансирање на среден рок. РБСМ има намера да развие и спроведе поодржлива стратегија заедно со АФД.
Проектот се состои од заем од ЕУР 50 милиони со две главни поткомпоненти:
• Поткомпонента А (минимум 75% од заемот): зелена поткомпонента наменета за финансирање инвестиции за климатски придобивки (енергетска ефикасност, обновлива енергија, зелени производствени процеси...);
• Поткомпонента Б (максимум 25% од заемот): социјална компонента што вклучува дигитална поткомпонента за финансирање бизниси во сопственост или под раководство на жени и/или инвестиции за дигитална трансформација на МСП.
За да го дополни механизмот, АФД ќе мобилизира тим на консултанти за техничка помош преку неповратни средства од ЕУР 400.000. АФД ќе ја избира техничката помош преку процес на наддавање и ќе биде под директно раководство на АФД. Техничката помош би можела да ги спроведува следниве активности што се индикативни и неисцрпни: (i) поддршка на РБСМ и нејзините Банки учеснички во спроведувањето на механизмот; (ii) да обезбеди градење на капацитетите за одржливи финансии; (iii) заедно со РБСМ да го спроведува еколошкиот и социјалниот акциски план (ЕСАП) опишан во Прилог 9 - (Еколошки и социјален акциски план), и (iv) да ги поддржи Банките учеснички во подобрувањето на нивните практики во оваа област.
Оперативните цели на проектот се:
• Поддршка на РБСМ и нејзините Банки учеснички во финансиски инвестиции поврзани со климата;
• Поддршка на РБСМ и нејзините Банки учеснички во подобрувањето на нивните внатрешни практики за климатски активности (градење на капацитетите, донесување нови алатки);
• Подобрување на пристапот до финансии за конкретни сегменти како што се МСП во сопственост/под раководство на жени и МСП во процес на дигитализација;
• Да се воспостави долгорочно партнерство со РБСМ и да ги дивезификува своите извори на финансирање во согласност со нејзината стратегија за деловен раст;
• Да има понатамошно влијание врз развојот на еколошките, социјалните и владејачките (ЕСВ) практики на финансиските институции, како и нивното управување со еколошки и социјален ризик.
Целта на овој проект е да придонесе кон развојот на отпорноста и економски модел со ниско ниво на јаглен во Северна Македонија, во согласност со целите на земјата за намалување СО2 и да се подобри пристапот до финансии за МСП, особено оние во сопственост или под раководство на жени, оние што нудат производи за жени и оние што инвестираат во нивната дигитална трансформација.
Оперативниот прирачник, прифатен од АФД, ќе ги дефинира конкретните улоги и одговорности на засегнатите страни во проектот.
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИФАТЛИВОСТ
Прифатливите заеми одобрени од Банките учеснички за крајните корисници за финансирање Прифатливи инвестиции се во согласност со подолу опишаните критериуми.
1. БАНКИ УЧЕСНИЧКИ
Банките учеснички мора:
• да имаат дозвола да работат во Република Северна Македонија;
• да има ревидирани финансиски извештаи;
• да се во согласност со регулаторниот сооднос што се однесува на нив и да покажат позитивен поврат на капитал (ROE) и поврат на средства (ROA);
• да се во согласност со законите што важат за нив, вклучително, но не ограничувајќи се на законодавството за животната средина и на социјалното законодавство;
• да воспостават систем за еколошко и социјално управување (ЕСМС) во согласност со меѓународните стандарди, или да бидат во процес на воспоставување на таков систем (во вториот случај мора да се донесе акциски план што АФД ќе го смета за доволен во процесот на одобрување);
• да има стандарди против парење пари и против финансирање тероризам (AML/CTF)
што се во согласност со барањата на АФД.
Ниту една Банка учесник не може да добие повеќе од 30% од средствата од механизмот. Во секој случај, АФД ќе биде консултирана за одобрување пред нова Банка учесник да може да се приклучи во проектот. Во рок од 18 месеци од Датумот на потпишување, Заемобарателот и Заемодавателот прават оцена на ова врз основа на нивото на кое пазарот ги апсорбира средствата од механизмот. Ако Заемодавателот и Заемобарателот заедно се договорат дека тоа треба да се измени, ваквата измена е претставена во Оперативното упатство без потреба за изменување на овој Договор.
2. КРАЈНИ КОРИСНИЦИ
За поткомпонента А, крајните корисници мора да бидат приватни компании регистрирани според македонското право и во согласност со правото што важи за нив, вклучително, но не
ограничувајќи се на законодавството за животната средина и социјалното законодавство. За оваа поткомпонента не се однесуваат ограничувања во однос на големината.
За поткомпонента Б, крајните корисници мора да бидат микро, мали или средни претпријатија (ММСП), регистрирани според македонското право и во согласност со правото што важи за нив, вклучително, но не ограничувајќи се на законодавството за животната средина и социјалното законодавство. ММСП се дефинираат според дефиницијата на ЕУ. За информација, дефиницијата на ЕУ во сила на Датумот на потпишување бара ММСП да имаат број на персонал не поголем од 250 постојано вработени лица и да имаат (i) или годишен обрт не поголем од 50 милиони ЕУР, или (ii) годишен биланс на состојба што не надминува 43 милиони ЕУР. Ако дефиницијата на ЕУ се измени во текот на спроведувањето на проектот, новата дефиниција ќе се користи неретроактивно за да се оцени подобноста на новите крајни корисници под поткомпонента Б.
3. ПРИФАТЛИВИ ЗАЕМИ
Прифатливите заеми мора да се во согласност со следниве критериуми:
• Намена: инвестициски заеми што Банките учеснички ги одобриле на крајните корисници за финансирање на прифатливите инвестиции (вклучително и оперативните трошоци доколку трошоците што ќе се опфатат се директно поврзани со подобната инвестиција и претставуваат максимален удел од 30% од вкупниот износ на заемот);
• Прифатлив датум: за заем подобен за финансирање со механизмот се смета секој подзаем одобрен од Банките учеснички по Датумот на потпишување на Договорот меѓу АФД и РБСМ, што се квалификува како подобен врз основа и на други критериуми;
• Минимален рок пред истек: 5 години за подобна инвестиција под поткомпонента А;
• Максимален износ: 5 милиони ЕУР за подобна инвестиција под поткомпонента А и 2
милиони ЕУР за подобна инвестиција под поткомпонента Б.
4. ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
За сите Прифатливи инвестиции:
• Прифатливите инвестиции мора да се спроведуваат во Република Северна Македонија.
• Прифатливите инвестиции не смеат да бидат на листата на исклучени сектори и активности содржани во Прилог 3 – (Листа за исклучување)
Разлика меѓу комплексни Прифатливи инвестиции и едноставни Прифатливи инвестиции:
• Комплексните Прифатливи инвестиции се инвестиции за ублажување или приспособување под поткомпонента А чиј износ на заем е повисок од ЕУР 350.000 или неговатапротиввредност во која било друга валута. Распределбата на комплексните Прифатливи инвестиции во механизмот наложува Заемодавателот претходно да достави овластување за распределба.
• Едноставните Прифатливи инвестиции се Прифатливи инвестиции (односно ги исполнуваат критериумите за подобност) што спаѓаат во една од следниве категории: (i) инвестиции за ублажување или приспособување според поткомпонента А чиј износ на заем не е повисок од ЕУР 350.000 или неговата противвредност во која било друга валута; или (ii) родово фокусирани инвестиции или дигитално фокусирани инвестиции под поткомпонента Б.
Поткомпонента А (минимум 75% од механизмот):
• Прифатливите инвестиции покажуваат позитивно влијание врз ублажувањето и/или приспособувањето на климата. За таа цел, сите Прифатливи инвестиции користат една од долунаведените прифатливиприфатливи климатски технологии.
• За сите инвестиции за ублажување се проценува јаглеродниот отпечаток со поддршка на техничката помош засновано врз алатката за јаглероден отпечаток обезбедена од АФД, со јасен увид во намалувањето на емисиите на стакленички гасови поврзани со прифатливите инвестиции.
• За инвестициите за приспособување: проекти (или делови од проекти) што водат до ограничување на ранливост на средствата, луѓето и екосистемите до последици за климатските промени се смета дека придонесуваат кон приспособувањето. Со цел проектот да се смета дека спаѓа под приспособување на климата, анализата мора да покаже дека проектот потенцијално придонесува за намалување на ранливоста кон климатските промени препознаени во зоната на проектот. За да се направи тоа, проектот/дел од проектот треба да: (1) утврди контекст на ризици, ранливост и влијанија поврзани со варијабилноста на климата и со климатските промени; (2) ја наведе намерата да се постапи по идентификуваните ризици, ранливост и влијание; (3) да покаже директна врска меѓу идентификуваните ризици, ранливоста и влијанијата, и финансираните активности.
Категорија | Поткатегорија | Вид климатски технологии | Климатска цел | Критериуми за проверка |
1. Обновлива енергија | 1.1 Производство на електрична енергија | Ветерна енергија | Ублажување | |
Геотермална енергија (само ако може да се покаже намалувањето на нето емисиите) | Ублажување | |||
Сончева енергија (концентрирана сончева енергија, енергија од фотоволтаици, соларен домашен систем) | Ублажување | Капацитет до 5 MW | ||
Енергија од биомаса, биогориво или биогас при што да се покаже намалување на емисиите. • Рехабилитација/изградба на погони за биомаса за производство на топлина и/или на електрична енергија (согорување, пиролиза, гасификација, итн.) • Рехабилитација, изградба на постројки за биогориво (биодизел, етанол, итн.) • Рехабилитација/ изградба на постројки за валоризација на биогас (когенерација, пурификација, итн.) во постројки за третман на отпад (депонии, постројки за третман на органски отпад, итн.) | Ублажување | 1. генерација биогорива се исклучени. Капацитет до 3,5 MW. Електрична ефикасност поголема од 40%. Импути на типичен биогас се земјоделски (свињи). | ||
Морска енергија (бранови, плима, океански струи, градиент на соленост, итн.) | Ублажување |
Мали и средни хидроцентрали (само ако може да се покаже намалувањето на нето емисиите) со ублажување на нивното еколошко и социјално влијание | Ублажување | |||
Модернизација на електрани на обновлива енергија | Ублажување | Подобрена ефикасност | ||
Батерии за зачувување енергија | Ублажување | |||
1.2 Производство на топлина или примена на друга обновлива енергија | Соларно греење вода и други термички примени на соларната енергија во сите сектори | Ублажување | Нема ограничувања. | |
Термички примени на геотермална енергија во сите сектори | Ублажување | Кога проектот вклучува екстракција на геотермална течност, треба да се спроведе студија за да се оцени количината на СО2 растворен во течноста и да се потврди дека има намалување на нето емисиите. | ||
Системи за испумпување со ветерна енергија или слично | Ублажување | Нема ограничувања |
Термички примени на бионергија произведена со одржливост во сите сектори, вклучително ефикасни, подобрени печки на биомаса • Насади на производи или потпроизводи за производство на биогорива (дрво, јаглен, пелети, итн.) • Производство/дистрибуциј а на биогорива од биомаса (дрво, земјоделски или индустриски потпроизводи, итн.) | Ублажување | Ако процесот на подготовка на биогориво е зелен, тогаш инвестицијата е подобна. Ако енергијата содржана во биогоривото е 1.000 мегаџули, процесот на подготовка и транспорт не треба да троши повеќе од 300 мегаџули. 1. генерација биогорива се исклучени. Јаглеродниот отпечаток во период од 10 години треба да покаже намалување на емисиите. | ||
1.3 Системи за пренос и дистрибуција, гринфилд | Нови системи (кабли, трафостаници) или нови системи (пр. нова информатичка и комуникациска технологија, објект за складирање, итн.) за олеснување на интеграцијата на изворите на обновлива енергија во мрежата | Ублажување | ||
Зелени системи на мини решетка или решенија надвор од решетката (вклучително, хибриден сончев фотоволтаичен систем или дизел генератор) | Ублажување | Само делот со обновлива енергија е подобен за финансирање во рамките на механизмот | ||
Подобрување на постојните системи за олеснување на интеграцијата на системите на обновливи извори енергија во мрежата | Ублажување | Примери се системите за складирање енергија што вклучуваат различни извори. |
2. Ефикасно производство на енергија со пониско ниво на јаглерод (само доколку може да се намалат нето емисиите) | 2.1 Системи за пренос и дистрибуција | Модернизација на далноводите или трафостаниците и/или системите за дистрибуција за да се намали искористувањето на енергија и/или техничките загуби, вклучително и ширење на капацитетите | Ублажување | Диелектричниот гас би требало да има помал стакленички ефект |
Паметно мерење: рехабилитација/поставување паметни и/или комуникациски мерачи | Ублажување | Проектите треба да водат до намалување на потрошувачката на енергија | ||
Управување од страна на побарувачката (DSM): рехабилитација/поставување инфраструктура и контролен софтвер за дистрибутивните мрежи. Поставување опрема кон подобро управување со мрежата (управување со прекин на услуга, намалување на загуби, итн.) | Ублажување | Проектите треба да водат до намалување на потрошувачката на енергија | ||
2.2 Електрани | Хибридизација на постојните електрани преку додавање на компонентата заснована врз обновлива енергија | Ублажување | Само делот со обновлива енергија треба да е подобен за финансирање под механизмот. Подобен ако најмалку 10% од произведената енергија е обновлива енергија. | |
3. Енергетска ефикасност (само ако може да се покаже намалување на нето емисиите) | 3.1 Браунфилд енергетска ефикасност во индустријата | Индустриски енергетско ефикасни подобрувања преку поставување поефикасна опрема, промени во процесите, намалување на загубите на топлина и/или зголемен поврат на загубена топлина. Ова вклучува поефикасна замена на постара постројка (старата постројка е надвор од употреба). | Ублажување | Јачината на енергијата треба да се подобри за најмалку 20 проценти. Ако се зголеми производството, подобен е само делот од проектот што го подобрува постојното ниво на производство. Процесите што користат фосилни горива не се прифатливиприф атливи. |
3.2 Браунфилд енергетска ефикасност во комерцијалниот , јавниот и станбениот сектор (градби) | Подобрување на енергетската ефикасност во осветлувањето, уредите и опремата | Ублажување | Минимум 20% енергија се заштедени на променета опрема. Уредите или опремата што користат фосилни горива не се прифатливиприф атливи. | |
Модернизација на постојните градби (обемно реновирање): архитектонски или градежни промени што овозможуваат намалување на потрошувачката на енергија | Ублажување | Минимум 20% заштедена енергија | ||
3.3 Браунфилд енергетска ефикасност во јавните услуги | Подобрување на енергетската ефикасност во комуналните и јавните услуги преку поставување поефикасно осветлување или опрема | Ублажување | Опремата што користи фосилни горива не е подобна. |
Рехабилитација на системите за централно греење | Ублажување | Јаглеродниот отпечаток треба да покаже значително намалување на емисиите. Ако топлината доаѓа од централна со фосилно гориво, имајќи ги предвид ризиците од заробување на јаглеродот, се применуваат следниве услови: (i) благодарение на проектот животниот век на електраната со фосилно гориво не треба да се продолжува; (ii) треба да се покаже дека нема ефект на заробување на раствори со помали емисии; и (iii) треба да се достави среднорочен план за декарбонизација за градот. | ||
Подобрување на стапката на искористување на енергетската ефикасност преку ефикасно користење енергија и намалување на загубите | Ублажување | Дополнително да се утврди Да се покаже дека има најмалку 20% намалување на енергијата или намалување на интензитетот на јаглеродот. Процесите што користат фосилни горива не се прифатливиприф атливи. |
3.4 Модернизација на возниот парк со цел енергетска ефикасност | Постојниот возен парк, железница или пловни објекти да се модернизираат или заменат (вклучително и употреба на горива со помало ниво на јаглерод, електрични или водородни технологии, итн.) | Ублажување | Прифатливи приватни компании. Прифатливи се само електрични возила или возила што функционираат со водород. | |
3.5 Гринфилд енергетска ефикасност во комерцијалниот и станбениот сектор (градби) | Користење високоефикасни архитектонски нацрти, енергетски ефикасни уреди и опрема и техники на градење со кои се намалува потрошувачката на енергија на градбата, што ги надминуваат достапните стандарди и што се во согласност со шемите за сертификација или за оценување за висока енергетска ефикасност | Ублажување | Да се покаже намалување на енергија од најмалку 20%. Градбите треба да користат само електрична енергија (и локална обновлива енергија), а не фосилни горива. | |
3.6 Енергетски ревизии | Енергетски ревизии за крајните корисници на енергија, вклучително индустрии, градби и системи за транспорт | Ублажување | Ревизијата мора да има за цел идентификување на можностите за активности за енергетска ефикасност или за производство на обновлива енергија на локацијата на проектот | |
4.Земјоделство шумарство и искористување на земјиште | 4.1 Земјоделство | Развој на проект за земјата (заштита на почвата, заштита на водата, земјени работи, итн.) за да се адресираат ризиците од климатските промени | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, слаби страни и влијание од една страна, и на финансиските активности од друга страна. |
Приспособливи/климатски отпорни видови (отпорни на суша, поплава, високи температури, соленост, итн.) | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, слаби страни и влијание од една страна, и на финансиските активности од друга страна. |
Намалување на користењето енергија при влечење (пр. ефикасно обработување на земјата), наводнување и други земјоделски процеси | Ублажување | Потребно е намалување на енергијата од 20 %. Ако се зголеми производството, подобен е само делот од проектот што го подобрува постојното ниво на производство. | ||
Обновлива енергија за рурална примена (воденици, соларни пумпи, други обновливи извори) | Ублажување | |||
Земјоделски проекти што ги подобруваат постојните или ги обновуваат јаглеродни базени (намалување на употребата на ѓубриво, управување со земјиштата, собирање и употреба на отпад од шеќерна трска, арпа, или друг земјоделски отпад, пониско ниво на техники на обработка на земјата што ја зголемуваат содржината на јаглеродот во почвата, рехабилитација на деградирани земјишта, итн.) | Ублажување | Интензитетот на јаглеродот треба да се намали за најмалку 20%. Ако се зголеми производството, за подобен се смета само делот од проектот што ги подобрува постојните нивоа на производство. | ||
4.2 Пошумување и повторно пошумување и зачувување на биосферата | Пошумување (насади) на непошумено земјиште Повторно пошумување на претходно пошумено земјиште | Ублажување | ||
Агро-шумарство | Приспосо- бување | |||
Активности за одржливо управување на шумите што ги зголемуваат складиштата на јаглен и го намалуваат влијанието од шумарските активности | Ублажување | |||
Проекти за зачувување на биосферата (вклучително плаќања за услуги за екосистемот) со цел намалување на емисиите од обесшумувањето или деградацијата на екосистемите | Ублажување |
4.3 Сточарство | Проекти за сточарство што го намалуваат метанот или други емисии на стакленички гасови (управување со шталско ѓубриво со биолошки дигестори, итн.) | Ублажување | Намалување на СО2 за 20%. Ако се зголеми производството, за подобен се смета само делот од проектот што ги подобрува постојните нивоа на производство. | |
Ветерна/соларна електрична ограда | Ублажување | |||
5. Неенергетски намалувања на стакленички гасови | 5.1 Климатизација и ладење | Модернизација на постојната индустриска, комерцијална и станбена инфраструктура за приклучување кон ладење со помал потенцијал за глобално затоплување | Ублажување | Старите разладувачи треба да се обноват и обработат. |
5.2 Индустриски процеси | Намалување на емисиите на стакленички гасови што произлегува од подобрување на индустриските процеси и почисто производство, без фаќање и складирање на јаглеродот | Ублажување | Потребно е намалување на емисиите од 20 % CO2eq. Ако се зголеми производството, за подобен се смета само делот од проектот што ги подобрува постојните нивоа на производство. | |
6. Вода | 6.1 Интегрирано управување на изворите на вода со цел приспособувањ е | Зајакнување на метеоролошките и хидролошките слуги давајќи поддршка за алатки за концентрација, управување со водите со вклучување на други страни и правично и одржливо делење на водата (пр. надлежни органи за басените). Да се развие интегриран информатички систем за хидрометеорологија | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, ранливоста и влијанието од една страна и на финансираните активности од друга страна. |
6.2 Ефикасно користење на водата со цел приспособувањ е | Оптимизирани техники за собирање дождовница Поставување систем за повторна употреба/рециклирање на водата Поставување систем за садење со дождовница Рехабилитација на мрежите за дистрибуција на вода за да се намали истекувањето на вода Диверзификација на ресурси за обезбедување вода и поставување постројка за производство на вода што обезбедува ефикасно и одржливо користење вода | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, ранливоста и влијанието од една страна и на финансираните активности од друга страна. | |
7. Отпад и отпадни води | 7.1 Отпадни води | Третман на отпадни води ако не е критериум за усогласеност (пр. стандард за успешност или заштита) како дел од поголем проект што ги намалува емисиите на метан (само ако можат да се покаже дека има намалување на емисиите) | Ублажување | Мора да се покаже намалување на емисиите. |
7.2 Отпад во енергија | Управување со отпад и проекти од отпад во енергија што ги намалуваат емисиите на метан и генерираат енергија (пр. фаќање гасови од депонии и согорување на гасовите од депониите) | Ублажување | Мора да се покаже намалување на емисиите. | |
7.3 Рециклирање и повторна употреба | Проекти за рециклирање отпад што ги обновуваат или повторно ги употребуваат материјалите и отпадот како инпути во нови производи или како ресурс (само ако може да се покаже намалување на емисиите) | Ублажување | Мора да се покаже намалување на емисиите. | |
8. Инфраструктур а и урбанистички развој | 8.1 Отпорна инфраструктура / градби | Изградба на заштитни работи, на отпорна инфраструктура за да се намали изложеноста на ризици и да се ублажат влијанијата од екстремни метеоролошки настани | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, ранливоста и влијанието од една страна и на финансираните активности од друга страна. |
Системи за рано предупредување за да се подобри управувањето со природни катастрофи и да се намалат загубите/штетите | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, ранливоста и влијанието од една страна и на финансираните активности од друга страна. | ||
Енергетско ефикасно домување вклучително домување со градежни елементи што ја подобруваат удобноста во текот на топлотните бранови, вклучително и температурите во иднина | Приспосо- бување | Да се покаже директна врска меѓу идентификуванит е ризици, ранливоста и влијанието од една страна и на финансираните активности од друга страна. | ||
9. Транспорт | 9.1 Промена на моделот на градскиот превоз | Транзит кон јавен превоз. Немоторизиран транспорт (велосипеди и пешачење) | Ублажу- вање | |
9.2 Урбанистички развој насочен кон транспортот | Интеграција на транспортот и на урбанистичкото планирање (густ развој, поголемо користење на земјиштето, општини за пешачење, поврзаност за транзит, итн.) што води до намалување на употребата на автомобили | Ублажува- ње | ||
Транспортот бара управни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови (пр. ограничување на брзината, метеж на коловозите, наплата за метеж/наплата за патишта, управување со паркинзи, ограничување или аукција на регистарски таблички, градски области без автомобили, зони со ниско ниво на емисии) | Ублажу- вање | |||
9.3 Меѓуградски транспорт | Железнички превоз со кој се осигурува промена на карго превозот/или на патниот превоз од патен на железнички (подобрување на постојните линии или изградба на нови линии) | Ублажу- вање |
10. Технологии со ниско ниво на јаглерод | 10.1 Производи или опрема | Проекти што произведуваат компоненти, опрема или инфраструктура посветени на секторите за обновлива енергија и за енергетска ефикасност | Ублажу- вање | Најмалку 75% од вложената вредност мора да биде наменета за компоненти за обновлива енергија, опрема или инфраструктура |
10.2 Истражување и развој | Истражување и развој на технологии за обновлива енергија или за енергетска ефикасност | Ублажу- вање | Најмалку 75% од вложената вредност мора да биде наменета за компоненти за обновлива енергија, опрема или инфраструктура |
Поткомпонента Б (максимум 25% од заемот):
• Прифатливите инвестициифокусирани кон родова еднаквост мора да исполнат еден од долунаведните критериуми од 2Х Challenge:
Во прилог, превод на текст од сликите:
threshold - праг
1. enterpreneurship - претприемништво
2. leadership - лидерство
or - или
3. employment - вработување
4. consumption - потрошувачка
and - и
5. investments through financial intermediaries (FIs) - инвестиции преку финансиски посредници
(FIs)
Indirect - индиректни
Direct Criteria - Директни критериуми
1А. Share of women ownership - 1A. Учество на сопственост на жени
2B. Business founded by a woman - 2Б. Бизнис основан од жена
2А Share of women in senior management - 2A Учество на жените во високото раководство
2B Share of women in the Board or IC - 2Б Учество на жените во Одборот или IC 3A Share of women in the workforce - 3А Учество на жените во работната сила
3B One “quality” indicator beyond compliance - 3Б Еден индикатор за „квалитет“ освен усогласеноста
4. Product or service specifically or disproportionately benefits women - Производ или услуга што конкретно или непропорционално е во корист на жените
5А On-lending facilities: Percent of the Investor/FI loan proceeds or percent or FI’s porftorlio supporting business that meet direkt criteria - 5А Механизми за позајмување: Процент на инвесторот/ФИ во средствата од заемот или процент од портфолиото на ФИ што ги поддржува бизнисите што ги исполнуваат директните критериуми
5B Funds: Percent of porfolio companies that meet the direct criteria - 5B Средства: Процент на порфтолио компании што ги исполнуваат директните критериуми
Sector-specific thresholds - конкретни прагови за секторот
low - низок mid - среден high - висок
infrastructure, power, telecoms - инфраструктура, енергија, телекомуникации
financial services, manufacturing - финансиски услуги, производство heavy, agrobusiness and food - тешко, агробизнис и храна professional services - професионални услуги
healthcare, education, consumer services, manufacturing - Light3 - здравство, образование, потрошувачки услуги, производство - лесно3
* Простор за одлучување: субјектите што добиваат инвестиции во специфични сектори или географски локации може да бараат разгледување врз основа на конкретниот случај.
• Прифатливите инвестиции фокусирани кон дигитализација се во согласност со критериумите за подобност што ќе бидат дефинирани во Оперативниот прирачник.
ПРИЛОГ 3 - ЛИСТА НА ИСКЛУЧУВАЊЕ
АФД го исклучува финансирањето за активности што вклучуваат производство или трговија со незаконски производи, како и секоја активност што е противзаконска според меродавната правна рамка во земјите-одредишта или во Франција, како и според меѓународните конвенции или договори со коишто се наложуваат заложби за земјите-одредшта или за Франција. Тоа особено вклучува:
1. Секоја опрема, сектор или услуга предмет на економски санкции од Обединетите Нации, Европската Унија или Франција, без апсолутно или релативно ограничување во однос на износот;
2. Производство или дејност што вклучува принудна работа1, детска работа2 или трговија со луѓе;3
3. Незаконски активности вклучително органи, ткива и производи од човековото тело или активности поврзани со генетски инженеринг забранети со националните биоетички стандарди на Франција4 или на земјите-одредишта и со релевантните применливи европски или меѓународни стандарди;5
4. Трговија, производство, одгледување или посед на животни, растенија или кои било природни производи што ги прекршуваат одредбите од CITES;6
5. Рибарење со користење дрифтнет-мрежа подолга од 2,5 км;
6. Истражување, купување, унапредување или умножување на генетски модификувани семиња;7
1 „Принудна работа“ се однесува на секоја работа или услуга што е недоброволно испорачана од лице под закана за сила или казна како што е дефинирано во конвенциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
2 Вработените мора да бидат на возраст од најмалку 14 години како што е дефинирано во Декларацијата за основни начела и права за работа на МОТ (С138 - Конвенција за минимална возраст, член 2), освен ако локалните закони не наложуваат задолжително образование или минимална возраст за вработување или работа. Во вакви околности мора да се применува критериумот за највисока возраст.
3 Конвенција на Советот на Европа за делување против трговија со луѓе (2005); Директива 2011/36/ЕУ.
4 Член 16 до 16-14 од францускиот граѓански закон (главно како што е утврдено во Закон бр. 94-653 од 29 јули 1994 година за почитување на човековото тело и Закон бр. 2004-800 од 6 август 2004 година за биоетика).
5 Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на луѓето во однос на примената на биологијата и медицината: Конвенција за човекови права и биомедицина (Овиедо, 04/04/1997); Конвенција на Советот на Европа против трговија со човечки органи (Сант-Жак-де-Компостел 25/03/2015).
6 CITES: Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (Вашингтон,
1973).
7 Програмски акт бр. 2021 - 1031 од 4 август 2021 година за инклузивен развој и борба против глобални нееднаквости забранува финансирање од АФД на активности што вклучуваат купување, унапредување или умножување на генетски модификувани семиња (LPDSLI - Cadre de partenariat
7. Производство, употреба или трговија со опасни материјали (како што е азбест) и сите производи (вклучително хемиски производи, фармацевтски производи, пестициди/хербициди, супстанции што го уништуваат озонот1 или кој било друг опасен производ) чие производство или употреба е забрането или што ќе се отстрани во прописите на земјите-одредишта или на меѓународно ниво;
8. Трансгранична трговија со отпад, освен оној што е во согласност со Базелската конвенција2 и нејзините основни прописи;
9. Експлоатација на рудници со дијаманти и рекламирање на дијамантите во земји кои не се придржени кон Процесот Кимберли;
10. Незаконска трговија или активности што ја олеснуваат незаконската трговија со културен имот.3
Тоа исто така вклучува финансирање на следни активности чии видливи или потенцијално штетни влијание врз човековите права, нееднаквоста, климата или биодиверзитетот се сметаат за некомпатибилни со оваа цел:
11. Производство или трговија:
(i) поврзана со порнографија или проституција;
Производство или трговија со:4
(ii) оружје и/или муниција;
(iii)тутун;
(iv) алкохолни пијалаци (освен пиво и вино);
(v) коцкарници, казина или слични претпријатија;5
12. Производство и дистрибуција или учество во медиуми што се расистички или недемократски или кои промовираат дискриминација против дел од наслението;
13. Операции што произлегуваат од неотповиклива промена или значително поместување на клучните елементи на културното наследство;6
14. Проекти за да се изгради, прошири и обноват електраните што работат на фосилно
global [Глобална рамка за партнерство] Дел II - Б - б). АФД кон ова додава активности за истражување (Стратегија за територијална и еколошка транзиција 2020-2024).
1 Секоја хемиска компонента што има реакција или ја уништува озонската обвивка на стратосферата со што се креираат „дупки“ во оваа обвивка. Монтреалскиот протокол ги наведува супстанциите што го уништуваат озонот (ODS), целите за нивно намалување и роковите за нивно отстранување.
2 Базелската конвенција за Контрола на трансгранични движења на опасен отпад и нивно отстранување на:www.basel.int
3 Трговијата со културен имот се уредува со Конвенцијата за средства за забрана и спречување на незаконски увоз, извоз и пренос на сопственост на културен имот (1970).
4 Дополнително на тоа, клиентите или другите засегнати страни чии активности сочинуваат повеќе од 10% од нивниот обрт или ако клиентот е финансиски посредник, повеќе од 10% од нивното ненадмирено портфолио се исто така исклучени.
5 Секое директно финансирање на овие проекти или активности што ги вклучуваат и нив (на пример, хотел што има и казино). Тоа не ги засега урбанистичките планови што треба последователно да ги интегрираат таквите проекти.
6 За „клучно културно наследство“ се смета секој дел од наследството што е меѓународно или национално признаено како и она што е од историски, општествен и/или културен интерес.
гориво;1
15. Инфраструктура поврзана2 со постројка за производство, складирање и обработка на ресурси на фосилна енергија (рудници, постројки за обработка, складирање, итн.) или за генерирање електрична енергија од извори на фосилна енергија наведени во точка 14 од овој список;
16. Проекти за истражување, производство или обработка или наменети исклучиво за пренос на јаглен, гас и нафта (конвенционален или неконвенционален);
17. Биодиверзитет:
i. Секое финансирање на (а) местата на Алијансата за нула истребување (AZE)3/ 4 , (б) природни и мешани места на списокот на УНЕСКО за светско наследство2, и (в) законски заштитени области (IUCN категории)5 ;
ii. Секоја операција што води до несакано или неотповикливо6 преостанато7 влијание на критичен хабитат;8
iii. Секој шумски проект или земјоделски проект со поопширна покриеност (>100 ha) што не ја спроведува методологијата9 со која се осигурува нула обесшумување;
18. Проекти чија намена и/или пристап е недоследен со човековите права, и во случај на финансирање од приватниот сектор, проекти со образложенија кои јасно се во спротивност со Водечките начела на Обединетите Нации за деловни активности и
1 Освен за проекти што вклучуваат мини решетки што се опслужени од хибридни електрани (комбинација на обновлива енергија и фосилни горива).
2 Терминот „поврзана инфраструктура“ се користи кога инфраструктурата е поврзана со производствената постројка што користи фосилно гориво ако се исполнети следниве два услови: i) инфраструктурата не би била изградена во отсуство на оваа постројка што работи на фосилни горива, и ii) постројката што работи на фосилни горива не би била економски исплатлива без инфраструктурата.
3 Освен ако областа на влијание на финансираните активности и нивните поврзани постројки не навлегуваат во зоните што ефективно ги исполнуваат критериумите за да бидат назначени како AZE локалитет – https://zeroextinction.org/site-identification/aze-site-criteria/
4 Освен ако финансирањето има за цел да ги зачува или обнови овие области.
5 Освен ако финансирањето има за цел да ги зачува и обнови овие области или е во согласност со аранжманите за управување и просторно планирање за второто, како што се оние формализирани во планови со меѓународни стандарди во врска со активностите што се финансираат - категории I-VI во Светската база на податоци за заштитени области | IUCN: https://www.iucn.org/theme/protected- areas/our-work/world-database-protected-areas
6 Неповратно влијание: трајна преобразба или деградација на биодиверзитетот или на еколошките функции или на карактеристиките што прават овој хабитат да биде клучен.
7 Станбено влијание: мерливо влијание на проектот за вредноста на биодиверзитетот, по спроведувањето на мерките за избегнување и ублажување, но пред спроведувањето на мерките за обнова и компензација.
8 Клучен хабитат: во рамките на значењето на Стандардот на Светска банка за животна средина и социјални прашања 6 - 2018 или IFC-GN PS6 2019.
9 Методологија што вклучува (i) референтна алатка еднаква на НСЅ пристап што овозможува класификација на шумите, (ii) гаранција дека во рамките на проектот нема да се преобрази ниту една шума која претставува големо складиште на јаглерод и (iii) следење на покриеноста со шуми (теренско и сателитско следење).
човекови права;1
19. Проектите каде насилно раселување во рамките на значењето на Обединетите Нации2 се спроведени на местото на предложениот проект и наведеното раселување може лесно да се поврзе со целта на овој проект и е материјално невозможно да се надомести.3
1 https://www.ohchr.org/documents/publications/guidingprinciplesbusinesshr_en.pdf
2 Поткомисија на Обединетите Нации за Резолуцијата за човекови права 1993/41: „Насилно раселување“. „Терминот “насилни раселувања [...]се дефинира како постојано или привремено отстранување на луѓе, семејства и/или заедници против нивна волја од домовите и/или од земјата на којашто живеат, без обезбедување или пристап до соодветни форми на правна или друга заштита.“ Комитет за економски, социјални и културни права, Општо коментар бр. 7: https://tbinternet.ohchr.org/_layouts/15/treatybodyexternal/Download.aspx?symbolno=INT/CESCR/GEC/64 30&Lang=en
3 Поради одбивање на проектот од страна на спонзорот, или неговата неможност да го идентификува населението што е жртва на насилно раселување во рамките на проектот за што може да се обезбеди ефективен лек за прекршените права.
ПРИЛОГ 4 - ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ
Следново се применува за сите документи што Заемобарателот ги доставува како претходни услови:
- ако документот што е доставен не е оригинал, туку фотокопија, оригиналот на заврената фотокопија се доставува до Заемодавателот;
- ако конечната верзија на документот чиј нацрт бил претходно доставен и договорен од Заемодавателот, нема материјално да се разликува од договорениот нацрт;
- документите што не се претходно испратени и договорени се задоволителни за Заемодавателот.
Дел I –Претходни услови што треба да се задоволат на Датумот на потпишување
(а) Заемобарателот ги доставува до Заемодавателот следниве документи:
(i) Заверена копија на (а) меморандумот и членовите за основање и (б) тековната состојба на Заемобарателот.
(ii) Заверена копија на одлуката(ите) на надзорниот одбор на Заемобарателот:
- со која се овластува Заемобарателот да стапи во овој договор;
- со која се одобруваат условите од овој договор;
- со која се одобрува извршувањето на овој договор; и
- со која се одобрува/овластува конкретно лице или лица од негово име да го извршуваат договорот.
(iii) оригинална потврда издадена од соодветно овластен застапник на Заемобарателот во која се наведува лицето(ата) со овластување да ги потпишат, од име на Заемобарателот, барањето за повлекување средства и секоја потврда во врска со овој договор, и да ги преземе сите други мерки или да потпише други документи овластени или побарани согласно овој договор;
(iv) доказ за идентитетот на директорите или кое било друго лице соодветно овластено да го потпише договорот од и за име на Заемобарателот, името и адресата на тие лица и секој друг документ или доказ што на Заемобарателот му е потребен за целите на „запознавање на својот клиент“ или за процедурите против перење пари;
(v) примерок од потписот на секое лице наведено во последната потточка од став (ii) и во потврдата спомената погоре во ставовите (iii) и (iv);
(vi) копија од политиката на Заемобарателот против перење пари и против финансирање тероризам во согласност со препораките на FATF, заедно со превод на англиски јазик извршен од овластен судски преведувач;
(vii) оригиналната потврда во форма на Прилог 8 - (Потврда против перење пари и против финансирање тероризам);
(viii) заверена копија на првичните финансиски извештаи и секоја дополнителна информација што Заемодавателот може да ја побара, а што не е вклучена во првичните финансиски изјави;
(ix) согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за заем од страна на Заемобарателот согласно овој договор;
(x) Службен весник на Република Северна Македонија каде е објавен Законот за гаранција.
(б) До Заемодавателот се доставува полноправно и спроведливо правно мислење на правна фирма во јурисдикција на Заемодавателот и назначена од Заемобарателот во врска со (i) овој договор за заем и со (ii) договорот за гаранција.
Дел II - Претходни услови за првото повлекување средства
(а) Заемопримачот до Заемодавателот ги доставува следниве документи:
(i) доказ за известување од Заемобарателот до Народната банка во однос на заемот опфатен со овој договор;
(ii) придружни документи за прифатливите инвестиции (за комплексни Прифатливи инвестиции, копија за релевантно овластување за распределба; за едноставни Прифатливи инвестиции, список задоволителен за Заемодавателот), за вкупниот износ еднаков или поголем од износот од Барањето за повлекување средства;
(iii) образецот за договори за финансирање меѓу Заемобарателот и Банките учеснички, заедно со известувањето од Заемодавателот дека нема приговор.
(б) Правно-важечки Договор за гаранција во корист на Заемодавателот;
(в) До Заемодавателот се доставува правно мислење на англиски јазик издадено од Министерот за правда на Република Северна Македонија со кое се потврдува дека склучувањето на договорот за гаранција е одобрен и соодветно извршен од страна на Република Северна Македонија, дека неговите одредби се во сила и полноправни, дека е валиден, обврзувачки и спроведлив во согласност со неговите услови, дека нема активни ограничувања за размена на контрола или дека не е потребна согласност за да се дозволи прием на сите износи што ќе се исплати и да се дозволи отплата на истиот и плаќање на каматата и на сите други доспеани износи согласно овој договор;
(г) До Заемодавателот се доставува право мислење што е полноправно и спроведливо издадени од правна фирма воспоставена во јурисдикцијата на Заемодавателот и назначен од Заемобарателот, во врска со (i) овој договор за заем и за (ii) договорот за гаранција;
(д) Исплата на сите давачки и трошоци во согласност со одредбите од овој договор;
(ѓ) Оперативното упатство на проектот заедно со известувањето на Заемодавателот деканема приговор.
Дел III - Претходни услови за последователни барања за повлекување средства
Заемобарателот до Заемодавателот ги доставува следниве документи:
(а) Извештај за користење на средствата изготвен во образецот од Прилог 7 - (Оправдување за користење средства), потпишан од соодветно овластен застапник на Заемобарателот во кој се потврдува дека:
(i) најмалку осумдесет проценти (80%) од последното барање за повлекување средства и сто посто (100%) од претпоследното повлекување се исплатени од страна на Заемодавателот во соодветните финансиски институции;
(ii) најмалку педесет проценти (50%) од последното повлекување средства непосредно му претходи повлекување побарано во барањето за повлекување средства и осумдесет проценти (80%) од претпоследното повлекување се распределени од соодветните финансиски институции кон крајните корисници за финансирање на прифатливите инвестиции;
(б) Придружни документи за прифатливите инвестиции (за комплексни Прифатливи инвестиции, копија на релевантното овластување за распределба, за едноставни Прифатливи инвестиции, список задоволителен за Заемодавателот) од вкупен износ еднаков или поголем од износот од барањето за повлекување средства.
ПРИЛОГ 5А - ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА
[на меморандум на РБСМ]
ОД: РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ДО: ФРАНЦУСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ
Регионална канцеларија за Западен Балкан
Змај Јовина 11, 11 000 Белград, Република Србија
Доставено до: Раководителот на регионалната канцеларија за Западен Балкан
[Да се внесе датум] Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје – Договор за заем бр. CMK1048 01 V Барање за повлекување средства бр. [⚫да се внесе број]
Почитувани,
1. Се повикуваме на Договорот за заем бр. CMK1048 01 V склучен меѓу Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Агенцијата за развој на Франција од [⚫датум] („Договорот“). Зборовите и изразите со голема буква што се користат, но не се дефинирани со овој допис го имаат значењето што им е дадено во Договорот.
2. Овој допис е Барање за повлекување средства.
Износ: [●да се внесе целосен износ со зборови] (ЕУР [⚫да се внесе износот со бројки]) или ако е помалку, достапниот заем.
Каматна стапка:
[фиксна/варијабилна]
Каматната стапка се утврдува во согласност со одредбите од Клаузула 5 (Камата) и Клаузула 6 (Промена на пресметката на каматата) од Договорот. Каматната стапка што се применува за побараното повлекување ќе ни биде доставена во писмена форма и ние ја прифаќаме таа каматна стапка [(предмет на ставот подолу, доколку е применливо)], вклучително и кога Каматната стапка е утврдена со упатување кон Измената на референтната вредност плус секоја маржа за приспособување како што известил Заемодавателот по настанувањето на Приказот за измената на референтната вредност.
[Само за фиксна каматна стапка:]
Ако Каматната стапка што се однесува на побараното повлекување средства е поголема од [●да се внесе процентот со зборови] ([●да се внесе процентот со бројки]%), бараме да го откажете ова Барање за повлекување средства.
Адреса [на Заемобарателот]:
SWIFT број/BIC (Заемобарател):
[●адреса] [●SWIFT/BIC број]
IBAN број на сметка: [●IBAN број на сметка]
SWIFT број/BIC(Банка на Заемобарателот):
[●SWIFT/BICброј]
Банка и адреса на банката [на Заемобарателот]:
[●име и адреса на банката]
[ако валутата не е евро] Кореспондентна банка и број на сметка на банката на Заемобарателот:
[●име на банката и број на сметка]
6. Ова Барање за повлекување средства е неотповикливо.
7. Кон ова Барање за повлекување средства ги прикачивме сите релевантни придружни документи наведени во Клаузула 2.4 (Претходни услови) од Договорот:
[Список на придружни документи]
Со почит,
.................................................................
Овластен потписник на РБСМ
ПРИЛОГ 5Б - ОБРАЗЕЦ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ И ПИСМО ЗА ПОТВРДАНА СТАПКАТА
[на меморандум на Агенцијата за развој на Франција]
Од: Француска агенција за развој
До: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
Доставено до: [Името споменато во Клаузула 17.1Error! Reference source not found.
(Известувања)]
[Да се внесе датум]
Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје – Договор за заем бр. CMK1048 01 V од [●датум]
Потврда за повлекување средства бр. [●да се внесе број]
Почитувани,
Се повикуваме на Договорот за заем бр. CMK1048 01 V склучен меѓу Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Агенцијата за развој на Франција од [⚫датум] („Договорот“). Зборовите и изразите со голема буква што се користат, но не се дефинирани со овој допис го имаат значењето што им е дадено во Договорот.
Со допис за Барање за повлекување средства од [●датум], Заемобарателот побара Заемодавателот да му стави на располагање средства за повлекување во износ од [⚫да се внесе износ со зборови] (ЕУР [●да се внесе износ со бројки]), согласно условите од Договорот.
Средствата за повлекување што се ставени на располагање во врска со Барањето за повлекување средства се како што следува:
• Износ: [●износ со зборови] (ЕУР [●износ со бројки])
[Можност: Повлекувања на средства со варијабилна каматна стапка:
• Применлива каматна стапка: еднаква на тримесечен агрегат на EURIBOR и Маржата
[Можност: Повлекувања на средства со фиксна каматна стапка:
• Применлива каматна стапка: [●процент со зборови] ([●]%) Само за информативни цели:
• Датум на одредување на стапката: [●датум]
• Фиксна референтна стапка: [●процент со зборови] ([●процент со бројки]%) годишно
• Ефективна глобална стапка (за период од 3 месеци): [●процент со зборови] ([●]%)
• Ефективна глобална стапка годишно
[Утврдено е дека горенаведената Каматна стапка може да варира во согласност со одредбите од клаузулите 5.1.1 (а) (Варијабилна каматна стапка) и 6.2 (Приказ на измена на референтната стапка) од Договорот.]1
Со почит,
.................................................................
Овластен потписник на Француска агенција за развој
1 Да се избрише во случај на фиксна каматна стапка.
ПРИЛОГ 5В - ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКАТА
[со меморандум на РБСМ]
ОД: РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ДО: ФРАНЦУСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ
Регионална канцеларија за Западен Балкан
Змај Јовина 11, 11 000 Белград, Република Србија
Доставено до: Раководителот на регионалната канцеларија за Западен Балкан
[да се внесе датум] Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје – Договор за заем бр. CMK1048 01 V Предмет: Барање за промена на стапката
Почитувани,
1. Се повикуваме на Договорот за заем бр. CMK1048 01 V склучен меѓу Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Агенцијата за развој на Франција од [⚫датум] („Договорот“). Зборовите и изразите со голема буква што се користат, но не се дефинирани со овој допис го имаат значењето што им е дадено во Договорот.
2. Согласно Клаузула 5.1.1 (г) (Промена од варијабилна каматна стапка во фиксна каматна стапка) на Договорот, побаруваме да ја промените варијабилната каматна стапка за следниве повлекувања на средства:
• Повлекување на средства од [⚫датум] во износ на [⚫да се внесе износот со зборови]
(ЕУР [⚫да се внесе износот со бројки]);
• Повлекување на средства од [⚫датум] во износ на [⚫да се внесе износот со зборови] (ЕУР [⚫да се внесе износот со бројки]);
• […]
Ако фиксната каматна стапка што се применува на наведените повлекувања на средства надмине [⚫да се наведе процент со зборови] ([⚫да се наведе процентот со бројки]%), од вас бараме овој допис со Барање за промена на стапката да го сметате за неважечки.
Со почит,
.................................................................
Овластен потписник на РБСМ
ПРИЛОГ 5Г - ОБРАЗЕЦ ЗА ПОТВРДА ЗА ПРОМЕНА НА СТАПКАТА
[на меморандум на Агенцијата за развој на Франција]
Од: Француска агенција за развој
До: Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје Доставено до: [Името споменато во Клаузула 17.1 (Известувања)]
[да се внесе датум] Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје – Договор за заем бр. CMK1048 01 V Почитувани,
Предмет: Промена од варијабилна каматна стапка на фиксна каматна стапка
1. Се повикуваме на Договорот за заем бр. CMK1048 01 V склучен меѓу Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Агенцијата за развој на Франција од [●] („Договорот“). Зборовите и изразите со голема буква што се користат, но не се дефинирани со овој допис го имаат значењето што им е дадено во Договорот.
2. Се повикуваме на вашето Барање за промена на каматната стапка од [●]. Потврдуваме дека фиксната каматна стапка што важи за Повлекувањето(ата) на средства наведени во вашето Барање за промена на стапката доставено во согласност со Клаузула 5.1.1 (г) (Промена од варијабилна каматна стапка во фиксна каматна стапка) од Договорот е:
• [●]% годишно.
3. Оваа фиксна каматна стапка, пресметана во согласност со Клаузула 5.1.1 (Избор на каматна стапка) ќе се однесува на повлекувањето(ата) наведени во вашето Барање за промена на каматната стапка од [⚫] (ефективен датум).
4. Понатаму, ве известуваме дека ефективната глобана стапка годишно за заемот е [⚫]%.
Со почит,
.................................................................
Овластен претставник на Француска агенција за развој