Contract
Потпишан договор за соработка меѓу АППТ и Државниот Универзитет “Xxxx Xxxxxx”-Штип
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ согласно програмските активности за 2014 година ги реализира активностите за поддршка на туризмот со цел збогатување на туристичката понуда и проширување на туристичкиот производ. Туристичкиот производ на Македонија претставува богата комбинација од културно и природно наследство и за успешна реализација на наведените проекти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ започна соработка со Државниот Универзит “Xxxx Xxxxxx”-Штип.
Директорот на АППТ, д-р Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx и Деканот на Факултет за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Xxxx Xxxxxx”-Штип, проф.д-р Xxxx Xxxxxx потпишаа договор за соработка. Соработката се состои во делот на реализација на следниве проекти:
- Проект - Обележување на препознатливи производи, локалитети, објекти, настани од значење за туризмот во Р. Македонија
- Проект – Развој на Манастирскиот туризам
- Проект - Евиденција на сите туристички потенцијали во регионите на Р.Македонија
“ Потпишување на договор за сорабoтка и реализирање на зацртаните проекти е од големо значење за македонскиот туристички производ, со што се создаваат услови за дефинирање на туристичките брендови карактеристички за Македонија. Македонскиот туристички производ станува се поконкурентен на светскиот пазар и со тоа се зголемува туристичкиот промет во државава. АППТ се води од својата заложба за подобра и поефикасна туристичка понуда како и за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, имајќи ги во предвид предностите и економската корист од развојот на оваа гранка”- изјави директорот на АППТ, д-р Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx.
“Посебно задоволство претставува фактот што две државни институции потпишаа договор за соработка кој вклучува изработка на проекти во функција на развојот на туризмот во Република Македонија. Овие проекти во иднина треба да донесат конкретни резултати што ќе влијаат на зголемувањето на
бројот на туристите, како домашни така и странски. Со проектите ќе бидат опфатени најразлични видови на туризам што ќе допринесе за збогатување на промоцијата на туризмот и угостителството и зголемување на остварените финансиски резултати во туристичкиот сектор”- изјави Деканот на Факултет за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Xxxx Xxxxxx”-Штип, проф.д-р Xxxx Xxxxxx .
И. Xxxx Xxxxxxxxxx