Contract
ДОГОВОР ЗА ШКОЛУВАЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНОТО УЧИЛИШТЕ (МУ) НОВА
Центар за Диференцирано Учење
Центарот за диференцирано учење при МУ НОВА се обврзува да ги исполни следниве услови при спроведувањето на програмата за ученикот:
• Креирање на индивидуален наставен план според потребите на ученикот.
• Да обезбеди професионален административен персонал и квалификувани наставници кои квалитетно ќе ги извршуваат своите дејности предвидени според посебната наставна програма.
• Да обезбеди наставни материјали за спроведување на програмата.
• Редовни туторски часови и/или подршка за време на редовните часови од страна на стручно лице.
• Тестирање и евалуација на ученикот.
• План за работа и следење на академскиот напредок на ученикот.
• Консултација со останатите наставници кои што се вклучени во воспитно образовниот процес на ученикот.
• Редовно информирање на родителот/старателот за академскиот напредок на ученикот.
• Центарот за диференцирано учење се обврзува дека ќе обезбеди разновидни програми кои му пристапуваат на образованието на мултисензорен начин. Целта на секоја од овие програми е ученикот да се почувствува успешно во работната училишна средина, и да се стекне со навики и вештини кои ќе му овозможат да учи самостојно.
Со оглед на горенаведеното, родителот(ите) или старателот(ите) на
се обврзува(ат) да ги платат трошоците за поддршка од Центарот за диференцирано учење во НОВА според план
за академската година, за еден или два семестри.
План 1 | План 2 | План 3 | План 4 | |||||
Интензивна | дневна | поддршка | Интензивна | поддршка | Дневна поддршка | Xxxxxxx | дневна | поддршка |
1,250 евра | 650 евра | 350 евра | 200 евра |
Трошокот се однесува за еден семестар и се плаќа најдоцна 10 дена по потпишувањето на договорот. Трошокот за програмата се плаќа во целост и е неповратен.
Документацијата за напредокот на ученикот е во сопственост на Центарот за диференцирано учење и копија од истата може да биде издадена единствено со одобрување од страна на родител/старател, под услов да се подмирени сите финансиски обрски кон МУ НОВА.
Родителот/старателот ја превзема обврската да се запознае со начинот и условите на извршување на работата на Центарот за Диференцирано Учење, наставната програма како и со видот на извештаите кои ќе ги добива ученикот за време на спроведување на истата.
За ученикот кој не ги почитува правилата на овој договор и при ненавремена уплата на предвидениот трошок, согласно овој договор ќе биде доставена писмена опомена. Ако опомената не се почитува МУ НОВА има право да престане со сите активности планирани според предвидената програма.
Индивидуалниот наставен план изготвен од страна на Центарот за диференцирано учење, е составен дел од договорот, и родителот/старателот со потпишување на овој договор, се обврзуваат дека ќе ги почитуваат обврските коишто произлегуваат од истиот.
Родител /Старател Датум
Координатор на центарот за диференцирана настава
Директор