Contract
Договор
За предавање на сторители на кривични дела меѓу Србија и Холандија од 28.2 (11.3) 1896 година*
Член 1
Владата на Србија и Владата на Холандија се обврзуваат дека според одредбите на членовите од овој договор, со исклучок на своите поданици, меѓусебно ќе ги предаваат сите лица што се осудени или обвинети за едно од долунаведените кривични дела, сторени надвор од територијата на државата од која се бара екстрадицијата.
1. а) атентат сторен против животот или слободата на Кралот, Кралицата на власт, Регентот или друг поглавар на една пријателаска држава, или сторен во намера да ги онеспособи за владеење;
б) атентат против животот или слободата на невладејачка Кралица, престолонаследник или член на монархијата;
2. убиство или убиство со предумисла, убиство или убиство со предумисла извршено над дете;
3. закани со писмо и под одредени услови, ако законите на двете земји дозволуваат екстрадиција по овој основ;
4. абортус, предизвикан од родилката или некој трет;
5. злоупотреби, кои предизвикале тешки телесни повреди или смрт; малтретирање сторено со предумисла или тешко малтретирање;
6. силување; кривично дело против благосостојба; блуд врз девојка или жена помлада од 16 години или со жена постара од 16 години, кога сторителот знае дека таа не е при свест; неморални дела, кои ги врши виновникот знаејќи дека лицето, над кое ги врши е без свест или кога лицето нема 16 години старост; наведување на лице под 16 годишна возраст пасивно или активно да врши неморални дела или да има односи надвор од брачна заедница со трето лице;
7. Поттикнување малолетник на разврат и секое дело кое помага за резврат на малолетник, а истото е казниво според законите на двете држави;
8. двоженство;
9. одведување, прикривање, поништување, поднетнување на дете или изнесување дека детето постои;
10. одведување на малолетник;
11. фалсификување пари и банкноти, со намера да се пуштат во промет како вистински пари, како и ставање во промет на фалсификувани пари или банкноти кога делото се врши намерно;
12. фалсификување на државни жигови и марки или трговски марки кои по закон се бараат, доколку законодавствата на двете земји дозволуваат екстрадиција за вршење на ова дело;
13. лажни писмени и намерно фалсификувани писмена, ако законите на двете земји овозможуваат екстрадиција за вршење на ова дело; задржување или внесување банкноти, кои се законски утвердени и пуштени во промет од банка, со намера да се пуштат во промет, како вистински и важечки, во случај кога
сторителот, во моментот кога ги примил таквите пари, знаел дека се лажни или фалсификувани;
14. клевета;
15. поткуп на јавни службеници, доколку законите на двете земји овозможуваат екстрадиција по основ на вакво дело, примање мито, злоупотреба при ракување со пари или предмети, сторена од службеници или лица кои се сметаат за службеници;
16.намерно извршено палење, кое може да предизвика опасност по имотот или животот на другите; палење извршено со намера себеси или на трето лице да се стекне со законски забранета корист, на штета на осигуреникот или носителот на правото на ризични поморски договори;
17. противзаконско намерно поништување на зграда која во целост припаѓа на трето лице, како и рушење на зграда или објект, кое може да предизвика општа опасност по имотот или животите на другите;
18. xxxxxxx напад извршен јавно, со соучесници, против личноста или имотот;
19. противзаконско дејство извршено со намера да потоне брод, да се удри и скрши, да се онеспособи или повреди, кога со тоа може да настапи опасност по други;
20. побуна или непослушност на патници на брод против капетанот или на морнарите против своите претпоставени;
21. дело сторено со намера а се доведе во опасност железничкиот воз;
22. кражба;
23. измама;
24. злоупотреба на бланко потписи;
25. затајување;
26. лажно банкротирање;
Под горенаведените дела се подразбира обид и соучество, ако се казнат според законите на земјата од која се бара екстрадиција.
Член 2
Предавање на лице ќе биде одобрено во следните случаи:
1) кога кривичното дело е извршено во трета држава и кога Владата на таа држава бара предавање на лицето;
2) ако предавањето на лицето се бара поради истото дело, за кое лицето е веќе осудено во државата од која се бара екстрадиција и поради кое лицето веќе било осудено или ослободено;
3). ако според законите на државата од која се бара настапила застареност на делото или казната за истото пред да биде затворен обвинетиот или пред да биде викнат на сослушување.
Член 3
Предавањето на лицето ќе биде одобрено во секое време, се додека над лицето, чие предавање се бара, се води истрага за истото дело во државата од која се бара предавање на лицето.
Член 4
Ако лицето кое се бара да биде предадено, е обвинето или издржува казна за друго кривично дело, а не за делото за кое се бара негово предавање, неговото предавање нема да биде одобрено се додека не се заврши истрагата во земјата од која се бара предавање или во случај лицето да биде осудено, додека не ја издржи казната или додека не биде помилувано. Доколку таквото обвинение може да застари според законите на државата која бара предавање, во случај на такво одолговлечување, може да се дозволи екстрадиција, освен ако причините не би биле спротивни од аспект на тоа дека предаденото лице, после завршената истрага, повторно да се врати во земјата која го предала.
Член 5
Предаденото лице нема да може да биде обвинето во земјата на која е предадено за какво било казниво дело кое не е предвидено со оваа конвенција и кое претходело на предавањето, ниту ќе може да се предаде на трета земја, без согласност на земјата која ја одобрила екстрадицијата, освен ако предаденото лице можело слободно да излезе од таа земја во рок од месец дена откако било осудено и во случај на осуда, бидејќи издржало казна или било помилувано.
Исто така, предаденото лице нема да може да се казни за какво било дело или престап кој е предвиден со оваа конвенција кое претходело на екстрадицијата, без согласност од земјата која го дозволила предавањето на лицето и која може да побара да и се поднесе еден од документите наведени во член 7 од оваа конвенција. Меѓутоа, оваа согласност не е потребна ако обвинетиот своеволно побара да биде суден или да издржува казна, или ако во горенаведениот рок не ја напушти земјата каде што бил предаден.
Член 6
Одредбите од оваа Конвенција не може да се применуваат на политички престапи. Лицето, кое е предадено за кривични дела во врска со општи права, предвидени со член 1 не може, во никој случај, да биде осудено или казнето во државата каде што е предадено, за политички престап, сторен пред предавањето, ниту за престапи во врска со политички прекршок, освен во случај лицето да можело да ја напушти земјата за еден месец, рачунајќи од денот кога лицето е осудено и во случај на осуда, кога лицето ја издржало казната или било помилувано.
Член 7
Предавањето ќе се бара по дипломатски пат и ќе биде дозволено само со поднесување на оригинал или заверена копија од осудителната пресуда, решението за ставање на лицето под истрага или за предавање на судот со налог за притвор или со налог за притвор издаден во пропишаната форма согласно законодавството на земјата која бара предавање на тоа лице, со доволно објаснувања за делото, со цел земјата од која се бара да може да оцени дали според нејзините закони постои случај предвиден со оваа конвенција, како и ако се поднесе одредба од кривичниот законик која се однесува на такво дело.
Сите овие акти мора да бидат поднесени прописно со заверен превод на француски јазик.
Член 8
Предметите кои биле запленети при приведување на лицето чие предавање се бара, ќе бидат предадени на државата која ја бара ексрадицијата, ако надлежната власт на државата од која се бара наредила тие предмети да се предадат.
Член 9
Додека по дипломатски пат не се побара предавање на лицето, лицето чие предавање може да се бара врз основа на оваа конвенција, ќе биде ставено привремено во притвор со барање кое исто така ќе биде доставено по дипломатски или конзуларен пат, до Министерството за надворешни работи, со изјава дека постои постои еден од документите спомнат во член 7.
Ставањето во привремен притвор ќе зависи од прописите и наредбите што се пропишани со законодавството на земјата до која е испратено барањето.
Член 10
Странец, кој во смисла на претходниот член е привремено притворен, ќе биде пуштен на слобода – освен во случај кога неговиот притвор требало да се продолжи од друга причина – ако во рок од 20 дена, рачунајќи од датумот на решението за негово привремено притворање, барањето за предавање не се достави по дипломатски пат и ако не се достави документот пропишан со оваа конвенција.
Член 11
Кога при истрагата на едно кривично неполитичко дело, една од двете Влади смета дека е потребно да се сослушаат сведоците кои се наоѓаат на територија на другите договорни страни, за таа цел, по дипломатски пат ќе се испрати соодветна молба, а според тоа ќе се постапи согласно законите на земјата, на чија територија се наоѓаат сведоците што треба да се сослушаат. Меѓутоа, и во итни случаи, судската власт на една земја ќе може да ја проследи таа молба до судската власт на другата земја.
Секоја таква молба, со која се бара распит на сведоци, ќе биде доставена со француски превод.
Член 12
Ако за такво неполитичко кривично дело е потребно или се бара сведокот лично да се појави, владата на државата на која и припаѓа ќе го повика да се појави на повикот, а во случај на негово појавување, ќе му се признаат патните трошоци и дневниците, според тарифите и правилата кои се применливи во земјата каде што ќе биде сведочењето, со исклучок кога државата ќе определи да му исплати поголем надомест.
Сведок, без оглед на националноста, кој, повикан во една од двете земји, доброволно истапи пред судот на друга земја, нема да може во таа земја да биде
обвинет ниту притворен за претходни дела или осуди, ни под изговор за соучество во делото за кое е повикан како сведок.
Член 13
Кога во едно кривично неполитичко дело се смета дека е потребно или корисно да се направи соочување со виновникот, притворен во една од двете држави или доказите и документите кои се наоѓаат во рацете на другата држава да се поднесат, ќе се спроведе соодветна молба по дипломатски пат и истата ќе биде извршена ако нема причини за спротивното и под услов да се вратат и виновникот и наведените акти.
Член 14
Превозот (транзитот) преку територијата на една од договорните страни на предаденото лице, кое не припаѓа на земјата преку која се движи, а го издала трета земја, ќе се допушти со поднесување во оригинал или заверена копија на каков било акт од кривична постапка согласно член 7, само ако кривичното дело, кое служи како основа за издавање, опфатено со оваа конвенција и не е вклучено во одредбите на членовите 2 и 6 и ако транспортот се врши со помош на претставник на државата, која дозволила премин преку својата територија. Трошоците за превозот ќе бидат на товар на државата која бара предавање на лицето.
Член 15
И двете држави се одрекуваат од какво било барање надомест на трошоците за издржување, итн., кои би биле направени на нивна територија, при предавање на обвинетите или осудени лица, како и за трошоците за извршување на молбените писма, праќање и враќање на предадените лица и за предавање и враќање на доказните материјали или документи.
Во случај транспортот по поморски пат да е попрактичен, лицето се спроведува до пристаништето кое ќе биде определено од дипломатскиот или конзуларен претставник на земјата барател и на нејзин трошок ќе биде и транспортот.
Член 16
Оваа конвенција, која не се применува на колониите, ќе биде извршена шест недели по размена на ратификациите.
Истата ќе важи шест месеци по отказ од една од двете влади.
Оваа конвенција ќе биде ратификувана и ратификациите ќе бидат разменети во најкраток можен рок.
Како потврда на тоа, конвенцијата ја потпишуваат овластените лица и на неа ги ставаат своите печати.
Изготвено во два примероци. Во Белград, 28 февруари – 11 март 1896 година.